Хитроу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 06:35:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хитроу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Хитроу” продолжува со мерката за ограничен број опслужени патници на заминување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-prodolzuva-so-merkata-za-ogranichen-broj-opsluzeni-patnici-na-zaminuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-prodolzuva-so-merkata-za-ogranichen-broj-opsluzeni-patnici-na-zaminuvanje/#respond Tue, 16 Aug 2022 06:35:03 +0000 https://kurir.mk/?p=719100

Управата на лондонскиот аеродром „Хитроу” денеска соопштени дека до крајот на октомври се продолжува мерката за дневен лимит опслужени патници во заминување, како дел од напорите за справување со зголемената побарувачка за услуги, а во околности на недостиг од персонал. На „Хитроу” што е еден од најпрометните аеродроми во Европа, веќе е на сила мерката за ограничување на бројот опслужени патници на сто илјади дневно. Привременото ограничување беше воведено минатиот месец, а од авиокомпаниите беше побарано да го намалат бројот летови во шпицот на сезоната за патувања, во услови кога сообраќајот е поинтензивен од капацитетот што може да го опслужи аеродромскиот персонал. Аеродромот соопшти дека неговото привремено ограничување довело до „помалку откажувања на летови во последен момент” и „пократко чекање за багаж”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-prodolzuva-so-merkata-za-ogranichen-broj-opsluzeni-patnici-na-zaminuvanje/feed/ 0
Хитроу во последен момент откажа летови за околу 10.000 патници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-vo-posleden-moment-otkaza-letovi-za-okolu-10-000-patnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-vo-posleden-moment-otkaza-letovi-za-okolu-10-000-patnici/#respond Mon, 11 Jul 2022 19:25:00 +0000 https://kurir.mk/?p=703570

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ денеска нареди откажување на десетици летови со кои требаше да се превезуваат околу 10.000 патници. Откажани се 61 лет, бидејќи аеродромот во западен Лондон соопшти дека не е во состојба да прими толку многу патници. Од авиокомпаниите е побарано да не префрлаат патници на алтернативни летови закажани за понеделник. Неисправноста на системот за багаж на Терминал 3 резултираше со тоа што стотици куфери не беа испорачани во текот на викендот. „Хитроу“ им се извини на „сите оштетени патници“, но додаде дека „повеќето биле добро услужени“. Оштетените патници немаат право на отштета од авиокомпаниите, бидејќи според официјалната класификација, причините за откажувањето се надвор од нивна контрола. Бројот на патници кои летале низ „Хитроу“ во првата половина од годинава бил 26 милиони, шест пати повеќе отколку во истиот период во 2021 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-vo-posleden-moment-otkaza-letovi-za-okolu-10-000-patnici/feed/ 0
Хитроу очекува воздушниот сообраќај да закрепне дури во 2026 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-ochekuva-vozdushniot-soobrakjaj-da-zakrepne-duri-vo-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-ochekuva-vozdushniot-soobrakjaj-da-zakrepne-duri-vo-2026-godina/#respond Tue, 26 Oct 2021 10:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=585677

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ сè уште бележи загуби, и покрај заживувањето на туризмот во третиот квартал по ублажувањето на ограничувањата поради коронавирусот, и проценува дека сообраќајот нема целосно да се опорави од кризата најверојатно до 2026 година. Најпрометниот аеродром во Велика Британија денеска објави дека периодот јануари-септември го завршил со загуба по оданочување од 1,32 милијарди фунти (1,57 милијарди евра). Од почетокот на кризата, загубата вкупно изнесува 3,4 милијарди фунти. Бројот на патници достигна 28 отсто од нивото пред пандемијата во третиот квартал, наведуваат од „Хитроу“, додавајќи дека целосно закрепнување не се очекува пред 2026 година. „Хитроу“ ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа во пандемијата во 2020 година, која ја презеде париски „Шарл де Гол“, и оттогаш се обидува да ги подобри резултатите со зголемување на таксите за авиокомпаниите. Британскиот авијациски регулатор минатата недела го отфрли неговиот предлог за зголемување на таксите за патници, оценувајќи го како претеран, а се спротивставија и авиокомпаниите и оние кои се сериозно погодени од пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-ochekuva-vozdushniot-soobrakjaj-da-zakrepne-duri-vo-2026-godina/feed/ 0
ФОТО: Несреќа на аеродромот во Лондон, итните служби на терен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nesrekja-na-aerodromot-vo-london-itnite-sluzbi-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nesrekja-na-aerodromot-vo-london-itnite-sluzbi-na-teren/#respond Fri, 18 Jun 2021 09:57:04 +0000 https://kurir.mk/?p=525085

Авион на британската компанија Бритиш Ервејс доживеа несреќа на аеродромот Хитроу кога предниот дел на леталото паднало на пистата. На објавените фотографии се гледа дека авионот Dreamliner 787 со предниот дел е на земја, додека покрај него има скали. Итните служби веднаш се упатиле на местото, но засега не е познато колкава е штетата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nesrekja-na-aerodromot-vo-london-itnite-sluzbi-na-teren/feed/ 0
Патничкиот сообраќај на лондонскиот аеродром Хитроу опадна за 73 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnichkiot-soobrakjaj-na-londonskiot-aerodrom-hitrou-opadna-za-73-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnichkiot-soobrakjaj-na-londonskiot-aerodrom-hitrou-opadna-za-73-procenti/#respond Mon, 11 Jan 2021 13:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=453824

Најпрометниот британски аеродром „Хитроу“ забележа пад од 73 отсто во бројот на патници во 2020 година поради ограничувачките мерки воведени за борба против пандемијата на Ковид-19. Според денешното соопштение на овој лондонски аеродром, годишниот обем на товарниот сообраќај исто така падна за 28 проценти, бидејќи намалувањето на бројот на летови на патнички авиони истовремено го намали расположивиот простор за превоз на стока. „Хитроу“ соопшти дека бројот на патници е намален за 83 проценти во декември минатата година, откако многу земји ја „спуштија рампата“ на летовите од и кон Велика Британија поради избувнувањето на нов вид коронавирус, што принуди милиони патници да ги откажат плановите. Како што е наведено, на тој начин, „Хитроу“ заврши една мрачна година, во октомври ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа, препуштајќи ја „круната“ на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnichkiot-soobrakjaj-na-londonskiot-aerodrom-hitrou-opadna-za-73-procenti/feed/ 0
Пад од 97 отсто на патниците на аеродромот „Хитроу“ во април https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-od-97-otsto-na-patnicite-na-aerodromot-hitrou-vo-april/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-od-97-otsto-na-patnicite-na-aerodromot-hitrou-vo-april/#respond Fri, 01 May 2020 07:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=340223

Аеродром Хитроу, најголемиот аеродром во Европа, соопшти денеска дека очекува бројот на патници во април да е намален за речиси 97 проценти. Очекувањата им се дека бројот ќе остане мал бидејќи Владата спроведува мерки за борба против ширењето на новиот коронавирус. Приходите за првиот квартал се намалија за 12,7 проценти на 593 милиони фунти (745 милиони американски долари), оперативната добивка падна за 22,4 проценти на 315 милиони фунти. Хитроу соопшти дека има 3,2 милијарди фунти, што му овозможуваат да го задржи својот бизнис барем уште 12 месеци дури и без патници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-od-97-otsto-na-patnicite-na-aerodromot-hitrou-vo-april/feed/ 0
Избегната катастрофа: Авион во Лондон поради бурата се одби од пистата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbegnata-katastrofa-avion-vo-london-poradi-burata-se-odbi-od-pistata-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbegnata-katastrofa-avion-vo-london-poradi-burata-se-odbi-od-pistata-video/#respond Fri, 08 Feb 2019 18:25:40 +0000 https://kurir.mk/?p=161746

Бурата „Ерик“ ја погоди Велика Британија при што ветровите се со брзина поголема од 110 км/час. Една жена загина откако врз неа се урна дрво. Бурата создава големи проблеми во сообраќајот особено во воздушниот. Британски медиуми објавија снимка од авион што морал принудно да слета на писта на аеродромот Хитроу. Но, во тоа не успеал. Авион на Бритиш ервејз се спуштил на пистата, но од неа само се одбил. Како што се гледа на снимките условите се исклучително тешки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbegnata-katastrofa-avion-vo-london-poradi-burata-se-odbi-od-pistata-video/feed/ 0
Аеродромот „Хитроу“ отворен за сообраќај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-hitrou-otvoren-za-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-hitrou-otvoren-za-soobrakjaj/#respond Wed, 09 Jan 2019 10:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=149968

Полетувањата на авиони од аеродромот „Хитроу“ во Лондон од синоќа се обновени откако претходно беа прекинати, бидејќи во близина бил забележан дрон. Летовите беа обновени 90 минути откако лондонската полиција примила извештај дека во близина на аеродромот е забележан дрон. Врз основа на стандардните процедури и во соработка со контролата на воздушниот сообраќај и полицијата, ги обновиме летовите од аеродромот „Хитроу“ по краток прекин, се наведува во соопштението на лондонскиот аеродром. Се напоменува дека, полицијата не потврдила дека дрон летал во близина на најголемиот европски аеродром. Лондонскиот аеродром „Гетвик“ во декември беше затворен поради дронови кои летаа над пистата. Тогаш, во периодот на празници, десетина илјади патници беа „заглавени“ на аеродромот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-hitrou-otvoren-za-soobrakjaj/feed/ 0
Запленети 50 крокодили на аеродром https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneti-50-krokodili-na-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneti-50-krokodili-na-aerodrom/#respond Sat, 05 May 2018 07:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=50121

Педесет крокодили биле запленети на аеродромот Хитроу во Лондон поради бидејќи нивните транспортни услови ги прекршиле регулациите. Рептилите на возраст од една година, кои пристигнале на лет од Малезија се бореле еден со друг за време летот поради тесниот простор во кој биле сместени. Секоја од петте кутии биле наменети за четири крокодили, но во нив имало по 10 рептили.

Еден од нив загинал за време на летот. Животните требало да пристигнат на фарма во Кембриџшајр, каде што требало да се размножуваат заради месо, но сега за нив ќе водат грижа службениците од Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови. Преостанатите 49 крокодили повторно ќе бидат вдомени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneti-50-krokodili-na-aerodrom/feed/ 0
Снежно невреме во Британија, откажани 115 летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezno-nevreme-vo-britanija-otkazani-115-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezno-nevreme-vo-britanija-otkazani-115-letovi/#respond Sat, 17 Mar 2018 16:09:28 +0000 http://kurir.mk/?p=30805

Повеќе од 115 летови, кои пристигнуваат и полетуваат од лондонскиот аеродром „Хитроу“, денеска се откажани поради лошите временски услови во Велика Британија. Поради невремето се откажани и спортските настани кои се предвидени за викендот. Откажаните летови се главно дестинации на кратка релација, но истата мерка се однесува и за авио-врските со Њујорк и Чикаго, соопшти портпарол на аеродромот. Метеоролошката служба на Велика Британија објави портокалово предупредување за снежни врнежи во повеќе реони на Англија денеска од 16 часот по средноевропско време до утре во девет часот. За поголемиот дел од британската територија е објавено жолто предупредување за појава на силни ветрови, снег и студ во текот на викендот, а температурата се очекува да достигне и до минус осум степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezno-nevreme-vo-britanija-otkazani-115-letovi/feed/ 0