Хокенхајм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jul 2018 07:34:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хокенхајм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хамилтон се спаси од казна на „Хокенхајм“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-se-spasi-od-kazna-na-hokenhajm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-se-spasi-od-kazna-na-hokenhajm/#respond Mon, 23 Jul 2018 07:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=79840

Победникот на вчерашната Голема награда за Германија, Луис Хамилтон се спаси од казна поради која можеше да ја загуби победата. Пилотот на Мерцедес ја освои трката на „Хокенхајм“ откако стартуваше од 14-тото место. Благодарение на комбинација од правилна стратегија, дожд и грешка на Фетел, Британецот повторно стана лидер во најнеизвесниот шампионат за последните неколку години. Хамилтон беше под истрага неколку часа по завршувањето на трката поради откажувањето да влезе во боксот во последен момент и враќањето на патеката. Пилотот се движеше по патеката кон боксот кога нагло заврте во тревата и излезе назад на трасата. Ваквата акција обично се казнува со одземање на време. Во конкретниот случај, сепак, четирикратниот светски шампион се извлече без казна, бидејќи стјуардите ги земале предвид хаотичните околности во оваа фаза од трката. Во одлуката се наведува дека е земена предвид масовната конфузија во екипата дали Хамилтон треба да влезе или да остане на патеката. Натпреварувачот и тимот ја признаа својата грешка, но прекршокот кој е извршен за време на движење зад автомобилот за безбедност, не доведе до никакви опасни последици за никого, и не е создадена опасност. - Сум бил многу пати кај стјуардите, иако одамна не ми се случило. Бев целосно искрен со нив. Тие навистина сфатија колку збркано беше се, изјави Хамилтон. Пред последната трка до летната пауза оваа недела во Унгарија, Хамилтон води во шампионатот со 17 бода пред Себастијан Фетел. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-se-spasi-od-kazna-na-hokenhajm/feed/ 0
Рикардо го постави темпото на првиот тренинг во „Хокенхајм“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-go-postavi-tempoto-na-prviot-trening-vo-hokenhajm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-go-postavi-tempoto-na-prviot-trening-vo-hokenhajm/#respond Fri, 20 Jul 2018 12:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=79132

Даниел Рикардо го забележа најбрзиот круг во првиот петочен тренинг пред Големата награда на Германија во „Хокенхајм“. На само четири илијадити делови од секундата зад него остана шампионот Луис Хамилтон. Вториот ред Бул на Макс Верстапен се нареди трети, а лидерот во генералниот пласман, Себастијан Фетел забележа четврто време. Валтери Ботас (Мерцедес) и Кими Раиконен (Ферари) ги затворија топ 6. Во првата слободна сесија во Германија, Маркус Ериксон од Заубер беше заменет од Антонио Џовинаци, а пак Естебан Окон - од Николас Латифи во Форс Индија. И двајцата беа едни од првите кои излегоа на патеката, но завршија на дното, со големо заостанување од своите колеги. Пилотите на Мекларен, исто така, немаа добри перформанси, па дури и забележаа минимален број кругови поради нејасна причина. Едвај во завршните минути на сесијата, Алонсо и Вандорон направија брзи обиколки. Остави впечаток дека сите болиди, чиј снабдувач на мотори е Ферари, најдоа место во топ 10. Тоа потврдува дека Италијанците веќе го имаат најсилниот мотор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-go-postavi-tempoto-na-prviot-trening-vo-hokenhajm/feed/ 0
Германија останува без трка во Формула 1 во 2019 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/germanija-ostanuva-bez-trka-vo-formula-1-vo-2019-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/germanija-ostanuva-bez-trka-vo-formula-1-vo-2019-godina/#respond Wed, 27 Jun 2018 14:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=70397

Германија нема да организира трка од календарот на Формула 1 во 2019 година. Ова го најавија сопствениците на пистата „Хокенхајм“. Причината за одлуката е несогласување меѓу сопствениците и шефовите на Формула 1 за финансиските параметри на договорот за одржување натпреварување. Во 2015 и 2017 година, во Германија повторно не се одржуваа трки поради финансиски несогласувања. Овогодинешната трката за Големата награда на Германија ќе се одржи на 22 јули. Местото на трката во Германија во календарот следната година ќе го преземе Мајами со второ натпреварување во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/germanija-ostanuva-bez-trka-vo-formula-1-vo-2019-godina/feed/ 0