хибридни закани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 11:24:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хибридни закани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасовски: Ние сме единствена земја во регионот што донесе нови протоколи за хибридни закани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-nie-sme-edinstvena-zemja-vo-regionot-shto-donese-novi-protokoli-za-hibridni-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-nie-sme-edinstvena-zemja-vo-regionot-shto-donese-novi-protokoli-za-hibridni-zakani/#respond Thu, 25 May 2023 11:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=838574

Министерството за внатрешни работи во изминатите денови нема дојави за бомби низ училиштата или други институции, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашањето дали има дојави за хибридни закани. Тој посочи дека сме единствена држава во регионот која во изминатиот период презеде низа мерки и донесе упатства и протоколи за справување со хибридни закани. - Знаете дека донесовме упатства и донесовме протоколи, како единствена држава во регионот којашто сите овие протоколи ги сообрази со новите времиња и тенденции. Знаете дека ние работевме со протоколи, коишто беа од деведесеттите години или од поранешна Југославија. Денеска времето е поинакво, денеска технолошкиот напредок е поинаков и вие не можете да преземете мерки во 2023 година со методи од 1990 година. Затоа и тие протоколи ги сменивме, вели Спасовски. Министерот посочи дека службите се подготвени максимално и нивниот капацитет е на едно повисоко ниво, се со цел во чекор да ги следат сите активности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-nie-sme-edinstvena-zemja-vo-regionot-shto-donese-novi-protokoli-za-hibridni-zakani/feed/ 0
Оперативен тим под раководство на БЈБ ќе се справува со хибридните закани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/operativen-tim-pod-rakovodstvo-na-bjb-kje-se-spravuva-so-hibridnite-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/operativen-tim-pod-rakovodstvo-na-bjb-kje-se-spravuva-so-hibridnite-zakani/#respond Tue, 20 Dec 2022 06:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=777886

Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница по зачестените дојави за бомби во државава вчера на состанок оцени дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и донесе одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани. -Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација и координација, како и со меѓународните партнери од безбедносниот сектор со кои постојано работат на размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани, соопштија од Владата по седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Со оперативниот тим за сајбер безбедност и хибридни закани ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР. Оперативниот тим ќе биде составен од експерти од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и од Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање. Предвидено е по потреба да бидат вклучени и други институции и експерти. Главни задачи на оперативниот тим ќе бидат стручната процена и препораки, изработка на минимум стандарди и опрема за градење отпорност на секоја институција и зајакнување на комуникацијата со јавноста на дневно ниво. Меѓу другото, донесен е и заклучок со кој се зајакнува комуникацијата со партнерски институции во делот на проценката на отпорност и заштита на системот, информираа од Владата. На состанокот присуствувале првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Бујар Османи и за одбрана Славјанка Петровска, директорите на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, раководителот на Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање полковник Ивица Ампов, а како ад-хок присуствувал и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Седницата на Советот за координација ја најави минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по честите дојави за поставени експлозивни направи во училишта, институции, спортски објекти, хотели, станбени комплекси, трговски центри и на Скопскиот аеродром. Во сите случаи беше утврдено дека станува збор за лажни дојави. Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера оцени дека реална закана за безбедноста на нашите граѓани нема, но лажните дојави за бомби не треба да останат така, туку треба да се работи посериозно на откривање на сторителите за да знаеме точно од кого се предизвикани и што е целта на ваквите дојави. – Една од претпоставките е позицијата на Република Северна Македонија во поглед на конфликтот во Украина, односно јасното застанување на страната на правдата во оваа држава. Целта на лажните дојави е да се предизвика паника и недоверба во институциите меѓутоа и паника кај населението. Но, кога ќе видите дека главната цел е психичка дестабилизација и негативно влијание врз граѓаните, сите претпоставки се отворени, рече Петровска во одговор на новинарско прашање. Координацијата за лажните дојави за бомби се одвива помеѓу министерствата за внатрешни и за надворешни работи, но се вклучува и Министерството за одбрана со своите капацитети и со военото разузнавање. – Оние информации кои пристигнуваат до нас ги споделуваме со МВР и МНР со цел да се направи стратегија за побрзо и поефикасно дејствување. И од искуствата од земјите во регионот, па и пошироко се гледа дека кога станува збор за ваков тип на дејствување откривањето оди многу побавно заради тоа што се користат современи алатки на комуникации за кои е потребно малку повеќе време. Останува на институциите да работат уште посилно во откривањето, меѓутоа и во зајакнувањето на сопствените капацитети со цел да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, потенцира Петровска. Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, пак, вчера оцени дека формирање агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена за кибер напади, како оние кои се одвиваат во изминатиот период. Меѓутоа, како што истакна тој на прес – конференција, формирањето ваква агенција е поврзана со процесот на реорганизација планирана за во 2024 година. Информира дека поради тоа МИОА за следната година ќе предложи проект насочен кон овозможување на кибер-безбедност. Во однос на овозможување на кибер-безбедост во држава, додаде, веќе, се разговара за законска рамка. -Фактот што ние се уште немаме ниту дигитална агенција ниту агенција за кибер-безбедност, таа обврска ја има засега Министерството, ние имаме обврска и во законскиот дел. Токму денеска доаѓам од настан со УСАИД на кој разговаравме каква законска рамка да имаме за кибер-безбедноста за да бидеме како држава поподготвени, истакна министерот. По Германската амбасада вчера и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Минатата недела повеќе објекти во државава беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните ги известиле и НАТО структурите, а во МВР беше формиран посебен штаб. Во меѓувреме, после викендот во кој немаше дојави за бомби, вчера попладне пристигнаа нови закани за поставена експлозивна направа на електронските адреси на 16 училишта во Скопје (14 средни и две основни). По завршената проверка од страна на тимови за антитерористички проверки и за нив беше утврдено дека станува збор за лажни пријави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/operativen-tim-pod-rakovodstvo-na-bjb-kje-se-spravuva-so-hibridnite-zakani/feed/ 0