Хелсиншки комитет за човекови права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Apr 2022 17:35:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хелсиншки комитет за човекови права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хелсиншки комитет за човекови права: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-obvinitelstvoto-na-skandalozen-nachin-ja-sprechi-pravdata-za-tamara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-obvinitelstvoto-na-skandalozen-nachin-ja-sprechi-pravdata-za-tamara/#respond Tue, 19 Apr 2022 11:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=665359

Преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот Тамара, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење, ги сруши сите шанси за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, реагираат од Хелсиншки комитет за човекови права. -На денешната јавна расправа, при давање завршни зборови, основниот јавен обвинител Анел Фидовски, направи правна преквалификација, односно промена на обвинителениот предлог, а за тројца обвинети се откажа од кривично гонење. Имено, јавниот обвинител се откажа од кривично гонење за директорите на Фондот за здравствено осигурување на РСМ и претседателката на управниот одбор на Фондот, затоа што смета дека тие немаат кривична одговорност како службени и одговорни лица во правното лице. За останатите обвинети, членови на првостепена и второстепена комисија, обвинителството направи правна преквалификација и наместо член 353 в од Кривичниот закон ,,Несовесно работење во службата’’, кривичното дело го преквалификува во член 86-б од Законот за здравствено осигурување. Во овој член предвидено е дека лекар и член на првостепената, односно второстепената комисија на Фондот, кои ќе оневозможат осигуреник да оствари право од здравствено осигурување по основ на болест или неспособност за работа, што според закон или друг пропис му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор од шест месеци до три години. Со ваквата преквалификација произлегува дека е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење во октомври 2020 година, со изминување на 6 години од денот кога е сторено кривичното дело. Согласно ова, обвинителството побара судот да донесе одбивателна пресуда, согласно член 402 од Кривичниот законик. Хелсиншкиот комитет за човекови права во изминативе години во повеќе наврати реагираше на постапувањето на обвинителството, но и за честото одложување на рочиштата. Од кривичната пријава која ја поднесе Хелсиншкиот комитет поминати се седум години, а судската постапка започна во 2018 година. Со оглед дека обвинителството одлучи да го преквалификува делото дури во завршната фаза од судењето, а не претходно, легитимен е сомнежот дека постоела намера делото едноставно да застари и никој од обвинетите кривично да не одговара за смртта на малата Тамара. Комитетот оценува дека ваквата одлука на обвинителството е крајно поразителна и значи дополнително зголемување на недовербата во правосудниот систем, кој не испорачува правда за жртвите. Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе се бори за правда во овој случај и ќе поднесе апликација пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, стои во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-obvinitelstvoto-na-skandalozen-nachin-ja-sprechi-pravdata-za-tamara/feed/ 0
Хелсиншки комитет за човекови права: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-itno-da-se-istrazi-i-sankcionira-policiskata-brutalnost-vrz-navivach/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-itno-da-se-istrazi-i-sankcionira-policiskata-brutalnost-vrz-navivach/#respond Fri, 01 Apr 2022 10:42:13 +0000 https://kurir.mk/?p=656866

Видео снимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку денови се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата, велат од Хелсиншки комитет за човекови права. -Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата и нехуманото постапување спрема граѓаните од страна на лицата со полициски овластувања, граѓаните сѐ уште и честопати се жртви на полициска бруталност, која се манифестира со претепување. Имено, на видео снимката се гледа како на 29.3.2022 (вторник), по завршување на ракометниот натпревар помеѓу ракометните клубовите Вардар и Пелистер, припадник на навивачката група Пелистер лежи на земја, додека припадници на полицијата демонстрираат прекумерна физичка сила и средства за присилба врз него, поради што лицето се здобило со телесни повреди. За целото време додека лицето лежи на земја, тоа не дава никаков активен отпор, што значи дека дејствијата на полицијата не се ниту сразмерни, ниту законски. Ваквото постапување на полициските службеници дополнително ја продлабочува недовербата која граѓаните ја имаат во полицијата, а Северна Македонија континуирано добива и забелешки од страна на меѓународната заедница, како што е Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување кој и во својот последен извештај за нашата држава објавен во мај 2021 година нотира пречекорување на полициските овластувања и употреба на прекумерна сила од страна на полициските службеници за време на приведување, во полициска станица, но и подоцна од страна на затворската полиција. Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници бараат од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети. Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција по допрен глас да оформи предмет со цел водење на кривична постапка против инволвираните полициски службеници и утврдување на нивна кривична одговорност за настанот. Апелираме за овој случај, органите ефективно да ја водат постапката, што е од суштинска важност за навремено да се приберат докази, а особено поради делотворноста на лекарските прегледи и извештаи, веродостојноста на исказите на сведоците и оштетениот итн. Единствено експедитивното и ефикасното водење на постапки од ваков вид можат да ја вратат довербата на граѓаните во правосудните органи, но и другите заштитни механизми од тортура и нечовечко постапување од страна на полициски службеници, се додава во соопштението од Хелсиншки комитет за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-itno-da-se-istrazi-i-sankcionira-policiskata-brutalnost-vrz-navivach/feed/ 0
Хелсиншки комитет за човекови права: Скандалозен однос на Јавното обвинителство кон кривичните дела од „Јавна соба“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-skandalozen-odnos-na-javnoto-obvinitelstvo-kon-krivichnite-dela-od-javna-soba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-skandalozen-odnos-na-javnoto-obvinitelstvo-kon-krivichnite-dela-od-javna-soba/#respond Wed, 27 Jan 2021 14:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=460638

Платформата за родова еднаквост изразува огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“. Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство, ова преку реакција до јавноста го истакнаа преку соопштение од Хелсиншкиот комитет за човекови права. -Точно една година по појавата на оваа група на мрежата Телеграм, која се користи за сексуално вознемирување на девојки преку објави на нивни фотографии без никаква согласност, во порнографски контекст, како и лични податоци за жртвите, сведочиме и на нови случаи на ваква злоупотреба. На прашање на Хелсиншкиот комитет, Министерството за внатрешни работи одговори дека постапиле по предметот „Јавна соба“ во рамки на својата надлежност и го доставиле до Јавното обвинителство. Година дена подоцна, ваквите групи на Телеграм сѐ уште се активни во објавување на фотографии, лични имиња и адреси. Сметаме дека е скандалозен и недозволив односот на Јавното обвинителство, од кое се очекува да го процесуира случајот во насока на докажување на вина и санкционирање на креаторите и учесниците во еден ваков сериозен облик на сексуално вознемирување на девојки, од кои голем дел се и малолетни. Потсетуваме дека оној кој ќе објави приватни видеа на интернет со порнографска содржина, може да одговара за кривичното дело „Злоупотреба на лични податоци” член 149 од Кривичниот законик, за кој е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Доколку на видеата има прикажано малолетник, сторителот кој ја произвел детската порнографија со цел нејзина диструбуција, или ја пренел или ја нудел преку компјутерски систем ќе одговара за „Производство и дистрибуција на детска порнографијa” член 193-а став 3 од Кривичниот законик за кој е превидена казна затвор од најмалку осум години. Ние како претставници на граѓанскиот сектор ќе инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Молкот на институциите очигледно дополнително го охрабрува фунцкионирањето и одржувањето на вакви групи во дигиталниот простор, а девојките и понатаму се соочуваат со опасност по личната безбедност и нарушено достоинство и здравје. Во групата вознемирувачите заемно се поттикнуваат, здружуваат и дополнително ги омаловажуваат девојките. Исто така, се зголемува и ризикот од уште посериозни форми на насилство, а се обесхрабруваат сегашните и идни жртви да пријавуваат и да зборуваат за насилството кое го претрпеле, стои во нивната реакција. Тие додаваат дека овој случај е шанса на институциите да покажат дека се залагаат за женските права и заштитуваат од родова засновано насилство, фактички, а не само декларативно! Оттука, бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело и за кое треба кривично да се одговара. Бараме од Министерството за внатрешни работи континуирано да презема превентивни активности и да го спречи опстојувањето на ваквите групи. Не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-skandalozen-odnos-na-javnoto-obvinitelstvo-kon-krivichnite-dela-od-javna-soba/feed/ 0
Хелсиншки комитет изразува загриженост за условите за групната изолација во Пеплиште: Да се имаат предвид човековите права и достоинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-izrazuva-zagrizenost-za-uslovite-za-grupnata-izolacija-vo-peplishte-da-se-imaat-predvid-chovekovite-prava-i-dostoinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-izrazuva-zagrizenost-za-uslovite-za-grupnata-izolacija-vo-peplishte-da-se-imaat-predvid-chovekovite-prava-i-dostoinstvo/#respond Wed, 18 Mar 2020 10:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=318266

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува загриженост во однос на сместувачките услови за групната изолација за лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак. – Имено, во медиумите беше објавено сведоштвото на лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, каде што евидентни се лошите хигиенски услови и недостатокот на соодветни легла. Во текот на денешниот ден, Министерството за одбрана соопшти дека „Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. По завршените прегледи, лицата веднаш ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија“, наведува Хелсиншки комитет во соопштение. Комитетот апелира до надлежните институции, во секој момент, да се имаат предвид човековите права и човековото достоинство, особено кога станува збор за мерки на групна изолација. Додава дека условите во овие простории треба да ги исполнуваат домашните и меѓународните стандарди во смисла на пристап до соодветни легла, хигиена, оброци и здравствена заштита. – Дополнително, потсетуваме дека согласно член 54 став 3 од Уставот на РСМ, ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба. За крај, ја повторуваме пораката која ја испрати Високата комесарка за човекови права при Обединетите нации, Мишел Башелет: “Ковид-19 е тест за нашите општества, сите учиме и се адаптираме согласно мерките кои се преземаат против вирусот. Човековото достоинство и човековите права треба да бидат во фокусот и центарот на овие мерки, а не нешто со кое што ќе се соочиме понатаму“, стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-izrazuva-zagrizenost-za-uslovite-za-grupnata-izolacija-vo-peplishte-da-se-imaat-predvid-chovekovite-prava-i-dostoinstvo/feed/ 0