хедер нојерт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Dec 2018 07:09:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хедер нојерт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хедер Нојерт нов амбасадор на САД во ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heder-nojert-nov-ambasador-na-sad-vo-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heder-nojert-nov-ambasador-na-sad-vo-on/#respond Fri, 07 Dec 2018 07:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=136745

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја именува актуелната портпаролка на Стејт департментот, Хедер Нojерт за нов амбасадор на САД во Обединетите Нации. Според „Фокс њуз“, ваквата одлука Трамп ќе ја објави денеска. Сегашната американска амбасадорка во Светската организација Ники Хејли поднесе оставка во октомври, по 18 месеци минати на функцијата. Се очекува таа да се повлече од должноста во јануари. Нојерт, која е поранешен дописник и водител во телевизијата „Фокс њуз“, нема претходно политичко или раководно искуство. Таа е портпарол на Стејт департментот од април 2017 година, а оваа година беше назначена за помошник-секретар за јавна дипломатија и јавни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heder-nojert-nov-ambasador-na-sad-vo-on/feed/ 0
Нови американски амбасадори во Косово и Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-amerikanski-ambasadori-vo-kosovo-i-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-amerikanski-ambasadori-vo-kosovo-i-crna-gora/#respond Fri, 14 Sep 2018 05:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=100677

Стејт департментот најави промени на амбасадорите во американските мисии во Црна Гора, Косово и Молдавија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. На редовниот прес брифинг портпаролката Хедер Нојерт синоќа најави дека нов амбасадор во Косово ќе биде Фил Коснет, кој доаѓа на местото на досегашниот шеф на тамошната мисија Крег Делави. Во Црна Гора, новиот амбасадор на САД ќе биде Џуди Рејнке, која е распоредена на местото на нејзината колешка Маргарет Јуехера. Нов американски амбасадор добива и Молдавија, каде досегашниот шеф на тамошната мисија ќе биде заменет со Дерек Хорат, дипломат од кариера. Стејт департментот исто така најави промени на амбасадорските места во низа африкански и азиски земји. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-amerikanski-ambasadori-vo-kosovo-i-crna-gora/feed/ 0
САД ќе преговараат со Северна Кореја кога ќе биде јасно дека го укинала нуклеарното оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-pregovaraat-so-severna-koreja-koga-kje-bide-jasno-deka-go-ukinala-nuklearnoto-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-pregovaraat-so-severna-koreja-koga-kje-bide-jasno-deka-go-ukinala-nuklearnoto-oruzje/#respond Wed, 29 Aug 2018 05:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=93353

Портпаролката на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, Хедер Нојерт изјави дека САД се подготвени да преговараат со Северна Кореја кога ќе биде јасно дека земјата ја исполнила обврската за укинување на своето нуклеарно оружје. Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Помпео да ја одложи планираната посета на Пјонгјанг наведувајќи го како причина недоволниот напредок во однос на прашањето за нуклеарното разоружување. Нојерт одби да ги коментира информациите дека писмо со остар јазик кое наводно го напишал висок функционер во севернокорејската Влада, адресирано до Белата куќа, е причина за откажување на посетата на Помпео на Пјонгјанг. - Америка е подготвена за дијалог кога ќе биде јасно дека претседателот Ким е подготвен да ги исполни обврските кои ги презеде на самитот во Сингапур со претседателот Трамп, додаде таа. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-pregovaraat-so-severna-koreja-koga-kje-bide-jasno-deka-go-ukinala-nuklearnoto-oruzje/feed/ 0
САД загрижени поради турската набавка на руски ракетен систем С-400 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zagrizeni-poradi-turskata-nabavka-na-ruski-raketen-sistem-s-400/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zagrizeni-poradi-turskata-nabavka-na-ruski-raketen-sistem-s-400/#respond Fri, 04 May 2018 14:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=49926

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради плановите на Турција за набавка на рускиот ракетен систем земја-воздух С-400. - Според договорите во НАТО, Турција треба да набавува оружје и воена опрема кои се компатибилни со останатите партнери на НАТО. Со оваа набавка тоа не е случај, изјави портпаролката на Стејт департметот, Хедер Нојерт. Како што јави дописникот на МИА, сепак, според извори во Стејт департментот, иако САД и Турција имаат одлична соработка во секторот одбрана, Вашингтон ќе продолжи да ја искажува својата загриженост во врска со најавената набавка на С-400. Американскиот државен секретар Мајк Помпео минатата недела во Брисел, исто така, изрази загриженост поради набавката за време на средба со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавошоглу. - Државниот секретар ја истакна сероиозната загриженост на САД ако тие го реализираат овој план, изјави американски официјален претставник по средбата Помпео-Чавушоглу, која се одржа за време на минатонеделниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО фокусиран на односите со Русија и начините за засилување на Алијансата. Нојерт ја истакна и американската подршка за подобрување на состојбата со слободата на медиумите во Турција, земја која има затворено најголем број новинари. - Ова прашање го поставивме многупати досега директно до Владата на Турција и преку разни институции, со цел да се запре репресијата врз новинарите во Турција, изјави Нојерт. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zagrizeni-poradi-turskata-nabavka-na-ruski-raketen-sistem-s-400/feed/ 0