хималаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 08:00:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хималаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поплавите на индиските Хималаи однесоа 74 животи, 101 лице се исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavite-na-indiskite-himalai-odnesoa-74-zhivoti-101-litse-se-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavite-na-indiskite-himalai-odnesoa-74-zhivoti-101-litse-se-ischeznati/#respond Mon, 09 Oct 2023 08:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=886759

Бројот на загинати во поројните поплави предизвикани од излевање на глечерното езеро на индиските Хималаи денеска се искачи на 74, а 101 лице се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Претходните денови во таа област во североисточна Индија врнеше силен дожд, што предизвика покачување на нивото на водата во глечерното езеро, поради што браната попушти, а водата од езерото се излеа низ тесна долина кон населени области, уништувајќи ги околните села и градот Рангпо, на околу 50 километри јужно од Гангток, главниот град на државата Сиким, објавија британските медиуми. Врховниот лидер во државата Сиким, Виџај Бушан Патак спасувачите пронашле 25 тела низводно, во државата Западен Бенгал, вклучувајќи тела на осум војници. Тој рече дека 101 лице се уште се водат како исчезнати во последната од серијата природни катастрофи предизвикани од екстремните временски услови во регионот на Хималаите. Меѓу исчезнатите има 14 припадници на армијата, соопшти Министерството за одбрана на Индија и наведе дека потрагата по преживеани дополнително се отежнува поради оштетените патишта, лошите комуникациски врски и неповолните временски услови. Локалните жители се обидуваат да помогнат во расчистувањето на калта и делови од срушените згради што ги остави катастрофата, една од најлошите во изминатите 50 години во оддалечениот регион на југоисточна Индија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavite-na-indiskite-himalai-odnesoa-74-zhivoti-101-litse-se-ischeznati/feed/ 0
Најмалку 23 војници исчезнале во силните поплави на Хималаите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-vojnitsi-ischeznale-vo-silnite-poplavi-na-himalaite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-vojnitsi-ischeznale-vo-silnite-poplavi-na-himalaite/#respond Wed, 04 Oct 2023 12:45:57 +0000 https://kurir.mk/?p=885119

Најмалку 23 војници се водат за исчезнати по силните поплави што ја зафатија долината на Хималаите, во североисточна Индија, соопшти индиската армија. Овој далечен планински венец на Хималаите се наоѓа во близина на границата на Индија со Непал. Езерото Лонак се наоѓа во подножјето на глечерот во близина на Кангченџунга, третиот највисок врв во светот. Поради низводната брана која претходно испушти вода, нивото на реката Тиста е за 4,5 метри повисоко од нормалното. На видео снимка објавена од портпарол на индиската армија се гледа како надојдениот кафен порој се влева во долината обрасната со шума, преминува преку патишта и носи далноводи на својот пат. Поплавите и свлечиштата се релативно честа појава во Индија и предизвикуваат многу штети, особено за време на сезоната на монсуни, што трае од јуни до септември. Но, до октомври поголемиот дел од монсуните обично завршува. Експертите велат дека климатските промени ги прават овие катастрофи почести и поголеми. Топењето на глечерите, исто така, го зголемува нивото на реките, а нерегулираната градба во областите подложни на поплави создава дополнителна штета. Хималајските глечери се топат побрзо од кога било поради климатските промени, изложувајќи ги жителите на непредвидливи катастрофи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-vojnitsi-ischeznale-vo-silnite-poplavi-na-himalaite/feed/ 0
Планинари испишаа историја, тие се први луѓе кои со падобран се спуштиле на втората највисока планина во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinari-ispishaa-istorija-tie-se-prvi-luge-koi-so-padobran-se-spushtile-na-vtorata-najvisoka-planina-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinari-ispishaa-istorija-tie-se-prvi-luge-koi-so-padobran-se-spushtile-na-vtorata-najvisoka-planina-vo-svetot/#respond Wed, 15 Mar 2023 13:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=812262

Ветераните на параглајдерството, Том де Дорлодот и Хорасио Лоренс лани летото го минаа во Пакистан, но и станаа првите луѓе кои со падобран се спуштиле на К2, втората највисока планина во светот, притоа достигнувајќи висина од 7.577 метри. По тој нивен подвиг е снимен документарен филм со наслов „Летање меѓу џиновите“ (Flying Between Giants). И двајцата спортисти имаат неколку незаборавни летови во своите кариери, но нивната последна авантура е можеби најнеобична досега. Тие се првите кои со падобрани се искачиле на планината К2 на Хималаите. Снимките ги направиле сами, без поддршка од хеликоптер и камери поради големите височини на коишто летале. Планината К2 (8.611 м) е втора највисока во светот по Монт Еверест (8.848 м). И двете е дел од планинската верига Каракорум. Документарецот почнува со нивното напорно патување до базниот камп во Пају преку градовите Скарду и Аскола - последните „траги на цивилизацијата“ пред глечерот Балторо. Каракорум се одликува по тоа што може да се лета и повеќе од 100 километри на ден без никаква можност за безбедно слетување. Затоа авантуристите морале прецизно да планираат и да го следат времето пред летот. Тие летале заедно цело време, а секој со себе носел камери, дополнителен кислород, радиоврска и ГПС-уред за сателитско следење за скоро целосна безбедност. Тоа значи 20 килограми дополнителен товар на себе. Во првите три недели, тие биле придружувани од менторот, Шпанецот Рамон Мориљас, кој во 2009 година достигна височина од 7.821 м летајќи со тн. парамотор. На последниот ден, Де Дорлодот и Лоренс го презеле последното, седумчасовно патување што го нарекоа „Грен слем“, а при кое ги посетиле планините Транго Тауерс, Музтаг Тауер, К2, Броуд Пик и Гашербрум. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinari-ispishaa-istorija-tie-se-prvi-luge-koi-so-padobran-se-spushtile-na-vtorata-najvisoka-planina-vo-svetot/feed/ 0
ВИДЕО: Се урна хеликоптер на Хималаите – шест лица загинаа, се враќале од аџилак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-urna-helikopter-na-himalaite-shest-lica-zaginaa-se-vrakjale-od-adzilak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-urna-helikopter-na-himalaite-shest-lica-zaginaa-se-vrakjale-od-adzilak/#respond Tue, 18 Oct 2022 09:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=746921

Шест лица, меѓу кои двајца членови на екипажот, загинаа во хеликоптерска несреќа на индиските Хималаи, соопшти денеска локалната полиција. Според нив, се уште не е позната причината за падот на леталото, кое превезувало хинду аџии од храмот Кадарнат, пренесува Ројтерс.
Официјални лица велат дека хеликоптерот, кој летал во магливо време, припаѓа на приватна компанија, пренесува АП. Аџиите биле во посета на храмот Кедарнат, посветен на хинду богот Шива, во областа Рудрапрајаг во државата Утараханд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-se-urna-helikopter-na-himalaite-shest-lica-zaginaa-se-vrakjale-od-adzilak/feed/ 0
Кина и Индија се согласија да ги повлечат своите сили од Хималаите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-i-indija-se-soglasija-da-gi-povlechat-svoite-sili-od-himalaite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-i-indija-se-soglasija-da-gi-povlechat-svoite-sili-od-himalaite/#respond Tue, 23 Jun 2020 11:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=361462

Кинески и индиски воени команданти се согласија да ги повлечат своите сили од спорната област на Хималаите по судирите во кои загинаа најмалку 20 војници, објавија денеска двете држави. Командантите постигнале договор на нивната прва средба од почетокот на конфликтот на 15 јуни, се истакнува во соопштенијата на двете земји. Претставници на Министерството за надворешни работи на Кина изјавија дека „двете страни имале длабока и искрена размена на мислења за истакнати прашања за тековната контрола на границата и оти се согласија да преземат мерки за смирување на ситуацијата“. Во изјавата на индиската армија се наведува дека „командантите разговарале во срдечна, позитивна и конструктивна атмосфера и оти постои консензус за ставање крај на конфликтот“. Министерството за надворешни работи на Кина ги негираше шпекулациите на министер во Владата на Индија дека во конфликтите на 15 јуни загинале 40 кинески војници. Министерството тврди дека станува збор за „лажни информации“. Индија соопшти дека загинале 20 нејзини војници, додека Кина не објави никакви информации за загубите на нејзина страна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-i-indija-se-soglasija-da-gi-povlechat-svoite-sili-od-himalaite/feed/ 0
По намаленото загадување во Индија, Хималаите видливи за прв пат по 30 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-namalenoto-zagaduvanje-vo-indija-himalaite-vidlivi-za-prv-pat-po-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-namalenoto-zagaduvanje-vo-indija-himalaite-vidlivi-za-prv-pat-po-30-godini/#respond Thu, 09 Apr 2020 10:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=329661

За прв пат по три децении жителите на северниот дел на Индија ги фотографираат снежните врвови на Индија, кои сега се видливи оддалечени 200 километри. Ова е резултат на намалувањето на загадувањето во земјата. За да се спречи ширењето на коронавирусите, многу земји целосно го прекинаа јавниот сообраќај и им забрани на граѓаните да се движат. Многу фабрики се затворени и промените се очигледни во сите делови на светот, вклучително и на Хималаите, кои за прв пат по 30 години „дишат“. Сето ова помогна во намалување на загадувањето на воздухот, а фотографиите што ги споделуваат корисниците на социјалните мрежи го покажуваат позитивниот ефект што го има оваа „пауза“ на Хималаите. Според статистиката составена од Светската здравствена организација (СЗО), околу 1,5 милиони луѓе починале од ефектите од загадувањето на воздухот во 2012 година. Во Индија досега 5.916 лица биле заразени со коронавирус, од кои 178 починале, а 506 успешно се опоравиле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-namalenoto-zagaduvanje-vo-indija-himalaite-vidlivi-za-prv-pat-po-30-godini/feed/ 0
На Хималајската вијагра и се закануваат климатските промени https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/na-himalajskata-vijagra-i-se-zakanuvaat-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/na-himalajskata-vijagra-i-se-zakanuvaat-klimatskite-promeni/#respond Fri, 26 Oct 2018 14:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=119906

Многу ценетата тибетанска печурка, повредна од злато и позната под прекарот – Хималајска вијагра, која во Азија ја сметаат за чудотворен лек, се потешко може да се најде поради климатските промени. Луѓе во Кина и во Непал знаеле да се убијат меѓусебно поради ретката паразитска печурка што на латински се вика Ophiocordyceps sinensis. Иако нема научни докази за тоа, луѓето веруваат дека лекува се – од импотенција до рак. – Тоа е еден од највредните биолошки производи кои на илјадиници собирачи им е клучен извор на приходи, наведуваат научници во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences. Последните децении популарнсота на таа печурка нагло се зголеми, а цените скокнаа до небо. Во Пекинг наводно за неа знаеле луѓе да платат трипати повеќе од злато. Меѓутоа, во последните години се помалку ја има. Дел сметаат дека е поради прекумерната берба, но научници наведуваат дека печурката не е само чувствителна на прекумерна берба туку и многуповеќе на климатските промени. Таа долгнавеста паразитска печурка може да се пронајде единствено на висини над 3.000 метри. – Тоа значи дека печурките, дури и кога луѓето би намалиле берба, и понатаму би ги имало се помалку поради постоечките климатски промени, вели Кели Хопинг, шеф на студија од Универзитет во Ајдахо. За живот на таа печурка треба температура под нула и тло кое не е трајно смрзнато. – БИдејќи зимските температури вопоследните децении се значително зголемени, особено во Бутан, тоа има негативно влијание на нивната бројност, вели Хопинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/na-himalajskata-vijagra-i-se-zakanuvaat-klimatskite-promeni/feed/ 0