хиперсонични ракети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 08:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хиперсонични ракети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски брод вооружен со хиперсонични ракети спроведе вежба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-brod-vooruzhen-so-hipersonichni-raketi-sprovede-vezhba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-brod-vooruzhen-so-hipersonichni-raketi-sprovede-vezhba/#respond Thu, 26 Jan 2023 08:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=792132

Руски воен брод вооружен со напредни хиперсонични ракети ја заврши вежбата во Атлантскиот Океан пред заедничките поморски вежби со кинеската и јужноафриканската морнарица закажани за следниот месец, соопшти руското Министерство за одбрана. Руската фрегата „Адмирал Горшков“, вооружена со хиперсонични ракети Циркон, вежбаше „симулација на ракетен напад против непријателска површинска цел“, изјави командантот на бродот Игор Крокмал. Вежбата, која руските државни медиуми ја опишаа како виртуелна симулација, ги потврди „дизајнираните карактеристики“ на ракетниот систем, рече Крокмал, кој укажа на наводната способност на проектилите да достигнат растојанија од повеќе од 900 километри. Фрегатата „Адмирал Горшков“ следниот месец ќе спроведе заедничка обука со кинеската и јужноафриканската морнарица крај брегот на Јужна Африка, соопштија Москва и Преторија. Вежбите доаѓаат во период кога се приближува првата годишнина од руската инвазија врз Украина. Белата куќа соопшти дека САД се „загрижени поради која било земја што вежба со Русија додека Русија води брутална војна против Украина“. За време на заедничкиот состанок во Преторија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот јужноафрикански колега Наледи Пандор ги бранеа поморските вежби, при што Лавров рече дека Москва не сака никакви „скандали“ поврзани со вежбите. Пандор рече дека е нормална практика сите земји да спроведуваат воени вежби со „пријателите ширум светот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-brod-vooruzhen-so-hipersonichni-raketi-sprovede-vezhba/feed/ 0
Кинески инженери тестираа нови хиперсонични ракети https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kineski-inzeneri-testiraa-novi-hipersonichni-raketi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kineski-inzeneri-testiraa-novi-hipersonichni-raketi/#respond Fri, 08 Jul 2022 10:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=702221

Тим инженери од кинескиот Северозападен политехнички универзитет (СПУ) успешно лансираше пробна ракета, со што верификуваше неколку нови технологии што ќе се користат на хиперсоничните ракети. Научниците притоа соопштија дека ракетата наречена „Фејтaјен-1“ е опремена со мотор што согорува керозин и забрзува до хиперсонична брзина без да користи штетно гориво, како што е течен водород. Технологиите тестирани на оваа ракета може да се користат и за изградба на вселенски бродови, а тоа нуди нови можности за повеќекратна употреба на авиони, ракети и вселенски летала кои можат да летаат и во воздухот и во Вселената. „Фејтајен“ се нарекуваат и вселенските одела што ќе се користат на новата кинеска вселенска станица. Називот, инаку, се однесува на будистички божици кои летаат на небото, а на современиот кинески јазик тоа значи и летање, без будистички контекст.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kineski-inzeneri-testiraa-novi-hipersonichni-raketi/feed/ 0
Кирби: Нема објаснување за руската употреба на хиперсонични ракети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-nema-objasnuvanje-za-ruskata-upotreba-na-hipersonichni-raketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-nema-objasnuvanje-za-ruskata-upotreba-na-hipersonichni-raketi/#respond Wed, 23 Mar 2022 07:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=651809

САД не разбраа зошто руските вооружени сили одлучија да употребат хиперсонична ракета за време на инвазијата врз Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета. „Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа“, рече Кирби. „Нејасно е кои биле нивните намери“, додаде портпаролот на Пентагон. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков претходно изјави дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-nema-objasnuvanje-za-ruskata-upotreba-na-hipersonichni-raketi/feed/ 0
САД за хиперсоничните ракети: Русија сака да испрати порака до Западот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-za-hipersonichnite-raketi-rusija-saka-da-isprati-poraka-do-zapadot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-za-hipersonichnite-raketi-rusija-saka-da-isprati-poraka-do-zapadot/#respond Tue, 22 Mar 2022 06:47:06 +0000 https://kurir.mk/?p=651096

Соединетите Американски Држави не може самостојно да ги потврдат или побијат тврдењата на Русија дека лансирале хиперсонични ракети кон украинска цел, но од воена гледна точка, употребата на такво оружје нема смисла, изјави претставник на американското Министерство за одбрана. „Можеби се обидуваат да испратат порака до Западот“, рече официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, пишуваат агенциите. Според него, од воена перспектива тоа не е многу практично. Русија во саботата објави дека лансирала хиперсонични ракети „Кинджал“ за уништување големо складиште за оружје во регионот Ивано-Франковск во западна Украина. Според „Интерфакс“, ова е првпат Русија да го користи системот по нападот на Украина на 24 февруари. Москва не го крие задоволството од развојот на модерното оружје, а претседателот Владимир Путин во декември изјави дека Русија е глобален лидер во хиперсонични ракети. Нивната брзина, маневрирање и надморска височина го отежнуваат следењето и пресретнувањето. Големите светски сили, како Русија, Кина и САД, веќе некое време се тркаат во развојот на хиперсонични ракети. Станува збор за неверојатно брз ракетен систем, кој во моментот не може да биде пресретнат од ниту еден противракетен одбранбен систем. Хиперсоничните ракети обично патуваат петпати побргу од звукот, а некои ракети, како што е руската балистичка ракета „Кинджал“, наводно може да достигнат и до речиси 12.300 километри на час и покриваат растојанија до приближно 1.930 километри. Рускиот систем „Кинджал“ има двојна способност – конвенционален и нуклеарен, велат упатените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-za-hipersonichnite-raketi-rusija-saka-da-isprati-poraka-do-zapadot/feed/ 0