хипотека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Aug 2020 07:13:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хипотека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Под хипотека 140.571 стан, во Скопје нови 1.209 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pod-hipoteka-140-571-stan-vo-skopje-novi-1-209/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pod-hipoteka-140-571-stan-vo-skopje-novi-1-209/#respond Sun, 30 Aug 2020 07:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=396726

Под хипотека во државава се 12,8 проценти од становите. Од вкупно впишани 1.095.579 хипотека има на 140.571, покажуваат податоци од Регистарот на цени и закупнини од почетокот на април до крајот на јуни годинава. На крајот на минатата година под хипотека биле 132.527 станови, а во првиот квартал годинава тој број се зголемил на 138.425. Во вториот квартал, споредено со првиот квартал кога настапи пандемијата со Ковид-19, има намалување на купопродажбите со недвижности, односно регистрирани се 562 трансакции помалку,  а кај закупите  намалувањето е за 1.347. Најголем број станови под хипотека има во Скопје, каде од вкупно 321.430, заложени се 69.668 станови или 21,67 проценти. По главниот град следат Неготино со 2.413 станови или 18,6 проценти, Гевгелија со 16,5, Кавадарци со 14 проценти, Битола со 13 проценти и  Штип и Кочани со по 12 проценти, Струмица со 11,9 проценти….  Кратово, пак, е општината со најмалку станови под хипотека, само 1,34 проценти, како и Македонски Брод и Крива Паланка, со по 1,71 и 2,4 проценти. Споредено со првиот квартал, во вториот квартал во главниот град има 1.259 повеќе впишани хипотеки, односно нивниот број се зголемил од 68.409 на 69.668. Податоците од Регистарот на цени и закупнини покажуваат и дека во вториот квартал годинава се намалени купопродажбите на недвижности за 562 трансакции во однос на истиот квартал од минатата година. Најголемиот број продажби припаѓаат на становите, односно 42 проценти. Споредено со првиот квартал, во второто тримесечие годинава има зголемување на продажба на становите за девет проценти. За исто толку проценти пак се намалил бројот на трансакции со земјоделско земјиште, односно од 36 проценти во првиот квартал на 27 проценти во вториот. Градежното земјиште во овој квартал учествува на пазарот на недвижности со 14 проценти, куќите со девет проценти, деловните простори со четири проценти, останатите недвижности со 3 проценти и индустријата со еден процент од пазарот на недвижности. Најголема активност на пазарот е забележана во јуни,  кога имало 1.381 продажба, а најмала активност  во мај, односно 873 продажби. Во април се регистрирани 943 продажби на недвижности. Анализата од Регистарот покажува и дека најголем број продадени станови има во општина Аеродром, односно во овој период се продадени 343 станови, додека пак најголем број продадени куќи, 31, има на територијата на општина Битола. Во Општина Центар, пак, се забележани најмногу продажби на деловен простор, 18, а најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општините Куманово, Битола и Чешиново и Облешево со по 30 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Сарај со 76 продажби. Во овој квартал се регистрирани и продажби на 13 индустриски објекти и тоа во поголем број општини. Во Регистарот на цени и закупнини во вториот квартал се запишани и 876 закупи, за 1.347 помалку трансакции во однос на првиот квартал кога биле регистрирани вкупно 2.223. Во јануари имало 642, во февруари 811, во март 770, додека во април се регистрирани 196, во мај 262, а во јуни 418. Од закупите во вториот квартал најголем процент, 41, отпаѓа на деловни простори, по што следат становите со 28 проценти, земјоделското земјиште со 13 проценти, куќите со 12 проценти,  а градежното земјиште и индустријата со  три проценти. На Регистарот на преземени недвижности, пак, преку кој се нуди на продажба одземен имот,  моментно се на продажба 91 стан, 165 деловни простории, 47 гаражи, 75 помошни простории, како и 134 парцели (градежно неизградено земјиште, дворни места, земјишта под згради, неизградено земјиште, шуми, лозје, ливади, пасишта, овоштарници). Тоа се имоти на граѓани што им бил одземен од банки поради ненавремено плаќање долгови или пак бил одземен со пресуда во судски случаи што ги водела државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pod-hipoteka-140-571-stan-vo-skopje-novi-1-209/feed/ 0
Секој 8-ми стан во земјава е под хипотека кај банките, Скопје рекордер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sekoj-8-mi-stan-vo-zemjava-e-pod-hipoteka-kaj-bankite-skopje-rekorder/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sekoj-8-mi-stan-vo-zemjava-e-pod-hipoteka-kaj-bankite-skopje-rekorder/#respond Mon, 13 Jan 2020 08:36:20 +0000 https://kurir.mk/?p=288807

Секој осми стан во земјава е под хипотека кај домашните банки. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во третиот квартал лани во земјава имало вкупно 1.084.534 станови од кои дури 132.527 биле под хипотека – што практично значи дека преку хипотеките на банките е пренесена сопственоста на дури 12,22 проценти од станбениот фонд во земјава, пишува Денар.мк. Скопје рекордер – секој петти стан заложен кај банките Скопје е рекордер по заложени станови-дури половината од хипотеките се во главниот град. Податоците покажуваат дека на секој петти стан во метрополата „газди“ се банките. Така во катастарот во Скопје во периодот од јули до крај на септември биле запишани вкупно 317.084 станови, од кои дури 20,28 проценти или 64.301 се под хипотека. Втор на листата градови со процентуално најмногу хипотеки во споредба со бројот на впишани станови во катастарот е Неготино каде на банките се пренесени имотни листови на 19,06 проценти од становите или од вкупно 12.906 станови во општината, дури 2.460 се под хипотека. Гевгелија е на третото место според процентот на заложени станови и тоа од вкупно 23.690, хипотека има на 3.893 или на 16,43 проценти. Целиот текст може да го прочитате на ДЕНАР.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sekoj-8-mi-stan-vo-zemjava-e-pod-hipoteka-kaj-bankite-skopje-rekorder/feed/ 0
Аца Лукас останува без станот поради долгови? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aca-lukas-ostanuva-bez-stanot-poradi-dolgovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aca-lukas-ostanuva-bez-stanot-poradi-dolgovi/#respond Tue, 15 Oct 2019 08:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=251809

Српскиот пејач Аца Лукас наводно е во големи проблеми, пишува „Свет“, бидејќи ќе треба да се исели од станот во кој живее во моментов. Причина за тоа е што фолкерот наводно подигнал хипотека на таа недвижност, но поради неподмирени долгови станот ќе му биде одземен. -Поради овие причини тој со месеци се нервира и размислува како да ја реши ситуацијата. Еден дел од финансиските проблеми можеше да го реши со турнејата во Австралија, но визата не му беше одобрена. Тој е сигурен дека некој ова намерно му го прави, но нема да остане должен, вели извор за „Свет“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aca-lukas-ostanuva-bez-stanot-poradi-dolgovi/feed/ 0