хепатит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Jul 2020 05:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хепатит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светски ден за борба против хепатитот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-hepatitot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-hepatitot/#respond Tue, 28 Jul 2020 05:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=382315

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) годишно 171.000 лица умираат од последици поврзани со вирусен хроничен хепатитис Б или Ц. Во земјава еден отсто од населението е инфицирано со хроничен хепатитис Б или Ц. Хепатитис Ц е првата излечива хронична вирусна инфекција во медицинската историја. Хепатист Б пак е превентивна вирусна инфекција што може да се третира доколку стане хронична. Истражувањата велат дека со навремено информирање и превенирање, достапност до третмани и иновативни лекувања, во следните пет до 10 години, смртноста од хроничен хепатитис може да се намали и до 70 отсто. Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80 проценти од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот. По повод 28 јули – Светскиот ден за борба против хепатитот, Хепар Центар Битола, кој е дел од глобалното и европското движење NOhep и EndHep Europe, организира прес-конференција на која, меѓу останатите, ќе се обратат и директорка на канцеларијата од СЗО во земјава Џихан Тавиала, директорката на Гастроентерохепатологија и претседателка на лекарска комора Калина Страделова, претседателот на Европската асоцијација на пациенти со болест на црниот дроб (ЕЛПА) Марко Коренјак, градоначалничката од Битола, Наташа Петровска и директорот на Здравствениот дом Скопје, Виктор Исијановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-hepatitot/feed/ 0
Бројот на заболени од хепатит А зголемен за 300 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaboleni-od-hepatit-a-zgolemen-za-300-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaboleni-od-hepatit-a-zgolemen-za-300-otsto/#respond Fri, 10 May 2019 14:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=196534

Бројот на заболени од хепатит А кај возрасните лица во САД во последните две години е зголемен за дури 300 проценти, покажува најновото истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болеста. Истражувачите го анализираа бројот на пријавени случаи во периодот од 2013 до 2018 година, преку Државниот систем за контрола на болести. – Инфекциите со хепатит А се зголемени за 294 проценти помеѓу 2016 и 2018 година, се наведува во најновата студијата. Високо заразниот вирус се пренесува преку конзумирање контаминирана храна, преку блиски личности и сексуални контакти или преку употреба на дрога. Во минатото хепатит А се јавуваше на секои 10 до 15 години кај деца кои не покажуваа симптоми на болеста, а сега децата редовно се вакцинираат до една година. – Зголемениот број вакцинирани лица меѓу загрозените групи со инфекцијата хепатит А може да спречи натамошно ширење на болеста, наведуваат авторите. Една доза вакцина против хепатит А овозможува заштита во 95 отсто од случаите до 11 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaboleni-od-hepatit-a-zgolemen-za-300-otsto/feed/ 0
Бесплатно тестирање за хепатит Ц-Б и ХИВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatno-testiranje-za-hepatit-c-b-i-hiv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatno-testiranje-za-hepatit-c-b-i-hiv/#respond Sat, 28 Jul 2018 07:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=81995

Бесплатно и анонимно тестирања за хепатит Ц-Б и ХИВ денеска од 9:30 до 12:00 часот во ТЦ Рамстор мол во Скопје организира Хепар Центар Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитот. Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против хепатитот Б и Ц, како јавно здравствен проблем на светско и на европско ниво. Оваа година ќе биде посветена на пронаоѓање на луѓето кои не се свесни дека го носат овој вирус. Настанот е поддржан и во партнерство со Министерството за здравство, СЗО регионална канцалрија Скопје, Светската алијанса за Хепатит, ЕЛПА, Фондот за здравствено осигурување, Алијансата на пациентски организации на Македонија. Статистиките на глобално ниво покажуваат дека 80 отсто од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат добиваат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatno-testiranje-za-hepatit-c-b-i-hiv/feed/ 0