Хисен Џемаили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Sep 2019 14:27:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хисен Џемаили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џемаили ја презеде функцијата министер без ресор од Шапуриќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzemaili-ja-prezede-funkcijata-minister-bez-resor-od-shapurikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzemaili-ja-prezede-funkcijata-minister-bez-resor-od-shapurikj/#respond Mon, 02 Sep 2019 14:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=236147

Новиот министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили денеска ја презеде функцијата министер без ресор од Зоран Шапуриќ кој беше на должност од јуни 2017 година. На средбата, информират од Кабинетот на Џемаили, се разговараше за инвестициската клима, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и за предизвиците на домашната економија. -Моето дејствување како министер задолжен за домашните компании ќе биде во насока на остварување на мисијата на Владата за еднаков третман на домашните и странските компании, како и давање на систематска финансиска помош на компаниите со цел зголемување на домашното производство и нови вработувања. Сигурен сум дека со реализирање на економскиот план на Владата ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и ќе се придонесе за задржување на работниците на домашниот пазар, истакна министерот Џемаили. Ќе се заложам, додаде, за стимулирање и поддршка на конкурентноста на домашните бизниси како и нивно меѓусебно вмрежување. -Со влегувањето на Северна Македонија во НАТО очекувам уште поголем раст и раздвижување на домашната економија, потенцира Џемаили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzemaili-ja-prezede-funkcijata-minister-bez-resor-od-shapurikj/feed/ 0
Новиот министер без ресор е обвинет во случајот „Малтретирани градежни работници од Маврово“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-minister-bez-resor-e-obvinet-vo-sluchajot-maltretirani-gradezni-rabotnici-od-mavrovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-minister-bez-resor-e-obvinet-vo-sluchajot-maltretirani-gradezni-rabotnici-od-mavrovo/#respond Mon, 26 Aug 2019 10:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=233443

Премиерот Зоран Заев доби друг предлог од владиниот партнер Али Ахмети за министер без ресор за странски инвестиции. Ахмети се премисли и наместо Ибрахим Дехари, сега Хисен Џемаили го предлага за таа функција, откако првиот не се нафатил да биде министер. Министерската фотелја за странски инвестиции се испразни по смената на Зоран Шапуриќ, пренесе „ПлусИнфо“. Џемаили за „ПлусИнфо“ потврди дека ја прифатил понудата на лидерот Ахмети. Сега се чека на виза од премиерот Заев за и тој ресор да се пополни. Според телевизијата Алсат, Дехари ја одбил понудата бидејќи станува збор за министерство наменето само за задоволување на политички апетити и дека не придонесува ништо добро за општеството. Наспроти ова, Џемаили не размислува како сопартиецот. -Го прифатив предлогот на лидерот Али Ахмети за министерската функција. Битно е Владата да е силна и што повеќе да придонесеме за општеството – ни изјави Џемаили. Џемаили е асистент – професор по географија на Тетовскиот универзитет. Претходно тој беше советник во Општина Тетово, а во мандатот од 2008 до 2011 беше пратеник. Џемаили кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот. Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по Џемаили беше распишана потерница бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд. Откако Собранието во 2011 година го донесе Автентичното толкување на Законот за амнестија, Хашките предмети се затворија. Извор: ПлусИнфо]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-minister-bez-resor-e-obvinet-vo-sluchajot-maltretirani-gradezni-rabotnici-od-mavrovo/feed/ 0