хемикалии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 06:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хемикалии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Околу 26 милиони Американци пијат вода загадена со „вечни хемикалии“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-26-milioni-amerikantsi-pijat-voda-zagadena-so-vechni-hemikalii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-26-milioni-amerikantsi-pijat-voda-zagadena-so-vechni-hemikalii/#respond Fri, 18 Aug 2023 06:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=868217

Водата за пиење во милиони американски домови е загадена со „вечни хемикалии“, објавија британските медиуми. Податоците од Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) покажуваат дека водата е загадена со опасни нивоа на токсични хемикалии. Се прецизира дека водата што ја пијат околу 26 милиони Американци е загадена. Студиите ги поврзуваат тие хемикалии со рак, имунодефициенција, репродуктивна штета и развојни ефекти кај децата. Според податоците, во 220 системи за вода се пронајдени одредено ниво на хемикалии PFOA, PFOS или и двете во нивната вода за пиење, што значи дека околу еден од 10 системи за вода за пиење засекогаш ќе ги содржи двете најопасни хемикалии. Во соопштението, претставници на Агенцијата рекоа дека новите податоци од мониторингот дополнително ќе помогнат да се информираат какви активности треба да се преземат за заштита на водата за пиење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-26-milioni-amerikantsi-pijat-voda-zagadena-so-vechni-hemikalii/feed/ 0
Пред дечиња во градинка се прска со токсични хемикалии, едно од децата добило воспаление на очите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-dechinja-vo-gradinka-se-prska-so-toksichni-hemikalii-edno-od-decata-dobilo-vospalenie-na-ochite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-dechinja-vo-gradinka-se-prska-so-toksichni-hemikalii-edno-od-decata-dobilo-vospalenie-na-ochite-video/#respond Mon, 15 Mar 2021 19:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=482869

Фотографијата која осамна на социјалните мрежи, а на која јасно се гледа дека во детската градинка “Росица “ во присуство на деца се врши дезинфекцијата на просториите, предизвика силна реакција кај родителите. Родителите велат: „Да ни кажеа дека во сред работен ден, во просториите каде што има бебиња и дечиња од 3 до 5 годишна возраст ќе дезинфицираат, ние ќе си ги земевме децата“. АЛФА пренесе дека една мајка сведочи дека кога си го зела детето од градинка, тоа веќе имало симптоми и завршило на лекар. -Детето веќе имаше воспаление на очињата добиено, а потоа му се појави и стомачен вирус да речам, ајде нека биде вирус. Го однесов на матичен лекар, тој ми напиша претставка што треба да ја однесам во архивата на градинката да ја заверам и да ги пријавам во санитарна инспекција. Ова не се прави деца кога ќе се во градинка, ова се прави кога ќе е празна градинката, после завршување на работното време и на воспитувачките и на негувателките. И за ова некој мора да сноси одговорност,затоа што се работи за деца мали, не дај Боже се’ може да се случи,тоа се тешки хемикалии, вели родителот. Во лекарскиот извештај меѓу друго стои дека детето има наод на алергиско-хемиски ринит. Доколу детето продолжи да се експонира на хемиски агенси има ризик да развие астма. Но и покрај ова директорката на градинката вели дека тоа било несреќно направена фотографија. Еве што изјавила Мери Рилкова, директор на детска градинка: „Се добива впечаток всушност кога ќе се погледне фотографијата дека се прави дезинфекција додека се децата присутни, а реалната состојба е во тој момент децата се изнесуваат од занималната за да се изврши дезинфекција во занималната“. Целиот прилог погледнете го на АЛФА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-dechinja-vo-gradinka-se-prska-so-toksichni-hemikalii-edno-od-decata-dobilo-vospalenie-na-ochite-video/feed/ 0
Скандал: Пред деца во градинка се прска со токсични хемикалии (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-pred-deca-vo-gradinka-se-prska-so-toksichni-hemikalii-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-pred-deca-vo-gradinka-se-prska-so-toksichni-hemikalii-foto/#respond Fri, 12 Mar 2021 14:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=481438

“Дали бре вие имате грам памет?! Деца ви ги дишат хемикалиите кои се токсични! Никој не смее да има во просториите додека не испари хемикалијата и потоа отстрани со проветрување“, пишува на својот Фејсбук профил Сашо Донев, кој објави фотографија од градинка „Со кое право и по кои безбедносни протоколи прскате?! Тоа смее да го прават професионалци од Центарот за јавно здравје! За ова заслужувате кривични пријави и ќе ги добиете“ - им порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-pred-deca-vo-gradinka-se-prska-so-toksichni-hemikalii-foto/feed/ 0
Се испитува еко-инцидентот во „ОХИС“, опасните хемикалии под надзор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ispituva-eko-incidentot-vo-ohis-opasnite-hemikalii-pod-nadzor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ispituva-eko-incidentot-vo-ohis-opasnite-hemikalii-pod-nadzor/#respond Tue, 12 Nov 2019 07:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=262879

Сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот (8 ноември) кога во кругот на фабриката „ОХИС“ истече вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер, прецизираат надлежните, кои според Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци Екоцентар 97 ДООЕЛ, треба да вршат контроли и ако постапките не се спроведени согласно со законот и елаборатот за заштита на животна средина, ако утврдат пропуст, да бараат одговорност. При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината. Истекувањето се случило на локација каде фирма од Скопје препакувала и отстранувала историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство, посочија од Инспекторатот за животна средина. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини рече дека инспекторите го пишуваат извештајот и сега ги чекаат анализите од лабораторијата за да видат дали има преостанат ризик.  – Нема место за паника. Нема загадување на воздухот, истакна Нуредини и додаде дека нема место за паника и ситуацијата е под контрола. Државниот инспектор за животна средина Пејо Кировски, кој бил на терен за овој случај, изјави дека се работи за излевање на течност при перење на цистерна која порано содржела метил акрилат мономер. – При испирањето со вода дошло до протечување на вентилот и течноста е пролеана во танкваната или бетонската када, која служи во случај на инцидент да не дојде до излевање на површината на почвата и да не дојде до загадување на земјата и водата. Како резултат на тоа, од наша страна е дадено задолжение веднаш да се собере таа течност од танкваната, бидејќи се ширеше една миризба која малку ги вознемири граѓаните. Но, вечерта околу 20:30 часот тоа се беше завршено. Препокриена беше кадата со струготини од дрво, пилевина. Тие струготини наредниот ден, на 9 ноември, беа собрани и кадата беше дезинфицирана со варова вода, рече Кировски. Тој информира дека на 9 ноември бил направен контролен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Одговарајќи на новинарско прашање колкаво количество било ослободено во воздухот, тој рече дека од страна на единица на АРМ било извршено испитување и се уште ги немаат добиено резултатите во Државнииот инспекторат за животна средина, а кога ќе ги добијат ќе кажат какви се концентрациите. Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Сектор за управување со отпад од Министерството за животна средина изјави дека се работи за имот кој не му припаѓа на ресорното Министерство за животна средина, а доверителите распишуваат тендер и одлучуваат. – Ние учествувавме само во еден дел, кога не консултираа на кој начин треба да се избере компанијата, односно кои се критериумите кои треба да ги задоволи компанија која може да се јави на тој тендер. Немавме никаква одговорност како Министерство за животна средина и просторно планирање во целата постапка, рече Каранфилова Мазневска. Тие, како што појасни, ги дале насоките на кој начин теба да се избере компанијата, во смисла кои критериуми треба да ги исполнува генерално за да може да се јави на повик, но директно не учествувале во изборот на компанијата. – Понатаму постапката, по изборот на компанијата, таа се обраќа до нас. Се изготви елаборат за оценка на влијанието врз животната средина, се издаде решение во кое се пропишани сите мерки и активности кои задолжително треба да се преземат од страна на правното лице кое е избрано да ја врши таа постапка. И тука е улогата на Министерството и на Државниот инспекторат за животна средина за да врши редовни контроли во инсталацијата, посочи Каранфилова Мазневска. Во зависност од типот на дејноста што сакаат да ја вршат правните субјекти, тие се обраќаат до општините, Град Скопје или МЖСПП. Таа информира дека до нив се стигнати неколку барања за издавање одредени дозволи или елаборати за оценка на влијание врз животната средина за одредени компании кои во иднина би сакале да работат во кругот на „ОХИС“. Во меѓувреме, управителот на Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци  Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје, Владо Момировски истакна дека имаат 24-часовно чување со физичко обезбедување на цистерната со винил хлорид во „ОХИС“. Посочи дека обезбедено е постојано ладење, секојдневно мерење и се пишуваат извештаи за да се види дали се случува некаква хаварија кај винил хлоридот. – Досега се нема случено ништо. Не можам да замислам што ќе се случело минатите 30 години кога немало никаво обезбедување и никаква контрола, посебно последните десетина години кога се растури компанијата АД „ОХИС“ и пред да дојде во стечај, рече Момировски. Склучиле, како што појасни, договор со АД „ОХИС“ во стечај, со стечајниот управник, по решение на судот. – АД „ОХИС“ е во стечај и при објавување тендер за продажба на имотот, објавен е и тендер за чистење на 11 заостанати хемикалии во АД „ОХИС“. Затоа што купувачот на АД „ОХИС“ во стечај треба да купи чист објект, со исчистени хемикалии. Ние конкуриравме со уште една компанија, дадовме најдобри услови и го добивме тендерот. Во тендерот беа пропишани строго условите, дека сите хемикалии предмет на проектот треба да бидат изнесени надвор од Македонија и компанијата што ќе учествува на тендерот да има или лиценци за управување со таков вид опасен отпад или да има склучен договор со меѓународна компанија која има такви соодветни лиценци. Ние ги исполнивме сите тие услови и го добивме тендерот, изјави Момировски. Тој информира дека имаат склучено договор со македонска лиценцирана консултантска куќа за справување со опасен отпад „Екомозаик“ и од прв момент соработуваат со нив. Тие им изработиле елаборат и сите процедури ги спроведуваат по нивни упатства. Ова е прв ваков проект во Македонија. Никој нема искуство со ваков отпад зошто е прв ваков проект и ние првпат работиме со ваков отпад, рече Момировски. Појасни дека се работи за 11 видови отпад распоредни на повеќе локации кои се оддалечени една од друга повеќе од 1,5 километри. Во тие 11 видови на отпад, како најопасни се хлорот и винил хлоридот. – Хлорот е веќе отстранет и е надвор од Македонија, а другите девет се спакувани и спремни за извоз, во магацинот, по сите меѓународни прописи. Чекаме да добиеме конечна дозвола за извоз бидејќи дозволата опфаќа седум земји, низ сите земји кај што се поминува. Крајна дестинација е Швајцарија. Во моментот кога ќе ја добиеме дозволата, почнуваме со утовар и со изнесување на тие опасни материи. Досега спакуваните количини се од 65 до 70 тона и останува едно од најопасните жаришта, тоа е цистерната со винил хлорид за која се уште немаме конкретно решение, рече Момировски. Посочи дека во летниот период кога добиле решение за елаборат од Министерството за животна средина и просторно планирање, на такви високи температури, над 20 степени не е препорачливо и не е законски дозволено, да се оперира со таков вид на опасен отпад, како што е винил хлоридот. – Ниеден од нашите потецијални партнери, од Германија, Холандија, итн. кои ги контактиравме не сакаше ни да дојде да прави увид, а камо ли да прави преточување. Се додека не се направи увид, преточување во специјални садови и не се знае точна количина не можеме да почнеме постапка за добивање нотификација, т.е. дозвола за извоз и согорување. Само два инсенератори, печки што согоруваат опасни материи во Европа согоруваат винил хлорид. Винил хлоридот е исчистен во Европа пред 30 години и никаде го нема во употреба, дури и инсенераторите не поседуваат специјални филтри за согорување винил хлорид, рече Момировски. Информира дека се она што е спакувано во специјални буриња, тоа не испарува, безбедни се и можат да стојат со години. Во магацинот има систем на ладење, мерење и мониторинг. Се друго што е надвор, на атмосферско влијание испарува и може да дојде до несакани последици. Момировски вели дека се друго му било познато, освен проблемот со винил хлорид која, како што рече, е хемикалија која веќе 30 години ја нема никаде во Европа и не знаев со какви проблеми ќе се сретнеме, сега ми е јасно. – Доста е комплексен проблемот и се надевам дека успешно ќе го решиме. Веќе со две компании имаме сериозни преговори и во наредниот период мислам дека успешно ќе го решиме, рече Момировски, најавувајќи дека јавноста ќе биде навреме информирана за сите активности со винил хлоридот. Договорот, потенцира, треба да се продолжи на уште неколку месеци за да се реши винил хлоридот, сега е поволно, а не во тек на летото. Со тоа ќе бидат решени сите 11 хемикалии и проектот ќе биде затворен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ispituva-eko-incidentot-vo-ohis-opasnite-hemikalii-pod-nadzor/feed/ 0