хидроцентрала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Mar 2021 14:40:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хидроцентрала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓанскиот одбор „За здрав живот во Кочани“ ја почна постапката за референдум против хидроцентрала на Мала Река https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanskiot-odbor-za-zdrav-zivot-vo-kochani-ja-pochna-postapkata-za-referendum-protiv-hidrocentrala-na-mala-reka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanskiot-odbor-za-zdrav-zivot-vo-kochani-ja-pochna-postapkata-za-referendum-protiv-hidrocentrala-na-mala-reka/#respond Fri, 26 Mar 2021 14:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=488232

Дваесетината граѓански здруженија, кои се членки на одборот „За здрав живот во Кочани“, ја почнаа постапката за организирање општински референдум, против изградбата на мини хидроцентрала на Мала Река кај браната Гратче. Тие ја прифаќаат изјавата на министерот за животна средина, Насер Нуредини, за постигнување договор на локалната самоуправа со граѓаните во врска со ова прашање, при што не се откажуваат од заклучокот објектот да не се гради. – Можеме само да го потврдиме ставот од последниот работен состанок на нашите здруженија, дека сме подготвени, на каков било начин, да се спротивставиме на почнувањето градежни активности за мини хидроцентралата. Сметаме дека референдумот е легитимна политичка и правна алатка, со која ќе се бориме до крај. Од денеска ангажираме тим за консултации со адвокати за сите правни аспекти, по што граѓаните ќе го кажат својот став против градбите што ја нарушуваат нашата животна средина. Ние го поддржуваме интересот на ресорното министерство за проблемот со хидроцентралата и во најскоро време ќе организираме средба со општинското раководство, со претставниците на локалните политички структури и со други надлежни органи. На тој начин, ќе го покажеме нашето единство и официјално ќе ги доставиме барањата што веќе јавно ги објавивме, истакна Зоран Тодоров, претставник од одборот „За здрав живот во Кочани“. Додаде дека ако во меѓувреме Министерството за животна средина и другите државни институции ги почитуваат барањата на јавноста и преземат активности со кои ќе запре процедурата за мини хидроцентралата, тогаш ќе се прекине постапката за референдум. Во спротивно, граѓанските здруженија се подготвени со сила да го спречат користењето на локалниот пат до локацијата каде е планирана изградба на објектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gragjanskiot-odbor-za-zdrav-zivot-vo-kochani-ja-pochna-postapkata-za-referendum-protiv-hidrocentrala-na-mala-reka/feed/ 0
Кина ќе гради најголема брана и хидроцентрала во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-kje-gradi-najgolema-brana-i-hidrocentrala-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-kje-gradi-najgolema-brana-i-hidrocentrala-vo-svetot/#respond Tue, 09 Feb 2021 07:25:40 +0000 https://kurir.mk/?p=466049

Кинеските власти најавија изградба на најголема брана и хидроцентрала во светот. Изградбата е предвидена на најдолгата река Јарлунг Цангпо во автономниот регион Тибет. Новата хидроцентрала ќе има трипати поголем капацитет за производство на електрична енергија од централата „Три клисури“, што се наоѓа на кинеската река Јангце, која засега е најголема хидроцентрала во светот. Новата брана ќе биде изградена во Медог и поради тоа ќе бидат иселени 14.000 жители. Јарлунг Цабгпо извира во западниот дел на Тибет на надморска височина од речиси 5.000 метри. Таа е дел од горниот тек на реката Брахмапутра која тече низ Индија и Бангладеш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-kje-gradi-najgolema-brana-i-hidrocentrala-vo-svetot/feed/ 0
Ракетни напади на Ерменија врз хидроцентрала и градот Гања во Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketni-napadi-na-ermenija-vrz-hidrocentrala-i-gradot-ganja-vo-azerbejdzan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketni-napadi-na-ermenija-vrz-hidrocentrala-i-gradot-ganja-vo-azerbejdzan/#respond Sun, 11 Oct 2020 08:02:29 +0000 https://kurir.mk/?p=414965

Ракетни напади на Ерменија врз хидроцентрала и градот Гања во Азербејџан Државното обвинителство на Азербејџан денеска соопшти дека ерменските вооружени сили извршиле ракетен напад врз хидроцентралата Мингачевир на територијата на нивната држава. Хидроцентралата е оддалечена околу стотина километри од зоната на конфликтот. Во соопштението се наведува дека азербејџанската противракетна одбрана успеала да ги идентификува, пресретне и уништи ерменските ракети пред да ја погодат целта. Тасс јавува дека токму оваа хидроцентрала е од клучно значење за снабдувањето со електрична енергија на граѓаните на Азербејџан, а нејзината безбедност е од примарно значење за националната безбедност на земјата. Според експертите, доколку се уништеше браната на акумулацијата на хидроцентралата Мингачевир, голем дел од територијата на Азербејџан ќе беше поплавен. Гања, вториот по големина град во Азербејџан, исто така, ноќеска бил цел на ракетен напад од територијата на Ерменија, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана, додавајќи дека во него загинаа седум цивили, додека 33 се повредени, а голем број цивилни инфраструктурни објекти се оштетени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketni-napadi-na-ermenija-vrz-hidrocentrala-i-gradot-ganja-vo-azerbejdzan/feed/ 0
Пронајдено телото и на третата жртва во експлозијата во хидроцентралата „Дубровник“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-i-na-tretata-zrtva-vo-eksplozijata-vo-hidrocentralata-dubrovnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-i-na-tretata-zrtva-vo-eksplozijata-vo-hidrocentralata-dubrovnik/#respond Mon, 14 Jan 2019 08:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=151903

Спасувачките тимови во еден од одводните тунели на хидроцентралата „Дубровник“, кај хрватскиот место Плат, го пронајдоа телото и на третиот работник, кој се водеше како исчезнат по експлозијта и пожарот во електраната, што се случи во четвртокот. При експлозијата и пожарот, загина еден работник во хидоцентралата, шестмина беа полесно повредени, а уште двајца се водеа како исчезнати. По исчезнатите работници беше организрана спасувачка акција на потегот меѓу Превлака и Млет, која беше отежната поради лошите временски услови. Првиот исчезнат работник беше пронајдено во петокот на плажа кај Цавтат, додека телото на вториот е откриено вчера откако било решено повторно да биде испуштена водата од одводниот тунел на централата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-i-na-tretata-zrtva-vo-eksplozijata-vo-hidrocentralata-dubrovnik/feed/ 0