хемиски напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Sep 2022 12:02:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хемиски напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во 51 ирански град инсталирани одбранбени системи од хемиски напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-51-iranski-grad-instalirani-odbranbeni-sistemi-od-hemiski-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-51-iranski-grad-instalirani-odbranbeni-sistemi-od-hemiski-napad/#respond Sun, 04 Sep 2022 12:28:18 +0000 https://kurir.mk/?p=728530

Иранските власти денеска соопштија дека инсталирале одбранбени системи во над 50 градови за да пресретнат можни „биолошки, радиолошки и хемиски напади“. Иранското Министерство за одбрана соопшти дека 51 град се опремени со потребната опрема за „идентификување и следење на сите видови биолошки, радиолошки и хемиски закани“. Градот Сардашт, курдски град во северозападниот дел на Иран, на 28 јуни 1987 година беше цел на ирачко бомбардирање со хемискиот отров иперит, што беше прв напад од ваков вид во урбана средина. Во нападот загинаа 119 лица, а 1.518 се повредени. На годишнината од овој напад, лани иранските власти најавија дека мора да бидат подготвени да се бранат од можни нуклеарни, биолошки и хемиски напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-51-iranski-grad-instalirani-odbranbeni-sistemi-od-hemiski-napad/feed/ 0
СЗО се подготвува за можни „хемиски напади“ во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-podgotvuva-za-mozni-hemiski-napadi-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-podgotvuva-za-mozni-hemiski-napadi-vo-ukraina/#respond Thu, 07 Apr 2022 12:03:40 +0000 https://kurir.mk/?p=659709

Директорот на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека ова тело се подготвува за можни „хемиски напади“ во Украина. – Со оглед на неизвесноста на моменталната ситуација, нема гаранција дека војната нема да се влоши, порача Клуге во изјавата испратена до новинарите од Лавов во Украина. Тој истакна дека СЗО ги разгледува сите можни сценарија и подготвува одговор за различни ситуации кои би можеле да го погодат народот на Украина. – Од континуирано лекување на масовни жртви, до хемиски напади, додаде Клуге, без да открие дополнителни детали]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-podgotvuva-za-mozni-hemiski-napadi-vo-ukraina/feed/ 0
Хемиски напад врз цивили во британскиот град Дадли https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hemiski-napad-vrz-civili-vo-britanskiot-grad-dadli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hemiski-napad-vrz-civili-vo-britanskiot-grad-dadli/#respond Wed, 21 Oct 2020 13:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=419043

Маскиран напаѓач синоќа влегувал во ресторани и во продавници во предградие на градот Дадли и ги прскал случајните минувачи со непозната хемиска супстанца, поради што 15 луѓе имале серозни потешкотии со дишењето. По инцидентот само едно лице е хоспитализирано, а на останатите им е пруженамедицинска нега на местата на инцидентот. Британската полиција се уште трага по напаѓачот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hemiski-napad-vrz-civili-vo-britanskiot-grad-dadli/feed/ 0
Парламентот во Грузија четири часа ја запре работатa поради „хемиски напад” https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-vo-gruzija-chetiri-chasa-ja-zapre-rabotata-poradi-hemiski-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-vo-gruzija-chetiri-chasa-ja-zapre-rabotata-poradi-hemiski-napad/#respond Thu, 12 Dec 2019 17:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=276755

Парламентот во Грузија денеска на четири часа ја запре работата откако во него беше испрскана супстанца со непријатен мирис од страна на демонстранти. Според претседателот на Парламентот Арчил Талаквадзе се работи за „хемиски напад” во кој нема сериозно повредени. Еден од учесниците во протестот на движењето „Шејм” (Срамота) откри дека се работи за антисептичка течност што ја користат ветеринарите, со која беше испрскана внатрешноста со цел да биде запрена работата на Парламентот поради именување судии во Врховниот суд. Подоцна Парламентот одобри 14 од 20 кандидати за судии на Врховниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-vo-gruzija-chetiri-chasa-ja-zapre-rabotata-poradi-hemiski-napad/feed/ 0
Матис ја обвини Сирија дека не ги пушта инспекторите до локациите на наводниот хемиски напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-ja-obvini-sirija-deka-ne-gi-pushta-inspektorite-do-lokaciite-na-navodniot-hemiski-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-ja-obvini-sirija-deka-ne-gi-pushta-inspektorite-do-lokaciite-na-navodniot-hemiski-napad/#respond Thu, 19 Apr 2018 06:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=42852

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис ја обвини сириската Влада дека одложува да им дозволи на инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) да пристапат до локациите на наводниот хемиски напад. Тој додаде дека тоа е стратегија што се користела во минатото. - Сосема ни е јасно дека тоа доцнење на делегацијата и е наметнато од страна на режимот, но исто така сме сосема свесни за тоа како тие дејствувале во минатото и никого не пуштале на места каде што е користено хемиско оружје, рече Матис. - Со други зборови, пауза по таков напад се користи за да се расчистат доказите пред истражниот тим да добие пристап, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-ja-obvini-sirija-deka-ne-gi-pushta-inspektorite-do-lokaciite-na-navodniot-hemiski-napad/feed/ 0
Поради вооружен напад одложена посетата на инспекторите на ОПЦВ на Дума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-vooruzen-napad-odlozena-posetata-na-inspektorite-na-opcv-na-duma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-vooruzen-napad-odlozena-posetata-na-inspektorite-na-opcv-na-duma/#respond Wed, 18 Apr 2018 13:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=42559

Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Ахмет Узумџу денеска изјави дека вчера било пукано врз екипата за безбедност на Обединети нации, која е задолжена за првична проверка во сирискиот град Дума. Поради инцидентот, инспекторите на ОПЦВ ја одложија посетата на Дума, каде наводно беше извршен напад со хемиско оружје. Инспектори на ОПЦВ во Дума треба да испитаат дали во Дума имало напад со хемиско оружје на почетокот од април. Сириската државна новинска агенција САНА објави дека инспектори на ОПЦВ вчера влегле во Дума, додека сирискиот амбасадор во Обединети нации, Башар ал Џафари изјави дека во градот влегол само еден член од екипата за безбедност, а не и инспекторите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-vooruzen-napad-odlozena-posetata-na-inspektorite-na-opcv-na-duma/feed/ 0
Експертите за хемиско оружје влегоа во Дума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-za-hemisko-oruzje-vlegoa-vo-duma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-za-hemisko-oruzje-vlegoa-vo-duma/#respond Tue, 17 Apr 2018 13:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=42020

Експертите на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) денеска влегоа во сирискиот град Дума, каде се тврди дека на 7 април бил извршен хемиски напад, што беше повод за саботните ракетни напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија. Инспекторите од ОПЦВ минатата недела дотпатуваа во Сирија за да го истражат местото на наводниот напад, но досега не им беше дозволен пристап до Дума, град кој е под контрола на сириската влада откако од него се повлекоа бунтовниците, затоа што не можеа да бидат дадени гаранции за нивна безбедност. Француското Министерство за надворешни работи претходно денеска предупреди дека е многу веројатно оти ги „снемало доказите“ од Дума и оцени дека е неопходно на меѓународните инспектори да им се овозможи итен пристап на тоа подрачје. Во соопштението на француското Министерство се тврдеше дека Русија и Сирија „и натаму одбиваат да им дозволат пристап на инспекторите на местото на нападот“. - Многу е веројатно доказите и елементите од суштинско значење да исчезнат од тоа место, се наведува во соопштението. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-za-hemisko-oruzje-vlegoa-vo-duma/feed/ 0
Сирија ги обвинува САД дека бараат изговор за напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-gi-obvinuva-sad-deka-baraat-izgovor-za-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-gi-obvinuva-sad-deka-baraat-izgovor-za-napad/#respond Wed, 11 Apr 2018 13:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=39206

Сириското Министерство за надворешни работи денеска ги обвини САД дека користат „измислици и лаги“ како изговор за напад врз земјата, јавија државните сириски медиуми. - Не сме изненадени од непромислената ескалација на режимот, каков што е режимот на САД, кој спонзорира тероризам во Сирија и се уште тоа го прави, се наведува во соопштението на сириското МНР. САД ги обвинуваат сириските сили дека се одговорни за наводниот напад со хемиско оружје во Дума и се закануваат со ракетен напад. Се уште нема докази дека се случил напад со хемиско оружје, а Русија ги предупреди САД дека Москва нападот врз Сирија ќе го смета за воено злосторство. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-gi-obvinuva-sad-deka-baraat-izgovor-za-napad/feed/ 0
СЗО бара непречен пристап до Дума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-neprechen-pristap-do-duma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-neprechen-pristap-do-duma/#respond Wed, 11 Apr 2018 09:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=39004

Светската здравствена организација побара непречен пристап до градот Дума во Сирија, за да ги провери извештаите од своите партнери дека околу 500 луѓе биле погодени од хемиски напад. Сириската влада демантира дека стои зад каков било напад со хемиско оружје. Соединетите Американски Држави се заканија со воена акција, по што Русија ги предупреди САД да избегнат таков одговор за наводниот хемиски напад. СЗО соопшти дека повеќе од 70 луѓе загинале по нападот со хемиско оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-neprechen-pristap-do-duma/feed/ 0
ДИРЕКТЕН СУДИР: Русија ќе ги соборува американските ракети и ќе ги нападне локациите од каде се лансираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direkten-sudir-rusija-kje-gi-soboruva-amerikanskite-raketi-i-kje-gi-napadne-lokaciite-od-kade-se-lansiraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direkten-sudir-rusija-kje-gi-soboruva-amerikanskite-raketi-i-kje-gi-napadne-lokaciite-od-kade-se-lansiraat/#respond Wed, 11 Apr 2018 08:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=38938

Русија ги предупреди Соединетите Американски Држави да избегнат воена акција како одговор за наводниот хемиски напад во Сирија. -Уште еднаш ќе ве замолам да се воздржите од плановите кои во моментот се развиваат, изјави рускиот претставник на Обединетите нации, Василиј Небензиа. Тој го предупреди Вашингтон дека ќе сноси одговорност за каква било нелегална воена авантура што би ја спровел. Но, западните водачи велат дека се согласиле да работат заедно за да ги нападнат одговорните за нападот во Дума.

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека со секој напад, мета би биле хемиските капацитети на Сирија. Американскиот претседател Доналд Трамп вети силен одговор. Тој, како и секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис ги откажаа сите планови за патување во Јужна Америка за да се фокусираат на состојбите во Сирија. Предупредувањето од Москва дојде за време на поделен состанок на Советот за безбедност на ОН, кој не презеде никакви мерки за поставување на истрага за наводниот напад. Како постојани членови на советот, Русија и САД имаат моќ да стават вето. И двете држави ги блокираа меѓусебните предлози за поставување независни истраги. Резолуцијата изготвена од САД ќе им дозволи на истражувачите да ја делат вината за осомничениот напад. Тим од Организацијата за забрана на хемиско оружје треба да се распореди во Сирија наскоро, за да се утврди дали забрането оружје се користело во Дума. Но, Организацијата нема да бара да утврди кој е одговорен за нападот. Претседателот на државата, Башар ал Асад веќе неколку пати демантираше какво било користење на хемиско оружје.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговарал со британската премиерка Тереза Меј за состојбата во Сирија, по најновиот наводен напад со хемиско оружје, за кој САД и Британија ја обвинија сириската армија. - Двајцата лидери го осудија суровото непочитување на човечките животи од страна на сирискиот претседател Асад. Претседателот и премиерката се согласија дека нема да дозволат да продолжи употребата на хемиско оружје, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор. Британската премиерка Тереза Мај претходно информира дека разговарала и со францускиот претседател Емануел Макрон. На прашањето дали Велика Британија ќе им се приклучи на САД доколку Вашингтон одлучи да преземе понатамошни воени дејствија во Сирија, таа одби директно да одговори на прашањето, но рече дека „смета оти треба да се побара одговор од одговорните“. Меј рече дека вечерва ќе претседава со состанок на Британскиот совет за национална безбедност. Инаку, ова не е единствен напад со хемиско оружје во граѓанската војна во Сирија која трае од 2011. година. Во изминатите години, неколку пати врз цивили беше користено хемиско оружје од стран на терористичката организација Исламска држава, но и од режимот на Башар ал Асад. И покрај обвинувањата од Западот, Сирија ги негираше сите хемиски напади досега. Русија ќе ги соборува американските ракети и ќе стрела на локациите од каде полетуваат Русија има право да ги собори сите ракети и да ги уништи локациите од каде тие се упатуваат, во случај на агресија на САД кон Сирија, изјави амбасадорот на Русија во Либан, Александар Засипкин за либанската телевизија „Ал манар“. – Русија ќе постапи по наредбите на својот претседател, ако има агресијата на САД во Сирија. Русија ќе ги соборува американските ракети и ќе нападне на локациите од каде се лансираат истите, рече амбасадорот Засипкин. Претходно, заменикот претседател на Комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност, Евгениј Серебреников соопшти доколку погинат руски војници во нападот на САД во Сирија, одговорот на Русија ќе биде молскавичен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direkten-sudir-rusija-kje-gi-soboruva-amerikanskite-raketi-i-kje-gi-napadne-lokaciite-od-kade-se-lansiraat/feed/ 0