Хенли енд Партнерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 May 2018 20:33:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хенли енд Партнерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија на 41 место на листата на најдобро рангирани пасоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-41-mesto-na-listata-na-najdobro-rangirani-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-41-mesto-na-listata-na-najdobro-rangirani-pasoshi/#respond Mon, 28 May 2018 20:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=59439

На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија „Хенли енд Партнерс“ Македонија се наоѓа на 41 место бидејќи Македонците можат да патуваат во 125 држави без виза. На прво место од листата на која се наоѓаат 100 држави е Јапонија, бидејќи нејзините граѓани можат да патуваат без виза во 189 од 218 држави, додека најлошо рангирани се пасошите на Ирак и на Авганистан. На Ирачаните и на Авганистанците не им е потребна виза само за 30 држави. На второ место се пасошите на Германија и на Сингапур, чии граѓани без виза можат да патуваат во 188 држави, додека на трето место се наоѓаат Финска, Франциија, Италија, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска, чии државјани имаат слободен пристап во 187 земји. Од регионот најдобро котираат пасошите на Хрватска и на Романија, кои се наоѓаат на 16 место. На Хрватите и на Романците не им е потребна виза за 187 држави. Србија се наоѓа на 36 место, бидејќи Србите слободно можат да патуваат во 130 држави. Црна Гора е на 43 место, бидејќи со црногорскиот пасош може да се патува во 123 земји, Босна и Херцеговина го дели 47 место со Руската Федерација, бидејќи нивните граѓани без виза може да патуваат во 118 држави, додека Албанија се наоѓа на 48 место, на Албанците не им е потребна виза за 114 држави. „Хенли енд Партнерс“ наведува дека во однос на минатата година најмногу напредувале Украина, Грузија и Кина, кои напредувале од 17 до 20 места на листата. Рангирањето на пасошите е врз основа на тоа во колку земји граѓаните на одредена држава можат да патуваат без виза. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-41-mesto-na-listata-na-najdobro-rangirani-pasoshi/feed/ 0