Хавиер Тебас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 04:00:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хавиер Тебас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тебас: Барселона заслужува да остане без бодови ако е виновна за случајот ‘Негреира’“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tebas-barselona-zasluzhuva-da-ostane-bez-bodovi-ako-e-vinovna-za-sluchajot-negreira/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tebas-barselona-zasluzhuva-da-ostane-bez-bodovi-ako-e-vinovna-za-sluchajot-negreira/#respond Fri, 29 Sep 2023 04:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=883030

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас изјави дека е среќен што напредува случајот „Негреира“ и смета дека треба да бидат казнети сите инволвирани страни. Барселона и двајца поранешни претседатели на клубот ќе одговараат за платите кои му биле исплатени на Негреира, односно поранешниот потпретседател на судиската комисија. „Треба да се видат аргументите на обвинителството. Тоа што можам да го кажам е дека претресот е резултат на барањата и притисокот направен од Ла Лига. Ние сме единствени кои се јавуваме во улога на заинтересирана страна. Ла Лига не може да го направи тоа, но мислам дека со одземање бодови ќе се потврди вината на клубот“, кажа Тебас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tebas-barselona-zasluzhuva-da-ostane-bez-bodovi-ako-e-vinovna-za-sluchajot-negreira/feed/ 0
Тебас бара разумно објаснување или оставка од Лапорта https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tebas-bara-razumno-objasnuvane-ili-ostavka-od-laporta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tebas-bara-razumno-objasnuvane-ili-ostavka-od-laporta/#respond Tue, 21 Feb 2023 07:48:53 +0000 https://kurir.mk/?p=802994

Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, чека објаснување од Барселона во врска со скандалот поврзан со исплата на милионска сума на поранешниот потпретседател на судискиот комитет. Деновиве се појави информација дека каталонскиот клуб платил 1,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, кој тогаш беше потпретседател на техничкиот судиски комитет, во периодот од 2016 до 2018 година. Клубот појасни дека службеник на Шпанската фудбалска федерација бил платен за извештаи за млади играчи и судење. Се дозна дека Барселона од 2003 година префрлила на Негреира 4,7 милиони евра. Трансферите од клубот сочинуваа 95% од прометот на неговата компанија од 2016 до 2018 година. - Досега тие само изразија длабока загриженост и најавија почеток на внатрешна истрага, но ништо повеќе. Не следеше јасно објаснување, само порака од која можеше да се разбере дека сите клубови го прават тоа. Доколку Лапорта не даде разумно објаснување, мора да поднесе оставка, рече Тебас. Скандалот со Лапорта доаѓа во време кога Барселона е лидер на табелата во Ла лига со осум бодови предност пред Реал Мадрид по 22 одиграни кола.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tebas-bara-razumno-objasnuvane-ili-ostavka-od-laporta/feed/ 0
Претседателот на Ла Лига: ПСЖ го крши финансискиот фер плеј, овој клуб го повредува европскиот фудбал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretsedatelot-na-la-liga-psz-go-krshi-finansiskiot-fer-plej-ovoj-klub-go-povreduva-evropskiot-fudbal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretsedatelot-na-la-liga-psz-go-krshi-finansiskiot-fer-plej-ovoj-klub-go-povreduva-evropskiot-fudbal/#respond Thu, 07 Oct 2021 12:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=574712

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас го обвини ПСЖ дека ги прекршил правилата за финансискиот фер плеј. -Го критикувам ПСЖ бидејќи овој клуб не генерира толку пари колку што чини неговиот состав. Ова ја нарушува економската состојба во европскиот фудбал. Како може ПСЖ да го објасни фактот дека тимот е вреден околу 600 милиони евра? Ако го освоите францускиот шампионат, заработувате не повеќе од 45 милиони евра. Се обратив до претседателот на ПСЖ и претседателот на француската лига со барање да ми покажат бројки, финансиски извештаи, како нашите, но никој не ми одговори. Тие се секогаш таму кога треба да ме критикувате, но не сакаат да ми одговорат. Можам да докажам дека ПСЖ го крши финансискиот фер плеј и тоа со бројки. За мене нема разлика дали Меси и Нејмар остануваат во ПСЖ, факт е дека овој клуб му штети на европскиот фудбал, и јас не сум единствениот што се придржува до ова мислење, истакна Тебес за „Л’Екип“. Во август 2021 година, претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, исто така, зборуваше за можни прекршувања на финансискиот фер плеј од страна на парискиот клуб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretsedatelot-na-la-liga-psz-go-krshi-finansiskiot-fer-plej-ovoj-klub-go-povreduva-evropskiot-fudbal/feed/ 0
Сити подготвува тужба против претседателот на Ла Лига https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/siti-podgotvuva-tuzba-protiv-pretsedatelot-na-la-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/siti-podgotvuva-tuzba-protiv-pretsedatelot-na-la-liga/#respond Sun, 19 Jul 2020 10:32:03 +0000 https://kurir.mk/?p=378321

Раководството на Манчестер Сити ја разгледува можноста да поднесе тужба против претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, по неговите обвинувања дека станува збор за клуб поддржан од фиктивни спонзори. Тебас зборуваше во истиот ден кога Арбитражниот спортски суд во Лозана пресуди во случајот „УЕФА против Манчестер Сити“, што се однесуваше на суспендирање на англискиот клуб од европските клупски натпреварувања на две години. Судот ја поништи одлуката на УЕФА, со оглед дека случајот е застарен и дека нема доволно докази, додека клубот е казнет со десет милиони евра, бидејќи не соработувал во истрагата на УЕФА. Тебас, кој управува со елитното првенство во Шпанија, упати обвинувања против Манчестер Сити, нарекувајќи ја одлуката на судот „фарса“. – Сити не донесе играчи со свои средства, како што тоа го прави Манчестер Јунајтед. Тие потпишуваат договори со играчи со помош на петро-долари, пари што доаѓаат од продажба на нафта во Обединетите Арапски Емирати. Клубовите во Европа, поддржани од државите, го прават она што го сакаат, со фиктивни спонзори и договорни права, како што е случајот со Манчестер Сити, рече Тебас. На овие обвинувања одговорија и челниците на клубот од „Етихад“. – Ние сме свесни за она што го изјави г-дин Тебас на денот кога КАС ја објави одлуката заснована на нашата жалба. Целиот случај сега е испратен до нашиот правен тим за да можеме да видиме каква акција би можеле да преземеме. Ставовите на г-дин Тебас за нашиот клуб се неосновани. Независно тело донесе пресуда дека забраната што ни ја наметна УЕФА е погрешна, се вели во соопштението од Сити. Ова не е првпат да се судрат двете страни. Сити пред една година испрати официјално писмо до Тебас во кое го предупредуваа за вокабуларот што го користи на своето јавно обраќање кога станува збор за приказната за клубот и неговите сопственици од Абу Даби. Клубот смета дека една од причините поради кои Тебас го напаѓа Сити е тоа што Пеп Гвардиола и неколку поранешни официјални играчи на Барселона се таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/siti-podgotvuva-tuzba-protiv-pretsedatelot-na-la-liga/feed/ 0