хигиена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Feb 2023 17:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хигиена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Малите деца се често болни поради една голема грешка, експерти советуваат на што треба да се внимава! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/malite-detsa-se-chesto-bolni-poradi-edna-golema-greshka-eksperti-sovetuvaat-na-shto-treba-da-se-vnimava/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/malite-detsa-se-chesto-bolni-poradi-edna-golema-greshka-eksperti-sovetuvaat-na-shto-treba-da-se-vnimava/#respond Sat, 25 Feb 2023 17:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=804997

Децата често се болни, особено кога одат во градинка и штотуку почнуваат да го градат својот имунитет. Педијатрите имаат едноставно објаснување за ова, малите деца сè уште немаат развиено навика редовно да ги мијат рацете, а често допираат делови од своето лице преку кои бактериите и вирусите лесно влегуваат во телото. Иако е само фаза, лекарите ги советуваат родителите уште од мали да ги научат децата да не го допираат лицето со валкани раце. -Едноставните секојдневни навики, како грицкање нокти или допирање на лицето со раце, може да доведат до чести болести кај децата, предупредуваат експертите. Една од нив е Кели Рејнолдс, која објаснува дека децата треба да избегнуваат допирање на внатрешноста на увото, лицето, носот, устата, очите, ноктите и задникот. Имено, секој од овие делови од телото на децата е особено чувствителен на вируси и бактерии, а допирањето со нечисти раце може да предизвика ширење на инфекцијата. Таа додава дека е неопходна добра хигиена за детето да остане здраво и заштитено од болести, па затоа е важно што почесто да ги мие рацете.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/malite-detsa-se-chesto-bolni-poradi-edna-golema-greshka-eksperti-sovetuvaat-na-shto-treba-da-se-vnimava/feed/ 0
На овие делови од вашето тело им е потребна најголема хигиена, таму живеат најмногу бактерии https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ovie-delovi-od-vasheto-telo-im-e-potrebna-najgolema-higiena-tamu-ziveat-najmnogu-bakterii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ovie-delovi-od-vasheto-telo-im-e-potrebna-najgolema-higiena-tamu-ziveat-najmnogu-bakterii/#respond Mon, 02 Jan 2023 13:59:45 +0000 https://kurir.mk/?p=783269

Личната хигиена е многу важна за здравјето на секој човек, а ова се деловите од телото на кои треба што почесто да им се посвети внимание во нејзиното одржување. Уста Едно од местата каде што има најмногу бактерии во човековото тело е усната шуплина. За што подобро здравје, треба детално да се води грижа во оралната игиена. Пазуви Под пазувите во просек има околу 20.000 бактерии, па токму заради тоа многумина се борат со непријаниот мирис на пот. Дезодорансите помагаат во одржувањето на овој дел од телото, но се разбира, неопходно е секојдневно миење со анти бактериски сапун. Уши Восокот кој се формира во ушите ги штити ушните канали од разни бактерии, инсекти и водата, но заради тоа ги става ушите во едни од највалканите делови од телото кои бараат редовно и детално чистење. Нокти Под ноктите се крие вистински расадник на бактерии невидливи за голо око. Затоа е неопходно добро одржување. Папокот е дел од телото кој начесто се занемарува при туширањето, па затоа често е полн со бактерии.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-ovie-delovi-od-vasheto-telo-im-e-potrebna-najgolema-higiena-tamu-ziveat-najmnogu-bakterii/feed/ 0
СРАМНА СОСТОЈБА КОЈА ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА: Нехигиената во тоалетите во училиштата во Крива Паланка ги револтира и загрижува сите, само НЕ надлежните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramna-sostojba-koja-go-zagrozuva-zdravjeto-na-decata-nehigienata-vo-toaletite-vo-uchilishtata-vo-kriva-palanka-gi-revoltira-i-zagrizuva-site-samo-ne-nadleznite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramna-sostojba-koja-go-zagrozuva-zdravjeto-na-decata-nehigienata-vo-toaletite-vo-uchilishtata-vo-kriva-palanka-gi-revoltira-i-zagrizuva-site-samo-ne-nadleznite/#respond Tue, 06 Dec 2022 14:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=771808

На прагот на 2023-та година, во XXI век, додека цел свет оди напред во образовниот систем со најнови технологии и современи услови, ние во Македонија сме соочени со основни проблеми во сите генерации. И кога зборуваме за основни проблеми, се соочуваме со прашања во кои дефинитивно се допира дното. Темата која денес ја објавуваме е нешто за кое е срамота да се зборува, но срамот е кај надлежните во повеќе скалила. Тоалетите во основните училишта во Крива Паланка се жив извор на зарази бидејќи хигиената во нив е на најниско можно ниво. Тоалетните школки кои ги користат МАЛИ ДЕЦА не се чистат со денови. Револтирани, а пред сè загрижени родители, ја контактираа редакцијата на КУРИР, да нè информираат дека не успеале да допрат до надлежен со слух за овој проблем во општината. Во Крива Паланка има две основни училишта, „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“. Децата од цел град одат на настава токму овде. За иронијата да биде поголема, едно од училиштата пред извесно време е реновирано. Но, што значат за децата новите тоалетни школки, доколку поради нехигиената во нив мораат да избегнуваат да ги користат? Татко на дете од прво одделение кој стапи во контакт со нас, вели дека од септември молчеле за овој проблем бидејќи мислеле дека е нешто кое ќе се реши. Но, тоалетите во кои одат неговото и десетици други деца, секој ден изгледаат се полошо. Миризбата која се шири од таму е неподнослива и ги зафаќа и училишните ходници, но и дел од блиските училници. -Може е срамота да пријавувам ваков проблем. Но кога станува збор за деца, знаете, мора да се пријави. Со недели се обраќаме до претпоставените и во училиштето и во општината. Слушаат и не прават ништо. Секако, не одат нивните деца во вакви мизерни услови. Не бараме којзнае што, бараме хигиеничарите да чистат тоалети во кои одат деца. Извор на зарази е тоа што може да го видите таму. Никој не сака да превземе нешто, напротив, како со некоја доза на чудење дека зборуваме на оваа тема реагираат, рече таткото на детето. КУРИР контактираше и други родители чии деца учат во овие две училишта. Револтот кај нив настанал во моментот кога неколку дечиња почнале дома да се жалат на болки во стомачињата. Со часови додека се на настава се воздржувале да одат во тоалет бидејќи од тоа што го гледаат и мирисаат таму чувствувале нагони на повраќање. И тука доаѓа најголемиот проблем. Проблем пред кој ниту еден родител нема да молчи – здравјето на децата! Ако на тие надлежни таму, темата за хигиената не им е нешто за кое чувствуваат потреба да превземат одговорност, сега се соочени со проблем со здравје кај некои ученици. По преглед на лекар, кај деца е откриено присуство на инфекција, која според медицинските лица, најверојатно е добиена во валканите тоалети. Од родителите со кои разгиваравме побаравме да ни испратат писмено соопштение, со деталите за состојбата со која се соочуваат. Нивниот одговор можете да го погледнете во продолжение: „Како загрижени родители ви се обраќаме на вас, бидејќи со раководството во училиштата немаме никакво разбирање, а ни слух од нивна страна. Се работи за хигиената во основните училишта во Крива Паланка, каде учениците користат тоалети во ужасна состојба, неподнослива смрдеа, нечистени редовно и се закана за ширење на зараза кај најмалите. Иако е реагирано кај вработени во училиштето и кај директорите, од нив добиваме одговор дека тоалетите биле чистени редовно и дека немало проблем, а учениците го кажуваат спротивното. Веќе има и случаеви на инфекции кај мали дечиња од прво и второ одделение, на кои им било кажано дека е наводно од нечистотија. Самите родители се бориме и објаснуваме дека не се одржува хигиената како што треба, а и сите се жалат дека овој проблем во училиштата не е решен со години, дека имаат проблем со хигиената во сите училишта. Повеќето родители се плашат да се бунат, што поради нивни блиски вработени таму или пак лично тие се поврзани со некои работни места од кои би им зависело работното место ако многу се бунат јавно за тој проблем. Исто така и стравуваат дека нивните деца ќе бидат таргетирани и ќе бидат оценувани различно од останатите и ќе се двојат од другите деца. Се прашуваме сите до кога вака во 21ви век ќе се бориме за хигиената во училиштата и здравјето на нашите деца“. За тоа дека децата немаат основни хигиенски услови, запознаен е и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Родителите очекувале дека тој ќе превземе нешто, кога веќе директорката седи со скрстени раце. Но, залудно. Родителите често влегуваат до тоалетите да видат дали има подобрување на состојбата. И секој ден се соочуваат со грозна слика таму. Измет, крв, прашина, хартија, влага... неисчистени со денови. Тоа е сликата на која се сведоци. До нашата редакција испратија и низа фотографии, од кои ви објавуваме само дел, од разбирливи причини. Велат, штета што не може да ви доловиме како мириса училиштето од валканите тоалети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramna-sostojba-koja-go-zagrozuva-zdravjeto-na-decata-nehigienata-vo-toaletite-vo-uchilishtata-vo-kriva-palanka-gi-revoltira-i-zagrizuva-site-samo-ne-nadleznite/feed/ 0
Многумина не посветуваат доволно внимание на овој дел од телото: Нехигиената ТАМУ може да донесе проблеми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ne-posvetuvaat-dovolno-vnimanie-na-ovoj-del-od-teloto-nehigienata-tamu-moze-da-donese-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ne-posvetuvaat-dovolno-vnimanie-na-ovoj-del-od-teloto-nehigienata-tamu-moze-da-donese-problemi/#respond Mon, 05 Dec 2022 15:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=771314

Дали ви се случило за момент да почувствувате непријатен мирис за кој не сте сигурни од каде доаѓа? Можно е тој мирис да доаѓа токму од вашиот папок. Многумина не посветуваат доволно внимание на овој дел од телото, а би требало. Бактериите од пот, мртвите клетки од кожата или нечистотијата може да се наталожат во папокот и да предизвикаат не само непријатен мирис, туку и инфекција. Доколку не водите сметка за хигиената на овој дел од телото, можно е да се јави црвенило, јадеж и оток, кој во некои случаи мора да се лекува со антибиотици. Најдобриот начин за сето тоа да се одбегне, е редовно, односно секојдневно да го миете папокот и да се погрижите да не дојде до задржување на водата внатре во него. Кандидата, габичка која често се јавува под пазувите, на тестисите или во папокот, доведува до црвенило на кожата. Доколку не се третира, може да се развие во нешто посериозно, па тогаш се јавуваат пликови исполнети со течност или гној. Во инфицираниот папок може да се појават дури и цисти исполнети со гној.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ne-posvetuvaat-dovolno-vnimanie-na-ovoj-del-od-teloto-nehigienata-tamu-moze-da-donese-problemi/feed/ 0
Сигурно правите барем една од ОВИЕ грешки при одржување на хигиената – престанете веднаш https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sigurno-pravite-barem-edna-od-ovie-greshki-pri-odrzuvanje-na-higienata-prestanete-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sigurno-pravite-barem-edna-od-ovie-greshki-pri-odrzuvanje-na-higienata-prestanete-vednash/#respond Sat, 27 Aug 2022 19:36:44 +0000 https://kurir.mk/?p=724903

Одржувањето на хигиената е навика и нешто што на сите ни доаѓа природно да го правиме. Иако мајките нè имаат научено на основите како мали, подоцна сами развиваме специфични навики потпирајќи се на инстинктите и нашето знаење за тоа како треба да се бањаме, да миеме заби, да чистиме уши итн. Ќе се изненадите, ама овие грешки при одржување на хигиената ги прават многумина од нас. 1. Ставате премногу шампон. Обично е доволно околу ½ лажичка, секако зависно од должината и густината на косата. 2. Исто така пречесто ја миете косата, што предизвикува губење на нејзиниот сјај. Правете го тоа преку еден ден. 3. Ја користите луфата премногу долго. Нивната текстура собира бактерии, па затоа треба да ја менувате на секои 4 недели. 4. Ги чепкате ушите со стапчиња за уши. Но, тие всушност не се баш добри за ушите. Со нивна употреба, ушната маст ја туркате подлабоко во увото или пак премногу ја отстранувате, што пак може да предизвика инфекции. Затоа, замотајте парче тоалетна хартија околу прстот и така чистете си ги ушите. 5. Си ги миете забите во погрешно време. Миењето на забите веднаш после оброк ја оштетува глеѓта. Затоа, мијте ги забите 30 минути по оброкот. 6. Мислите дека е подобро да користите антибактериски сапуни? Обичните сапуни се подеднакво добри, сè додека правилно ги користите за да си ги измиете рацете. Тријте го сапунот во рацете барем 20 секунди пред да се исплакнете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sigurno-pravite-barem-edna-od-ovie-greshki-pri-odrzuvanje-na-higienata-prestanete-vednash/feed/ 0
ОВИЕ работи НИКОГАШ не ги делете со други луѓе – многу е важно за здравјето да го послушате советот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-nikogash-ne-gi-delete-so-drugi-lugje-mnogu-e-vazno-za-zdravjeto-da-go-poslushate-sovetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-nikogash-ne-gi-delete-so-drugi-lugje-mnogu-e-vazno-za-zdravjeto-da-go-poslushate-sovetot/#respond Thu, 23 Jun 2022 20:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=694885

Хигиената секогаш треба да ви биде на прво место, за да го сочувате вашето здравје и здравјето на луѓето околу вас. Овие работи никако не смеете да ги делите со други луѓе: -За почеток немојте да го делите сапунот со други, без оглед дали станува збор за обичен или антибактериски. Имено, пената на сапунот може да не се исуши целосно по користењето и да содржи бактерии кои ќе ја заразат наредната личност која ќе го користи. -Било кој предмет кој е во допир со косата не би требало да го делите. Меѓу таквите се четките за коса, кацигата или капите. -Освен тоа, делењето на антиперспирант никако не треба да го практикувате, бидејќи на тој начин можете да ги пренесете бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси. Особено избегнувајте ги ролоните. -Маскарата, карминот и други средства за разубавување, чувајте си ги за себе. Преку шминката може да се пренесе некоја инфекција. Иако шминката во себе содржи одредени конзерванси, чија цел е да ги уништат бактериите, подобро е да не ја делите со други. -Ретко кој правилно ја дезинфицира грицкалката или турпијата за нокти, па така на неа остануваат многу бактерии и габи. Доколку случајно со грицкалката за нокти ја поткачите и кожата, отворате место преку кое тие можат да се пренесат. -Исто така не би требало да ги делите ниту пијалоците, бидејќи бактериите кои предизвикуваат херпес, менингитис, вирус, воспаление на грлото лесно се пренесуваат ако чашата од која пиете не е само ваша. -На ист начин однесувајте се и кон обетките или слушалките, бидејќи со нивното делење со други лица сериозно можете да си го загрозите здравјето. -Обувките треба да бидат само ваши и на никој друг, не ги разменувајте со никого. Постојат премногу габични инфекции поради кои може да изгубите и неколку прсти од вашето стапало.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-nikogash-ne-gi-delete-so-drugi-lugje-mnogu-e-vazno-za-zdravjeto-da-go-poslushate-sovetot/feed/ 0
Петрушевски: Во градинката Ангел Шајче беа затруени педесетина дечиња, а нема никаква одговорност од директорката и свекрвата на Царовска одговорна за хигиената https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-gradinkata-angel-shajche-bea-zatrueni-pedesetina-dechinja-a-nema-nikakva-odgovornost-od-direktorkata-i-svekrvata-na-carovska-odgovorna-za-higienata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-gradinkata-angel-shajche-bea-zatrueni-pedesetina-dechinja-a-nema-nikakva-odgovornost-od-direktorkata-i-svekrvata-na-carovska-odgovorna-za-higienata/#respond Thu, 13 May 2021 11:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=509870

Веќе неколку дена нема одговорност за директорот и одговорните лица во градинката Ангел Шајче во Куманово, каде со храна беа затруени педесетина дечиња, од кои поголемиот дел се лекуваат во домашни услови, а 3 од нив се борат со заразата на државните клиники, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. -Молчи директорката на градинката, но и одговорните за хигиена. Молчи свекрвата на Мила Царовска, која е одговорна за хигиената, за што е задолжена како медицинско лице. Јавноста бара одговори, а директорката на градинката и свекрвата на Царовска молчат. Се уште е нејасно од што конкретно настанала заразата. Првичен сомнеж е дека храната содржела салмонела, но и се претпоставува дека е причинета од недоволна хигиена. Одговорни за градинката покрај градоначалникот Максим Димитриевски е и Министерството за труд и социјална политика. Имено, Мила Царовска како министер за труд и социјална политика претходно му ги одзеде ингеренциите на Максим Димитриевски. Директно надредено над градинката е Министерството за труд и социјална политика. Дали градинката Ангел Шајче каде настанало труењето на дечињата во Куманово е под заштита на Царовска? Дали директорката на градинката и свекрвата на Царовска се под заштита на Мила Царовска? И дали затоа никој не презема одговорност за случајот? Што треба да се случи за роднините и блиските на Царовска да преземат одговорност? Уште колку животи треба да се загрозат? Затоа итно бараме оставка од директорката на градинката и од свекрвата на Царовска. Одговорност веднаш, побара Петрушевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-gradinkata-angel-shajche-bea-zatrueni-pedesetina-dechinja-a-nema-nikakva-odgovornost-od-direktorkata-i-svekrvata-na-carovska-odgovorna-za-higienata/feed/ 0
СЗО/УНИЦЕФ: Лоша хигиена во болниците е закана за 1,8 милијарди луѓе во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-unicef-losha-higiena-vo-bolnicite-e-zakana-za-1-8-milijardi-lugje-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-unicef-losha-higiena-vo-bolnicite-e-zakana-za-1-8-milijardi-lugje-vo-svetot/#respond Mon, 14 Dec 2020 06:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=442854

Во една од четири здравствени установи во светот нема редовен пристап до чиста вода. Како резултат на тоа, околу 1,8 милијарди луѓе се изложени на зголемен ризик од инфекција со коронавирус и други инфекции, според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ), објавен денеска во Женева. „Околу 1,8 милијарди луѓе се изложени на зголемен ризик од заразување со Ковид-19 и други болести бидејќи користат или работат во здравствени установи што немаат основни услуги за вода“, се вели во извештајот. „Водата, канализацијата и хигиената се од витално значење за безбедноста на здравствените работници и пациентите, но не секогаш на тие услуги им се дава приоритет“, велат СЗО и УНИЦЕФ. Најтешки се состојбите во 47-те најмалку развиени земји во светот. СЗО и УНИЦЕФ се залагаат за поголеми инвестиции во вода, санитарни услови и хигиена, нагласувајќи дека тие услуги се особено важни за ранливото население, особено бремените жени и децата. Авторите на извештајот проценуваат дека решавањето на проблемот со водата во болниците и здравствените центри во најмалку развиените земји бара инвестиција од само еден долар по глава на жител во тие земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-unicef-losha-higiena-vo-bolnicite-e-zakana-za-1-8-milijardi-lugje-vo-svetot/feed/ 0
Хигиенски навики кои децата навреме треба да ги стекнат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/higienski-naviki-koi-decata-navreme-treba-da-gi-steknat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/higienski-naviki-koi-decata-navreme-treba-da-gi-steknat/#respond Tue, 28 Jul 2020 20:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=382862

Освен возрасните и децата треба да прифатат навики важни за адаптирање на ситуацијата со коронавирусот. Без или со коронавирусот, хигиената е клучен фактор во здравјето на децата бидејќи тие секојдневно допираат најразлични предмети без да бидат свесни за потенцијалните ризици. Со новата ситуација сега треба да бидеме повнимателни и да ги заштитиме децата учејќи ги на хигиенски правила кои треба да ги негуваат целиот живот. Не само во време на пандемија. 1. Редовно миење раце Редовното миење раце останува златно правило за ефективно одржување на здравјето и личната хигиена. Научете ги децата правилно и темелно да ги мијат рацете, всадете им навика да ги мијат пред и по јадење, по користење на тоалетот, по враќање од игралиште и слично. 2. Научете ги да не го допираат лицето Иако и поголемите деца имаат навика да го допираат лицето, многу е важно да им објасните дека тоа може да има негативни последици по здравјето. Објаснете им дека во текот на денот доаѓаат во допир со бактерии и штетни микроби кои не можат да ги видат, но се штетни по здравјето. 3. Носење на заштитна маска Иако оваа идеја на децата може да им биде застрашувачка, научете ги да ја всадат таа навика бидејќи тоа е за нивно добро. Одберете удобна маска која ќе ги прекрива носот и устата, а истовремено нема да ги гуши. Дозволете им на дечињата сами да го изберат дизајнот бидејќи на тој начин носењето ќе им биде поприфатливо и поинтересно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/higienski-naviki-koi-decata-navreme-treba-da-gi-steknat/feed/ 0
Кинеските власти бараат зајакнување на хигиената на пазарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-baraat-zajaknuvanje-na-higienata-na-pazarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-baraat-zajaknuvanje-na-higienata-na-pazarite/#respond Thu, 18 Jun 2020 11:26:51 +0000 https://kurir.mk/?p=359435

Реагирајќи на повторната појава коронавирусот во Пекинг, Централната комисија за дисциплинска инспекција на Комунистичката партија на Кина денеска соопшти дека итно треба да се реши прашањето за ниските хигиенски стандарди на големопродажните пазари за храна во Кина и слабостите во синџирот на снабдување со храна. Вирусот повторно се појави минатата недела на огромен пазар за храна во Пекинг, и до сега се заразени повеќе од 100 луѓе, а постои и страв од понатамошно ширење на заразата. Нивото на санитарните стандарди мора итно да се подобри, а здравствениот ризик на пазарите да се намали на минимум, соопшти комисијата, додавајќи дека новата состојба во исто време е и одраз на управувањето кое на пазарите е на пониско ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-baraat-zajaknuvanje-na-higienata-na-pazarite/feed/ 0