хибридни возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Feb 2022 09:47:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хибридни возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ: Продажбата на хибридни возила ги надмина дизел возилата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-prodazbata-na-hibridni-vozila-gi-nadmina-dizel-vozilata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-prodazbata-na-hibridni-vozila-gi-nadmina-dizel-vozilata/#respond Wed, 02 Feb 2022 09:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=625799

Продажбата на хибридни автомобили, кои имаат мотори и со внатрешно согорување и на батерии, минатата година за првпат во Европа ја надминала продажбата на оние со дизел мотори, иако за само 48 возила, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Еден од 11 продадени автомобили во Европа во 2021 година бил електричен, на батерии или вкупно нешто помалку од 880.000 возила, според статистиката на ACEA, пренесува „Ројтерс“. Вкупно 1,9 милиони хибридни и електрични возила со батерии се регистрирани во Европската унија во текот на целата мината година, што е значителен скок од 1,1 милион регистрирани во 2020 година. Хибридните автомобили имаат батерија која се полни преку моторот со внатрешно согорување и генерално може да преминат само ограничено растојание движејќи се на електричен погон. Оној тип на таканаречени plug-in хибриди се придвижуваат првенствено од батерија што се полни екстерно и затоа се сметаат за поеколошки прифатлви, но и тие се поддржани од мотор со внатрешно согорување, додека чисто електричните автомобили работат само на батерија. Во 2021 година, продажбата на електрични возила во ЕУ се зголемила за 63,1 отсто на речиси 878.500 автомобили, покажуваат податоците, додека продажбата на plug-in хибриди се зголемила за 70,7 отсто на речиси 867.100. Бројот на регистрации на дизел возила, кој опадна по скандалот „дизелгејт“ во 2015 година, паднал за една третина минатата година на 1,9 милиони единици, од 2,77 милиони претходната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-prodazbata-na-hibridni-vozila-gi-nadmina-dizel-vozilata/feed/ 0
Град Скопје ќе набавува шест хибридни возила и едно патничко транспортно возило https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-nabavuva-shest-hibridni-vozila-i-edno-patnichko-transportno-vozilo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-nabavuva-shest-hibridni-vozila-i-edno-patnichko-transportno-vozilo/#respond Wed, 10 Oct 2018 11:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=113290

Град Скопје ќе набавува шест хибридни возила и едно патничко транспортно возило за превоз на девет патници. Вкупна вредност на набавката e предвидена до 8.200.000,00 денари, со вклучен ДДВ. Од Градот Скопје информираат дека набавката се врши поради застарениот возен парк и недостигот на возила за навремено извршување на работните задачи на администрацијата ќе ги набави овие мали патнички возила, кои се со хибриден погон и максимална емисија на гасови од 100g/km (еуро 6). - Поголем  дел од возилата кои се на располагање во возниот парк и секојдневно се користат по потреба за администрацијата на Градот се од типот еуро 4, се амортизирани од повеќегодишна експлоатација, дотраени и постојано се сервисираат, велат од Градот Скопје. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов потенцира дека набавката на нови хибридни моторни возила ќе овозможи поефикасен, поекономичен и побезбеден превоз на вработените во администрацијата во Градот Скопје и на другите корисници на услугите на превоз. - Овие возила ќе ги користат инспректорите, службите од урбанизам, животна средина, сообраќај и другите служби од Градот кои се на терен. Патничкото транспортно возило за превоз на девет патници ќе се користи за превоз на поголем број лица на администрацијата и на домашни и гости од странство при работни посети, рече Шилегов. Тој додаде дека споредено со потрошувачката на старите автомобили, што моментално ги користи градската администрација, најголемата предност на хибридните возила е тоа што емитуваат значително помалку ЦО2, што речиси воопшто не го загадуваат воздухот и се идентификувани како клучна технологија за намалување на идните емисии и потрошувачката на енергија во секторот за мобилност. Од Град Скопје појаснуваат дека повеќето од хибридните возила се дизајнирани со максимален фокус на мала тежина и компактни димензии, со што овие возила се добро адаптирани на градските средини, што претставува дополнителна предност за потребите на Град Скопје и градоначалникот во извршувањето на секојдневните обврски. Оттаму додаваат дека иако Градот има и електрично возило една од причините што набавува хибридни возила е недостигигот на полначи за електрични возила низ градот, но и надвор од Скопје. Одлуката за набавка на возилата ја донесе Советот на Градот Скопје на денешната 19-та седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-nabavuva-shest-hibridni-vozila-i-edno-patnichko-transportno-vozilo/feed/ 0