хирурзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Feb 2023 17:57:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хирурзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хирурзите во Ниш со херојски подвиг, еве што направиле за пациентите да не чекаат на листа за операција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hirurzite-vo-nish-so-herojski-podvig-eve-shto-napravile-za-patsientite-da-ne-chekaat-na-lista-za-operatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hirurzite-vo-nish-so-herojski-podvig-eve-shto-napravile-za-patsientite-da-ne-chekaat-na-lista-za-operatsija/#respond Fri, 24 Feb 2023 17:57:41 +0000 https://kurir.mk/?p=804737

Хирурзите од нишката Клиника за кардиохирургија извеле 22 операции за три дена и кажаа дека продолжуваат со зафатите и преку викенд без да бараат финансиски надомест за тоа. Тие додаваат дека работат со забрзано темпо за да се намали листата на чекање за операција, бидејќи на некои пациенти им е потребна итна интервенција. -И овој викенд, петти по ред, го поминавме работно, оперирајќи ги пациентите од листата на чекање. Првпат го правевме тоа во две операциони сали, па од петокот до неделата извршивме дури 22 операции. Сите оперирани пациенти се добро и без компликации, изјави директорот на клиниката Драган Милиќ. Тој додаде дека од почетокот на годината направиле 101 операција, додека во истиот период лани нивниот број бил 36.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hirurzite-vo-nish-so-herojski-podvig-eve-shto-napravile-za-patsientite-da-ne-chekaat-na-lista-za-operatsija/feed/ 0
Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanski-hirurzi-uspeshno-transplantiraa-bubreg-od-svinja-na-chovek/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanski-hirurzi-uspeshno-transplantiraa-bubreg-od-svinja-na-chovek/#respond Wed, 20 Oct 2021 07:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=582368

Хирурзи во Њујорк, САД, извршија успешно пресадување бубрег од генетски модифицирано прасе на човек. Како што пишува „Њујорк тајмс“, органот функционира нормално. Според директорот за трансплантологија, Роберт Монтгомери, кој ја предводел операцијата, бубрегот бил трансплантиран на маж, при мозочна смрт. Новиот орган почнал да произведува „речиси веднаш, урина и други отпадни производи“, рече докторот. Според него, генетски модифицираните свињи може да станат „постојан и обновлив извор на органи“ за луѓето. -Ова е огромен чекор напред. Исклучително големо достигнување. Но, сепак треба да научиме повеќе за времетраењето   на пресадениот орган, вели професорот вклучен во испитувањата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanski-hirurzi-uspeshno-transplantiraa-bubreg-od-svinja-na-chovek/feed/ 0
Хирурзите во ГОБ „8 Септември“ излегуваат на протест: Другите болести на пациентите не исчезнуваат поради пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hirurzite-vo-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-drugite-bolesti-na-pacientite-ne-ischeznuvaat-poradi-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hirurzite-vo-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-drugite-bolesti-na-pacientite-ne-ischeznuvaat-poradi-pandemijata/#respond Fri, 24 Sep 2021 10:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=567682

Хирурзите во болницата ГОБ „8 Септември“ в понеделник ќе го искажат своето незадоволство поради проблемите со функционирањето на хируршките сали, а тоа ќе го сторат на начин што ќе ги стават инструментите во фиока и ќе ги откажат сите закажани операции на пациенти. Вакво предупредување денеска испрати хируршкиот колектив во болницата, кој преку писмо до медиумите соопшти дека операции ќе бидат извршени само врз пациентите во животозагрозувачка состојба, кои ќе бидат соодветно прифатени и згрижени. Изворот на револтот кај хирурзите е во тоа што како колектив не добиваат прием кај директорот на болницата Христијан Костов за да поразговараат за проблемите со хируршките сали. - Во болницата секојдневно функционираат само две хируршки сали дневно наместо полниот капацитет кој би бил шест сали во текот на денот. Јасно е дека со настанатата ситуација со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но ова е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција. Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата како би се постигнала поголема ефикасност, но истите или не се стигнати до директорот или директорот не ги спроведува ниту предложува други решенија. ГОБ ’8 Септември‘ е столб на здравството во државата. Во изминативе две години ние сме главен ковид-центар во државата каде што се згрижуваат најтешките пациенти од пандемијата, прифатен центар за сите хируршки пациенти од сите болници надвор од Скопје од кои голем број се на терциерно ниво, а за жал по некоја необјаснета логика ГОБ ’8 Септември‘ е сè уште на секундарно ниво, се вели во писмото. Нашите барања, наведува хируршкиот колектив, се да се овозможат услови во болницата за да може да им пружи хируршка здравствена заштита на поголем број пациенти чии болести не исчезнуваат поради пандемијата. - За надминување на ситуацијата постојат неколку решенија и сме отворени за дополнителни предлози. Поради сериозноста на ситуацијата, како предупредување и начин на алармирање за ситуацијата, наредната недела од 27 септември ќе биде прекинат селективниот хируршки програм во болницата, но поради нашите пациенти сите кои се во животозагрозувачка состојба ќе бидат соодветно прифатени и згрижени. Се надеваме дека ова наше барање ќе биде разгледано и постапено по истото, ако не од директорот на институцијата, тогаш од министерот за здравство или од претседателот на владата, наведено е во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hirurzite-vo-gob-8-septemvri-izleguvaat-na-protest-drugite-bolesti-na-pacientite-ne-ischeznuvaat-poradi-pandemijata/feed/ 0
Косово: Одложени над илјада операции поради штрајкот на хирурзите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-odlozeni-nad-iljada-operacii-poradi-shtrajkot-na-hirurzite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-odlozeni-nad-iljada-operacii-poradi-shtrajkot-na-hirurzite/#respond Fri, 11 Jan 2019 10:03:52 +0000 https://kurir.mk/?p=150909

Над илјада хируршки интервенции се одложени за само една недела во Клиниката за хирургија во Клиничкиот универзитетски центар на Косово (ЌКУК) поради тоа што лекарскиот персонал стапи во штрајк, јави дописникот на МИА од Приштина. На 17 декември 2018 година Професионалниот колегиум на хирурзите при ЌКУК донесе одлука за отпочнување на штрајк поради неисполнувањето на дадените ветувања од страна на Владата за изготвување на нацрт-закон за платите според нивните барања. Претставникот на хирурзите Арбер Морина за весникот „Зери“ изјави дека во Клиниката за хирургија се одлагаат околу 200 операции дневно, а се третираат само итните случаи. – Елективните операции се прекинати. Во просек, околу 200 елективни случаи секој ден не се третираат. Итната служба продолжува да функционира како и до сега. За ниеден случај на болест во кој се работи за загрозен живот на пациентит не сме ги прекинале услугите, изјави Морина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-odlozeni-nad-iljada-operacii-poradi-shtrajkot-na-hirurzite/feed/ 0