хепатитис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 05:53:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хепатитис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележување на Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-za-borba-protiv-hepatitisot-28-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-za-borba-protiv-hepatitisot-28-juli/#respond Fri, 28 Jul 2023 05:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=860986

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот - 28 Јули, денеска ќе бидат претставени најзначајните активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја. Во одбележувањето на 28 Јули вклучени се Министерството за здравство, здружението „Хепар Центар“ - Битола, Универзитетските клиники за гастроентерохепатологија, за инфективни болести, за дигестивна хирургија, за радиотерапија и онкологија и Одделот за интервентна радиологија. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат министерот за здравство Фатмир Меџити, Милан Мишковиќ од „Хепар Центар“ - Битола, како и доктори од Унизверзитетската клиника за гастроентерохепатологија, од Клиниката за инфективни болести и интервентниот радиолог Наташа Хаџиниколова. Од Здружението „Хепар Центар“ - Битола информираат дека кампањата по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот за подигнување на свеста на населението оваа година ќе се одржи во повеќе градови низ земјава. Ќе бидат претставени резултатите од најновите истражувања и напредокот во лекувањето на хепатитисот B и C, како и црнодробниот карцином. Од Здружението „Хепар Центар“ - Битола најавуваат отворање на прв Црнодробен центар, кој, како што наведуваат, е опремен со современа дијагностика и современа терапија, што ќе овозможи да се зголемат шансите за лечење и подобрување на квалитетот на живот на пациентите. Посочуваат и на амбулантно возило од Ургентниот центар, опремено со современи тестови за хепатитис Б, Ц и ХИВ и современ еластограф, каде ќе се врши бесплатен и анонимен скриниг на граѓаните за црниот дроб. - Еден од најголемите предизвици во борбата против хепатитисот е превенцијата и раното откривање. Затоа со голема посветеност, ќе ја претставиме нашата мобилна единица, која ќе обезбедува тестирање за хепатитис Б и C, како и ХИВ и еластографија неинвазивна дијагностика базирана на ултразвук која се користи за мерење на (Лузни) оштетувања на црниот дроб или фиброза предизвикани од најразлични заболувања на црниот дроб во осум градови во нашата земја: Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Струмица и Штип. Оваа иницијатива ни овозможува да стигнеме до поголем број на луѓе и да го препознаеме заболувањето во рана фаза, што е од суштинска важност за успешното лекување, велат од здружението „Хепар Центар“ - Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-za-borba-protiv-hepatitisot-28-juli/feed/ 0
СЗО: Евидентирани 348 случаи на хепатитис со непознато потекло во 20 земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-evidentirani-348-sluchai-na-hepatitis-so-nepoznato-poteklo-vo-20-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-evidentirani-348-sluchai-na-hepatitis-so-nepoznato-poteklo-vo-20-zemji/#respond Wed, 11 May 2022 08:46:02 +0000 https://kurir.mk/?p=674962

Евидентирани се 348 случаи на хепатитис со непознато потекло, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Се разгледува хипотезата дека аденовирус е причината за оваа мистериозна болест, што главно ги напаѓа децата, а се поврзува и со Ковид-19, јавија странски медиуми. Според СЗО, случаи на хепатитис со непознато потекло забележани се во 20 земји. Има уште 70 сомнителни случаи, во 13 земји, чии резултати од тестови се чекаат. Во шест земји има над пет случаи, а само во Велика Британија пријавени се 160 пациенти. Филипа Истербрук, од програмата на СЗО за сузбивање хепатитис, тврди дека има значаен напредок во истражувањата. Како што појасни Истербрук, главните хипотези околу тоа што ја предизвикува болеста, го вклучуваат аденовирусот, земајќи ја во обѕир важната улога на Ковид-19, како здружени инфекции или како претходно прележани инфекции. Аденовирусите обично се шират низ капки и преку заразени површини. Околу 18 отсто од пациентите со овој хепатитис од непознато потекло, биле позитивни на Ковид-19, покажаа резултатите од тестовите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-evidentirani-348-sluchai-na-hepatitis-so-nepoznato-poteklo-vo-20-zemji/feed/ 0
Ова е најдобрата заштита од новиот хепатитис кој ги напаѓа децата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-e-najdobrata-zashtita-od-noviot-hepatitis-koj-gi-napagja-decata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-e-najdobrata-zashtita-od-noviot-hepatitis-koj-gi-napagja-decata/#respond Fri, 06 May 2022 10:00:33 +0000 https://kurir.mk/?p=672824

Личната хигиена, редовното миење на рацете, држењето растојание – се единствената заштита од секаков вид хепатитис, па и од новиот, непознат, којшто се шири во Европа. Новата болест го напаѓа црниот дроб кај децата, па тешко е да се избегне, бидејќи се пренесува преку течности, т.е. капки во воздухот, а кај најмладите, превентивните мерки се речиси невозможни. Сомнежот за првиот случај на новиот тип хепатитис, во нашето соседство, е забележан во Србија, кај деветгодишно девојче, во Институтот за мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“ во Белград. – Децата мора да ја прифатат личната хигиена како нешто вообичаено, секојдневно и да научат да се грижат без предупредувања од возрасните. За време на пандемијата моравме да бидеме на дистанца, бидејќи Ковид се пренесува преку контакт – истото важи и за аденовирусите. Сепак, тешко е да се контролираат децата да не се доближуваат едно до друго додека зборуваат и си играат, и да ги следиме за редовно да ги мијат рацете кога се на училиште или каде било вон домот. Родителите треба да ги предупредат и да им објаснат дека не смеат да пијат од иста чаша и дека најдобро е да јадат домашна храна, а не купена. После сѐ тоа што децата го преживеаја при пандемијата, сега би било навистина болно да ги принудиме повторно да носат маски поради аденовирусот, но некако мора да држат растојание, објаснува д-р Драган Делиќ, инфектолог-хепатолог при Клиниката за инфективни болести во Белград. Лекарите предупредуваат дека овој вирус се пренесува и преку вода. – Овој вирус може да се пренесе и во базен, па затоа е важно најмладите таа вода воопшто да не ја голтаат при капење. Во базените се пренесуваат бројни вируси – најчесто стомачни вируси, а тоа веќе го знаат повозрасните деца. Одговорноста е и на оние кои ги одржуваат базените – треба редовно да се чистат, хлорираат и слично. Новиот вирус на хепатитис не може сосем да се спречи, но може да ги отстраниме сите познати опасности, нагласува д-р Делиќ. Тој вели и дека ова не е време за паника, туку – за претпазливост. – Не треба да се паничи, бидејќи ова не е првпат кај децата да се појавува хепатитис од непозната причина. Многу вируси го оштетуваат црниот дроб, па ова не е единствениот. Сѐ уште имаме причина да се грижиме и да внимаваме, но доколку ги следиме сите совети за превенција, нема опасност од масовно ширење на заболувањето, изјави докторот. Можно е овој вид хепатитис да се пренесува и преку храна. – Така се шири хепатитисот А, односно заразната жолтица, а најзагрозени се децата со хронични заболувања. Затоа децата мора да внимаваат што и каде јадат, поточно родителите да се погрижат за тоа и да имаат увид во исхраната кај своите деца, се надоврза д-р Недељко Радловиќ, педијатриски гастроентерохепатолог. Новиот тип хепатитис досега е забележан во Ирска, САД, Израел, Холандија, Шпанија, Данска, Италија, Норвешка, Франција, Белгија, Романија, Јапонија, Канада… Болеста особено го погодува црниот дроб кај децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-e-najdobrata-zashtita-od-noviot-hepatitis-koj-gi-napagja-decata/feed/ 0
Три деца во Индонезија починаа од непознат хепатитис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-deca-vo-indonezija-pochinaa-od-nepoznat-hepatitis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-deca-vo-indonezija-pochinaa-od-nepoznat-hepatitis/#respond Wed, 04 May 2022 07:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=671456

Три деца во Индонезија починаа од непозната болест на црниот дроб, соопшти Министерството за здравство во Џакарта, па бројот на починати од оваа болест во светот сега се зголеми на најмалку четири. Сериозен тип на акутен хепатитис во претходните недели е откриен кај 170 деца во 11 земји, што предизвика загриженост во Светската здравствена организација (СЗО) поради болест од „непознато потекло“, пишува британски „Гардијан“. Симптомите што се појавија кај децата дури и пред да развијат воспаление на црниот дроб вклучуваат гадење, повраќање, дијареа и абдоминална болка. Министерството за здравство соопшти дека три деца починале во болниците во главниот град Џакарта, откако имале некои од симптомите. – Во моментов постапуваме со случаи како што е акутен хепатитис, но мора да потврдиме дека не станува збор за познати хепатитис А, Б, Ц, Д и Рб, изјави портпаролката на МЗ, Надија Тармизи. Таа посочи дека Министерството во моментов ги истражува причините за болеста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-deca-vo-indonezija-pochinaa-od-nepoznat-hepatitis/feed/ 0
Епидемија на хепатитис во загрепски училишта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/epidemija-na-hepatitis-vo-zagrepski-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/epidemija-na-hepatitis-vo-zagrepski-uchilishta/#respond Mon, 02 May 2022 10:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=670694

Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист. „Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на заразено лице“, изјави Бранко Колариќ. директор на Институтот Д-р. Андрија Штампар во Загреб. Болеста е регистрирана кај ученици од три училишта, но и нивните домашни контакти. „Но, епидемијата е целосно под контрола, а околу 45 пациенти веќе се опоравија. Можно е на крајот бројот на заболени да биде поголем, бидејќи периодот на инкубација за хепатитис А е еден месец, во некои случаи и два месеци“, рече Колариќ. Училиштата добија инструкции кои им ги пренесоа на родителите и на децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/epidemija-na-hepatitis-vo-zagrepski-uchilishta/feed/ 0
Во Шпанија регистрирано 21 дете со непознат хепатитис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-registrirano-21-dete-so-nepoznat-hepatitis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-registrirano-21-dete-so-nepoznat-hepatitis/#respond Fri, 29 Apr 2022 09:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=669654

Најмалку 21 случај на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца се идентификувани во Шпанија од декември минатата година, објави денеска весникот Ел Паис. Како што е наведено, 18 пациенти се помали од десет години. На едно дете му била потребна трансплантација на црн дроб, а најмалку пет деца биле примени на одделенијата за интензивна нега. На 26 април, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека активно ги истражува случаите на акутен хепатитис од непознато потекло. Според СЗО, ширум светот се потврдени околу 160 случаи. Болеста се карактеризира со покачени нивоа на ензими на црниот дроб и во многу случаи гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи абдоминална болка, дијареа и повраќање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shpanija-registrirano-21-dete-so-nepoznat-hepatitis/feed/ 0
СЗО: Вирусниот хепатитис Б и Ц загрозува 35 милиони луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-virusniot-hepatitis-b-i-c-zagrozuva-35-milioni-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-virusniot-hepatitis-b-i-c-zagrozuva-35-milioni-lugje/#respond Sat, 28 Jul 2018 07:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=81971

Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините партнери денеска ги повикаа сите земји и здравствени институции итно да ги интензивираат тестовите за хепатитис со цел да го елиминираат вирусниот хепатитис како закана за јавното здравје до 2030 година. - Овој апел е испратен во пресрет на Светскиот ден за борба против  хепатитис, на 28 јули, со пораката „Тест. Третман. Хепатитис“, соопшти СЗО.

Вирусниот хепатитис Б и Ц загрозува 325 милиони луѓе во светот. Доколку не се лекува, доаѓа до рак на црниот дроб и цироза, причина за 1,3 милиони смртни случаи само во 2015 година. Во светот, помалку од 20 проценти од луѓето имале пристап до тестирање и лекување од хепатитис Б и Ц до крајот на 2016 година. Со цел да се одбележи Светскиот ден за борба против хепатитис, СЗО организираше неколку настани во соработка со монголската влада, земја со голема опфатеност на болни од хепатитис, но истовремено и лидер во глобалната борба против болеста. Повеќе од 10 отсто од три милиони монголски жители имаат хроничен хепатитис, поради што земјата во 2017 година започна своја национална програма за здравствена заштита наречена „Здрав црн дроб“. Монголија има намера да обезбеди прегледи на 1,8 милиони луѓе на возраст над 15 години. Западниот пацифички регион има најголем број луѓе кои живеат со хроничен хепатитис. Секој ден, 1.200 луѓе во регионот умираат, бидејќи нема пристап до ефикасен третман на хепатитис, наведува СЗО. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-virusniot-hepatitis-b-i-c-zagrozuva-35-milioni-lugje/feed/ 0