хенри кисинџер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 09:51:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хенри кисинџер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Си Џинпинг во Пекинг се сретна со Кисинџер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dhinping-vo-peking-se-sretna-so-kisindher/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dhinping-vo-peking-se-sretna-so-kisindher/#respond Thu, 20 Jul 2023 09:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=858397

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг го прими поранешниот државен секретар на САД, 100-годишниот Хенри Кисинџер, иницијатор на историското зближување меѓу Кина и САД во 1970-тите. Средбата, како што јави кинеската државна телевизија, доаѓа во момент кога односите меѓу двете земји се на најниско ниво, и покрај неодамнешната серија дипломатски посети на САД. Кисинџер тајно отпатува во Пекинг во јули 1971 година за да изгради врски со комунистичка Кина, отворајќи го патот за историската посета на американскиот претседател Ричард Никсон на Пекинг во 1972 година. Јавната телевизија ЦЦТВ не даде детали од разговорот, но информира дека поранешниот американски државен секретар бил примен во истата просторија каде што работел на зближување со Кина пред 50 години, во Диаојутаи, државниот замок на кинеската влада во Пекинг. Кисинџер вчера се сретна со кинескиот функционер Ванг Ји. - Политиката на САД за Кина има потреба од дипломатска мудрост како онаа на Кисинџер и политичка храброст како онаа на Никсон, му рече Ванг на својот гостин. Поранешниот државен секретар завчера се сретна со кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу, кој е под американски санкции. Кисинџер, кој наполни 100 години на крајот на мај, ја доби Нобеловата награда за мир. Откако ја напушти политиката, тој беше вклучен во советување на компании кои инвестираат во Кина. Тогаш тој предупреди на заострување на американската политика кон Пекинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dhinping-vo-peking-se-sretna-so-kisindher/feed/ 0
Кисинџер: Втората студена војна може да биде поопасна од првата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindher-vtorata-studena-vojna-mozhe-da-bide-poopasna-od-prvata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindher-vtorata-studena-vojna-mozhe-da-bide-poopasna-od-prvata/#respond Sun, 26 Mar 2023 13:49:27 +0000 https://kurir.mk/?p=816554

Втората студена војна може да испадне поопасна од првата, предупредува поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Мундо објавено синоќа. - Оваа втора студена војна би можела да започне меѓу САД и Кина, предвидува поранешниот државен секретар. Според Кисинџер, една од причините зошто Втората студена војна може да се покаже поопасна од првата е фактот што Кина и САД имаат споредливи економски ресурси - нешто што, според поранешниот државен секретар, не било присутно во Првата студена војна. Вашингтон и Пекинг имаат заедничка обврска да спречат катастрофален судир, истакнува Кисинџер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindher-vtorata-studena-vojna-mozhe-da-bide-poopasna-od-prvata/feed/ 0
Кисинџер: Време е да се преговара за мир во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindzer-vreme-e-da-se-pregovara-za-mir-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindzer-vreme-e-da-se-pregovara-za-mir-vo-ukraina/#respond Sun, 18 Dec 2022 13:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=777246

Наближува времето да се преговара за мир во Украина за да се намали ризикот од нова катастрофална светска војна, но соништата за распарчување на Русија може да предизвикаат нуклеарен хаос, изјави таткото на американската дипломатија Хенри Кисинџер. Кисинџер (99), кој, како државен секретар под претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд беше архитект на политиката на олабавување на тензиите со Советскиот сојуз за време на Студената војна, се сретна со Владимир Путин во неколку наврати откако тој стана претседател на Русија во 2000 година. Засега не се наѕира излез од конфликтот кој започна со руската инвазија на Украина на 24 февруари, во која загинаа десетици илјади луѓе, а милиони беа принудени да ги напуштат своите домови. Русија моментално контролира речиси една петтина од територијата на Украина. „Се ближи времето да се надградат стратешките промени и да се интегрираат во нова структура насочена кон постигнување мир преку преговори“, напиша Кисинџер во магазинот „Спектатор“. „Мировниот процес мора да ја поврзе Украина со НАТО на категоричен начин. Алтернативата за неутралност повеќе нема да има смисла“, напиша Кисинџер во написот насловен „Како да се избегне уште една светска војна“. Тој истакна дека во мај предложил прекин на огнот во кој руските сили ќе се повлечат на своите позиции пред инвазијата, а судбината на Крим ќе биде предмет на преговори. „Разделувањето на Русија или уништувањето на нејзината способност да води стратешка политика, може да ја претвори нејзината територија која опфаќа 11 временски зони, во оспорен вакуум, околу кој сите би се бореле“, напиша Кисинџер. „Нејзините ривалски заедници може да одлучат да ги решат своите спорови со сила. Другите земји може да се обидат да ги прошират своите барања со сила. Сите овие опасности би ги продлабочиле илјадниците нуклеарни боеви глави што ја прават Русија една од двете најголеми нуклеарни сили“, додаде Кисинџер.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindzer-vreme-e-da-se-pregovara-za-mir-vo-ukraina/feed/ 0
Кисинџер откри кој најдобро би преговарал со Путин: Но, тој човек е мртов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindzer-otkri-koj-najdobro-bi-pregovaral-so-putin-no-toj-chovek-e-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindzer-otkri-koj-najdobro-bi-pregovaral-so-putin-no-toj-chovek-e-mrtov/#respond Thu, 21 Jul 2022 09:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=708335

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер вели дека денешната геополитика бара „флексибилност на Никсон“. Како што истакнува, тоа е неопходно за да се ублажат конфликтите меѓу САД и Кина, т.е. Русија и остатокот од Европа. Кисинџер, кој неодамна објави нова книга „Лидерство: Шест студии во светската стратегија“, предупредува дека Кина не треба да стане глобален хегемон и додаде дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, треба да биде внимателен кога станува збор за мешање во внатрешната политика во „важноста да се разбере упорноста на Кина“. „Бајден и претходните администрации беа премногу под влијание на домашните аспекти во поглед на Кина. Се разбира, важно е да се спречи хегемонијата на Кина или која било друга земја“. Но, тоа не е нешто што може да се постигне преку бескрајни конфликти, рече 99-годишниот Кисинџер во интервју со главниот уредник на Bloomberg News, Џон Миклетвејт. Кисинџер предупреди дека ривалските односи меѓу САД и Кина доведуваат до ризик од глобална „катастрофа споредлива со Првата светска војна“. Осврнувајќи се на учинокот на денешните европски лидери, од францускиот претседател Емануел Макрон до германскиот канцелар Олаф Шолц, Кисинџер рече дека жали што сегашното „европско лидерство нема чувство за насока и мисија“ што претходните шефови на држави како Аденауер и Де Гола , и што ги навело да ги играат улогите што ги играле на историската сцена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kisindzer-otkri-koj-najdobro-bi-pregovaral-so-putin-no-toj-chovek-e-mrtov/feed/ 0
Повторно се јави Кисинџер: Еве како ќе заврши војната во Украина според него https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-se-javi-kisindzer-eve-kako-kje-zavrshi-vojnata-vo-ukraina-spored-nego/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-se-javi-kisindzer-eve-kako-kje-zavrshi-vojnata-vo-ukraina-spored-nego/#respond Fri, 01 Jul 2022 08:39:54 +0000 https://kurir.mk/?p=698237

Украинската криза може да заврши на три начини, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектатор“. Според неговото мислење, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со неговиот главен индустриски и земјоделски регион и појас земја долж Црното Море. „ Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа (за Русија). Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде пресудна како што претходно се мислеше“, оценува Кисинџер. Друго сценарио, објаснува тој, би бил обид да се „истисне“ Русија од Крим, кој беше обединет со Русија многу пред почетокот на специјалната воена операција. Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалација на конфликтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-se-javi-kisindzer-eve-kako-kje-zavrshi-vojnata-vo-ukraina-spored-nego/feed/ 0