хонда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 07:42:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хонда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Хонда“ и „Џенерал моторс“ најавија такси-услуги без возач во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/honda-i-dheneral-motors-najavija-taksi-uslugi-bez-vozach-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/honda-i-dheneral-motors-najavija-taksi-uslugi-bez-vozach-vo-japonija/#respond Thu, 19 Oct 2023 07:42:37 +0000 https://kurir.mk/?p=890622

Јапонската компанија „Хонда“ и „Џенерал моторс“ од САД денеска објавија дека планираат нови такси-услуги без возач во Токио во 2026 година. Тоа, велат, „ќе помогне во справувањето со недостигот на работна сила“ во „Земјата на изгрејсонето“. Развиен во соработка со операторот за самоуправувачки автомобили - „Круз“, со седиште во Сан Франциско, САД, проектот ќе нуди „целосно нов вид на искуство во движењето“ во Јапонија... Потфатот исто така има за цел „да помогне во решавањето на општествените проблеми со коишто се соочува оваа далекуисточна земја, како што е недостигот на возачи на такси и на автобуси“, истакнуаат од „Хонда“. - Ова ќе биде голем чекор кон остварување понапреден сообраќај во општество, изјави главниот извршен директор Тошихиро Мибе. Јапонската Влада го поттикнува развојот на самоуправувачките возила додека земјата се бори со брзо стареење на населението и постојаниот недостиг на работна сила. Во 2020 година, Јапонија стана првата земја во светот што дозволи возило способно да преземе целосна контрола во одредени случаи - да сообраќа на јавни патишта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/honda-i-dheneral-motors-najavija-taksi-uslugi-bez-vozach-vo-japonija/feed/ 0
Марк Маркез ја напушти Хонда по 11 години https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mark-markez-ja-napushti-honda-po-11-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mark-markez-ja-napushti-honda-po-11-godini/#respond Fri, 06 Oct 2023 04:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=885794

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез (30) на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Хонда во која помина 11 години, објавија од јапонскиот тим. Маркез имаше договор со Хонда уште една година, но спогодбено го раскинаа, што му се отвори пат да се пресели во тимот на Гресини Рејсинг, кој го вози помладиот брат на Маркез, Алекс, и користи мотори на Дукати. -Имавме незаборавни моменти: шест светски шампионски титули, пет тројни круни, 59 победи, 101 подиум и 64 пол-позиции. Напорна работа, посветеност и врската што ја изградивме низ годините. Смеа, солзи, радост, тешки моменти, но најважно: единствена и неповторлива врска. Разделени, но секогаш заедно, изјави Маркез преку социјалната мрежа Х.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mark-markez-ja-napushti-honda-po-11-godini/feed/ 0
“Honda” го претстави својот прв “V8” мотор https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/honda-go-pretstavi-svojot-prv-v8-motor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/honda-go-pretstavi-svojot-prv-v8-motor/#respond Mon, 02 Oct 2023 11:50:02 +0000 https://kurir.mk/?p=884217

Не возбудувајте се веднаш, затоа што овој мотор нема да го видите во автомобили. Хонда досега никогаш не понудила "V8" мотор, но сега реши да стави крај на тоа. Сепак, љубителите на автомобили не треба да се радуваат бидејќи нема да го видат во ниту една "Honda" на четири тркала. Новиот "V8" е комерцијализиран под името BF350, а сè станува јасно кога ќе кажеме дека го претставува "Honda Marine". Тоа е надворешен мотор што може да го изберат сопствениците на едрилици од најмалку 7,6 метри. И да, овде номенклатурата јасно укажува за што се работи. Моторот 5.0 V8 опремен со познатата VTEC (Variable Valve Time & Lift Electronic Control) технологија произведува 350 КС. Во согласност со својата филозофија, "Honda" го опреми моторот со серија технологии кои ја оптимизираат потрошувачката на гориво. Надворешниот мотор на "Honda" со интересен изглед тежи 347 килограми, а последните информации велат дека во Америка ќе се нуди по цена од 46.000 американски долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/honda-go-pretstavi-svojot-prv-v8-motor/feed/ 0
Хонда се враќа во Ф1? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-se-vraka-vo-f1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-se-vraka-vo-f1/#respond Tue, 21 Feb 2023 06:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=802957

Раководството на јапонскиот производител на мотори Хонда ја разгледува можноста за формално враќање во шампионатот во Формула 1, во 2026 година. Хонда официјално се повлече од Ф1 на крајот на 2021 година, но моторите на јапонската компанија ги користат тимовите Ред Бул и Алфа Таури. Британските медиуми потсетуваат дека јапонската компанија се уште официјално не се обврзала да се врати во Ф1 во 2026 година. Тимот на Ред Бул ја освои титулата во последните две години со моторите на Хонда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-se-vraka-vo-f1/feed/ 0
Хонда може да ја купи Алфа Таури пред 2026 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-moze-da-ja-kupi-alfa-tauri-pred-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-moze-da-ja-kupi-alfa-tauri-pred-2026-godina/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=775878

Хонда ја извести ФИА за својата намера да се врати во Формула 1 од 2026 година. Jапонската фирма има различни опции за враќање. Компанијата го напушти шампионатот на крајот од сезоната 2021 година, иако продолжува да работи со Ред Бул и Алфа Таури. Во 2026 година, според „Autosport“, Хонда би можела да стане само производител, но разгледувани се и други опции во последните денови. Една од нив е соработката со Алфа Таури, која може да стане фабричка екипа на Хонда, па дури и стекнување на тимот во своја сопственост. Изданието, исто така, ја потврдува информацијата дека Форд би можел да стане снабдувач ос мотори во Ред Бул, како што објави германскиот печат во ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-moze-da-ja-kupi-alfa-tauri-pred-2026-godina/feed/ 0
Хонда ја напушта Ф1 по 2021 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-ja-napushta-f1-po-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-ja-napushta-f1-po-2021-godina/#respond Fri, 02 Oct 2020 09:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=411481

Јапонскиот производител Хонда денеска објави дека повеќе нема да учествува во Формула 1 по 2021 година. Ова може да биде голем проблем за Ред Бул кој ги користи агрегатите на оваа фабрика. Јапонскиот производител се врати во Формула 1 во 2019 година кога потпиша договор со Ред Бул. Само тој тим го снабдуваше со своите погонски единици, како и Торо Росо, односно Алфа Таури како што тимот се вика од 2020 година. Сепак, по следната сезона, Јапонците ќе ја напуштат Формула 1. Оваа одлука ја донесе Хонда откако не направи болид заедно со Ред Бул кој ќе се бори за титулата. Хонда имаше победи во својата прва сезона во Ред Бул во Австрија, Германија и Бразил, додека во 2020 година, Мек Верстапен славеше на „Силверстоун“, а Пјер Гасли сосема неочекувано на „Монца“. Сепак, Хонда, и покрај ветувачкиот старт, не сака да остане во Формула 1 поради зголемените трошоци. – Почнавме да пресметуваме колку ќе не чини Формула 1 со новите правила. Тешко е за сите производители на автомобили, бидејќи сè оди кон електрификација. Затоа разговаравме во рамките на компанијата, а нашиот прв приоритет е да победуваме. Кога ќе одлучиме да учествуваме, сакаме да победуваме. изјави извршниот директор на Хонда, Масаши Јамамото минатата година кога имаше први знаци на незадоволство од јапонскиот производител. Ред Бул сега може да биде во неволја, затоа што ќе треба да најде нов снабдувач на генератори за 2022 година. Досега Ред Бул имаше успех со Рено, но таа соработка заврши по 11 сезони во 2018 година. Пред тоа, Ред Бул ги користеше единиците на Косворт во 2005 година, односно Ферари една година подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/honda-ja-napushta-f1-po-2021-godina/feed/ 0
Официјално, браќата Маркез ќе возат за Хонда https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oficijalno-brakjata-markez-kje-vozat-za-honda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oficijalno-brakjata-markez-kje-vozat-za-honda/#respond Mon, 18 Nov 2019 19:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=265659

Тимот Репсол Хонда соопшти дека следната сезона, во Мото ГП шампионатот во мотоциклизам, за нивниот тим ќе возат браќата Марк и Алекс Маркез. Алекс тргнува по стапките на неговиот брат, кој истотака во Хонда дојде како првак во Мото 2. Договорот на Алекс Маркез е на една година, па дефинитивно ова ќе биде не само првиот, туку и најсилниот и најтрофеен братски тандем во историјата на овој спорт. Марк Маркез е осумкратен светски шампион, а годинава клупски колега му беше Хорхе Лоренцо, кој неодамна објави повлекување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oficijalno-brakjata-markez-kje-vozat-za-honda/feed/ 0
Јапонците си заминуваат од Британија, Хонда првпат во историјата затвора фабрика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japoncite-si-zaminuvaat-od-britanija-honda-prvpat-vo-istorijata-zatvora-fabrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japoncite-si-zaminuvaat-od-britanija-honda-prvpat-vo-istorijata-zatvora-fabrika/#respond Thu, 16 May 2019 10:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=198566

Јапонската компанија Хонда потврди дека до 2021 година ќе затвори фабрика во британскиот град Свиндон, по што 3.500 работници ќе останат без работа. Јапонскиот произведувач на автомобили соопшти дека оваа одлука ја донел откако „значителни и обемни“ консултации покажале дека „не постои алтернатива која е изводлива и одржлива“, пишува „Дејли стар“. Во соопштението се наведува дека во консултациите учествувале повеќе организации и групи, меѓу другите и претставници на британската Влада и надворешни консултанти кои ги ангажирал синдикатот Јунајт. Од Хонда додадоа дека сега ќе почнат разговори со вработените за социјална програма. Фабриката моментално произведува 150.000 автомобили годишно, и ова е прво затворање на еден нејзин погон во 71-годишната историја на компанијата. Европското седиште на Хонда ќе остане во Велика Британија, но одлуката за гасење на фабриката, покрај 3.500 вработени, ќе загрози уште десетици илјади нови работни места, меѓу кои и во синџирот на набавувачите, и во другите фирми кои ја опслужуваат фабриката, пишува „Дејли стар“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japoncite-si-zaminuvaat-od-britanija-honda-prvpat-vo-istorijata-zatvora-fabrika/feed/ 0
Марко: Ако Хонда доживее неуспех, Ред бул ќе ја напушти Ф1 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marko-ako-honda-dozivee-neuspeh-red-bul-kje-ja-napushti-f1/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marko-ako-honda-dozivee-neuspeh-red-bul-kje-ja-napushti-f1/#respond Tue, 04 Sep 2018 14:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=96300

Шефот на Ред Бул, Хелмут Марко даде сензационална изјава дека ако Хонда доживее неуспех, неговиот тим може да ја напушти Формула 1. Под „неуспех“ се подразбира соработката да не донесе победи во шампионатот.
Иако Ред Бул се сметаат за дел од „трите големи“ тима, заедно со Мерцедес и Ферари, тимот не е триумфирал со титулата во Ф1 од времето на Себастијан Фетел. Претходно во текот на годината тие најавија дека ја прекинуваат соработката со Рено и преминуваат кон Хонда - со надеж дека ова партнерство ќе го отвори патот кон нови успеси.
- Ние сме задоволни од прекрасното партнерство со Хонда, што ќе се развие во текот на следните неколку години. Ако поради некоја причина тоа се покаже како неуспешно, тогаш Ред Бул ќе ја напушти Ф1, рече Марко пред „Спидвик“.
Репутацијата на Хонда претрпе многу во последните сезони поради неуспехот со Мекларен. Компанијата беше речиси подготвена да го напушти спортот, но Марко ги убеди да останат со Ред Бул.
- Соработката меѓу Хонда и Торо Росо се развива многу добро засега, заклучи Марко.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/marko-ako-honda-dozivee-neuspeh-red-bul-kje-ja-napushti-f1/feed/ 0
Маркез го освои шпанското Гран При на Херез https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-go-osvoi-shpanskoto-gran-pri-na-herez/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-go-osvoi-shpanskoto-gran-pri-na-herez/#respond Sun, 06 May 2018 13:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=50679

Бранителот на титулата во Мото ГП, Марк Маркез со Хонда победи на трката за Гран При на Шпанија возена на патеката Херез со солидна предност, откако неговите тројца главни конкуренти Андреа Довициозо (Дукати), Дани Педроса (Хонда) и Хорхе Лоренцо (Дукати) се удрија меѓусебно на осум круга пред карираното знаме. Од инцидентот, освен Маркез, профитираа и Јоан Зарко со Јамаха Тек 3 и Андреа Јаноне со Сузуки и се искачија на втората, односно третата позиција. Во топ 5 влегоа и Италијанците Даниеле Петручи (Прамак Рејсинг) и Валентино Роси (Јамаха). Несреќата во трката го промени значително генералниот пласман во Мото ГП по оваа четврта трка од почетокот на сезоната 2018. Маркез е лидер со 70 поени, следен од Зарко кој има 58, трет е Вињалес со 50, а по него е Јаноне со 57. Довициозо е петти со 56.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-go-osvoi-shpanskoto-gran-pri-na-herez/feed/ 0