холидеј ин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Mar 2022 13:35:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png холидеј ин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се „шминкала“ градбата спроти „Холидеј Ин“ иако тече постапка во Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-shminkala-gradbata-sproti-holidej-in-iako-teche-postapka-vo-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-shminkala-gradbata-sproti-holidej-in-iako-teche-postapka-vo-obvinitelstvoto/#respond Sat, 05 Mar 2022 13:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=641540

Општина Центар одобрила нов идеен проект за објектот спроти „Холидеј Ин“ иако Јавното обвинителството сè уште води предистражна постапка за овој случај. На овој простор е планирана изградба на висококатници според детален урбанистички план (ДУП) што неколкукратно ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план (ГУП). Архитекти бараат суспензија на планот за да се корегираат недостатоците, анализира СамоПрашај.мк. Општината сега е со став дека такво нешто може да и‘ нанесе финансиска штета на локалната самоуправа. „По анализа на законските одредби со кои е предвидена суспензија на урбанистички планови, утврдено е дека таквата „алатка“ ја поставува Општината во позиција на неизвесност во однос на исходот од процесот и неможност за проценка колку ќе ја чини таквиот чекор, бидејќи Законот за урбанистичко планирање општо предвидува дека Општината би ги плаќала евентуалните штети коишто ќе настанат од неспроведување на планот за време од неговата суспензија доколку не се донесе нов план во предвидениот рок, кој што е реално премногу кус. Не е пропишана методологија за проценката на штети од неспроведување на план“, велат од Општина Центар.

Тула по тула, цела кула

Случајот „Холидеј Ин“ ја покажа целата немоќ на институциите да ги почитуваат правилата на игра. Напротив, очигледно е дека правилата се менуваат за да се задоволат градежните апетити, а притоа не се води сметка дали се почитуваат документите коишто ги донеле самите институции. Па така, сега на дело се спроведува ДУП што за 8,8 пати ги надминува параметрите во однос на површината за домување и бројот на жители определени со актуелниот ГУП на Град Скопје. Случајот „Холидеј ин“ покажа и колку лесно и евтино институциите го отуѓуваат државниот имот, откако Министерството за транспорт и врски, тогаш предводено од Горан Сугарески го продаде земјиштето за само 312 евра за квадратен метар, иако се работи за исклучително атрактивна локација и за простор за којшто доколку се почитуваше мислењето на стручната фела, ќе се распишеше јавен конкурс за да се стигне до најдоброто решение. Целата вест прочитајте ја на СамоПрашај.мк.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-shminkala-gradbata-sproti-holidej-in-iako-teche-postapka-vo-obvinitelstvoto/feed/ 0
Пожар во хотел во центарот на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-hotel-vo-centarot-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-hotel-vo-centarot-na-skopje/#respond Thu, 05 Aug 2021 12:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=546696

Помал пожар попладнево избувна во хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје. Пожарнот е изгаснат по брзата интевенција на пожарникарите, кои со три возила за неколку минути пристигнаа кај хотелот. Како што информираат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), опжарен е градежен отпад од хотелот, кој е во фаза на реновирање и нема гости. Пријава за пожар поладнево е пристигната и за локација во близина на касарната во Ѓорче Петров, каде е упатена една противпожартна екипа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-hotel-vo-centarot-na-skopje/feed/ 0
Стојаноски: Шилегов да каже дали зад одобрувањето на изградбата на висококатниците кај Холидеј Ин се крие поддршката на Заев за втор мандат? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-shilegov-da-kaze-dali-zad-odobruvanjeto-na-izgradbata-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-se-krie-poddrshkata-na-zaev-za-vtor-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-shilegov-da-kaze-dali-zad-odobruvanjeto-na-izgradbata-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-se-krie-poddrshkata-na-zaev-za-vtor-mandat/#respond Mon, 19 Jul 2021 11:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=538718

Со месеци институциите Општина Центар, Град Скопје и министерството за транспорт и врски молчат и не реагираат во однос на висококатниците кои треба да никнат тука на над 13.000 м2. Наместо да ги послушаат граѓаните, институциите водени од Шилегов, Богдановиќ и Бочварски си ја префрлаат вината. Шилегов и Богдановиќ пред да дојдат на власт ветуваа ревидирање на сите детални урбанистички планови, воведуваа лажни мораториуми, за на крај да извршат невидена бетонизација на центарот на градот, во непосредна близина на реката Вардар, изјави на денешната прес конференција, Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека не само што СДСМ и институциите водени од нивни кадри ја одмолчуваат бетонизацијата на Центар, туку и директно ја овозможија. - Имено од 4.000 м2 површина која ја имале првично купено инвеститорите, СДСМ овозможи да докупат уште 9.000 м2 и тоа градежната парцела да го опфати буквално целиот регион на Ново Маало. Иако лажеа дека нема да дозволат бетонизација, на крај и Општина Центар и Град Скопје ги издадоа сите потребни дозволи за градба. Бетонизацијата е спроведувана директно од Шилегов, кој сега од Заев е награден со кандидатура за втор мандат за градоначалник на Град Скопје. Покрај тоа што Шилегов е неспособен како Заев, и спроведува тендери каде фирмите добитници книжат двојно повеќе пари од тоа што за истите работи плаќаат други општини и градови во регионот, дали Шилегов си ја заработил втората кандидатура со одобрување на висококатниците спроти Холидеј Ин, праша Стојаноски. Тој го повика Шилегов да излезе и да каже, дали зад одмолчувањето и одобрување на градбата на висококатниците кај Холидеј Ин се крие поддршката за втората кандидатура од СДСМ? За чии интереси работи Петре Шилегов? - Време е за отвореност и транспарентност. Шилегов да одговори, неговата работа треба да биде пред се за граѓаните. Но тој не успеа да се издигне над партијата. Време е тој да си замине, а со него и сите лажни ветувања и неработа. Време е за Македонија за сите луѓе, додаде Стојаноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-shilegov-da-kaze-dali-zad-odobruvanjeto-na-izgradbata-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-se-krie-poddrshkata-na-zaev-za-vtor-mandat/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголеми парцелата за облакодери кај Холидеј Ин за четири пати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-ja-zgolemi-parcelata-za-oblakoderi-kaj-holidej-in-za-chetiri-pati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-ja-zgolemi-parcelata-za-oblakoderi-kaj-holidej-in-za-chetiri-pati/#respond Wed, 14 Jul 2021 06:53:00 +0000 https://kurir.mk/?p=536395

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ ја зголеми парцелата за облакодери кај Холидеј Ин за 4 пати, од 4.000 м2 да стане 13.000 м2. -Првичниот плац за облакодерите беше 4.000 м2, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13.000 метри квадратни. Тоа се двојните аршини на СДСМ за Центар, пред народ зборуваат за паркови, а во позадина окрупнуваат парцели за бетонизација. Од 4.000 м2 површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ допродаде уште 9.000 м2 државно земјиште за да може бетонизацијата да го проголта овој дел од Центар, посочуваат од партијата. Богдановиќ, Шилегов и Заев не ја спречуваат бетонизацијата, тие само си ја префрлаат топката. И тројцата работат на штета на Скопје. Со Богдановиќ, Шилегов и Заев Скопје тоне. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-ja-zgolemi-parcelata-za-oblakoderi-kaj-holidej-in-za-chetiri-pati/feed/ 0
Богдановиќ потпиша дозвола: Ќе почне да се гради првата висококатница кај Холидеј Ин https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bogdanovikj-potpisha-dozvola-kje-pochne-da-se-gradi-prvata-visokokatnica-kaj-holidej-in/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bogdanovikj-potpisha-dozvola-kje-pochne-da-se-gradi-prvata-visokokatnica-kaj-holidej-in/#respond Thu, 08 Jul 2021 15:53:56 +0000 https://kurir.mk/?p=534061

Фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) можат да почнат со градење на првата од трите кули кај „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје. Барањето за добивање градежна дозвола е станато правосилно, односно потпишана е градежна дозвола од градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и сега инвеститорите немаат никакви пречки да почнат со градба. Градоначалникот Саша Богдановиќ за „Сакам да кажам“ потврдува дека нема никакви пречки да се почне со градба кај „Холидеј ин“. -Нема жалби по однос на барањето за градењето за кое се платени комуналиите. Откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел, не постојат никакви пречки да се гради и барањето за градба стана правосилно, вели градоначалникот Богдановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bogdanovikj-potpisha-dozvola-kje-pochne-da-se-gradi-prvata-visokokatnica-kaj-holidej-in/feed/ 0
Трајановски: СДСМ е главниот виновник за градбата кај Холидеј Ин, граѓаните треба да одлучат дали треба таму да се гради https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-sdsm-e-glavniot-vinovnik-za-gradbata-kaj-holidej-in-gragjanite-treba-da-odluchat-dali-treba-tamu-da-se-gradi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-sdsm-e-glavniot-vinovnik-za-gradbata-kaj-holidej-in-gragjanite-treba-da-odluchat-dali-treba-tamu-da-se-gradi/#respond Tue, 27 Apr 2021 18:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=502923

Морам да ви кажам дека кога во 2013 година Општина Центар ја доби СДСМ, а особено 2017-тата година тие им ветуваа на граѓаните дека ќе ја стопираат градбата во Центар особено на големите објекти, ќе направат мораториум и ќе ги променат ДУП-овите. Што направија од тоа? Стопираа делимично, мораториум направија на одредени проекти, меѓутоа мораториум согласно на сите законски прописи тие требаа да направат измена и на ДУП-овите, но тие направиј онака како што тие сметаа дека треба да биде уредено“, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија. Трајановски додаде дека СДСМ му го зема корисничкото право на ПУИК за стопанисување на пакингот пред Холидеј Ин. -Му го земаа корисничкото право, му дадоа извод од ДУП на инвеститорот, му дадоа да го дооформи земјиштето. Само извод од ДУП не знам дали е во мораториумот или после моратороим. Тоа мора после да си вида службите. Му дадоа да го дооформи земјиштето, и кога Уставен суд го укина ова, огромна документација однесоа во Центар и за многу брзо време Центар оваа документација ја прегледа, и ја даде на Градот Скопје за да се пресметат комуналии и да се издаде градежна дозвола, рече Трајановски. Трајановски посочи дека и тој се прашува кој кого лаже. Дали кога беа на изборит и рекоа дека нема да има градби или сега кога им велат на граѓаните па ќе се види, па мораториум е. -Јас сметам дека треба граѓаните да се прашаат, да се има јавна расправа, граѓаните да одлучат што треба таму да има, нагласи Трајановски. Трајановски укажа дека има различни форми на кои граѓаните можат да бидат консултирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-sdsm-e-glavniot-vinovnik-za-gradbata-kaj-holidej-in-gragjanite-treba-da-odluchat-dali-treba-tamu-da-se-gradi/feed/ 0
Асоцијација на архитекти бара да се почитува генералниот урбанистички план и јавниот интерес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-bara-da-se-pochituva-generalniot-urbanistichki-plan-i-javniot-interes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-bara-da-se-pochituva-generalniot-urbanistichki-plan-i-javniot-interes/#respond Tue, 20 Apr 2021 11:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=499785

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти како дел од Асоцијацијата денеска соопштија дека внимателно ги следат дискусиите во врска со парцелите спроти хотелот „Холидеј ИН“ во центарот на Скопје порачаа да се почитува генералниот урбанистички план и јавниот интерес. Укажуваат дека организацијата на просторот во кој живееме се спроведува преку Генералните и Деталните урбанистички планови, а просторот е необновлив ресурс и со него треба да се ракува внимателно и со почит. – ААМ е за доследно почитување на целите, проекциите и планските решенија од Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022 год. и плановите од пониско ниво мора да бидат усогласени со овој стратешки план. Тоа се однесува и на планот во чиј состав е оваа локација спроти хотелот „Холидеј Ин“, но и за сите останати за кои постои интерес во јавноста како што се фабрикатаТреска, Дебар Маало, Мал Ринг, Езеро Треска, Расадник и т.н. Деталните урбанистички планови, кои претставуваат акти од јавен интерес, треба да содржат креативни решенија, кои на жителите, корисниците и посетителите на просторот ќе им овозможат негово безбедно, квалитетно и комфорно користење и доколку не е така истите мораат да бидат коригирани, соопшти ААМ. Во изминатиот период, ААМ го поддржа „мораториумот“ за градење на 33 Детални урбанистички планови во општина Центар, стои во соопштението, како единствен начин да се спречи спроведувањето на важечките планови кај кои се констатирани сериозни прекршувања и недоследности во однос на Генералниот урбанистички план и општите правила и параметри на урбанистичко планирање, додека не се донесат нови, а со цел да се загарантира и почитува едно од највисоките уставни права, а тоа е јавниот интерес. Но, напоменуваме дека „мораториумот“ има смисла ако е временски и и содржински строго и наменски ограничен. Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Академијата на архитекти, константно ги следеше актуелните случувања околу мораториумот. Кон средината на 2019 год., на покана на Општина Центар беа одржани консултативни состаноци на кои беше посочено дека одолговлекувањето на состојбите е контрапродуктивно и се понуди активно да бидат вклучени во разрешувањето на проблемите со конкретни предлози за тоа како побрзо и поефикасно да се делува. И понатаму ААМ стои на располагање на надлежните институции за инклузивност во делување за оптимизирање на процесите и процедурите во насока на навремено и правилно донесување одлуки кои ќе им овозможат на архитектите легитимни услови за работа. Како архитекти не сме против градење, ниту против личните и бизнис интереси на поединци, доколку тие не го загрозуваат квалитетот на животниот простор и јавното добро, наведуваат од Асоцијацијата. Изразуваат подршка на колегите архитекти за кои квалитетниот и хуман простор е иманентна цел на нивните планови и проекти, постигнувајќи го тоа со стручност и професионализам и со личен интегритет и достоинство. Притоа ја повикуваат и Комората на овластени архитекти и инженери активно да се вклучи во процесите на креирање на просторот, како и да се грижи за правата и дигнитетот на професијата. На граѓаните им порачуваат да бидат вклучени и да учествуваат во донесувањето одлуки при креирање на просторот, со почитување на експертизата од професионалците. Нивната порака до локалната самоуправа е да се почитува квалитетниот градски простор, неговата урбана и архитектонска историја преку создавање на услови за сеопфатна инклузивност при негово креирање со разни методи на транспарентен натпревар на идеи за значајни локации, содржини и програми. На Министерство за транспорт и врски, пак, му порачуваат одговорно да се менеџира со државното земјиште како јавно добро при што, потенцираат, визијата за градот во иднината, иако е сложен процес, треба да биде суштинска градска политика креирана во соработка со стручњаци од сите инволвирани области. Откако Уставниот суд минатиот месец го укина мораториумот за ДУП-от, најавената изградбата на висококатниците на локацијата кај „Холидеј ин“ предизвика редица реакции во јавноста. Се потпишува петицијата против изградбата, а жителите на населбата Ново Маало на локацијата кај што треба да се гради го поддржуваат проектот и бараат Општината да даде согласност за реализација. Инвеститорот „МГ Фешн“ преку електронскиот систем на Општината поднел барање за градежна дозвола, а изградбата може да се спречи доколку Советот на Општина Центар донесе одлука за суспензија, но, штетите доколку се влезе во постапката за суспензија, а не се постигне посакуваниот ефект, ќе ги сноси Општината. Доколку Советот донесе одлука за суспензија на планот ќе треба да достават елаборат до Министерството за транспорт и врски на кој тие ќе треба да дадат мислење. Министерството потоа има рок од 15 дена да даде свое мислење и повторно се враќа во Советот на Општината на конечна одлука. Идејниот проект предвидува вкупно развиена бруто површина над земја од 89.627 квадратни метри или малку повеќе од половина од површината дозволена за градба, а максималната катност е П+22. Паркирањето ќе биде обезбедено исклучиво во градежната парцела 1.1 во три подземни нивоа со 969 паркинг места. Објектот ќе се состои од три кули со различна намена од кои две се за домување, кои би гледале кон Кеј „13 Ноември“, а деловната зграда е со помала катност П+16 и би гледала кон деловната зграда на Соравија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asocijacija-na-arhitekti-bara-da-se-pochituva-generalniot-urbanistichki-plan-i-javniot-interes/feed/ 0
Власта која ветуваше мораториум за градби сега брани бетонски џунгли – Жестоки реакции од архитекти, граѓани и здруженија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-vetuvashe-moratorium-za-gradbi-sega-brani-betonski-dzungli-zestoki-reakcii-od-arhitekti-gragjani-i-zdruzenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-vetuvashe-moratorium-za-gradbi-sega-brani-betonski-dzungli-zestoki-reakcii-od-arhitekti-gragjani-i-zdruzenija/#respond Thu, 15 Apr 2021 08:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=497505

Вкупно околу 400 станови со околу 1.200 жители, или повеќе од предвидените 850 на хектар е планирано да има во зградите на паркингот кај Холидеј Ин. Бетонската џунгла која се планира да се изгради ќе го задуши и онака загаденото централно подрачје од Скопје. Иако во јавноста има голем број негативни реакции по однос на изградбата на овој проект наречен „Гранд“, власта дава поддршка иако во минатото ветуваше мораториум за градби. Со јавен повик до премиерот Зоран Заев, 29 здруженија и архитекти бараат тој да покаже суштинска волја за борба против урбанистичкото дивеење и распродавањето на јавниот интерес. -Јавниот интерес и правото на живот во здрава и чиста животна средина мора да е врвно начело на управување со државата. Обврска на Владата е да го одржува и штити јавниот интерес и да интервенира кога е тој загрозен, а по потреба и да санкционира. Со молчењето на Владата и покрај бројните реакции на јавноста, се создава впечаток дека не се почитува интересот на граѓаните, ниту пак стручното мислење зошто овој ДУП не смее да се извршува. Државната комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за утврдување на ризици за склучување на коруптивни договори при јавни набавки за изработка и ревизија на ДУП-овите во Општина Центар. Владеењето на правото во една држава се гледа и во пристапот кон решавањето на просторот кој е необновлив ресурс во урбаните средини. Во сите претходни плански документации (почнувајќи од планот на Кензо Танге) оваа локација се именува како „Републички центар со републички плоштад“ и е препознаена како локалитет од државно значење, стои во дел од јавниот повик до Заев. Тие бараат од него да покаже дека не го поддржува, како што велат, финалното уништување на главниот град со реализација на лоши планови. Очекуваат институциите на системот да ги стават граѓаните на прво место и да преземат конкретни чекори, во спротивно ќе побараат политичка и кривична одговорност за сите соучесници во урбанистичкото дивеење врз градот. Голем број реакции има и на социјалните мрежи. Граѓаните бараат воздух, наместо бетонски зданија. Изградба и реконструкција на објекти од кои корист ќе имаат сите граѓани, а не станбени објекти. Покрената е и онлајн петиција „Не за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел Холидеј Ин“, на која се потпишани речиси 10.000 граѓани. Компанијата „МГ Фешн“ вчера соопшти дека во проектот „Гранд“ ќе инвестира 60 милиони евра. На овој простор се предвидува на бруто развиена површина од 200 илјади квадратни метри со намена А2 и Б2 – домување во станбени згради и деловни содржини катност од П+60+потпокрив. Паркирањето ќе биде обезбедено во градежната парцела 1.1 во три подземни нивоа со 969 паркинг места. Објектот, како што посочија, ќе се состои од три кули со различна намена од кои две се за домување, кои би гледале кон Кеј „13 Ноември“, а деловната зграда е со помала катност П+16 и би гледала кон деловната зграда на Соравија. Трите кули во приземјето и на катот ги врзуваат деловни содржини, локали и канцеларии. Влезот за возила е предвиден да биде преку улицата „Мирче Ацев“, која треба да прерасне во булевар и улицата „Два“. Предвидени се два влеза, еден е под деловната зграда и еден од спротива, каде што би биле локалите, како и излез, додека на Кеј „13 Ноември“ би имало само еден излез. Во првата фаза се предвидува изградба на станбено деловен простор со катност П+20+потпокрив, во втората П+22 и во третата фаза деловната зграда со П+16 и локалите кои се наоѓаат во приземје со катност П+. На горните катови е сместено домувањето и канцелариите, а на приземјето и дел од катот се резервирани за локали кои гравитираат кон улиците. Во проектот никаде не е планирано да има градинка за огромниот број жители, а од компанијата посочија дека секогаш може во деловниот простор некој да отвори приватна градинка. На ова реагираа граѓаните кои истакнуваат дека тоа не е решение, бидејќи цените за приватните градинки се големи и не може секој да си дозволи. Инаку, инвеститорите веќеуплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите. Инвеститорите сега треба да поднесат барање за добивање градежна дозвола и потоа слободно можат да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје. Инвесторите најверојатно ќе немаат никакви пречки да добијат градежна дозвола бидејќи веќе на сила не е мораториумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-vetuvashe-moratorium-za-gradbi-sega-brani-betonski-dzungli-zestoki-reakcii-od-arhitekti-gragjani-i-zdruzenija/feed/ 0
Со платени ПР текстови сакаат да ги залеат скопјани со бетон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-plateni-pr-tekstovi-sakaat-da-gi-zaleat-skopjani-so-beton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-plateni-pr-tekstovi-sakaat-da-gi-zaleat-skopjani-so-beton/#respond Thu, 15 Apr 2021 06:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=497415

Инвеститорите кои имаат намера да градат огромни три згради од по 80 и повеќе метри на единствениот празен простор во центарот на Скопје низ кој има струење на воздух – паркингот пред Холидеј ин, се соочуваат со силен отпор од јавноста која бара запирање на ваквите планови и брза акција од Општина Центар и министерството за транспорт против ова залевање на центраот на Скопје со бетонски гродосии несоодветни за културата и екологијата на живеење во Скопје, пишува Вечер.мк. Проектот на Мартин Пановски, сопруг на шефицата на Сорос Отворено општество Македониоја инаку е целосен плагијат на ист објект виден како проект Грин Тауер во Грац, Австрија, за што Вечер веќе пишуваше. Откако скопјани, и тоа прилично единствени, без оглед на нивната етничка или политичка припадност, силно се побунија, инвеститорите во недостаток на аргументи платија текстови во кои сами себе се фалат објавени на потрталите под контрола на СДСМ и блиски до Фондацијата Отворено општество Македонија кое го раководи сопругата на проектантот Мартин Пановски. Во платените текстови инвеститорите ги убедуваат скопјани дека нема да гледаат бетон, туку паркови и зелени површини, небаре проектот е за џунгла а не за бетонски грдосии од по 80 и кусур метри кои, патем, се и грд плагијат на проектантите. Кон платените текстови следат и монтажи од слики, работени и фотошопирани, на кои може да се стави се само за читателот, скопјанецот, да се доведе во заблуда дека Дубаи го преселиле во Скопје. Со други зборови, прокетантите се кријат зад платените текстови на партиските портали на СДСМ и, со тоа, одбегнуваат секаква одговорност за напишаното бидејќи, секому е јасно, дека од тие нивни фалења нема ништо. Утре ќе биде – не го рековме тоа ние, туку така пишуваа порталите. А наскоро следат избори. Судбината на Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје и градоначалникот на Центар во голема мерка зависат од градбата или запирањето градба на овие бетонски грдосии. Остануваат фактите дека пред Холидеј ин сакаат да градат три бетонски грдосии од по 80-90 метри и да го стават центарот на Скопје во сенка, осојница и без воздух кој циркулира низ најзагадениот дел од градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-plateni-pr-tekstovi-sakaat-da-gi-zaleat-skopjani-so-beton/feed/ 0
ФОТО: Дали знаете кој објект се наоѓал на денешниот паркинг-простор кај „Холидеј ин“? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-dali-znaete-koj-objekt-se-naogjal-na-deneshniot-parking-prostor-kaj-holidej-in/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-dali-znaete-koj-objekt-se-naogjal-na-deneshniot-parking-prostor-kaj-holidej-in/#respond Tue, 15 Jan 2019 09:55:40 +0000 https://kurir.mk/?p=152336

На местото каде што е сега паркинг-простор спроти хотелот „Холидеј ин“, на кој наскоро ќе се градат згради порано се наоѓал УКИМ. Зградата нсатрадала во катастрофалниот земјотрес во 1963 година и затоа морало да биде срушена.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи – придружни членки, 1 придружна членка – друга високообразовна установа и 6 придружни членки – други организации. Неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-dali-znaete-koj-objekt-se-naogjal-na-deneshniot-parking-prostor-kaj-holidej-in/feed/ 0