Хеунг Мин Сон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 19:22:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хеунг Мин Сон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сон жртва на расни навреди од навивачи на Кристал палас https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/son-zhrtva-na-rasni-navredi-od-navivachi-na-kristal-palas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/son-zhrtva-na-rasni-navredi-od-navivachi-na-kristal-palas/#respond Mon, 08 May 2023 19:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=832004

Раководството на лондонски Кристал Палас најави денеска дека ќе го истражи случајот на наводна навреда на расна основа од клупските навивачи кон играчот на градскиот ривал Тотенхем, Хеунг Мин Сон. Инцидентот се случи во завршницата на натпреварот од 35. коло во Премиерлигата, во кој Тотенхем како домаќин го совлада Кристал Палас со 1-0. Во 89. минута, јужнокорејскиот репрезентативец, напуштајќи го теренот, мина покрај трибината на која беа сместени гостинските навивачи. Во тој момент еден од навивачите на Кристал Палас го навредуваше Сон на расна основа со погрдни гестикулации. „Знаеме дека циркулираат видеоснимки од тој настан, а имаме и други информации кои ги добивме. Како клуб сигурно нема да толерираме такво донесување“, соопшти Кристал Палас. Англиските медиуми пренесуваат дека на навивачот му се заканува забрана за влез на стадионите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/son-zhrtva-na-rasni-navredi-od-navivachi-na-kristal-palas/feed/ 0
ПЕТ фотографии кои го одбележаа вчерашниот ден на СП во Катар – Роналдо во главна улога (ГАЛЕРИЈА) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pet-fotografii-koi-go-odbelezaa-vcherashniot-den-na-sp-vo-katar-ronaldo-vo-glavna-uloga-galerija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pet-fotografii-koi-go-odbelezaa-vcherashniot-den-na-sp-vo-katar-ronaldo-vo-glavna-uloga-galerija/#respond Fri, 25 Nov 2022 10:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=766341

Петти ден од светското првенство во фудбал кое се оддржува во Катар. Првенство кое за прв пат се оддржува во ноеври, а не како што сме навикнати до сега во летниот период. На самиот старт следеа неколку изненадувања, а како најголеми би ги издвоиле поразот на Аргентина од Саудиска Арабија, и триумфот на Јапонија над Германија. Ова првенство ќе биде запаметено и по необичните правила кои беа воведени пред првенството, како што се забраната на алкохолот и разголените навивачки кои бевме навикнати да ги гледаме во претходните. Но вчерашниот ден ќе биде запаметен и по еден рекорд кој го сруши кој ако не Кристијано Роналдо, а тоа е со постигнатиот гол од пенал. Имено Роналдо со тој гол се искачи на врвот на листат со 5 погодоци на различни светски првенства, односно португалскиот АС постигнува гол на сите првенства на кои настапил до сега, а зад себе ги остави Лионел Меси со 4 и Мирослав Клосе со исто толку голови. Но вчерашниот ден го одбележаа и уште неколку други ситуации, па така ги одвоивме оние за кои мислевме дека заслужија да се најдат на оваа листа: Интересна фотографија на која при прославата на јубилејниот гол на Роналдо, на која во позадина стои постер од Лионел Меси. Фотографија која ја покажува исклучителната физичка подготвеност на Португалецот, кој иако е пред крај на својата играчка кариера. На ваква фотографија бевме сведоци на европското првенство во 2016 година кога Португалија ја освои титулата, а Роналдо се повреди, па пред крајот на мечот влезе во тренерската улога. Фотографија која привлече внимание е и на фудбалерот на Јужна Кореа, Хеунг Мин Сон, кој играше со маска на лицето поради повреда, а иста таква маска носеше и неговото синче кое беше на трибините. Фотографија на последниот меч од вчерашнот ден не е воопшто убава, а тоа е повредата поради која може да значи крај настапите на мундијалот за бразилскиот голгетер, Нејмар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pet-fotografii-koi-go-odbelezaa-vcherashniot-den-na-sp-vo-katar-ronaldo-vo-glavna-uloga-galerija/feed/ 0