холокауст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 05:20:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png холокауст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден ги нарече нападите на Хамас „најсмртоносниот ден за Евреите по Холокаустот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-nareche-napadite-na-hamas-najsmrtonosniot-den-za-evreite-po-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-nareche-napadite-na-hamas-najsmrtonosniot-den-za-evreite-po-holokaustot/#respond Thu, 12 Oct 2023 05:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=887859

Американскиот претседател Џо Бајден ги опиша нападите на Хамас во Израел како „најсмртоносниот ден за Евреите по Холокаустот“, за време на тркалезна маса во еврејските лидери во Вашингтон. - Нападите беа кампања на чиста суровост … Не само омраза, туку чиста суровост кон еврејскиот народ, И јас би рекол дека тоа е најсмртоносниот ден за Евреите од Холокаустот, рече Бајден. Тој нагласи дека Хамас му донесе „не само терор, туку и целосно зло“ на светот. - Изминатите неколку дена беа цврст потсетник дека омразата никогаш не исчезнува, рече американскиот претседател. САД, ЕУ и Израел го сметаат Хамас за терористичка организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-gi-nareche-napadite-na-hamas-najsmrtonosniot-den-za-evreite-po-holokaustot/feed/ 0
Комеморација по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/#respond Sun, 12 Mar 2023 12:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=810951

Одбележувањето на комеморацијата по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи денеска започна со „Поворката на живите“ од локацијата на поранешната железничка станица во Скопје до некогашниот Монопол кој во 1943 година беше собирен центар за депортација на евреите во логорот на смртта во Треблинка. Дел од поворката беа пратеници од Израел, претставници на еврејски здруженија од земјава и светот, претставници на парламентарни политички партии, претставници на дипломатски кор и 200 гости од Израел, од кои дел се обратија на комеморацијата. Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес во своето обраќање истакна дека само преку утврдување дека ужасите од минатото се интегрирани во светската свест, имаме барем некаква шанса да ги победиме силите на темнината кои му се закануваат на човештвото како целина, имено, силите на нетолеранција или антисемитизам, расизмот, исламофобијата и омразата воопшто. -Поради тоа мораме секогаш да се залагаме за интегритетот на историската вистина. Затоа денес велиме „се сеќаваме“. Се сеќаваме што се случи. Но, се сеќаваме и што изгуби човештвото на ова место. Се сеќаваме на 2.313 деца на возраст под 16 години кои беа однесени од овде, за никогаш да не се вратат назад. Колку потенцијални уметници, музичари, писатели и научници имало меѓу нив? Колку луѓе би го направиле овој свет подобро место? Ние се сеќаваме. Не се сеќаваме само на нивните страдања и смрт. Се сеќаваме и на нивните животи, идеи, очекувања и надежи што ги имале. Се сеќаваме и на нивните неродени деца и нивните внуци. Се сеќаваме - и нема да заборавиме.“ – рече Херцог. Марија Багдасарова од Европскиот еврејски конгрес рече дека Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, служи како моќен потсетник за ужасите од минатото и ја нагласува важноста на борбата против антисемитизмот, искривувањето на холокаустот и глорификацијата на нацизмот во денешен ден. null -Особено кога се чини дека сеќавањето на холокаустот станува се подалечен настан, додека преживеаните за жал нè напуштаат. Како и да е, нашето ветување да го одржуваме споменот на жртвите и преживеаните станува посилно од кога било досега и не охрабрува да продолжиме да се стремиме кон поправеден и сочувствителен свет, истакна Богдасарова. Членот на Кнесетот Хамад Амар во своето обраќање изрази благодарност за посветеноста на Република Северна Македонија во зачувањето споменот на Еврејската заедница и Холокаустот, како што е видливо во различните меморијални настани. Пепо Леви, претседателот на еврејската заедница во Северна Македонија рече дека 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип, никогаш повеќе не ги видоа своите родни градови. Марија, Пепо, Жоли, Бесале, Дора, Давид , Руфел, Јаков, Боена, Мари, Естер, живееја во слога и мир со македонскиот народ, со Турците, Албанците, Србите, Ромите и со останатите народи од овие простори. -Нека примерот на Евреите и соживот со Македонците и останатите народи од Македонија, според кажувањето на нашиот Мориц Романо, му биде пример на цивилизираниот свет како да ја гради иднината, демократијата и просперитетот, почитувајќи го основното човеково начело – правото на живот, она што ние Евреите го немавме во фашизмот, порача Леви. Македонските жртви на холокаустот од Штип, Битола и Скопје, нека претставуваат залог за живот во мир и слога, живот без војна и омраза, на тоа не обврзуваат милионските жртви од Втората светска војна.“ – рече Леви. На спомен обележјето во чест на депортираните Евреи од Македонија во дворот на некогашниот Тутунски комбинат Скопје со пригодни говори се обратија и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи и претседателот на парламентарната група за пријателство на Израел и Северна Македонија, Хамад Амар. Комеморацијата по повод 80 годишнината од Холокаустот на Евреите од Македонија заврши со КАДИШ (молитва), и со полагање венци со свежо цвеќе на спомен обележјето во некогашниот монопол во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/feed/ 0
Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-80-godini-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-80-godini-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/#respond Sun, 12 Mar 2023 08:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=810889

Под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе” денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот. Одбележувањето ќе почне со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава. Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот. Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ. Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-80-godini-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/feed/ 0
Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-holokaustot-nikogash-poveke-nema-da-mu-se-sluchi-na-nashiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-holokaustot-nikogash-poveke-nema-da-mu-se-sluchi-na-nashiot-narod/#respond Fri, 27 Jan 2023 13:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=792867

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, кога им се оддава почест на сите убиени од нацистите и нивните соработници, на денот на ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц пред 78 години, рече „Ветуваме дека тоа никогаш повеќе нема да му се повтори на нашиот народ“. „Разликата сега е во тоа што еврејскиот народ ја има државата Израел. Израел се штити себеси. Ние сме силна и енергична нација и изградивме силна држава која нема да дозволи нашите непријатели да нанесат голема болка, страдање и катастрофална загуба. што нашиот народ го доживеа за време на Холокаустот“, се додава во изјавата на лидерот на Израел. Тој изјави дека има „такви кои се уште повикуваат на уништување“ на Израел, но таа земја никогаш нема да дозволи „заканите на тираните да го заплашат“. „Непријателот знае дека доколку е потребно, Израел може и ќе се брани сам и нема да му дозволи на непријателот да биде во можност да го спроведе својот убиствен план иако настојува да го развие најсмртоносното оружје“, рече Нетанјаху и најави дека еврејската држава тоа ќе го спречи. „Ние не забораваме, ниту им простуваме на злите луѓе кои го негираат Холокаустот, на кои еден Холокауст не им беше доволен“, рече премиерот на Израел, ветувајќи дека Израелците ќе останат будни, силни и никогаш нема да дозволат да се случи повторно Холокаустот, во текот на кој нацистите и нивните соработници во Втората светска војна убија шест милиони Евреи. Во Израел годинава Денот на сеќавање на Холокаустот посебно ќе биде одбележан на 17 и 18 април. Според податоците од 2022 година, во Израел имало 161.400 преживеани од Холокаустот со просечна возраст од 85,5 години и 1.000 постари од 100 години. Статистички гледано, секој ден умираат по околу 40 лица кои го преживеале Холокаустот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-holokaustot-nikogash-poveke-nema-da-mu-se-sluchi-na-nashiot-narod/feed/ 0
Пендаровски: Ужасот од Холокаустот нè потсетува на одговорноста да градиме демократски општества https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-uzhasot-od-holokaustot-ne-potsetuva-na-odgovornosta-da-gradime-demokratski-opshtestva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-uzhasot-od-holokaustot-ne-potsetuva-na-odgovornosta-da-gradime-demokratski-opshtestva/#respond Fri, 27 Jan 2023 10:44:50 +0000 https://kurir.mk/?p=792743

Милионите жртви и ужасот од Холокаустот нè потсетуваат на нашата заедничка историска одговорност да градиме демократски општества во кои антисемитизмот, антициганизмот и расизмот никогаш нема да се повторат, порача претседателот Стево Пенадаровски денеска по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот – 27 јануари. Претседателот на својот фејсбук профил истакна дека борбата против сите облици на дискриминација е од особено значење. -Само со постојана борба против сите облици на дискриминација можеме да обезбедиме почитување на различностите и на човековите права и слободи на секој поединец, стои во објавата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-uzhasot-od-holokaustot-ne-potsetuva-na-odgovornosta-da-gradime-demokratski-opshtestva/feed/ 0
Го преживеала Аушвиц, а сега е ѕвезда на Тик Ток: 98-годишна старица раскажува за ужасите  https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-preziveala-aushvic-a-sega-e-dzvezda-na-tik-tok-98-godishna-starica-raskazuva-za-uzasite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-preziveala-aushvic-a-sega-e-dzvezda-na-tik-tok-98-godishna-starica-raskazuva-za-uzasite/#respond Tue, 08 Feb 2022 14:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=628691

Лили Еберт, преживеана од Холокаустот, денес е популарна на Тик Ток. Нејзиниот профил го следат 1,7 милиони корисници, а видеата на кои речиси стогодишната жена зборува за тоа како преживеала четири месеци во Аушвиц имаат милиони допаѓања. Нејзиниот 18-годишен правнук Дов Форман ѝ помага околу објавите. Сè започнало 2020 година, за време на карантините. -Ѝ кажав на мојата прабаба дека други стануваат хит на интернет поради танцувањето, на пример, па зошто ние да не можеме со споделувањето на овие навистина важни пораки, рече Форман, цитиран од Си-би-ес. Лили вели дека би сакала светот да ја знае нејзината приказна. -Не бев сигурна дали ќе преживеам. Чудо е што сум овде, но си ветив себеси дека колку и да живеам и што и да правам, ќе ја раскажам мојата приказна, вели таа. Лили и Форман, исто така, ја напишаа книгата „Lily’s Promise: How I Survived Aushwitz and Found Strength for Life“, со предговор на принцот Чарлс, пренесува „Индекс“. Еберт имала 20 години кога ја одвеле во Аушвиц. Била ослободена од американските трупи во 1945 година. Потоа минала една година во Швајцарија, па во 1946 се преселила во Израел. Во 1967, таа емигрирала во Обединетото Кралство со нејзиниот сопруг Самуел, каде што ги раскажувала ужасите на Холокаустот. Денес живее во северен Лондон, мајка е на три деца, баба на 10 внуци, а има и дури 35 правнуци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/go-preziveala-aushvic-a-sega-e-dzvezda-na-tik-tok-98-godishna-starica-raskazuva-za-uzasite/feed/ 0
Oдбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot-2/#respond Wed, 26 Jan 2022 06:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=622979

Во организација на Министерството за надворешни работи, денеска во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје, ќе се одржи комеморативно одбележување на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот. Домаќин на настанот ќе биде заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a ќе се обратaт и министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи, претседателката на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман-Денковска, амбасадорот на Грција во својство на земја-претседавач со ИХРА, Русос Кондурос, заменик шеф на Мисија во Амбасадата на САД, Ерик Мејер и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин. По обраќањата на високите гости, како што соопшти МНР, следува панел дискусија на тема „Република Северна Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области”. На настанот ќе присуствуваат амбасадори и други претставници на дипломатскиот кор, претставници на државните институции и академската заедница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot-2/feed/ 0
За ваквата денешна изјава на Пендаровски во други држави веднаш се поднесува оставка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vakvata-deneshna-izjava-na-pendarovski-vo-drugi-drzavi-vednash-se-podnesuva-ostavka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vakvata-deneshna-izjava-na-pendarovski-vo-drugi-drzavi-vednash-se-podnesuva-ostavka-foto/#respond Wed, 27 Jan 2021 13:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=460579

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на својот Твитер профил напиша дека се потсетува на смртта на 6.000 Евреи. Со тоа тој ја негира смртта на 1.144 македонски Евреи кои живтото го загубиле во нацистичките концентрациони кампови. Пендаровски свесно ја намалува бројката од 7.144 македонски Евреи на 6000. Според многу државни а воедно и според Обидинетите нации ова се смета за кривично дело, односно негирање на геноцидот врз Евреите. За вакво дело кое што денес го стори претседателот Пендаровски во многу други држави се одговора пред законот. Дека не се работи за мал гаф, покажува фактот дека Пендаровски истата цифра ја користи и на својот твит на англиски јазик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vakvata-deneshna-izjava-na-pendarovski-vo-drugi-drzavi-vednash-se-podnesuva-ostavka-foto/feed/ 0
Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/#respond Wed, 27 Jan 2021 06:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=460320

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има воведно обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. -Република Северна Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, веќе повеќе години наназад го одбележува овој ден со цел да оддаде почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи – жртви на овој ужасен чин, меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта во Треблинка, но исто така и на жртвите на сите останати геноциди, се наведува во соопштението од МНР. На комеморативното одбележување, што ќе се одржи во организација на Министерството за надворешни работи, ќе се обратат и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман – Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, Дан Оријан, како и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам „Историја – лекции за сегашноста” од Младински образовен форум – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/feed/ 0
Гутереш повика на глобална акција против неонацизмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-na-globalna-akcija-protiv-neonacizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-na-globalna-akcija-protiv-neonacizmot/#respond Tue, 26 Jan 2021 09:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=459891

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на глобална акција против неонацизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и говорот на омраза, за кои рече дека делумно се поттикнати од пандемија на коронавирусот. Гутереш, исто така, апелираше на меѓународна акција „во борбата против пропагандата и дезинформациите“. Генералниот секретар на ОН зборуваше за важноста на образованието, нагласувајќи дека скоро две третини од младите Американци не знаат дека шест милиони Евреи биле убиени во холокаустот. Гутереш одржа виртуелен говор во пресрет на 76-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Според него, „пандемијата продлабочи долгогодишни неправди и поделби“. – Во Европа, САД и на други места, белите врховисти организираат и регрутираат преку границите, истакнувајќи симболи на нацистите и нивните убиствени амбиции, рече Гутереш на церемонијата во синагогата во Њујорк по повод утрешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот. Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот ќе биде одбележан на 27 јануари, годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц-Биркенау во Полска. Овој ден е утврден на 1 ноември 2005 година со резолуција на Генералното собрание на ОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-na-globalna-akcija-protiv-neonacizmot/feed/ 0