Хисни Гуцати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 May 2022 10:12:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хисни Гуцати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Харадинај и Гуцати осудени на 4,5 годи затвор поради попречување на судски процес и заплашување сведоци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-gucati-osudeni-na-4-5-godi-zatvor-poradi-poprechuvanje-na-sudski-proces-i-zaplashuvanje-svedoci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-gucati-osudeni-na-4-5-godi-zatvor-poradi-poprechuvanje-na-sudski-proces-i-zaplashuvanje-svedoci/#respond Wed, 18 May 2022 10:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=678327

Судот за злосторства на борците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг денеска ги осуди Хисни Гуцати (Хисни) и Насим Харадинај на четири и пол години затвор и парична казна од по 100 евра за попречување на судскиот процес и заплашување сведоци. Гуцати (54), претседател на Здружението на борците на ОВК и Харадинај (58), потпретседател на здружението, судот ги прогласи за виновни по пет од шест точки: „злосторства против правдата – попречување на службените должности (две точки), како и за „заплашување на сведоци и кршење на тајноста (две точки)“. Судскиот совет утврди дека обвинителите не ја докажале вината на обвинетите за одмазда против сведоци. Според судијата претседавач Чарлс Смит, Гуцати и Харадинај биле осудени затоа што биле „на повеќе од 20 настапи во медиумите“ на прес-конференции на Здружението на борци на ОВК во Приштина од 7 до 25 септември 2020 година објавиле доверливи документи на судот и обвинителството за злосторствата на борците на ОВК, вклучувајќи ги и идентитетите на потенцијалните сведоци. Судот, чие официјално име е Специјализиран совет на Косово, утврди „во име на народот на Косово“ дека Гуцати и Харадинај имале „директна намера“ да го опструираат судот и да малтретираат и заплашуваат сведоци и „ги откриле имињата и личните податоци на стотици сведоци“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-gucati-osudeni-na-4-5-godi-zatvor-poradi-poprechuvanje-na-sudski-proces-i-zaplashuvanje-svedoci/feed/ 0
Уапсен претседателот на ветеранската организација на ОВК, Хисни Гуцати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-pretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-hisni-gucati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-pretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-hisni-gucati/#respond Fri, 25 Sep 2020 13:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=408441

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го приведе претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК Хисни Гуцати и се очекува да го спроведе во Хаг пред меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, каде што е подигнато обвинение против него, јави дописникот на МИА од Приштина. Гуцати е забележан како се изнесува со лисици на рацете од просториите на ОВВ-ОВК околу 13.30 часот. Апсењето е извршено во рамките на денешната акција на ЕУЛЕКС во седиштето на ОВВ-ОВК, која започна околу 11.30 часот. Засега нема официјална информација за причините за неговото приведување. Веста за апсењето на Гуцати и неговото пренесување во Хаг преку објава на Фејсбук ја потврди секретарот на ОВВ-ОВК Фатон Клинаку. Клинаку, по денешниот упад на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес. Тој ги нарече припадниците на ЕУЛЕКС „криминалци“ и порача дека, доколку бидат принудени, припадниците на некогашната ОВК ќе се борат против меѓународната организација, како што се бореле и против Југославија. Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица донесоа бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-pretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-hisni-gucati/feed/ 0