хеликоптери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Mar 2023 20:12:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хеликоптери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата донесе одлука да донира хеликоптери на Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-da-donira-helikopteri-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-da-donira-helikopteri-na-ukraina/#respond Wed, 29 Mar 2023 20:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=817922

Владата на денешната седница донела одлука да донираме хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена. Владината прес-служба вечерва соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и донела Одлука за донација на воздухоплови (хеликоптери) на МО на Украина. -Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението. Како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми, Владата, на денешната седница, ја разгледала и усвоила и Информацијата за потребата од линеарно зголемување на платите на работниците во Министерството за внатрешни работи, на предлог на ова Министерство. Согласно заклучокот, Министерството за внатрешни работи ќе изврши линеарно зголемување на платите на вработените во Министерството во износ од 3086,00 денари по работник, во бруто износ, што ќе отпочне да се исплаќа со платата за март 2023 година, информираат од Владата во дополнение за одлуките од денешната седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-da-donira-helikopteri-na-ukraina/feed/ 0
ВИДЕО: Барселона со три хеликоптери пристигна на осминафиналниот натпревар во Купот на Шпанија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-barselona-so-tri-helikopteri-pristigna-na-osminafinalniot-natprevar-vo-kupot-na-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-barselona-so-tri-helikopteri-pristigna-na-osminafinalniot-natprevar-vo-kupot-na-shpanija/#respond Fri, 20 Jan 2023 08:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=789592

Откако во неделата во Ријад го победија Реал Мадрид со 3-1 и го освоија првиот трофеј сезонава, фудбалерите на Барселона немаа многу време за одмор по враќањето во Каталонија, бидејќи ги чекаше уште едно гостување, овој пат на северот на Африка во рамки на осминафиналето на Купот на Шпанија. Противник на Барселона беше третолигашот Сеута од истоимениот град на северот на Африка. Сеута е „автономен шпански град“, со површина од 18.5 километри и нешто повеќе од 85.000 жители, кој политички ѝ припаѓа на Шпанија, а географски е на територијата на Мароко. Барселона на пат тргна ден пред натпреварот. Бидејќи Сеута нема аеродром кој може да прими големи авиони, каталонскиот клуб прво со авион пристигна во Малага, а потоа преку Гибралтарскиот теснец прелета со хеликоптери. Делегацијата на Барселона беше распоредена во три хеликоптери од марката „Аугуста Вестланд 139“ од кои секој чини 12 милиони евра и има капацитет за 15 патници. Доаѓањето на шпанскиот фудбалски гигант беше голем празник за жителите на Сеута, а на хелиодромот фудбалерите на Барселона беа пречекани од стотици навивачи и покрај силното обезбедување. Натпреварот на резултатски план не донесе изненадување и Барселона со убедливи 5-0 обезбеди пласман во четвртфиналето, со головите на Рафиња (41 минута), Роберт Левандовски (50, 90), Ансу Фати (71) и Франк Кеси (77). Пласман во четвртфиналето обезбеди и Реал Мадрид, триумфирајќи на гостински терен над Виљареал со 3-2.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-barselona-so-tri-helikopteri-pristigna-na-osminafinalniot-natprevar-vo-kupot-na-shpanija/feed/ 0
Македонија и Чешка потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-cheshka-potpishaa-dogovor-za-remont-na-helikopteri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-cheshka-potpishaa-dogovor-za-remont-na-helikopteri/#respond Fri, 23 Dec 2022 10:01:06 +0000 https://kurir.mk/?p=779529

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва денеска потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји. Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци. – Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (G2G) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците, појаснуваат во соопштението од МО.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-cheshka-potpishaa-dogovor-za-remont-na-helikopteri/feed/ 0
НАСА ќе испрати два нови хеликоптери на Марс за транспорт на примероци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-kje-isprati-dva-novi-helikopteri-na-mars-za-transport-na-primeroci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-kje-isprati-dva-novi-helikopteri-na-mars-za-transport-na-primeroci/#respond Thu, 28 Jul 2022 13:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=711424

По успешното тестирање на Инџинуити (генијалност), малиот хеликоптер што го придружуваше роверот на НАСА до Марс, американската вселенска агенција НАСА сака да испрати уште два мини хеликоптери на Црвената планета. Двата хеликоптери потенцијално би можеле да помогнат во собирањето примероци што ќе се вратат на Земјата, објавија на прес конференција НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА), која исто така е вклучена во проектот, пренесува ДПА. Ingenuity слета на Марс во февруари 2021 година со роверот Perseverance. Набргу потоа, хеликоптерот, кој се напојува со литиум-јонски батерии и тежи околу 1,8 килограми, стана првото летало кое комплетирало лет на друга планета. Во меѓувреме веќе има реализирано 29 летови. Мисијата на хеликоптерот, која всушност беше планирана да трае само 30 дена и требаше да се справи со екстремните услови на Марс, одамна е продолжена на неодредено време. Откако првиот обид за дупчење не успеа минатата година, бидејќи карпата не била доволно цврста и не можела да се наполни во цевката за примерок, Perseverance успешно зеде и спакува 10 примероци, а во моментов зема уште 11, според НАСА. Севкупно, има место за 30 примероци, од кои секој е дебела колку молив и тежи околу 150 грама. Според сегашниот распоред, овие примероци се очекуваат на Земјата во 2033 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-kje-isprati-dva-novi-helikopteri-na-mars-za-transport-na-primeroci/feed/ 0
Украинците соборија уште ЧЕТИРИ руски хеликоптери во областа Николаев (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraincite-soborija-ushte-chetiri-ruski-helikopteri-vo-oblasta-nikolaev-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraincite-soborija-ushte-chetiri-ruski-helikopteri-vo-oblasta-nikolaev-foto/#respond Sat, 05 Mar 2022 14:08:06 +0000 https://kurir.mk/?p=641562

– Токму во областа Николаев, нашите маринци заедно со колегите од ОК „Југ“ соборија четири хеликоптери на непријателот, така што еден од маринците собори 3 единици одеднаш, -Командантот на поморските сили на вооружените сили на Украина Заден – нагласи адмиралот Алексеј Нејжпапа. – Вистински пример за професионализам, храброст и херојство! И ова е уште еден сигурен чекор до победата! Слава на Украина!, беше соопштено на официјална страница на морнарицата на вооружените сили на Украина. ФОТО: Официјална страница на морнарицата на вооружените сили на Украина]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraincite-soborija-ushte-chetiri-ruski-helikopteri-vo-oblasta-nikolaev-foto/feed/ 0
Поради правни пречки хеликоптерите се враќаат до Скопје по гориво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-pravni-prechki-helikopterite-se-vrakjaat-do-skopje-po-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-pravni-prechki-helikopterite-se-vrakjaat-do-skopje-po-gorivo/#respond Thu, 05 Aug 2021 09:19:01 +0000 https://kurir.mk/?p=546547

Хеликоптерите се вратени во Скопје за да наполнат гориво и повторно ќе се вратат на терен, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Со цел да не се враќаат хеликоптерите до Скопје за гориво, Ангелов истакна дека во моментот се работи на надминување на правните пречки за да може да биде доставена цистерна со керозин најблиску што може. – Ние се обидуваме што поблиску да однесеме цистерна со керозин за да не мора хеликоптерите да се враќаат назад до Скопје, но протоколите и законите тоа го отежнуваат. Се обидуваме овој момент да го надминеме. Во спротивно, хеликоптерите ќе гаснат и потоа ќе се враќаат во касарна за гориво. Кога ќе фатат жештините, ќе мора да направат пауза, вели Ангелов во изјавата за МИА. По прогласувањето на кризна состојба во траење од 30 дена, Ангелов за денеска во 13 часот го свика Главниот штаб за да се изработи акциски план, а веднаш се очекува да биде свикана прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-pravni-prechki-helikopterite-se-vrakjaat-do-skopje-po-gorivo/feed/ 0
Ангелов признава дека не успеале да се координираат за навреме да полетаат српските хеликоптери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-priznava-deka-ne-uspeale-da-se-koordiniraat-za-navreme-da-poletaat-srpskite-helikopteri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-priznava-deka-ne-uspeale-da-se-koordiniraat-za-navreme-da-poletaat-srpskite-helikopteri/#respond Wed, 04 Aug 2021 08:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=545996

Македонските власти побараа помош од соседните земји за справување со пожарите кои беснеат во земјава, и ја добија. Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин вчера лично дојде со четирите хеликоптери кои Србија ги дава за помош на Македонија, но очигледно поради некоординираност, македонските власти не знаат помошта да ја употребат и искористат. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Англелов, кој во изминативе два дена е под голема критика на јавноста поради лошото менаџирање на состојбата, признава дека не успеале навреме да се координираат за да полетаат српските хеликоптери. -Во текот на вечерта доколку успееме ќе бидат ангажирани хеликоптери на српскот воздухопловство, но веќе снемува време. Проблемот настана кога нашите хеликоптери беа на терен. За да можат српските хеликоптери да летаат треба да има придружба од нашите хеликоптери бидејќи не го познаваат теренот, изјави вчера Ангелов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-priznava-deka-ne-uspeale-da-se-koordiniraat-za-navreme-da-poletaat-srpskite-helikopteri/feed/ 0
Србија ни испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-ni-isprati-chetiri-helikopteri-za-gasnenje-na-pozarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-ni-isprati-chetiri-helikopteri-za-gasnenje-na-pozarite/#respond Tue, 03 Aug 2021 15:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=545760

Србија испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите, објави на својата фејсбук-страница министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Државата е со граѓаните, а со нас денеска се нашите пријатели, мојот драг колега од Република Србија, Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ, кои ни испратија и четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата, напиша Спасовски. Спасовски се заблагодари на Србија, која, како што рече, повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко, како и до министерот Вулин лично за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани – особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе. Затоа се со нас нашите пријатели, затоа ние сме со нашите граѓани, напиша Спасовски. – Благодарение на функционалноста на системот, на професионалноста на службите – пожарникарите, полицијата, армијата, но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, како и одговорноста при известувањето на медиумите, успеваме ситуацијата да ја ставиме под контрола. И понатаму будно ја следиме состојбата, со сите ангажирани расположливи капацитети и со оние кои допрва ќе стигнат од нашите пријатели и сојузници. Материјалната штета повторно заеднички ќе ја надоместиме, а безбедноста на граѓаните останува наш најголем приоритет, наведува министерот Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-ni-isprati-chetiri-helikopteri-za-gasnenje-na-pozarite/feed/ 0
Вучиќ: Србија е подготвена да ги прати своите хеликоптери за гасење на пожарите во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-srbija-e-podgotvena-da-gi-prati-svoite-helikopteri-za-gasenje-na-pozarite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-srbija-e-podgotvena-da-gi-prati-svoite-helikopteri-za-gasenje-na-pozarite-vo-makedonija/#respond Tue, 03 Aug 2021 12:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=545658

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно, што и се предвидува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, како и тоа дека не го интересира што поединци на Запад мислат за таа иницијатива, ако таа е добра за Србија, Македонија и Албанија, и за благосостојбата на нашите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. – Доколку има потреба да му се помогне на Скопје во гасењето на пожарите, ние веќе донесовме одлука и се согласивме нашите хеликоптери за гасење на пожари, бидејќи можат да носат 1.200 литри вода, да помогнат во гасењето на пожарите. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра, изјави Вучиќ по посетата на завршните работи за реконструкција и изградба на Клиничкиот центар на Србија во Белград. Ова го изјави Вучиќ како одговор на прашањето дали има реакции од најмоќните западни земји на иницијативата Отворен Балкан и што му кажал за таа иницијатива на германскиот државен секретар Мигел Бергер, кој ги посети и Белград, Приштина и Сараево. – Имавме сеопфатни разговори со Мигел Бергер, имаме различни позиции по прашањето на Белград и Приштина и не апсолутно исти и за прашањето за Отворен Балкан. Не би сакал да ги коментирам причините, но ми се чини да тие на сите им се јасни. Но, ние нема да се откажеме од она што претставува суштина на европските вредности и слободи, а тоа е слободата на движење на луѓето и протокот на стоки, услуги и капитал, изјави Вучиќ. Тој посочи дека тоа се политички и економски вредности кои придонесуваат за раст на секоја од нашите земји и оти се потпишани добри договори. Вучиќ посочи дека е важно што мислат некои на Запад, но дека е уште поважно што мислиме и правиме ние и тоа да биде во корист на нашите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-srbija-e-podgotvena-da-gi-prati-svoite-helikopteri-za-gasenje-na-pozarite-vo-makedonija/feed/ 0
ЦУК: Хеликоптерите можат да летаат ноќно време, но не и да гасат пожар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-helikopterite-mozat-da-letaat-nokjno-vreme-no-ne-i-da-gasat-pozar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-helikopterite-mozat-da-letaat-nokjno-vreme-no-ne-i-da-gasat-pozar/#respond Tue, 03 Aug 2021 11:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=545638

Во овој момент имаме три хеликоптери од Армијата, но функционални за гаснење на пожар се два. Армиските и полициските хеликоптери можат да летаат ноќно време, но да летаат, а не да гасат пожар, рече на денешната прес-конференција в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Агелов, во одговор на новинарско прашање. -Полициските и армиските хеликоптери не можат да гасат пожар. За гаснење на пожар тие доаѓаат ниско на пожарот. Како со ноќни уреди тие ќе наполнат вода од некој вир, од некое мало браниче, или езерце. Значи, хилихоптерите може да летаат ноќно време но не можат и не смеат да гаснат пожари, рече Ангелов. Посочи дека полицискисте хеликоптери немаат опрема за гасење на пожари и не можат да бидат употребени. Како што посочи, денеска разговарал со началникот на хеликоптерскиот сектор, односно одделение во МВР, и истите ги користат за транспорт на тешко преодни терени, ако треба да пренесат пожарникари или војници кои би гаселе на лице место, тие, како што рече, им стојат на располагање. -Авионите се наоѓаат во ДЗС, и ние немаме врска со нив. Ние доколку се исправни можеме да побараме да бидат употребени, ние ги немаме и вината не е наша. Воедно и новиот директор на ДЗС ги затекна во таква состојба, тие се заглавени во бирократска процедура околу тендерот за нивен преглед, за нивен сервис и за ова повеќе инфо ќе побарате од нив, на нив не можеме да сметаме но од друга страна со нив има и одредени лимити, но хеликоптерите се попрактични затоа што во кочани црпеа вода на еден километар далечина од браната Гратче која беше веднаш до местото на пожарот, рече Ангелов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-helikopterite-mozat-da-letaat-nokjno-vreme-no-ne-i-da-gasat-pozar/feed/ 0