холандска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Jun 2022 13:49:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png холандска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Холандската Влада им се извини на воените ветерани кои беа во Сребреница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-im-se-izvini-na-voenite-veterani-koi-bea-vo-srebrenica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-im-se-izvini-na-voenite-veterani-koi-bea-vo-srebrenica/#respond Sun, 19 Jun 2022 13:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=692825

Холандската Влада им се извини на илјадници свои поранешни војници испратени да ја бранат Сребреница за време на војната во Босна. Премиерот на Холандија Марк Руте вчера изјави дека војниците не биле опремени за да го спречат масакрот и дека им била дадена „невозможна задача“. Во јули 1995 година, околу 8.000 бошњачки мажи беа масакрирани од страна на силите на босанските Срби, пишува денеска Би-Би-Си на српски јазик. Во претходните години, холандските власти инсистираа дека Обединетите нации се виновни што не обезбедиле воздушна поддршка. Но, зборувајќи со воените ветерани во база во централна Холандија, премиерот Руте ги прифати нивните тврдења дека имале проблеми затоа што „нивниот мандат, нивната опрема и воената поддршка за време на мисијата биле несоодветни“ и тоа го оневозможи извршувањето на задачата. – Денеска се извинувам во име на холандската Влада на сите жени и мажи од Третиот баталјон. Ви се извинувам на сите вас овде, како и на оние кои не се денес овде, им рече Руте на ветераните. – Со најголема можна почит и уважување за начинот на кој баталјонот продолжи да се труди да ја направи вистинската работа, во многу тешки околности, дури и кога тоа веќе навистина не беше можно, посочи премиерот. Во јули 1995 година, илјадници Бошњаци избегаа во Сребреница, која беше безбедносна зона на ОН. Баталјон холандски војници со лесно оружје го бранеше градот и не можеа да се спротивстават на напредувањето на војската на Република Српска. Откако ги принуди холандските сили да се предадат, војската на босанските Срби, под контрола на генералот Ратко Младиќ, ги раздвои мажите и момчињата на возраст од 12 до 77 години поради, како што рекоа тогаш, „испитувања“. Во текот на следните пет дена, тие беа егзекутирани и закопани во масовни гробници. Државата Србија негираше дека убиствата биле дел од планот за геноцид, но прифати дека е извршено злосторство. Извинувањето на Руте дојде една година по објавувањето на извештајот кој содржи препораки за тоа како да се поддржат членовите на баталјоните кои се борат со посттрауматско стресно нарушување. Во 2019 година, холандскиот Врховен суд пресуди дека Холандија е делумно одговорна за смртта на околу 350 мажи во масакрот во Сребреница, бидејќи тие мажи биле префрлени од нивната база и покрај тоа што знаеле дека се во сериозна опасност да бидат мачени или убиени од српските сили. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-im-se-izvini-na-voenite-veterani-koi-bea-vo-srebrenica/feed/ 0
Прекинати разговорите за нова холандска Влада по вториот случај на Ковид-19 меѓу преговарачите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinati-razgovorite-za-nova-holandska-vlada-po-vtoriot-sluchaj-na-kovid-19-megju-pregovarachite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinati-razgovorite-za-nova-holandska-vlada-po-vtoriot-sluchaj-na-kovid-19-megju-pregovarachite/#respond Thu, 25 Mar 2021 12:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=487583

Портпаролот на холанската Влада во Хаг, соопшти дека денеска се прекинати коалициските преговори за формирање на новата влада, откако вториот член на актуелната администрација излезе позитивен на тестирањето за коронавирус. Министерот за внатрешни работи, Кајса Олонгрен, еден од водачите на разговорите, е последниот член на владата со позитивен тест на Ковид-19. Претходно беше утврдено дека и државен секретар се разболел од коронавирус, по што целата влада беше подложена на тестирање. -Премиерот Марк Руте е негативен на тестот, потенцираше владиниот портпарол. Руте бара партнери за формирање нова влада, откако на минатонеделните парламентарни избори неговата десноцентристичка Народна партија за слобода и демократија освои мнозинство, отворајќи го патот за неговиот четврти мандат како премиер. „Либералните демократи 66“ се најдоа на второто место , по што двете партии денеска требаше да почнат преговори за формирање можна коалиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinati-razgovorite-za-nova-holandska-vlada-po-vtoriot-sluchaj-na-kovid-19-megju-pregovarachite/feed/ 0
Холандската Влада разгледува поднесување колективна оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-razgleduva-podnesuvanje-kolektivna-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-razgleduva-podnesuvanje-kolektivna-ostavka/#respond Thu, 14 Jan 2021 14:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=455342

Холандската Влада на премиерот Марк Руте размислува колективно да поднесе оставка поради извештај во кој се обвинува за лошо управување со субвенциите за згрижување деца, кои илјадници семејства ги втурнаа во финансиска пропаст, инсистирајќи на тоа дека целосно ќе управува со ситуацијата Ковид-19, дури и ако ќе работи во статус на техничка влада. Парламентарната истрага заклучи минатиот месец дека е направена невидена неправда кон невини семејства, кои беа принудени да вратат десетици илјади евра субвенции, што доведе до невработеност, банкрот или развод. Руте, кој е на функција од 2010 година, на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела измината деценија, е срамота. Околу 10.000 семејства добија компензација во износ од најмалку 30.000 евра. Семејствата оваа недела поднесоа обвиненија против петмина политичари, вклучувајќи ги министерот за финансии Вопке Хоекстра и министерот за економија Ерик Вибес, за нивната улога во лошото управување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskata-vlada-razgleduva-podnesuvanje-kolektivna-ostavka/feed/ 0