хелсиншки комитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Feb 2023 17:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хелсиншки комитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жан Митрев со писмо до Хелсиншки: Против мене се води организирана хајка! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-so-pismo-do-helsinshki-protiv-mene-se-vodi-organizirana-hajka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-so-pismo-do-helsinshki-protiv-mene-se-vodi-organizirana-hajka/#respond Fri, 24 Feb 2023 17:19:22 +0000 https://kurir.mk/?p=804821

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претставници на Хелсиншкиот Комитет во Македонија со барање да реагираат на прекршувањето на основното право да ја информира јавноста поврзано со случајот против него и клиниката „Жан Митрев“. Во писмото Митрев ги повикува да го следат случај и во судница и да реагираат, бидејќи, како што потенцира, ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права. Изминатиот период лично јас сум на удар во јавноста, а секако и на низа пишувања посебно на порталот ДоказМ.мк за што имам веќе доставено кривична пријава. Се прекршува моето право на одговор бидејќи секој обид да контактирам со новинар завршува со осудување на истиот во јавност, а со оглед на тоа што мојата битка започна со новинарски текст единствен начин да се „одбранам“ покрај судницата се разбира е и јавноста што се информира од медиумите, пишува во писмото од д-р Митрев. Во писмото тој се повикува на човековите права кои се загарантирани со Уставот и каде правото на јавно искажан збор е загарантирано. Јас сум човек што имам дадено Хипократова заклетва и таа ме води во секојдневната работа, чист сум пред себе и пред моите постапки затоа што знам дека вистината е на моја страна. Но, ве молам за постапување по случаите каде се врши притисок врз мене и моите вработени за да може секој од нас да се растерети од бремето на притисок. Ние згрижуваме илјадници пациенти и ништо не смее да ѝ наштети на професијата и на здравјето на граѓаните, потенцира Митрев. За потребата од вакво обраќање тој во писмото се навраќа и на случајот со сопственикот на порталот „ДоказМ“, кој добивал информации од истражителката за случајот и ги објавувал на неговиот портал. Бевме сведоци дека истражителка заедно со Марјан Стаменковски од „ДоказМ“, воделе организирана хајка против мене каде допрва ќе се види кој се бил вклучен. Организираниот напад и заканите не треба да бидат дел од нашето секојдневие. Вие како Хелсиншки комитет самите го знаете тоа. Затоа ве повикувам да реагирате и да го следите мојот случај и во судница, бидејќи ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права, го завршува писмото Митрев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-so-pismo-do-helsinshki-protiv-mene-se-vodi-organizirana-hajka/feed/ 0
Хелсиншки комитет: Итно решение за обезбедување образовни асистенти за сите средношколци со попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-itno-reshenie-za-obezbeduvanje-obrazovni-asistenti-za-site-srednoshkolci-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-itno-reshenie-za-obezbeduvanje-obrazovni-asistenti-za-site-srednoshkolci-so-poprechenost/#respond Tue, 06 Sep 2022 12:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=729418

Иако средното образование е задолжително, и оваа учебна година почнува без образовни асистенти во средните училишта. Соодветните законски измени ниту се донесени, ниту се знае кога би се усвоиле и стапиле во сила, соопшти денеска Хелсиншкиот комитет за човекови прaва кој оценува дека со запоставување на вклучувањето на децата со попреченост во образовниот систем им се нанесува огромна штета на децата и на нивните родители. -Недостигот на политичка волја за справување со овој проблем се согледува и во тоа што Министерството за образование не знае ни точен број на средношколци кои би имале потреба од образовни асистенти. Тоа укажува дека инклузијата на децата со попреченост, како најранлива група во општеството, не е меѓу приоритетите на надлежните институции, пишува во реакцијата на Комитетот. Хелсиншкиот комитет ги повикува претставниците на извршната и законодавната власт да ги донесат потребните законски измени, со кои ќе се регулира воведувањето ваква асистенција во средните училишта. -Со оглед на тоа што учебната година е веќе започната, апелираме да се најде итно решение со кое ќе им се овозможат асистенти на сите средношколци со попреченост до донесувањето на законот. Иако неколку општини објавиле јавни повици за ангажирање образовни асистенти преку програма за општокорисна работа, тоа ни приближно не ги задоволува потребите, а дополнително ги става во нееднаква положба децата од различни општини, наведува Хелсиншкиот комитет. Меѓународните документи кои се ратификувани и од нашата држава, според Комитетот, се доволна правна основа за МОН да донесе итно решение со кое децата со попреченост ќе ја добијат неопходната асистенција за да бидат вклучени во наставниот процес. – Политичките калкулации, блокадите во носењето закони и неодговорноста која се граничи со нехуманост не смеат и понатаму да ја минираат инклузијата на децата во општеството, стои во реакцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-itno-reshenie-za-obezbeduvanje-obrazovni-asistenti-za-site-srednoshkolci-so-poprechenost/feed/ 0
Хелсиншки комитет: Ксенофобијата не е инцидентна појава во нашето општество https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-ksenofobijata-ne-e-incidentna-pojava-vo-nasheto-opshtestvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-ksenofobijata-ne-e-incidentna-pojava-vo-nasheto-opshtestvo/#respond Wed, 16 Feb 2022 14:31:45 +0000 https://kurir.mk/?p=632224

Низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во Македонија, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството. И покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и јајца со кои им беше загрозена нивната сигурност. Притисокот со кој се соочиле во Куманово, продолжил и во Скопје, каде на 15 февруари 2022 година повеќе хотели одбиле да ја сместат групата, а нејзин член јавно се пожали дека полицијата повеќе им одмагала, отколку што помогнала, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од таму оценуваат дека е загрижувачки што омразата кон луѓе од други култури и религиозни групи веќе одамна не е инцидентна појава во нашето општество. -За време на бегалската криза 2016-2018 година, говорот на омраза кон мигрантите и бегалците, од политички причини беше постојано засилуван со лажни вести и дезинформации, кои дополнително влијаеа за раст на ксенофобијата кај населението. Таквата реторика остава долгорочни предрасуди и последици врз ставовите на луѓето и ја руши сликата за гостопримлива и толерантна земја, како што сакаме да се нарекуваме. Тоа е причината што ваквите сентименти се повторуваат во различни прилики, како говорот на омраза кон авганистанските бегалци кои летоска беа привремено сместени во земјава, или во спорадични инциденти, како што беше нападот на расна основа врз група Корејци на почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година. Констатираме дека во овој, но и во останатите споменати случаи, своја улога имаат и дел од медиумите, кои со своето неодговорно и тенденциозно известување придонесуваат за јакнење на ксенофобичните чувства кај граѓаните, а кои понатаму водат и до извршување на дела од омраза, велат од Хелсиншки комитет. „Апелираме надлежните институции внимателно да го следат овој случај и да обезбедат навремена заштита согласно меѓународните стандарди. Истовремено, апелираме и внимателно да се следи говорот на омраза на социјалните медиуми,  кој може да предизвика понатамошни непосакувани инциденти“ - порачуваат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-ksenofobijata-ne-e-incidentna-pojava-vo-nasheto-opshtestvo/feed/ 0
„Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла“ – реагираат од Хелсиншки комитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/problemot-e-vo-vozrasnite-polni-so-predrasudi-a-ne-vo-malata-embla-reagiraat-od-helsinshki-komitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/problemot-e-vo-vozrasnite-polni-so-predrasudi-a-ne-vo-malata-embla-reagiraat-od-helsinshki-komitet/#respond Thu, 03 Feb 2022 10:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=626385

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас.  Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара: -Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла; -Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата; -Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај. Санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост. Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник“ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, велат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/problemot-e-vo-vozrasnite-polni-so-predrasudi-a-ne-vo-malata-embla-reagiraat-od-helsinshki-komitet/feed/ 0
Хелсиншки комитет: Обвинението против Пале Илоска ја игнорира историјата на насилство врз неа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-obvinenieto-protiv-pale-iloska-ja-ignorira-istorijata-na-nasilstvo-vrz-nea/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-obvinenieto-protiv-pale-iloska-ja-ignorira-istorijata-na-nasilstvo-vrz-nea/#respond Wed, 02 Feb 2022 12:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=625931

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение пред надлежен суд против Пале Илоска од Велес, долгогодишна жртва на семејно насилство. Тие сметаат дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство на миг“. Имено, според достапните информации и изјавите на сведоците кои беа пренесени во медиумите, Илоска неколку години била во врска со велешкиот полицаец, кој претходно бил осудуван за изнуда и други кривични дела. Во текот на нивната врска, таа често била малтретирана и тепана. Имајќи предвид дека убиството се случило во момент додека починатиот вршел физичко насилство и директно го загрозил животот на жртвата, се јавуваат индиции дека станува збор за нужна одбрана. Впрочем, овие индиции се потврдени и во соопштението од Јавното обвинителство: „Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави. Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот.“ Токму поради ова, Хелсиншкиот комитет бара судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. -Особено, треба да ги има предвид историјата на насилството врз жртвата, интензитетот на нападите и на повредите кои претходеле на настанот, раздразнетоста и уплавот кај жртвата во моментот на случување и истовремениот противправен напад – ударите по телото на жртвата, давењето и сериозноста на заканата по нејзиниот живот. Судот ќе треба да утврди под кои околности се случило убиството, но сметаме дека нужната одбрана не треба да се гледа само во времето кога се случил настанот, туку треба да се земе предвид дека Илоска била долгогодишна жртва на психичко и физичко насилство, со што кај неа се развил интензивен страв за нејзиниот живот. Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, а ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство, реагираат од Хелсиншки комитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-obvinenieto-protiv-pale-iloska-ja-ignorira-istorijata-na-nasilstvo-vrz-nea/feed/ 0
Хелсиншки комитет: Пријавување повреда на избирачко право https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-prijavuvanje-povreda-na-izbirachko-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-prijavuvanje-povreda-na-izbirachko-pravo/#respond Sat, 30 Oct 2021 09:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=588097

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 31 октомври 2021 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на вториот круг од локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот, која се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје и преку телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436. Покрај личното и телефонското пријавување, овозможена е и пријава преку е-пошта на [email protected]. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право. Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-prijavuvanje-povreda-na-izbirachko-pravo/feed/ 0
Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-insistirame-na-objektivna-i-navremena-istraga-i-odgovornost-za-tragedijata-vo-tetovskata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-insistirame-na-objektivna-i-navremena-istraga-i-odgovornost-za-tragedijata-vo-tetovskata-bolnica/#respond Fri, 10 Sep 2021 11:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=561958

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и инсистира на објективно и навремено расветлување на големата трагедија во тетовската модуларна болница. Комитетот бара и очекува од надлежните институции да спроведат темелна истрага, со која ќе се утврдат причините за пожарот кој одзеде 14 човечки животи, како и да преземат мерки за утврдување одговорност кај лица и институции, особено во поглед на превентивните мерки за заштита и почитувањето на здравствените и безбедносните протоколи во болницата во Тетово. „Оваа огромна загуба оправдано ја зголемува недовербата на граѓаните во институцииите на системот и затоа е клучно истрагата да се одвива професионално  и транспарентно. Само на тој начин, надлежните органи може да го минимизираат просторот за шпекулации во јавноста и последователните штети, кои во голема мера може да го загрозат справувањето со последиците од пандемијата. Со оглед дека изминатава година се изградени 19 модуларни болници, а имајќи ги предвид информациите дека е отворена посебна истрага за оваа јавна набавка, обвинителството треба во најкус можен рок да излезе со информации кои ќе ги расчистат дилемите околу безбедноста на овие објекти. Дополнителните капацитети за хоспитализација на ковид-пациенти се од огромна важност за функционирање на здравствениот систем во време на пандемија, но истите треба да бидат оставени во функција само доколку ги исполнуваат безбедносните стандарди. Хелсиншкиот комитет ја поздравува одлуката за вклучување на странски експерти во истрагата, што ќе придонесе за кредибилитетот на самата истрага и нејзините резулати. Комитетот продолжува да ја следи работата и постапувањето на надлежните институции на државата, од кои бараме највисоко ниво на професионалност и непристрасност во расчистувањето на оваа трагедија“ - се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-insistirame-na-objektivna-i-navremena-istraga-i-odgovornost-za-tragedijata-vo-tetovskata-bolnica/feed/ 0
Хелсиншки комитет за човекови права: Институциите ИТНО да им помогнат на граѓаните кои претрпеа штета од пожарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-instituciite-itno-da-im-pomognat-na-gragjanite-koi-pretrpea-shteta-od-pozarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-instituciite-itno-da-im-pomognat-na-gragjanite-koi-pretrpea-shteta-od-pozarite/#respond Sat, 07 Aug 2021 11:31:38 +0000 https://kurir.mk/?p=547650

Министерството за труд и социјална политика, во соработка со општините, треба да им пружи неопходна финансиска и психосоцијална поддршка на најзагрозените. Државата треба да ги стави на располагање своите сместувачки капацитети, за навремено да се згрижат лицата чии живеалишта се опожарени или кои се во непосредна близина на пожарите. Исто така, исплатата на соодветен надомест за санирање на штетите врз објектите и посевите мора да биде навремена, нагласија од Хелсиншкиот комитет за човекови права, осврнувајќи се на пожарите кои ја зафатија земјата. Оттаму истакнаа дека она што во моментов е итно и неодложно е заштитата на луѓето кои се најпогодени од огнената стихија. -Од тие причини, центрите за социјална работа во областите погодени од пожарите во овие мигови не треба да чекаат барања за да постапуваат, имајќи предвид дека не сите граѓани ги знаат правата на материјален надомест во случај на катастрофи, додадоа од Комитетот. Во насока на спречување идна и поголема штета, од Комитетот апелираа до надлежните институции да ги засилат контролите во шумите на територијата на целата држава, а лицата, за кои ќе се докаже дека подметнале пожар, да одговараат за своите кривични дела. -Оттука, апелираме до Основното јавно обвинителството итно и транспарентно да постапи во случаите каде што веќе има осомничени, потенцираа од Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет за човекови права месецов ќе даде посебен приоритет на бесплатната правна помош за лицата кои на директен или индиректен начин трпат имотна и друга лична штета од пожарите. -Нашите правни советници се на располагање за секој граѓанин којшто има потреба од правна помош и советување, на телефонските броеви 02 3119 073, 072 278 436, 0800 44 222 и на [email protected], информираа од Комитетот. Оттаму потсетија дека веќе цела недела беснеат шумски пожари на повеќе места низ државата, а по интензитет и опасност за загрозување на населените места особено се истакнуваат шумските пожари во североисточниот регион на државата. -Ограничените технички и човечки капацитети на шумските инспекции и противпожарните служби, за чие раководење и надзор одговорноста ја делат општините, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈУ Национални шуми, укажува на потребата од темелна реорганизација на овие служби во наредниот период, оценија од Хелсиншкиот комитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-za-chovekovi-prava-instituciite-itno-da-im-pomognat-na-gragjanite-koi-pretrpea-shteta-od-pozarite/feed/ 0
Хелсиншки комитет: Профитирањето ја загрозува борбата со пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-profitiranjeto-ja-zagrozuva-borbata-so-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-profitiranjeto-ja-zagrozuva-borbata-so-pandemijata/#respond Wed, 07 Apr 2021 12:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=493654

По повод Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува денеска, Хелсиншкиот комитет за човекови права ја реафирмира заедничката реакција на стотина организации од ноември 2020, со која се повика на ставање крај на профитерството во време на пандемија. -Со оглед на тоа што посочените барања и препораки не наидоа на одговор од надлежните институции, а во моментов се наоѓаме во екот на третиот пандемиски бран, со секојдневно висок број на заболени, хоспитализирани и починати, повторно апелираме државата да воспостави регулативна рамка за утврдување на лекувањето поврзано со COVID-19 кое граѓаните го покриваат со лични средства во приватните здравствени установи, по примерот на определениот максимален износ за плаќање на учество со лични средства (партиципација) во јавното здравство во согласност со Ценовникот на здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување, наведуваат од Хелсиншки комитет. Воедно, предлагаат Фондот за здравствено осигурување да склучи договор со сите акредитирани лаборатории за здравствената услуга PCR тест за утврдување на присуство на вирусот SARS-CoV-2 или да овозможи покривање на трошоците односно нивно рефундирање и за здравствените услуги кои се блиску поврзани со следењето и проценката на здравствената состојба на пациентите со COVID-19, согласно утврдената пракса и медицината базирана на докази. Во услови кога здравствената криза е пропратена и со силни економски и социјални последици за граѓаните, навеуваат, приватните здравствени услуги од илјадници евра не можат да се сметаат како овозможен пристап за ползување на ова човеково право. Уставот на Република Македонија, на секој граѓанин му го гарантира правото на здравствена заштита. Уставно загарантираното право на здравствена заштита значи дека секој поединец има право на пристап до здравствените услуги потребни за неговото здравје. Здравствената заштита, се посочува, мора да гарантира еднаков пристап за сите, без дискриминација врз основа на финансиската состојба, местото на живеење, видот на болеста или времето потребно за пристап до здравствената заштита. Поединецот што бара третман, а не е во можност да ги плати трошоците за третманот, има право да биде ослободен од тие трошоци. -Ја повикуваме Владата на Република Македонија во најбрз можен рок да преземе мерки во однос на соодветното регулирање на работата на приватните болници во услови на криза на начин што ќе им даде согласност да згрижуваат болни од COVID-19 само на оние приватни болници кои склучиле договор со ФЗО, како и да преземе иницијатива за соодветно регулирање на цените за здравствени услуги во приватните здравствени установи и да стави крај на профитерството во криза од вакви размери. Да не дозволиме систематско кршење на правото на пристап до здравствена заштита со што шансите за преживување ќе зависат од тоа кој има повеќе пријатели и пари за да може да го спаси својот и животот на најблиските, стои во соопштението. Пандемијата на COVID-19 ги извади на површина сите проблеми во здравствените системи на државите, но како што денеска потенцира Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор, една од главните научени лекции, наведуваат од Хелсиншкиот комитет, е дека јавното здравје и грижа треба да се заштити од комерцијализација и приватизација и дека никој не треба да прави профит од пандемијата. Покрај оваа порака до ЕУ и до земјите членки, EPSU апелира за обезбедување вакцини за сите луѓе на светот преку зголемено производство и ,,одрекување’’од правата на интелектуална сопственост врз вакцините, зголемување на инвестициите во здравството и социјалната заштита, како и подобра заштита и работни услови за работниците во овие сектори, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-profitiranjeto-ja-zagrozuva-borbata-so-pandemijata/feed/ 0
По поднесената на претставка на ХК, народниот правобранител утврди потежок вид продолжена дискриминација од страна на МВР врз полициска службеничка по основ на пол и род https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-podnesenata-na-pretstavka-na-hk-narodniot-pravobranitel-utvrdi-potezok-vid-prodolzena-diskriminacija-od-strana-na-mvr-vrz-policiska-sluzbenichka-po-osnov-na-pol-i-rod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-podnesenata-na-pretstavka-na-hk-narodniot-pravobranitel-utvrdi-potezok-vid-prodolzena-diskriminacija-od-strana-na-mvr-vrz-policiska-sluzbenichka-po-osnov-na-pol-i-rod/#respond Fri, 29 Jan 2021 11:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=461459

По поднесена претставака од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права поради дискриминација врз основа на пол и род врз полициска службеничка вработена во Единицијата за специјални задачи во МВР поради неможност да напредува во кариерата ниту професионално и стручно да се обучува во работата, Народниот правобранител утврдил дека работодавачот потежок вид на продолжена дискриминација по основ на пол и род, која трае до денес, и покрај упатените препораки до Министерството со цел да бидат отстранети сите неправилности и недостатоци, информираат денеска од Хелсиншкиот комитет. Бараат од МВР во најкраток можен рок да постапи по дадените препораки и да ја прекине, како што велат, долгогодишната пракса на дискриминаторски однос спрема полициските службенички вработени во рамки на Министерството. Од Комитетот во септември 2020 година поднеле претставка до Народниот правобранител поради дискриминација врз основа на пол и род врз полициска службеничка вработена во Единицијата за специјални задачи во Министерството за внатрешни работи. Полициската службеничка, вработена во Министерството во 2013 година, велат од Хелсиншки комитет, се соочува со дискриминација на работното место поради неможност да напредува во кариерата ниту професионално и стручно да се обучува во работата. -Полициската службеничка, за време на нејзиното породилно отсуство, била со усна наредба распределена да работи канцелариска работа. По завршување на отсуството таа намерно била оставена да продолжи со работа во канцеларија како административен службеник, без да се води сметка за нејзиното барање да биде вратена во Единицата за специјални задачи, да продолжи со градење на нејзината кариера и да присуствува на предвидените тренинзи и обуки. Образложението на Министерството за внатрешни работи е дека тоа било сторено за нејзина заштита како жена и мајка. Понатаму, Министерството во својот одговор го известиле Народниот правобранител дека полициската службеничка, од 18 јуни 2016 година до 13 април 2017 година и од 12 ноември 2018 година до 08 август 2019 година, користела породилно отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство и во тој период таа не можела да биде унапредена. Меѓудругото, таа во временскиот период од 16 март 2020 година до 26 март 2020 година и од 04 август 2020 година па се до средината на септември ги користела мерките предвидени со одлука на Владата за заштита и превенција од Ковид -19 како мајка на деца до 10 годишна возраст. Со други зборови, таа за време на целокупниот нејзин работен стаж во Министерството не била во можност во целост да ги развие и унапреди своите професионални квалитети и работни способности, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет. Поради овие околности, службеничката до командирот поднела две барања за заштита од вознемирување на работно место, едното на 26 август 2020 година, а другото на 10 септември 2020 година. На ниту едно од барањата на службеничката не и било одговорено, а образложението на Министерството било дека со оглед на тоа дека на работничката, не и било одговорено во законскиот рок од осум дена, таа доколку сакала можела да поведе судска постапка за заштита од вознемирување на работно место. -Во меѓувреме, полициската службеничка во септември 2020 година добила ново решение со кое се прераспределува на уште пониско работно место – полицаец во Одделението за обезбедување на објекти од посебно значење. На овој начин таа била повторно деградирана бидејќи и бил одземен додаток од плата. Министерството не дава никакво образложение зашто ја прераспределиле службеничката, односно тие наведуваат дека тоа било по потреба на Министерството. Оттаму, наводите дека таа била деградирана и дискримирана со распоредувањето ги сметаат за неосновани, од причина што станувало збор за поединечен акт, за што службеничката водела судска постапка во моментот, појаснуваат од Хелсиншки комитет. Констатацијата на Народниот правобранител е дека од Министерството сами потврдуваат дека жените за време на породилното отсуство не можат да бидат унапредени бидејќи не присуствувале на тренинзи и обуки кои се задолжителни за полициските службеници. Ваквото системско решение, велат од Хелсиншки комитет, упатува жените да бидат соочени со мирување во нивната служба во Министерството доколку се решат да станат мајки и да забременат, со што нивната положба е многу понеповолна од положбата на мажите. -Понатаму, Правобранителот смета дека од Министерството воопшто не сметаат дека со новото прераспределување ја деградираат и дискриминираат службеничката. Наместо тие да ја поправат состојбата, тие ја распределиле службеничката на работно место кое можеби одговара со степенот и категоријата на нивото на нејзиното досегашно знаење, меѓутоа не е во корелација со досега извршуваните работни обврски на службеничката што е спротивно на Законот за внатрешни работи, каде што се предвидува дека прераспределувањето треба да биде на исто ниво и категорија, но на сродни работи. Народниот правобранител утврдува дека во конкретниот случај работодавачот нема капацитет да ја воочи состојбата во која ги доведува жените како мајки, со што ги поставува на едно пониско ниво од мажите, односно ги оневоможува да напредуваат во кариерата подеднакво како мажите. Правобранителот утврдува дека работодавачот на овој начин сторил потежок вид на продолжена дискриминација по основ на пол и род, која трае и денес, и покрај упатените препораки од негова страна до Министерството за внатрешни работи со цел да бидат отстранети сите неправилности и недостатоци, потенцираат од Хелсиншкиот комитет. ХК ја поздравува одлуката на Народниот правобранител и апелираат до Министерството за внатрешни работи во најкраток можен рок да постапки по дадените препораки од страна на Правобранителот и да ја прекине, како што велат, долгогодишната пракса на дискриминаторски однос спрема полициските службенички вработени во рамки на Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-podnesenata-na-pretstavka-na-hk-narodniot-pravobranitel-utvrdi-potezok-vid-prodolzena-diskriminacija-od-strana-na-mvr-vrz-policiska-sluzbenichka-po-osnov-na-pol-i-rod/feed/ 0