Хаваи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Aug 2023 16:24:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хаваи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штетата од пожарите на Хаваите се проценува меѓу четири и шест милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-pozharite-na-havaite-se-protsenuva-megu-chetiri-i-shest-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-pozharite-na-havaite-se-protsenuva-megu-chetiri-i-shest-milijardi-dolari/#respond Wed, 23 Aug 2023 16:24:05 +0000 https://kurir.mk/?p=870154

Американската компанија Мудис, која се занимава со анализа на ризици од природни катастрофи, денеска објави дека проценетата финансиска штета од неодамнешните пожари на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари. Одделот за управување со ризици на оваа компанија во својот извештај наведува дека се очекува најголем дел од штетата да биде покриена со осигурување, во опсег од околу 75 проценти или повеќе, пренесуваат британските медиуми. Американскиот претседател Џо Бајден вчера престојуваше на Хаваите со сопругата Џил и најави долгорочна реконструкција на островот Мауи, каде 114 лица загинаа во пожарот, а над илјада се водат за исчезнати. Бајден кажа дека ќе биде со луѓето од Мауи „колку што е потребно“ и додека не го обноват она што го уништи пожарот. Во пожарите што го зафатија градот Лахаина на 8 август, уништени се 2.200 домови и деловни објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-pozharite-na-havaite-se-protsenuva-megu-chetiri-i-shest-milijardi-dolari/feed/ 0
Бројот на лица по кои се трага по катастрофалните пожари на Хаваите е меѓу 1.000 и 1.100 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-litsa-po-koi-se-traga-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite-e-megu-1-000-i-1-100/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-litsa-po-koi-se-traga-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite-e-megu-1-000-i-1-100/#respond Wed, 23 Aug 2023 16:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=870150

Бројот на лица по кои се трага после пожарите на островот Мауи на Хаваите сега изнесува меѓу 1.000 и 1.100, рече на брифинг Стивен Мерил, специјален агент на Федералното биро за истраги задолжен за истрагата околу оваа трагедија. Тоа е повеќе од бројот објавен во неделата од градоначалникот на Мауи, кога се дозна дека се трага по 850 имиња. Полицијата предупреди дека судбината на многу лица од списокот можеби никогаш нема да се дознае, јави Ен-пи-ар. „ФБИ работи на консолидација на информацијата добиена од повеќе извори – полицискиот оддел во Мауи, Црвениот крст и агенциите за вонредни состојби“, изјави Мерил. Тука спаѓаат и списоци составени од Центар за семејна помош, кој помага во собирање ДНК примероци од членови на семејството за идентификација на жртвите oд катастрофалните пожари на Мауи на почетокот на месецов. Мерил изјави дека вкупниот број имиња ставени во овие списоци изнесува 2.500, но тоа не значи дека толку се исчезнати. -Дел од информацијата е многу двозначна. Во некои извештаи не се ставени или името или презимето, или нема ден на раѓање за лицето во списокот. Имињата на некои лица се повторуваат, изјави специјалниот агент. Додаде дека од жртвите досега идентификувани се 1.400 лица. Бројот на загинати во пожарите на островот засега изнесува 115 лица.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-litsa-po-koi-se-traga-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite-e-megu-1-000-i-1-100/feed/ 0
Околу 850 лица се уште се водат за исчезнати по катастрофалните пожари на Хавaите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-850-litsa-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-850-litsa-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite/#respond Mon, 21 Aug 2023 17:32:51 +0000 https://kurir.mk/?p=869297

Околу 850 лица се уште се водат за исчезнати по разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи, изјави градоначалникот на оваа област Ричард Бисен. Бисен кажа дека повеќе од 1.200 лица, кои биле на списокот на исчезнати, досега се пронајдени безбедни, а се очекува бројките да варираат, јави Радио Слободна Европа. Официјално е потврдено дека досега во пожарите загинаа 141 лице. Американскиот претседател Џо Бајден треба да го посети островот, првпат откако островот го зафатија пожарите. Официјален претставник на Белата куќа за американските медиуми изјави дека Бајден планира да именува федерален службеник за итни случаи кој ќе ги води долгорочните напори за закрепнување на островот. Пожарот уништи голем дел од историскиот град Мауи Лахаина, а овие пожари се сметаат за најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-850-litsa-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite/feed/ 0
Бајден: Ќе отпатувам на Хаваите што е можно поскоро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ke-otpatuvam-na-havaite-shto-e-mozhno-poskoro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ke-otpatuvam-na-havaite-shto-e-mozhno-poskoro/#respond Wed, 16 Aug 2023 05:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=867188

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе отпатува на Хаваите „што е можно поскоро“, по критиките за неговиот одговор на смртоносните шумски пожари на островот во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, јавува денеска Би-би-си. Говорејќи во Милвоки вчера, Бајден рече дека сака да се погрижи луѓето во државата да имаат „сè што им треба“. Бројот на загинати во пожарите сега е 101, додека околу 1.300 лица се водат како исчезнати. Жителите на Хаваи се пожалија на брзината на одговорот на федералната влада на катастрофата. Претседателот вчера рече дека сè уште не ги посетил Хаваите поради загриженост дека тоа ќе ги оттргне ресурсите и вниманието од хуманитарниот одговор. Џил Бајден ќе го придружува на Хаваи, додаде тој. -Не сакам да пречам. Сум бил во премногу области на катастрофи. Сакам да бидам сигурен дека нема да ги нарушиме тековните напори за закрепнување. Повеќе од 500 федерален персонал за итни случаи досега се испратени да помогнат во напорите за помош, вклучително и 150 специјалисти за пребарување и спасување, изјави Бајден. Се слушаат критики дека на почетокот на пожарот не се огласиле сирените, а има поплаки дека можеби е доцна наредена евакуација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ke-otpatuvam-na-havaite-shto-e-mozhno-poskoro/feed/ 0
Најмалку 99 жртви и стотици исчезнати во пожарите на Хаваите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-99-zhrtvi-i-stotitsi-ischeznati-vo-pozharite-na-havaite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-99-zhrtvi-i-stotitsi-ischeznati-vo-pozharite-na-havaite/#respond Tue, 15 Aug 2023 06:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=866798

Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваите, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде значително поголем. Овие пожари се најсмртоносните во САД во последните 100 години, објави „Гардијан“. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ остатоците од историскиот град Лахаина. Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“. Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Со повеќе од 2.700 оштетени или уништени објекти и изгорени повеќе од 2.100 хектари земја, Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари. На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот. Грин изјави за Си-Би-Ес Њуз дека официјалните лица очекуваат да најдат помеѓу 10 и 20 луѓе дневно во текот на следната недела и пол. „Како што услугата за мобилни телефони полека се обновува, бројот на исчезнати се намали на околу 1.300 од повеќе од 2.000“, рече Грин. Тоа се најсмртоносните шумски пожари од 1918 година кога 453 луѓе загинаа во шумски пожар во Минесота и Висконсин, според Националното здружение за заштита од пожари (NFPA). Причината за пожарот се уште е под истрага. Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, во неделата се појави во видео во кое ги промовира напорите за собирање средства за обнова по пожарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-99-zhrtvi-i-stotitsi-ischeznati-vo-pozharite-na-havaite/feed/ 0
Безос и свршеницата ќе донираат 100 милиони долари за помош на Хаваи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-svrshenitsata-ke-doniraat-100-milioni-dolari-za-pomosh-na-havai/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-svrshenitsata-ke-doniraat-100-milioni-dolari-za-pomosh-na-havai/#respond Mon, 14 Aug 2023 09:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=866469

Џеф Безос (59) и неговата свршеница Лорен Санчез (53), споделија со јавноста дека ќе донираат 100 милиони долари за Мауи, кој беше уништен од големите пожари на Хаваи, пишува „Пејџ сикс“. Во заедничка објава на Инстаграм, тие напишаа дека мислат на сите семејства кои изгубиле толку многу и на целата заедница која е уништена. „Важни се неодложните потреби, а исто така Потребна е долгорочната обнова што ќе треба да се случи – дури и откако ќе се намали поголемиот дел од вниманието“, додавале тие. Шефот на Амазон и атрактивната поранешна водителка, напишаа дека го основале фондот „Мауи“ и ќе донираат 100 милиони долари за да му помогнат на островот „да се врати на нозе сега и во годините што доаѓаат“. Многумина, вклучително и познати личности, ја поддржаа нивната великодушност и порачаа дека прават прекрасна работа. Инаку, најмалку 80 луѓе загинаа во страшните пожари на Мауи, а 1.000 сè уште се водат како исчезнати, а уништени се илјадници домови, соопштија локалните власти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-svrshenitsata-ke-doniraat-100-milioni-dolari-za-pomosh-na-havai/feed/ 0
Во пожарите на Хаваи 89 загинати, најголема природна катастрофа во последните 100 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pozharite-na-havai-89-zaginati-najgolema-prirodna-katastrofa-vo-poslednite-100-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pozharite-na-havai-89-zaginati-najgolema-prirodna-katastrofa-vo-poslednite-100-godini/#respond Sun, 13 Aug 2023 08:10:36 +0000 https://kurir.mk/?p=866192

Бројот на загинати во шумските пожари во Мауи, на Хаваи, сега изнесува 89, што го прави најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од сто години, соопштија официјални лица. Тимовите за пребарување со кучиња ги поминуваа урнатините на Лахаина, четири дена откако пожарот го срамни историското одморалиште, уништувајќи згради и автомобили. Гувернерот Џош Грин на прес-конференција предупреди дека бројот на загинати ќе продолжи да расте. Во однос на бројот на загинати, тоа е најлошата природна катастрофа на Хаваите во историјата, надминувајќи го цунамито во кое загинаа 61 лице во 1960 година, една година откако Хаваи стана американска држава. Властите почнаа да им дозволуваат на жителите да се вратат во Западен Мауи, иако пожарната зона во Лахаина остана забарикадирана. Официјалните лица предупредија дека отровните испарувања би можеле да доаѓаат од областите во кои тлее пожарот и истакнаа дека операциите за пребарување продолжуваат. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати, а точниот број не е познат. Трошоците за обновата на Лахаина се проценети на 5,5 милијарди долари, според Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), при што повеќе од 2.200 објекти се оштетени или уништени и повеќе од 850 хектари изгорени. Катастрофата започна во вторникот по полноќ, кога беше пријавен пожар во градот Кула, на околу 35 милји од Лахаина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pozharite-na-havai-89-zaginati-najgolema-prirodna-katastrofa-vo-poslednite-100-godini/feed/ 0
Во шумските пожари на Хаваите досега загинаа 80 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shumskite-pozhari-na-havaite-dosega-zaginaa-80-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shumskite-pozhari-na-havaite-dosega-zaginaa-80-litsa/#respond Sat, 12 Aug 2023 13:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=866058

Властите на американскиот архипелаг Хаваи отворија истрага за одговорот на локалните власти на разорните шумски пожари на островот Мауи, во кои загинаа најмалку 80 лица, покажуваат мајновите податоци. Во претходниот биланс се зборуваше за 67 жртви. „Бројот на загинати се зголеми на 80“, соопштија локалните власти, додавајќи дека повеќе од 1.400 луѓе се евакуирани. Пожарот е најлошата природна катастрофа на Хаваите од цунамито во 1961 година кога загинаа 61 лице на Големиот остров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shumskite-pozhari-na-havaite-dosega-zaginaa-80-litsa/feed/ 0
(ВИДЕО) Хеликоптерска снимка покажува како страшниот пожар „проголта“ цел остров, бројот на загинати се искачи на 53 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-helikopterska-snimka-pokazhuva-kako-strashniot-pozhar-progolta-tsel-ostrov-brojot-na-zaginati-se-iskachi-na-53/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-helikopterska-snimka-pokazhuva-kako-strashniot-pozhar-progolta-tsel-ostrov-brojot-na-zaginati-se-iskachi-na-53/#respond Fri, 11 Aug 2023 09:25:21 +0000 https://kurir.mk/?p=865788

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи. Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба. Најмалку 53 лица загинаа, додека на огромен број луѓе им беше укажана медицинска помош поради изгореници, вдишување чад и други повреди. На социјалните мрежи се шират стравични снимки од пожарите и обидите на луѓето да побегнат од пламените јазици. Посебно вирално стана видео од група луѓе кои се обидуваат со автомобил да побегнат, а при тоа не застануваат да помогнат на жена за која претпоставуваат дека е мртва. Продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а илјадници луѓе ја напуштија областа. „Додека продолжуваат напорите за гаснење пожари, денеска се потврдени 17 дополнителни смртни случаи поради активниот пожар во Лахаина, со што бројот на загинати достигна 53“, се вели во денешното соопштение на округот Мауи. Пожарите опустошија цели населби на западната страна на американскиот остров. Лахаина е една од главните атракции на Мауи, која секоја година привлекува два милиони туристи на островот, или околу 80 отсто од посетителите на островот. Американскиот претседател Џо Бајден одобри прогласување катастрофа на Хаваи, дозволувајќи им на погодените поединци и сопственици на бизниси да аплицираат за федерална помош за домување и економско закрепнување. Причината за шумските пожари во Мауи допрва треба да се утврди, соопштија официјални лица, но Националната метеоролошка служба соопшти дека тие биле поттикнати од сувата вегетација, силните ветрови и ниската влажност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-helikopterska-snimka-pokazhuva-kako-strashniot-pozhar-progolta-tsel-ostrov-brojot-na-zaginati-se-iskachi-na-53/feed/ 0
Хаваи: 53 загинати во катастрофалните пожари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/havai-53-zaginati-vo-katastrofalnite-pozhari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/havai-53-zaginati-vo-katastrofalnite-pozhari/#respond Fri, 11 Aug 2023 06:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=865683

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи. Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба. Најмалку 53 лица загинаа, додека на огромен број луѓе им беше укажана медицинска помош поради изгореници, вдишување чад и други повреди. Продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а илјадници луѓе ја напуштија областа. „Додека продолжуваат напорите за гаснење пожари, денеска се потврдени 17 дополнителни смртни случаи поради активниот пожар во Лахаина, со што бројот на загинати достигна 53“, се вели во денешното соопштение на округот Мауи. Пожарите опустошија цели населби на западната страна на американскиот остров. Лахаина е една од главните атракции на Мауи, која секоја година привлекува два милиони туристи на островот, или околу 80 отсто од посетителите на островот. Американскиот претседател Џо Бајден одобри прогласување катастрофа на Хаваи, дозволувајќи им на погодените поединци и сопственици на бизниси да аплицираат за федерална помош за домување и економско закрепнување. Причината за шумските пожари во Мауи допрва треба да се утврди, соопштија официјални лица, но Националната метеоролошка служба соопшти дека тие биле поттикнати од сувата вегетација, силните ветрови и ниската влажност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/havai-53-zaginati-vo-katastrofalnite-pozhari/feed/ 0