хилари клинтон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 09:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хилари клинтон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-negovite-advokati-kazneti-so-rechisi-eden-milion-dolari-za-tuzhba-protiv-klinton/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-negovite-advokati-kazneti-so-rechisi-eden-milion-dolari-za-tuzhba-protiv-klinton/#respond Fri, 20 Jan 2023 09:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=789624

Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември, рече дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите за да ја унапреди својата политичка агенда. – Овој случај никогаш не требаше да биде покренат. Од самиот почеток беше очигледна несоодветноста на неговите правни барања. Ниту еден разумен адвокат не би го водел. Согласно политичката целисходност, ниту една од точките во изменетата жалба не претставуваше легитимно правно барање“, напиша Мидлбрукс во одлуката на 45 страници. Трамп ја тужеше Клинтон, демократската кандидатка за претседател во 2016 година, тврдејќи дека таа и другите демократи се обиделе да ги наместат изборите со лажно обвинување дека неговата кампања е поврзана со Русија. Мидлбрукс, кој беше назначен за судија во 1997 година од претседателот Бил Клинтон, го отфрли случајот во септември, нарекувајќи ја тужбата „политички манифест од двесте страници во кој се наведени неговите поплаки против оние што му се спротивставуваат“. Во 2020 година, Трамп се повлече од претседателската функција откако беше поразен од демократот Џо Бајден, по што тој постојано изнесуваше лажни тврдења, зборувајќи за изборна измама. Милијардерот најави дека ќе се кандидира на претседателските избори и во 2024 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-negovite-advokati-kazneti-so-rechisi-eden-milion-dolari-za-tuzhba-protiv-klinton/feed/ 0
Хилари Клинтон ја поддржа Сана Марин со слика од себе каде танцува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ja-poddrza-sana-marin-so-slika-od-sebe-kade-tancuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ja-poddrza-sana-marin-so-slika-od-sebe-kade-tancuva/#respond Mon, 29 Aug 2022 08:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=725371

Американската политичарка Хилари Клинтон јавно ѝ изрази поддршка на финската премиерка Сана Марин, која беше снимена како танцува и рапува на забава. Во својата Твитер-објава, до фотографијата од себе, Клинтон се осврна на славната глумица Џинџер Роџерс и цитат на Ен Ричардс – гувернерка на американската сојузна држава Тексас од 1991 до 1995 година. Инаку, Ричардс беше првата жена на таа позиција. Така, Хилари им се придружи на бројните жени од Финска, но и од цел свет, кои на интернет-просторот споделуваа свои видеоснимки и слики како се забавуваат – во знак на поддршка. „Како што рече Ен Ричардс, ‘Џинџер Роџерс направи сè што правеше и Фред Астер. Само таа го правеше тоа наназад и на потпетици’. Ова сум јас во Картагена, каде што дојдов на средба како државна секретарка на САД. Продолжете да танцувајте, @МаринСана!“, напиша Клинтон. Сана Марин претходно се најде во скандал поради снимка од нејзина приватна забава во друштво, каде што се гледаат и чаши алкохол… Финската опозиција побара од неа да направи и тест за дрога, што таа и го направи, а истиот беше негативен. Скандалот продолжи кога се појави ново видео на кое Сана танцува со пејачот Олави Усивирта… И додека едни се воодушевени од однесувањето на премиерката и го сметаат за вистинско освежување, други сметаат дека нејзиното однесување било „несоодветно“ за политичарка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ja-poddrza-sana-marin-so-slika-od-sebe-kade-tancuva/feed/ 0
Хилари Клинтон позитивна на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-pozitivna-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-pozitivna-na-koronavirus/#respond Wed, 23 Mar 2022 06:13:59 +0000 https://kurir.mk/?p=651709

Поранешната прва дама на Америка и претседателски кандидат на избори, Хилари Клинтон објави дека е позитивна на коронавирусот. -Се тестирав и сум позитивна на Ковид. Имам благи симптоми на настинка и се чувствувам добро. Поблагодарна сум од кога било за вакцините што штитат од сериозниот тек на болеста, напиша таа на Твитер. Клинтон (74) апелираше до граѓаните на САД да земат засилена доза, доколку тоа се уште не го направиле]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-pozitivna-na-koronavirus/feed/ 0
Хилари Клинтон би можела да биде амбасадор на САД во ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-bi-mozela-da-bide-ambasador-na-sad-vo-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-bi-mozela-da-bide-ambasador-na-sad-vo-on/#respond Sat, 14 Nov 2020 08:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=429316

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден размислува во својата администрација да ја вклучи и поранешната кандидатка за претседател и државна секретарка Хилари Клинтон, која би можела да биде амбасадор на САД во ОН. Хилари Клинтон моментно е главен кандидат на Бајден за амбасадорска функција, пишува „Индипендент“. Бајден веќе почна да составува тим за борба против коронавирусот, а наскоро ќе мора да избере и членови на администрацијата. Разговорите за формирање администрација се во тек, без разлика дали Трамп ќе одбие да го признае поразот на изборите, додава весникот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-bi-mozela-da-bide-ambasador-na-sad-vo-on/feed/ 0
Расветлена аферата од Белата куќа: Клинтон прозборе за Моника Левински https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rasvetlena-aferata-od-belata-kukja-klinton-prozbore-za-monika-levinski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rasvetlena-aferata-od-belata-kukja-klinton-prozbore-za-monika-levinski/#respond Fri, 06 Mar 2020 09:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=312850

Новиот документарец за Хилари Клинтон дава светло на најпознатио секс-скандал во Белата куќа. Поранешниот претседател на САД, во документарниот филм „Хилари“ истакнал дека кога ја запознал Моника Левински бил под голем стрес поради работата и дека аферата со неа му помогнала да се носи со проблемите и да ги оттргне мислите од истите. Воедно, Бил Клинтон првпат јавно и се извини на Левински и додал дека жалли што таа станала позната во светот по нивната врска. За потсетување, Клинтон последен пат зборуваше за скандалот во 2018 година и предизвика згрозување кај јавноста кога истакна дека на Левински не и должи јавно извинување. Во документарецот раскажува како во 1998 година морал се’ да и раскаже на својата сопруга Хилари, по што следувале долго и мачно брачно советување. -Седев на креветот и разговарав со неа. И кажав се’ што се случило и како се случило. И реков дека се чувствувам грозно, поминавме многу работи последните неколку години. Немав објаснување, а тоа што го направив не е за простување, истакна Бил. Хилари исто така пред камерите го искоментирала скандалот. -Бев скршена. Не можев да верувам. Бев толку повредена што не можев да верувам. Не можев да поверувам дека ме лажеше, истакнала таа и додала дека во тој момент му кажала на Бил дека ова треба да и го каже и на нивната ќерка, што му паднало уште потешко. На прашањето зошто го ризикувал својот брак, семејството и кариерата Бил истакнал дека во тој момент воопшто не размислувал на тие работи. Притисокот кој му го носела должноста која ја извршувал во Белата куќа бил преголем. -Тоа не е мое извинување, само објаснување. Се чувствувам ужасно, открива Бил. Двајцата се согласуваат дека брачното советување било тешко и болно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rasvetlena-aferata-od-belata-kukja-klinton-prozbore-za-monika-levinski/feed/ 0
Хилари Клинтон: Никој не го сака Берни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-nikoj-ne-go-saka-berni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-nikoj-ne-go-saka-berni/#respond Tue, 21 Jan 2020 16:14:59 +0000 https://kurir.mk/?p=292800

Поранешната државна секретарка и екс демократска кандидатка за претседател Хилари Клинтон, во нов документарен филм за нејзината кариера и контраверзните избори во 2016 година, изјави дека „никој не го сака“ Берни Сандерс, сегашен тркач за номинација претседателски кандидат од Демократската партија. Во филмот „Хилари“, кој неделава ќе биде премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“, Клинтон за Сандерс вели дека иако е со години во Сенатот тој има поддршка само од еден сенатор и дека никој не го сака. -Никој не работи со него, ништо нема завршено. Тој е политичар кариерист, се е надуено, жал ми е за луѓето што станаа занесени од него, вели Клинтон. За изданието „Холивуд рипортер“, таа потврди дека се уште го мисли истото за него. Прашана ако тој ја добие номинацијата дали ќе ја поддржи неговата кампања, Клинтон изјави деке „се уште е рано да се зборува за тоа“. Изјавата на Клинтон, која во демократските избори (прајмерис) во 2016 година се бореше против Сандерс, ја доби трката и на изборите стана противкандидат на Доналд Трамп, доаѓа во време кога се консолидираат силите на преостанатите најпопуларни кандидати, пред почетокот на овогодишните прајмерис, кои за две недели се отвараат во Ајова. Сандерс, чија кампања е заснована на борба против естабилишментот, е еден од фаворитите и се чини не е омилен, како во некои кругови на партијата поради неговата леви прогресивни политики и повик за „политичка револуција“, така и кај главните национални медиуми во САД како „Вашингтон пост“ или „Си-ен-ен“ кои евидентно, малку известуваат од неговата кампања. Весникот „Њујок тајмс“ на пример, вчера за претседателски кандидати ги поддржа сенаторките Ејми Клобучер и Елизабет Ворен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-nikoj-ne-go-saka-berni/feed/ 0
Хилари Клинтон не ја исклучува можноста за нова претседателска трка: Никогаш не вели никогаш https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ne-ja-iskluchuva-moznosta-za-nova-pretsedatelska-trka-nikogash-ne-veli-nikogash/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ne-ja-iskluchuva-moznosta-za-nova-pretsedatelska-trka-nikogash-ne-veli-nikogash/#respond Wed, 13 Nov 2019 09:26:50 +0000 https://kurir.mk/?p=263424

Поранешната демократска кандидатка за американски претседател, Хилари Клинтон, не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД, пишува Хина. Поранешната државна секретарка и претседателски кандидат на претходните избори во САД во 2016 година, кажа дека се наоѓа „под голем притисок“ да го предизвика Доналд Трамп на претседателските избори следната година, утринава соопшти Би-Би-Си. -Никогаш не вели никогаш, рече таа за Би-Би-Си. Клинтон кажа дека „цело време размислува“ за тоа каква претседателка би била да го победеше Трамп пред три години. -Цело време размислувам каква претседателка ќе бев и што ќе направев поинаку и што тоа ќе значеше за нашата земја и светот, рече оваа поранешна сенаторка од Њујорк. „Кој и да победи на следните избори ќе има голема задача, ќе мора да исправи се што е уништено“, рече Хилари Клинтон, денеска на возраст од 72 години. -Под голем притисок сум од многу луѓе да размислувам за тоа, заклучи Клинтон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hilari-klinton-ne-ja-iskluchuva-moznosta-za-nova-pretsedatelska-trka-nikogash-ne-veli-nikogash/feed/ 0
Меркел, Клинтон и Могерини во бикини: Моќните политичарки во најопуштеното издание (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/merkel-klinton-i-mogerini-vo-bikini-mokjnite-politicharki-vo-najopushtenoto-izdanie-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/merkel-klinton-i-mogerini-vo-bikini-mokjnite-politicharki-vo-najopushtenoto-izdanie-foto/#respond Sat, 31 Aug 2019 11:25:37 +0000 https://kurir.mk/?p=235380

Тие се најмоќните дами на планетата и секогаш ги гледаме конзервативно облечени, на службена должност. Но, што се случува кога папараците ги фаќаат во костим за капење? Па, се знае, ексклузивна вест во светот! Ангела Меркел, Федерика Могерини и Хилари Клинтон, вака изгледаат во бикини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/merkel-klinton-i-mogerini-vo-bikini-mokjnite-politicharki-vo-najopushtenoto-izdanie-foto/feed/ 0
(ФОТО) Пендаровски ја копира кампањата на Хилари Клинтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendarovski-ja-kopira-kampanjata-na-hilari-klinton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendarovski-ja-kopira-kampanjata-na-hilari-klinton/#respond Mon, 01 Apr 2019 10:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=181021

Кампањата на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, наликува на онаа на Хилари Клинтон кога се кандидираше за претседател на САД. Кој и да го креирал логото, очигледно немал некоја идеја. Па морал да се послужи со туѓа кампања. Па така црвено сината боја, стрелката… се асоцира на логото на Клинтон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendarovski-ja-kopira-kampanjata-na-hilari-klinton/feed/ 0
Трамп: На Русите повеќе би им одговарало да беше избрана Хилари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-na-rusite-povekje-bi-im-odgovaralo-da-beshe-izbrana-hilari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-na-rusite-povekje-bi-im-odgovaralo-da-beshe-izbrana-hilari/#respond Thu, 28 Mar 2019 16:25:01 +0000 https://kurir.mk/?p=179930

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би било многу поразумно Русија да ја промовирала Хилари Клинтон како кандидат за претседател на САД на изборите во 2016 година, наведувајќи дека таа би го отежнала американското дупчење на нафта и гас, со што би ја зајакнала позицијата на Москва на глобалниот енергетски пазар. – Гледајќи на друг начин, Русија попрво би сакала да ја има Хилари отколку Доналд Трамп. Тоа можам да ви го кажам сега, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Тој во првото интервју по објавувањето на резултатите од истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното мешање на Русија во претседателските избори 2016 година, оцени дека таа била непотребна и дека фокусот на сомнеж би требало да биде „на другата страна“. Трамп го нападна тимот на Малер, наведувајќи дека него го промовирале поддржувачите на Хилари Клинтон и оти е дел од поголема кампања на демократите насочена против него. – Ќе ви кажам ова за Русија, ако имаа нешто против мене, одамна ќе излезеше на виделина, рече Трамп. Истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година заврши минатиот петок, а државниот обвинител Вилијам Бар објави дека специјалниот обвинител не можел да најде докази за заговор или координација помеѓу изборниот штаб на Трамп и Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-na-rusite-povekje-bi-im-odgovaralo-da-beshe-izbrana-hilari/feed/ 0