Хатајспор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 07:54:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хатајспор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пронајдено телото на спортскиот директор на Хатајспор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pronajdeno-teloto-na-sportskiot-direktor-na-hatajspor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pronajdeno-teloto-na-sportskiot-direktor-na-hatajspor/#respond Wed, 22 Feb 2023 07:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=803466

Безживотното тело на спортскиот директор на турскиот фудбалски прволигаш Хатајспор, Танер Савут, (48), е пронајдено во урнатините, повеќе од две недели по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Телото на Танер Савут во вторникот го идентификувал неговиот брат според прстен на раката, а неговиот идентитет бил дополнително утврден со ДНК тест. „Длабоко сме ожалостени од загубата на нашиот спортски директор Танер Савут. Почивај во мир наш учителу, сочувство до неговото семејство и до навивачите. Нема да ве заборавиме господине Танер. Секогаш ќе бидеш во нашите срца“, соопшти Хатајспор. Неговото тело е пронајдено во близина на местото каде пред три денови беше пронајдено и телото на репрезентативецот на Гана, Кристијан Атсу, кој настапуваше за Хатајспор. Савут беше поранешен турски фудбалер кој во текот на својата кариера настапуваше за Фенербахче, Гезтепе, Сакаријаспор и Аланијаспор.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pronajdeno-teloto-na-sportskiot-direktor-na-hatajspor/feed/ 0
Хатајспор се повлече од турското фудбалско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hatajspor-se-povleche-od-turskoto-fudbalsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hatajspor-se-povleche-od-turskoto-fudbalsko-prvenstvo/#respond Fri, 10 Feb 2023 09:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=798856

Турскиот фудбалски прволигаш Хатајспор се повлече од националната Супер лига и оваа сезона веќе нема да игра натпревари, по катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди југоистокот на Турција и северниот дел на Сирија. Бројот на загинати во двете земји надмина 21.000, а меѓу најпогодените е Антакија, главниот град на турската провинција Хатај. „Хатајспор испрати писмо со кое нè известија дека нема да играат овосезонски натпревари“, изјави денеска претседателот на Унијата на турските прволигашки клубови Али Коч на прес-конференција заедно со претседателот на Фудбалската федерација на Турција, Мехмет Бујукекши. „Доколку и Газиантеп сака да се повлече од лигата, планираме да продолжиме со 17 екипи, под услов правата на овие два клуба да останат недопрени“, наведе Коч, додавајќи оти Газиантеп допрва треба да донесе одлука. Крилниот напаѓач на Хатајспор и репрезентативец на Гана, Кристијан Атсу, како и спортскиот директор на клубот Танер Савут сè уште се водат за исчезнати.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hatajspor-se-povleche-od-turskoto-fudbalsko-prvenstvo/feed/ 0