ХЕС Маврово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Oct 2022 11:32:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ХЕС Маврово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Се санира свлечиштето и каналот на хидроелектраната Врбен на ХЕС Маврово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-se-sanira-svlechishteto-i-kanalot-na-hidroelektranata-vrben-na-hes-mavrovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-se-sanira-svlechishteto-i-kanalot-na-hidroelektranata-vrben-na-hes-mavrovo/#respond Sat, 29 Oct 2022 11:32:11 +0000 https://kurir.mk/?p=752327

Се санира свлечиштето и се гради нов бетонски канал по настанатите штети на еден од каналите за собирање води за хидроелектраната Врбен на хидросистемот Маврово во септември. Лизгање на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во 1950г при пробивањето на тунелите и градењето на мрежата за собирање на водите од планинскио масив на Кораб и горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово. Со дозвола на Бирото за јавни набавки, по итна постапка веднаш по настанот, избран е изведувач на работите, градежна фирма од Тетово, која почна да работи на терен, со проценка за завршување на зафатот за 30 дена. Во моментот се изведуваат ископи, насипи, поставување цевки за пропусти, кршење на стариот канал и изведба на нов тунел во должина од 29 метри. Се работи со булдожери, багери, утоварачи, кршачи на бетон, транспортери итн. Условите за работа се тешки, се работи на 1500м надморска виина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето. Хидроелектраната Врбен во текот на целиот период е функционална, има довод на води од другите канали, додека водата која не може да помине преку каналот каде сега се работи, се испушта во реката Радика и оди во акумулацијата Шпилје.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-se-sanira-svlechishteto-i-kanalot-na-hidroelektranata-vrben-na-hes-mavrovo/feed/ 0
Одбележана годишнината од смртта на загинатите градители на ХЕС Маврово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezana-godishninata-od-smrtta-na-zaginatite-graditeli-na-hes-mavrovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezana-godishninata-od-smrtta-na-zaginatite-graditeli-na-hes-mavrovo/#respond Fri, 11 Feb 2022 15:18:25 +0000 https://kurir.mk/?p=630323

Симболично, со положување на цвеќе пред споменикот на градителите, делегација на АД ЕСМ, предводена од раководството на ХЕС „Маврово“, им оддаде почит на загинатите градители, кои ги загубиле животите во снежна лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово. -Како вработени во хидроелектраната сакавме да останеме верни на традицијата и скромно, со почитување на сите протоколи во услови на пандемија, со идеја да не се заборави делото на загинатите градители ја одбележуваме 66 годишнината од нивната трагична смрт. Денеска, со положување на цвеќе пред спомен-обележјето ги чествуваме луѓето кои се вградиле дури и со своите животи во своите работни задачи, за да изградат капацитети од витално значење за државата, рече директорот на подружницата ХЕС „Маврово“ Ѓорѓи Божиноски. Зимата во Мавровскиот регион ноќта меѓу 10 и 11 февруари 1956 година се случила најголемата природна катастрофа. Од планината Кораб се струполиле снежни лавини врз бараките на градителите на Мавровскиот хидроенергетски систем. Снежните лавини затрупале над 100 лица, а половината од нив успеале да се извлечат од белата смрт и да се спасат. Најголемиот дел од загинатите биле градители на мавровските хидроелектрани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezana-godishninata-od-smrtta-na-zaginatite-graditeli-na-hes-mavrovo/feed/ 0