ХДЗ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Nov 2020 12:18:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ХДЗ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ХДЗ не прифаќа колективна одговорност и најави жалба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hdz-ne-prifakja-kolektivna-odgovornost-i-najavi-zalba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hdz-ne-prifakja-kolektivna-odgovornost-i-najavi-zalba/#respond Fri, 13 Nov 2020 12:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=429047

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска соопшти дека не прифаќа колективна одговорност по повод денешната пресуда на Жупанискиот суд во Загреб, со која на партијата и беше изречена казна од 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра). ХДЗ најави жалба на пресудата. Во соопштението на ХДЗ се наведува дека партијата, без да навлегува во основаноста на пресудата, ја отстранува секоја колективна одговорност на членовите на партијата, како и поврзаноста на сегашното раководство со индивидуалните дејства што се предмет на оваа постапка. Со поддршка, како што велат, на независната и автономна работа на судските тела, одговорноста на ХДЗ, како правно лице, произлегува од вината на одговорните лица, односно поранешниот претседател на партијата Иво Санадер и други осудени лица, објави загрепската Н1 телевизија. Повторното судење на Санадер и ХДЗ во случајот „перење пари од маркетинг компанијата Фими медиа“ започна во 2016 година, откако Врховниот суд ја поништи пресудата од 2013 година. Иво Санадер денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа“. Во овој случај, неговата партија ХДЗ е прогласена за одговорна за корупција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hdz-ne-prifakja-kolektivna-odgovornost-i-najavi-zalba/feed/ 0
РТЛ: Пленковиќ добил писмо со бел прав и смртни закани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rtl-plenkovikj-dobil-pismo-so-bel-prav-i-smrtni-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rtl-plenkovikj-dobil-pismo-so-bel-prav-i-smrtni-zakani/#respond Sat, 17 Oct 2020 13:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=417565

Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ вчера во седиштето на партијата добил писмо со бел прав и закани со смрт, јави денеска РТЛ повикувајќи се на неофицијални информации. Полицијата го земала пликот со сомнителна содржина и спроведува истрага. Телевизијата потсетува дека по нападот на Марковиот плоштад во понеделникот, во кој напаѓаш раби полицаец пред Владата а изврши самоубиство, хрватскиот премиер изрази сомнеж дека цел на нападот бил тој. Полицијата уапси 63 годишен маж кој живее во истото село како и починатиот напаѓач Даниел Безук, и утврди дека после нападот велел оти цел на Безук бил Пленковиќ и како и тој самиот „мечтае да го убие“. Кај него е пронајдени и огнено оружје, како и експлозивни материи. За попладнево е најавена и прес – конференција на која ќе бидат соопштени детали за истрагата за нападот на Марковиот плоштад. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rtl-plenkovikj-dobil-pismo-so-bel-prav-i-smrtni-zakani/feed/ 0
Малцинствата го поддржаа Пленковиќ да формира влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/malcinstvata-go-poddrzaa-plenkovikj-da-formira-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/malcinstvata-go-poddrzaa-plenkovikj-da-formira-vlada/#respond Tue, 07 Jul 2020 15:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=371063

Осумте пратеници од  националните малцинства во хрватскиот Парламент денеска се согласија да ја поддржат новата влада на ХДЗ, која освои 66 места на парламентарните избори во неделата. Претставниците на малцинските партии се состанаа во парламентот, а Владимир Билек по средбата соопшти дека е договорена поддршка старо-новиот премиер Андреј Пленковиќ да ја формира владата. На прашањето какви функции ќе ги добијат во владата, претставникот на чешкото и словачкото малцинство во Саборот кажа  дека има можности за тоа, без разлика дали станува збор за министерствата или за позициите на вицепремиер. -Верувам дека ќе најдеме заеднички јазик со мандаторот да добиеме стабилно мнозинство во парламентот, рече Билек, додавајќи дека тој лично не е заинтересиран за министерка позиција. Запрашан дали има информации дека Милорад Пуповац ќе добие место во владата, Билек, исто така, кажа  дека лидерот на СДС, Милорад Пуповац, не бил заинтересиран за министерско место, потсетувајќи дека Пуповац и претходно имал такви понуди, но не ги прифатил. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/malcinstvata-go-poddrzaa-plenkovikj-da-formira-vlada/feed/ 0
Пленковиќ обезбеди мнозинство за формирање влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-obezbedi-mnozinstvo-za-formiranje-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-obezbedi-mnozinstvo-za-formiranje-vlada/#respond Mon, 06 Jul 2020 12:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=369950

Премиерот на Хрватска и претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, ја доби поддршката од националните малцинства, од Хрватската народна странка (ХНС) и реформистите за формирање влада, потврди портпаролот на актуелната Влада, Марко Милиќ. „Премиерот спроведе почетна рунда консултации со сите избрани претставници на националните малцинства, ХНС и реформите. Тие даваат јасна поддршка на новото парламентарно мнозинство и владата на ХДЗ, предводена од Андреј Пленковиќ“, напиша Милиќ на Твитер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-obezbedi-mnozinstvo-za-formiranje-vlada/feed/ 0
Хрватскиот министер за здравство со коментар за прегратките при славењето на ХДЗ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-minister-za-zdravstvo-so-komentar-za-pregratkite-pri-slavenjeto-na-hdz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-minister-za-zdravstvo-so-komentar-za-pregratkite-pri-slavenjeto-na-hdz/#respond Mon, 06 Jul 2020 11:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=369834

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека е можно поради изборите и поради прославата на победата во седиштето на ХДЗ да се прошири коронавирусот, но изрази надеж дека тоа нема да се случи. Хрватските медиуми пренесоа дека за време на прославата на победата на ХДЗ во нивниот партиски штад, присутните биле многу блиску еден до друг. Некои се прегрнувале и бакнувале. – Бевме на отворено, се мереше температура, се дезинфицираа рацете. Но, признавам, во одредени моменти бевме премногу блиску еден до друг, рече Берош и додаде дека избегнувал блиски средби, јави загрепскиот портал Индекс. Што се однесува на можноста за затворање на границата со Србија, Берош рече дека се размислува за тоа. – Ако тамошната епидемиолошка ситуација се влоши, еазмислуваме и за такво нешто, истакна Берош. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-minister-za-zdravstvo-so-komentar-za-pregratkite-pri-slavenjeto-na-hdz/feed/ 0
Убедлива победа на ХДЗ на изборите во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubedliva-pobeda-na-hdz-na-izborite-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubedliva-pobeda-na-hdz-na-izborite-vo-hrvatska/#respond Mon, 06 Jul 2020 05:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=369568

На парламентарните избори во Хрватска, владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ оствари убедлива победа, а нејзиниот најголем ривал, коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), доживеа фијаско, објави Индекс.хр. Според резултатите на Државната изборна комисија, врз основа на обработени 86 отсто од избирачките места, ХДЗ со своите коалициски партнери во некои изборни единици (ХСЛС и ХДС) освоиле 67 мандати заедно со три мандати добиени во дијаспората, додека на коалицијата Рестарт и припаднаа 41 мандат. На трето место се наоѓа Татковинското движење на Мирослав Шкоро со 16 мандати, следуваат Мост со осум, Можеме со седум, Партијата со име и презиме освои два, а Реформистите и ХНС по еден мандат. Уште осум пратенички места во Саборот им припаѓаат на националните малцинства. Премиерот и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ синоќа им се зблагодари на сите кои гласале за неговата партија и оцени дека „демократија е кога граѓаните ја искажуваат својата волја во кој правец да се движи државата“. – Овој резултат обврзува. Имавме тежок мандат, полн со искушенија кои се зад нас. А предизвиците кои се пред нас се многу поголеми. Таквите околности бараат труд, елан, пожртвуваност, знаење, искуство, истакна Пленковиќ пред членството и симпатизерите на партијата, дочекан со аплауз и овации. Тој истакна дека на „Хрватска и се потребни решенија и за економијата и за јавното здравје, јакнење на институциите, човековите и малцинските права“. – Оваа победа ни овозможува да бидеме малку весели, опуштени. Веднаш изутрина почнуваме сите заедно, како и досега, со цело срце да работиме за Хрватска, заклучи Пленковиќ. На парламентарните избори во Хрватска, врз основа на 96 отсто од обработените избирачки места од страна на Државната изборна комисија, своето право на глас го искористиле 1.661.359 избирачи, односно излезноста била 46,68 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubedliva-pobeda-na-hdz-na-izborite-vo-hrvatska/feed/ 0
ХДЗ со силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hdz-so-silna-poddrshka-za-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hdz-so-silna-poddrshka-za-vmro-dpmne/#respond Sat, 27 Jun 2020 20:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=364309

Му благодарам на мојот драг пријател Karlo Ressler кој е Европратеник од HDZ - Hrvatska demokratska zajednica Се надевам дека за брзо заедно ќе чекориме на европскиот пат, со визија, со енергија за напредок и со вистински демократски вредности. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hdz-so-silna-poddrshka-za-vmro-dpmne/feed/ 0
Пленковиќ повторно избран за лидер на ХДЗ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-povtorno-izbran-za-lider-na-hdz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-povtorno-izbran-za-lider-na-hdz/#respond Mon, 16 Mar 2020 06:52:49 +0000 https://kurir.mk/?p=317021

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ победи на внатрепартиските избори и повторно е избран за претседател на владеачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Пленковиќ освои 82 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Миро Ковач 18 отсто. За потпретседател на ХДЗ е избран Томо Медвед, пренесе Хина. По објавеноите резултати Пленковиќ изјави дека верува дека новото раководство на партијата успешно ќе ја предводи неа и членството до победа на парламентарните избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-povtorno-izbran-za-lider-na-hdz/feed/ 0
Николоски: ХДЗ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-hdz-e-tradicionalen-partner-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-hdz-e-tradicionalen-partner-na-vmro-dpmne/#respond Wed, 20 Nov 2019 17:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=266793

Во дневникот на Алфа ТВ изјава имаше Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој посочи дека ХДЗ е повеќедецениски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, и нема поблизок партнер на ВМРО-ДПМНЕ од ХДЗ. Господинот Пленковиќ е наш драг пријател уште од времето пред да биде претседател на Хрватската Демократска Заедница, и секако сега како претседател на ХДЗ и премиер на Хрватска. ХДЗ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ и практично ние на Балканот немаме поблизок партнер од ХДЗ тоа е цврста повеќе децениска релација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ, истакна Николоски. Николоски додаде дека Хрватска отпочнува со претседавање и во тек на тоа претседавање ќе се изборите во Македонија и се надева промената на власта. И заеднички ова утро делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ има разговарано со г. Пленковиќ за што е она што може да го направи ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се изгуби и 2020 година. Во таа насока се зацртуваат две работи кои што ние сме ги потенцирале, првата е силни реформи дома пред се владеење на правото и борба со корупцијата, кои што за жал не ги гледаме од оваа Влада на Заев. Напротив гледаме раширена корупција на сите нивоа на државата и немање правичен систем владеење на правото. И второто секако е одвојување од Албанија практично онаа стратешка грешка која што ја направи Зоран Заев во договорот помеѓу неговата влада и владата на Еди Рама, некаде во април месец, минатата година. И заради која што Македонија изгуби две години. Да конечно заврши односно Македонија да се одвои Албанија и да излезе од тој несреќен пакет во која што ја стави Зоран Заев, нагласи Николоски. Николоски посочи дека комбинација на овие две работи секако и следење на состојбите внатре во ЕУ заради кои што ги има внатре, може да не во до успешна 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-hdz-e-tradicionalen-partner-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Карамарко се враќа на политичката сцена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karamarko-se-vrakja-na-politichkata-scena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karamarko-se-vrakja-na-politichkata-scena/#respond Wed, 03 Jan 2018 07:39:00 +0000 http://kurir.mk/?p=5689

Поранешниот хрватски вицепремиер и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко изјави дека е прашање на време кога ќе се врати во политиката. Тој изјави дека мотив за неговата таква одлука се актуелните состојби во ХДЗ, но и обидите на дел од партијата за негова дискредитација со пласирање на измислици, алудирајќи на тврдењето на неделникот „Национал“ дека е косопственик на вила вредна над 1,5 милиони евра. - И состојбата во партијата и се заедно ме мотивираа да се вратам во политиката, но прашање е што следно ќе ми измислат. Очигледно во ХДЗ се плашат од мене и од моето враќање, нагласи Карамарко. Тој тврди дека многу незадоволни членови на ХДЗ се во контакт со него и дека му ги ознесуваат своите стравувања од состојбите во партијата. - За оваа година себе си зацртав да завршам еден проект и да им обезбедам егзистенција на децата, а потоа ќе има време за се и се ќе се знае на време, додаде Карамарко. Карамарко беше лидер на ХДЗ од мај 2012 до јуни 2016 година, кога на функцијата го наследи актуелниот хрватски премиер Андреј Пленковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karamarko-se-vrakja-na-politichkata-scena/feed/ 0