Хендрик Штрек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jul 2020 11:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хендрик Штрек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штрек: Потребно ни е сценарио за случај да не дојдеме до вакцина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrek-potrebno-ni-e-scenario-za-sluchaj-da-ne-dojdeme-do-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrek-potrebno-ni-e-scenario-za-sluchaj-da-ne-dojdeme-do-vakcina/#respond Fri, 17 Jul 2020 11:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=377704

Познатиот германски вирусолог Хендрик Штрек е воздржан за прашањето за развивање на вакцина против коронавирусот и смета дека е неопходно да се подготви сценарио во случај да нема вакцина. -Мојата претпоставка се темели на фактот дека досега не е пронајдена вакцина за различни коронавируси. Истото важи и за други инфективни „убијци“, како маларијата, туберкулозата и ХИВ-от, рече Штрек за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ). И за грипот, додаде, секоја година мора да се развива нова вакцина. Тој кажа и дека кај населението нема да биде можно да се сузбијат сите инфекции на коронавируси. Штрек смета дека е неопходно да се фокусираме на заштитата на оние на кои им се заканува потешка форма на болеста. -Мора да најдеме начин да живееме со вирусот. Ширум светот пандемијата нема да можеме да ја завршиме со прекин на синџирот на инфекции, тестирања и карантин, туку со нив можеме само да ја контролираме, рече Штрек. Добро познатиот германски вирусолог, исто така, ја коментираше загриженоста дека болеста не носи со себе имунитет што трае долго. -Фактот дека недостасуваат антитела не значи дека имунитетот е целосно загубен, објасни Штрек. Тој изјави дека искуството со други коронавируси покажува дека имунитетот останува една или две години, по што повторно е можна инфекција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrek-potrebno-ni-e-scenario-za-sluchaj-da-ne-dojdeme-do-vakcina/feed/ 0