Хенрик Маркуш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Jul 2023 12:25:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хенрик Маркуш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маркуш: Сега е последниот воз за ЕУ што Северна Македонија мора да го искористи, бидејќи друга алтернатива нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markush-sega-e-posledniot-voz-za-eu-shto-severna-makedonija-mora-da-go-iskoristi-bidejki-druga-alternativa-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markush-sega-e-posledniot-voz-za-eu-shto-severna-makedonija-mora-da-go-iskoristi-bidejki-druga-alternativa-nema/#respond Sun, 30 Jul 2023 12:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=861699

Сега е последниот воз што Северна Македонија мора да го искористи, бидејќи друга алтернатива за останување на европските патеки не постои, истакнува во изјава за МИА словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, кој денеска беше во посета на Делчево. Ова, според него, било јасно кажано и на последната средба на тројцата министри во рамки на таканаречениот трилатерален Славков формат, која се одржа на 13 јули годинава во Скопје. -Оваа трилатерална група има многу добра соработка, можеби подобра од Вишеградската група и министрите тогаш дадоа многу јасни пораки. Ова што се случи со таканаречениот Француски предлог можеби не беше баш најдобро, но таков е животот. Животот не е фер, а Македонија нема друга алтернатива од тоа да се направи она што треба. Таква беше апсолутно таа порака, рече словачкиот амбасадор. Според Маркуш, земјава може да биде доведена во ситуација да застане на патот, а Албанија да продолжи напред. Осврнувајќи се на ставовите на опозицијата, Маркуш вели дека сега е доцна за она што го зборува опозицијата и дека таа не нуди алтернатива или решение. -Сега сте во супер тешка ситуација - Македонија да застане на патот, а Албанија да оди напред, наместо да се направи тандем и да се направи единствено добро решение што побргу членство на Северна Македонија и Албанија. И затоа јас мислам дека пораките на министрите на таканаречениот Славков формат беа јасни. На таа средба нашиот министер го цитираше Кофи Анан, екс секретарот на ООН, кој има кажано „Времето е сега и изборот е многу јасен“, додаде Маркуш. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/markush-sega-e-posledniot-voz-za-eu-shto-severna-makedonija-mora-da-go-iskoristi-bidejki-druga-alternativa-nema/feed/ 0
Иванов ги прими акредитивите од словачкиот амбасадор Маркуш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-gi-primi-akreditivite-od-slovachkiot-ambasador-markush/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-gi-primi-akreditivite-od-slovachkiot-ambasador-markush/#respond Fri, 09 Feb 2018 13:09:30 +0000 http://kurir.mk/?p=19982

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Словачката Република во Република Македонија, Хенрик Маркуш. На средбата со словачкиот амбасадор Маркуш, претседателот Иванов изразил задоволство од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Словачката Република кој, како што соопшти Кабинетот на претседателот, се одразува со соработката во многу области од заемен интерес, а се заснова на меѓусебно пријателство и почит. Претседателот Иванов го истакнал, големото значење на досегашната поддршка од Словачката Република која и преку форматот Вишеградска група дава конкретна помош и поддршка за европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија изразувајќи длабоко уверување дека истата ќе продолжи и во наредниот период. - Република Македонија заслужува да ги отпочне преговорите за пристапување во Европската унија и да ја добие поканата за членство во НАТО без натамошно одложување. Подготвени сме да придонесеме во изградбата на нашата заедничка иднина во Европа, ширејќи ја нашата визија за отворен пристап кон европските партнери, заснован на определбата за пријателство, конструктивна соработка, меѓусебно почитување и искрен приод во односите, посочил Иванов. Амбасадорот Маркуш, истакнал дека двете земји уште од времето на Св. Кирил и Методи ги врзуваат духовни и културни врски кои се солидна основа за нивно понатамошно развивање. Тој ги истакна истите стратешки цели во поглед на надворешната политика на двете земји - европската и евроатлантската интеграција и порача дека Словачка ќе даде се од себе да ѝ помогне на Македонија да го постигне заслужениот напредок во блиска иднина. Претседателот Иванов на новоименуваниот амбасадор му честитал за функцијата и му посакал успех во вршењето на одговорната дипломатска должност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-gi-primi-akreditivite-od-slovachkiot-ambasador-markush/feed/ 0