хив сида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 12:07:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хив сида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Албанија зголемен бројот на заразени со ХИВ/СИДА, само во еден месец заразени осум лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zgolemen-brojot-na-zarazeni-so-hiv-sida-samo-vo-eden-mesets-zarazeni-osum-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zgolemen-brojot-na-zarazeni-so-hiv-sida-samo-vo-eden-mesets-zarazeni-osum-litsa/#respond Tue, 02 May 2023 12:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=829704

Според официјалниот извештај на Заводот за јавно здравје на Албанија, во првиот квартал од годинава и тоа само во период од еден месец потврдени се осум нови случаи со ХИВ/СИДА, од нив петмина мажи и три жени. Петмина од заразените се од Тирана, двајца од Елбасан и еден од Берат. - Оваа полово пренослива болест од година во година продолжува да го зголемува бројот на заразени. Во повеќето случаи, заразени се млади луѓе. Во однос на возраста, еден случај припаѓа на возрасната група од 16-24 години, три случаи од 25-34 години, еден случај од 35-44 години и три случаи припаѓаат на возрасната група од 45-54 години. Сакам да ја изразам нашата загриженост дека повеќето од заразените доаѓаат во стадиум на СИДА, вели Невала Круемади, инфектолог. Во земјата функционираат 14 советодавни центри и има доброволно бесплатно тестирање, како форма на превенција, но, според надлежните лицата се тестираат кога болеста веќе е во повисок стадиум. Во моментов во Албанија, 780 возрасни и 12 деца со ХИВ се вклучени во шемата за лекување. Едно од децата, сега на двегодишна возраст, според тврдењето на родителите, кои биле негативни на тестот, било заразено како бебе во 2021 година, при добивање здравствена услуга, поради што покренале и судски процес. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во текот на 2022 година се идентификувани 80 нови случаи на ХИВ-СИДА. Најголем број на дијагностицирани случаи дури 61 се од машкиот пол. Како последица на болеста починале 11 лица, од кои пет биле дијагностицирани истата година. Најпогодени се тинејџерите и младите. Возрасната група е намалена, има под 20-годишна возраст, при што има пациенти на 14 или 15 годишна возраст и со генитални инфекции и со ХИВ/СИДА. Првиот случај на заразен од ХИВ/СИДА во Албанија е регистриран во 1993 година, од кога официјалната бројка на заразени е над 1.100, но се верува дека тој број е многу повисок. Од оваа болест до сега починале околу 200 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-zgolemen-brojot-na-zarazeni-so-hiv-sida-samo-vo-eden-mesets-zarazeni-osum-litsa/feed/ 0
Нови 42 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-42-sluchai-na-hiv-sida-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-42-sluchai-na-hiv-sida-vo-makedonija/#respond Wed, 01 Dec 2021 18:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=602665

Кај 37 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи што имаат секс со мажи, а 5 лица се изјасниле како хетеросексуалци, објавува Институтот за јавно здравје во најновиот извештај по повод 1 декември – Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА. Најмладите заразени се на возраст од 20 до 24 години, а најмногу (13 случаи) се помеѓу 35 и 39 години. Најмногу регистрирани со ХИВ/СИДА се во Скопје – 17 лица, четворица во Битола и по тројца во Прилеп, Штип, Велес и Струмица Во текот на 2021 година до 30 ноември регистрирани се вкупно 42 нови лица со потврдена ХИВ/СИДА-инфекција, а четворица ја изгубиле битката со оваа сериозна болест. Како што покажува извештајот на Институтот за јавно здравје сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 37 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи што имаат секс со мажи, а 5 лица се изјасниле како хетеросексуалци. Извештајот на ИЈЗ е изготвен по повод 1 декември – Светски ден за борба против ХИВ/СИДА, кој годинава брои 40 години од прводијагностицираниот случај во светот. -Најмладите заразени се на возраст од 20 до 24 години, а најмногу (13 случаи) се помеѓу 35 и 39 години. Две лица со ХИВ се во возрасната групата 50 до 54 години, а во возрасната група од 20 до 24 години има три лица – стои во извештајот на Институтот. Според нив, најмногу регистрирани со ХИВ/СИДА се во Скопје – 17 лица, четворица во Битола и по тројца во Прилеп, Штип, Велес и Струмица. Нови случаи со оваа инфекција има и тоа двајца во Кавадарци и Тетово и по еден случај има во Демир Капија, Гевгелија, Гостивар, Кратово, Куманово и Охрид. Здравствените власти велат дека и покрај пандемијата пациентите ја имаат потребаната терапија, како и постојана достапност на тимот кој дава медицинска и психосоцијална поддршка. Во услови на ковид-19 се остварува зачестена телефонска комуникација со пациентите, особено со оние кои неодамна се вклучиле во лекувањето. -Оваа година, поради пандемијата со ковид-19, целата програма се спроведува во вонредна состојба која директно влијае во обемот на работата што ја спроведуваат организациите, но сепак, се постигнати значајни резултати – вели министерот за здравство Венко Филипче. Според Андреј Сених, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“, годишно во просек во земјава се дијагностицираат 45 случаи на ХИВ. -Вкупниот проценет број лица со ХИВ би можел да се движи во опсег од 437 до 575 лица, додека бројот на тие кои не биле свесни за својот ХИВ статус би можел да изнесува меѓу 105 до 243 лица. Од проценети 500 лица со ХИВ на крајот на 2020 година биле дијагностицирани 332 лица, односно 66 проценти. Околу 330 пациенти моментално примаат терапија на Клиниката за инфективни болест – информира Сених. Тој појаснува дека во изминатите пет години од вкупно 225 регистрирани нови инфекции речиси половина или 48 проценти биле доцна дијагностицирани, а една петтина биле дијагностицирани во многу напреден стадиум на ХИВ инфекцијата. -До крајот на 2020 година вкупно 112 лица се регистрирани како починати. Обично има од еден до два или три случаи на смрт во годината. Минатата година имаше повеќе, а тоа се должи на доцна откриена ХИВ инфекција – укажува Сених. Светската статистика покажува дека возрасни и деца кои живеат со ХИВ во светот се 37 милиони и 700.000 лица во 2020 година, а новоинфицирани со ХИВ се 1,5 милиони лица. Според сознанијата на СЗО, ХИВ останува главен проблем на јавното здравје кој погодува повеќе од 2 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО. Хронолошки во јуни 1981 година американските лекари првпат ја детектираа инфекцијата која ги погодува младите, хомосексуални мажи. Брзо потоа ХИВ/СИДА стана најсмртоносна пандемија во поновата светска историја. Досега за сидата не е пронајдена вакцина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-42-sluchai-na-hiv-sida-vo-makedonija/feed/ 0
Мицкоски со писмо до Здружението “ХОПС – Опции за здрав живот“ по повод светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-pismo-do-zdruzenieto-hops-opcii-za-zdrav-zivot-po-povod-svetskiot-den-za-borba-protiv-hiv-sida/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-pismo-do-zdruzenieto-hops-opcii-za-zdrav-zivot-po-povod-svetskiot-den-za-borba-protiv-hiv-sida/#respond Tue, 01 Dec 2020 18:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=437141

Во моменти кога вниманието на целиот свет е насочено кон борбата против пандемијата и кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19, не смееме ниту за миг да заборавиме и на другите заболувања, со кои се соочуваме и се закана за нашето здравје и здравјето на сите наши сограѓани. Посебно не, доколку станува збор за заболувања кои најмногу ја таргетираат младата популација, како што е во случајот со ХИВ вирусот и СИДА. Во таа насока, на Светскиот ден за Борба против СИДА, 1 декември, на кој сите ние се обединуваме во борбата против ова заболување, даваме поддршка на сите заболени со ХИВ и им оддаваме почит на сите кои починале од заболувања поврзани со СИДА. Истовремено, би сакале Вам и на Вашата граѓанска организација, да ви изразиме длабока почит за вашата хуманитарна работа во насока на превенција на ова заболување помеѓу граѓаните, пишува Мицкоски во своето писмо испратено до Здружението ХОПС – Опции за здрав живот. ВМРО-ДПМНЕ со голем интерес и во континуитет ја следи работата на Вашата организација и изразува поддршка на Вашите заложби, здравствениот и социјалниот пристап кон лицата заболени од СИДА и ХИВ-позитивните да биде на највисоко можно ниво, по примерот на најразвиените демократски држави. Како партија имаме целосно разбирање за оваа група на наши сограѓани и вистински сочувствуваме со нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат секојдневно. Воедно сме свесни за недостатоците на нашиот здравствен систем, неажурноста на државните институции, како и стереотипниот и осудувачки поглед на одреден дел од општеството, пишува понатаму во писмото Мицкоски.. Во оваа прилика би сакале да ја реафирмираме нашата поддршка и желба за соработка за се она што го работите, со верба дека во иднина многу од вашите напори ќе придонесат за квалитетни решенија во рамките на интегриран институционален пристап кон лицата заболени од СИДА и ХИВ-позитивните. ВМРО-ДПМНЕ е партија која е доследна на својот систем на вредности и затоа и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на нашите сограѓани заболени од СИДА и ХИВ-позитивните, преку создавање на перспектива во рамките на едно современо инклузивно општество каде чувството на емпатија и взаемната помош и соработка се составен дел од нашата култура, пишува меѓудругото во писмото со поддрша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-pismo-do-zdruzenieto-hops-opcii-za-zdrav-zivot-po-povod-svetskiot-den-za-borba-protiv-hiv-sida/feed/ 0
ОН: Повеќе од половина милион заразени со ХИВ може да починат во субсахарска Африка поради кризата со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekje-od-polovina-milion-zarazeni-so-hiv-moze-da-pochinat-vo-subsaharska-afrika-poradi-krizata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekje-od-polovina-milion-zarazeni-so-hiv-moze-da-pochinat-vo-subsaharska-afrika-poradi-krizata-so-kovid-19/#respond Mon, 11 May 2020 20:05:11 +0000 https://kurir.mk/?p=344760

Повеќе од половина милион луѓе во субсахарска Африка би можеле да умрат од болести поврзани со вирусот на Сида оваа година и следната, како резултат на здравствените проблеми што ги наруши пандемијата на новиот коронавирус, предупредуваат денеска агенциите на ОН. Светска здравствена организација и Програмата на ОН за борба со ХИВ/СИДА нагласуваат дека испораките за лековите за таклви пациенти (заболени од Сида) ќе бидат прекинати до шест месеци. Во Камерун има проблеми со доставувањето лекови, во Боцвана веќе нема залихи. Во ДР Конго здравствени работници не можат да ја вршат својата работа заради изолации. Има информации дека лица со ХИВ не можат или не сакаат да отидат до клиники поради ограничувања или страв од Ковид-19, предупредуваат од ОН. Во околу 10 држави од субсахарска Африка програмите за превенција од ХИВ не работат нормално. Во 2018 година околу 470.000 луѓе починаа од Сида во држави јужно од Сахара каде се 61 отсто од смртните случаи од Сида во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-povekje-od-polovina-milion-zarazeni-so-hiv-moze-da-pochinat-vo-subsaharska-afrika-poradi-krizata-so-kovid-19/feed/ 0
Научници сметаат дека се блиску до пронаоѓање лек за ХИВ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-smetaat-deka-se-blisku-do-pronaogjanje-lek-za-hiv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-smetaat-deka-se-blisku-do-pronaogjanje-lek-za-hiv/#respond Mon, 18 Jun 2018 11:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=67095

Институтот за СИДА при Универзитетот на Хонг Конг соопштија дека се близу до пронаоѓање „функционален лек" за ХИВ вирусот што го предизвикува синдромот на намален имунитет СИДА. Станува збор за ново антитело кое би се користело и за превенција и за лекување на болеста. Истражувањето предводено од професорот Чен Зивеи, е спроведено во период кога Кина се соочува со поинтензивно ширење на СИДА-та меѓу високоризичните групи. - Сега, луѓето заразени со ХИВ, можат да го држат вирусот под контрола со антиретровирусни лекови што го спречуваат да зарази нови ќелии.  Но, тие мораат да се примаат секој ден и не ги лекуваат веќе заразените ткива. Новото антитело има значајно подолго траење од постојните лекови и ќе може да се прима на три месеци. Новооткриеното биспецифично антитело делува против сите верзии на ХИВ вирусот, истакнува професорот. Според податоци од Обединетите нации, речиси 850.000 Кинези се заразени со ХИВ. Научниците очекуваат експерименталната фаза да трае три до пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-smetaat-deka-se-blisku-do-pronaogjanje-lek-za-hiv/feed/ 0