Холокаустот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Jan 2023 12:32:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Холокаустот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски со порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-so-poraka-po-povod-megunarodniot-den-na-sekavaneto-na-zhrtvite-od-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-so-poraka-po-povod-megunarodniot-den-na-sekavaneto-na-zhrtvite-od-holokaustot/#respond Fri, 27 Jan 2023 12:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=792832

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски упати силна порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот. „На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција. Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат. Наша цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Република Северна Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство“-порача тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-so-poraka-po-povod-megunarodniot-den-na-sekavaneto-na-zhrtvite-od-holokaustot/feed/ 0
Шолц потсети на одговорноста на Германија за холокаустот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-potseti-na-odgovornosta-na-germanija-za-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-potseti-na-odgovornosta-na-germanija-za-holokaustot/#respond Fri, 27 Jan 2023 12:10:38 +0000 https://kurir.mk/?p=792817

Германскиот канцелар Олаф Шолц потсети на историската одговорност на Германија за убиството на милиони Евреи за време на нацистичкиот режим, јави германската новинска агенција ДПА. – Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните, напиша Шолц денеска на Твитер по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. Преживеаната од холокаустот Розет Кац денеска одржа говор во германскиот Парламент. Претседателот на Бундестагот, Бербел Бас го отвори специјалниот настан, на кој присуствуваше и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. Овогодишната комеморација се фокусира на луѓето прогонувани од нацистите поради нивната сексуална ориентација или идентитет. На 27 јануари 1945 година, војниците на Црвената армија ги ослободија преживеаните од концентрациониот логор Аушвиц во Полска, окупирана од нацистите. Во Аушвиц беа убиени повеќе од милион луѓе, од кои најголемиот број Евреи. Датумот се одбележува во Германија од 1996 година како Ден на сеќавање на холокаустот, а венци се положуваат во знак на почит на многу локации низ земјата. Пред пратениците се обрати и Клаус Шидерван, претставник на ЛГБТ заедницата. Меѓународниот комитет на Аушвиц направи паралела со руската војна во Украина. Комитетот утрово соопшти дека оваа година преживеаните во германските концентрациони логори се соочуваат со нови ужаси и страдања, а Денот на сеќавањето е секогаш болен за нив. Ова, заедно со сеќавањето на нивните заклани семејства и преостанатите затвореници, е ужасот на новата војна во Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-potseti-na-odgovornosta-na-germanija-za-holokaustot/feed/ 0
Најлошото место во историјата на човештвото: Пред 78 години е ослободен Аушвиц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-mesto-vo-istorijata-na-choveshtvoto-pred-78-godini-e-osloboden-aushvits/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-mesto-vo-istorijata-na-choveshtvoto-pred-78-godini-e-osloboden-aushvits/#respond Fri, 27 Jan 2023 07:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=792618

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца. Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, кој траеше цели илјада и 689 дена, при што беа убиени повеќе од милион луѓе, најмногу Евреи. Аушвиц всушност бил дел од комплекс логори изграден од нацистите во окупираната Полска со намера да ги истребат сите Евреи во Европа. Тоа била една од фикс-идеите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, која се провлекуваше низ сите негови злосторства. Аушвиц беше директен резултат на нацистичката идеологија, која ги ставаше нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота“. Според тоа, Аушвиц беше реализација на идеите на нацизмот. Аушвиц се карактеризира и по тоа што нацистите смислија систем за масовно убивање со отровен гас, а многу затвореници во овој концентрационен логор директно од возовите кои доаѓале од цела Европа биле испраќани во гасни комори, каде што биле отруени. После тоа, нивните тела биле палени во специјално изградени крематориуми. Првите убиства од овој вид во Аушвиц се случиле во август 1941 година, кога била тестирана ефективноста на отровниот гас врз полски и советски затвореници, а целата работа набрзо пораснала до размери што дури и денес не можат целосно да се сфатат. Од 1942 година до крајот на 1944 година, 1,3 милиони луѓе биле одведени во Аушвиц, од кои 1,1 милион биле убиени. Најмногу Евреи (околу 960 илјади) и Полјаци (74 илјади), Роми (21 илјади), советски затвореници (15 илјади) итн. Индустриското масовно убивање, за жал, не е единствениот хорор на Аушвиц, туку само најголемиот. Во логорот се вршеле монструозни експерименти врз луѓе со кои раководел озлогласениот доктор Јозеф Менгеле, се спроведувале секакви мачења и понижувања, тоа било пекол на земјата. Злосторствата биле извршени и со учество и помош на голем број обични Германци, од кои повеќето не биле крволочни чудовишта како Менгеле, туку биле убедувани дека само „следеле наредби“ и ги извршувале своите задачи за доброто на германската нација и Третиот Рајх. На тоа му претходела целосна дехуманизација на Евреите и сите други кои нацистите ги сметале за помалку вредни, па машината на смртта наречена Аушвиц можела да функционира со застрашувачка ефикасност. Само 789 луѓе, околу 15 отсто од оние кои учествувале во функционирањето на логорот, завршија на судење за нивната улога во злосторствата во Аушвиц, а управникот Рудолф Хос беше осуден на смрт. На влезот во Аушвиц стои циничниот натпис „Arbeit macht frei“, односно „Работата ослободува“, што имало за цел да сугерира дека тоа е работен логор. Нацистите сепак се труделе да скријат дека вршат масовен геноцид, па требало долго време веста за Аушвиц да стигне до сојузниците, кои, како што коментираат познавачите, „не биле многу успешни во обидите да го запрат или барем да го забават индустриското убивање на Евреите“. И денес се обвинуваат затоа што, на пример, не ги бомбардирале пругите што воделе кон Аушвиц. За жал, и денес има луѓе кои го негираат холокаустот или наоѓаат оправдување за злосторствата на нацистите и нивните сојузници, а многу истражувања покажуваат дека младите сè помалку знаат што навистина се случило во Аушвиц. „Нникогаш повеќе да не се случи“ е фраза која често се слуша на комеморациите за холокаустот и злото на нацизмот.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-mesto-vo-istorijata-na-choveshtvoto-pred-78-godini-e-osloboden-aushvits/feed/ 0
На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-godishinata-na-osloboduvanjeto-na-aushvic-bundestagot-oddade-pochit-na-zrtvite-na-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-godishinata-na-osloboduvanjeto-na-aushvic-bundestagot-oddade-pochit-na-zrtvite-na-holokaustot/#respond Thu, 27 Jan 2022 11:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=623535

Германскиот Бундестаг денеска им оддаде почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме", а денеска на седницата на Бундестагот со едноминутно молчење беше оддадена почит за жртвите на нацизмот. Говор одржа преживеаната од Холокаустот Инге Оербахер, која на пратениците им го раскажа своето искуство откако на седумгодишна возраст била депортирана во логор во тогашна Чехословачка. – Сè уште имам многу јасни сеќавања за тоа мрачно време, време на терор и омраза, рече Оербахер. – За жал, овој рак се врати и омразата кон Евреите се врати во многу земји во светот, вклучувајќи ја и Германија. Оваа болест треба да се искорени што е можно побрзо, порача таа. Оербахер, која живее во САД во последните 75 години, рече дека била најмладата од околу 1.100 луѓе во возот за Терезиенштат. „Моите родители и јас бевме меѓу ретките што преживеаја". За време на обраќањето, Оербахер носеше брош со пеперутка во знак на сеќавање на околу 1,5 милиони еврејски деца кои беа убиени. Таа ги опиша ужасните услови во логорот, кој се користел како транзитен објект за оние кои биле испратени во гасните комори. – Имаше чести епидемии предизвикани од недостигот на санитарни услови и пренатрупаните услови во кои живеевме. Тифусот беше една од најлошите опасности со кои се соочувавме. Стаорци, глувци, болви, вошки и бубачки беа наши постојани придружници. – Имаше и чести депортации, најмногу за Аушвиц, се сеќава Оербахер. На свечената седница присуствуваше и претседателот на израелскиот Кнесет, Мики Леви .Тој зборуваше за потребата да се одржува сеќавањето на Холокаустот и жртвите. – Одржувањето на сеќавањето на Холокаустот е тешка задача што мора да ја преземе секоја генерација одново, рече Леви, зборувајќи за „често неразбирливи" статистики. „Шест милиони убиени Евреи се шест милиони индивидуални приказни. Приказни за животи кои не се живееле, приказни за луѓе кои повеќе не се со нас, рече Леви, оддавајќи им почит на спомените што ги опиша Оербахер. „Ги опишавте вашите сеќавања од холокаустот и со тоа создадовте уникатен глас. Овој глас – кој ја покажува моќта на една човечка приказна навистина да продре во луѓето и да комуницира на таков потресен начин". – Ви благодариме што го направивте неразбирливото разбирливо, рече тој. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, како и претседателот на Бундесратот Бодо Рамелоу беа меѓу присутните на церемонијата. Претседателката на Бундестагот Бербел Бас, исто така, одржа говор во кој предупреди против историскиот ревизионизам и етнонационализам. – Нашата земја носи посебна одговорност што геноцидот на европските Евреи е германско злосторство, но исто така е минато кое е важно за сите, рече Бас. – Не само за Германците, и не само за Евреите, потенцираше таа. – Заедно со многу други ширум светот, заземаме став за сеќавањето на Холокаустот. Став против ксенофобијата и против антисемитизмот, истакна претседателката на Бундестагот. 27 јануари беше прогласен за Ден за сеќавање на жртвите на националсоцијализмот во Германија во 1996 година. Секоја година, бројот на преостанатите преживеани од Холокаустот во Германија – и живата врска со едно од најголемите злосторства во модерната историја – продолжува да се намалува. Повеќе од 15.000 преживеани починале во 2021 година, според Управата за правата на преживеаните од холокаустот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-godishinata-na-osloboduvanjeto-na-aushvic-bundestagot-oddade-pochit-na-zrtvite-na-holokaustot/feed/ 0
Силјановска Давкова: Малкумина знаат дека најстарата Синагога надвор од Израел е токму во нашата Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-malkumina-znaat-deka-najstarata-sinagoga-nadvor-od-izrael-e-tokmu-vo-nashata-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-malkumina-znaat-deka-najstarata-sinagoga-nadvor-od-izrael-e-tokmu-vo-nashata-makedonija/#respond Mon, 11 Mar 2019 15:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=173675

Денес со длабока тага одново се потсетивме на 76 години од депортацијата на македонските Евреи, на трагедијата и ужасите на Холокаустот што ни се случија во Втората светска војна; велам нам, бидејќи Евреите беа и останаа наши сограѓани, напиша кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил. -Малкумина знаат дека Најстарата Синагога надвор од Израел е токму во нашата Македонија; остатоци од две синагоги се пронајдени во археолошкиот локалитет Стоби, кои датираат од првиот век од нашата ера. Ужасната трагедија на Евреите беше трагедија за секој припадник на оваа земја. Како дел на еден монструозен план за бришење на постоењето на еден цел народ од лицето на земјата, Холокаустот е нешто за што велиме дека не смее да се повтори. Никому и никаде! За време на денешната свечена церемонија за отворање на постојаната изложбена поставка во МНТ, се сетив на еден вистински случај: еден новинар го прашува Пинкасо Гутер, човек кој не само што го преживеал Холокаустот, туку и минал низ дури шест концентрациони логори, дали некогаш посакал одмазда. Одговорот бил: „Јас не сум одмаздољубив човек, но сакам правда, а правдата не е одмазда“-напиша таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-malkumina-znaat-deka-najstarata-sinagoga-nadvor-od-izrael-e-tokmu-vo-nashata-makedonija/feed/ 0