хондурас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 12:37:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хондурас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со мајагери старт покоси двајца – црвен картон е малку за ваков фаул https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-majageri-start-pokosi-dvajtsa-tsrven-karton-e-malku-za-vakov-faul/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-majageri-start-pokosi-dvajtsa-tsrven-karton-e-malku-za-vakov-faul/#respond Mon, 18 Sep 2023 12:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=879162

На фудбалски натпревар во Хондурас се случи еден од најбруталните стартови кои сме ги виделе на зелениот терен во последните години, а го направи дефанзивецот Андре Орељана, кој сосема заслужено доби директен црвен картон. Имено, се играше 89. минута од натпреварот синоќа помеѓу два од најпознатите хондурански клубови Маратон и Олимпиа, кога Орељана, јасно свесен што ќе направи, буквално полета во правец на двајца противнички играчи, а потоа ги покоси и двајцата, сигурно нанесувајќи им повреди и целосно заслужено доби црвен картон. Тамошните медиуми пишуваат дека ќе биде многу интересно да се види каква последователна казна ќе добие овој играч, особено што се работи за непромислен потег што се коси со здравиот разум, а за ваквите потези прописите налагаат суспензијата да биде многу остра, со цел да не се повторуваат исти или слични прекршоци. Инаку, треба да се каже дека се се случи во самиот финиш на натпреварот на кој на гостинската Олимпиа имаше водство од 1:0. Стрелец на единствениот гол за победа беше Кевин Лопес во 85. минута. Да додадеме уште дека Орељана од претходно е познат како пргав играч, а четирите натпревари пред овој ги заврши со жолт картон. По 8 кола Олимпиа е лидер на табелата со 17 бодови, додека Маратон е на 6. место со 10. Инаку, Олимпиа е најтрофеен клуб во хондуранската лига со дури 36 титули, додека Маратон има 9. Во главната четворка се и Мотагуа со 18 и Реал Еспања со 12. Бранител на титулата е Олимпиа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-majageri-start-pokosi-dvajtsa-tsrven-karton-e-malku-za-vakov-faul/feed/ 0
Најмалку 41 жртва во немири во женски затвор во Хондурас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-41-zhrtva-vo-nemiri-vo-zhenski-zatvor-vo-honduras/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-41-zhrtva-vo-nemiri-vo-zhenski-zatvor-vo-honduras/#respond Wed, 21 Jun 2023 07:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=848078

Најмалку 41 лице загина во женски затвор во Хондурас, изјави синоќа портпаролот на тамошното Јавно обвинителство, по очигледниот затворски бунт. Властите работат на идентификување на телата во женскиот затвор, во кој биле сместени околу 900 лица, на околу 20 километри од главниот град Тегусигалпа, изјави портпаролот Јуриј Мора, известувајќи дека некои починале од изгореници, а други биле застрелани. Тој за британските медиуми кажа и дека владата во моментов не може да ги потврди деталите за настанот. Делма Ордонез, претседател на здружението за семејства на затвореници, изјави за британските медиуми дека вчера во раните утрински часови во затворот избила тепачка меѓу ривалските банди Барио 18 и Мара Салватруча. Локалните медиуми објавија дека дошло до бунт, објавувајќи фотографии на кои се гледа како црн чад се крева од зградата на затворот. Роднините на затворениците вчера побараа информации за нивните најблиски пред затворот. -Барам информации за тоа што се случи со ќерка ми, но сè уште не не известија, изјави една жена за локалната телевизија. Анонимен извор од државната болница изјави дека седум лица се примени на лекување. Хондурас има долга историја на смртоносни инциденти во затворите, а во 2018 година во конфликт на банди во еден од нив беа убиени 18 затвореници, а повеќе од 350 лица загинаа во друг затвор во пожар во 2012 година, пренесуваат британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-41-zhrtva-vo-nemiri-vo-zhenski-zatvor-vo-honduras/feed/ 0
Владата на Хондурас по вторпат ја продолжи вонредната состојба за борба против криминалот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-na-honduras-po-vtorpat-ja-prodolzhi-vonrednata-sostojba-za-borba-protiv-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-na-honduras-po-vtorpat-ja-prodolzhi-vonrednata-sostojba-za-borba-protiv-kriminalot/#respond Wed, 22 Feb 2023 07:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=803443

Владата на Хондурас по вторпат ја продолжи вонредната состојба прогласена во име на борбата против криминалните банди.

Мерката, што стапи на сила на 6 декември како дел од стратегијата на левичарскиот претседател Ксиомара Кастро за борба против криминалот, суспендираше некои уставни права и им дозволи на безбедносните сили да приведат луѓе за кои веруваат дека се поврзани со криминални активности или дека извршиле злосторства.

Вонредната состојба е продолжена за 45 дена. Дополнително, беше проширен и територијалниот опфат на мерката, и отсега ќе важи во вкупно 123 општини. Првично, таа беше во сила само во двата најголеми града на Хондурас.

„Суспендирањето на правата ги опфати и општините каде што, според аналитичарите, криминалните банди мигрирале за да избегаат од полицијата и државата“, рече началникот на полицијата Густаво Санчез на прес-конференција.

Помеѓу 6 декември и 20 февруари имало 356 убиства помалку отколку во истиот период пред една година, нагласи Санчез.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladata-na-honduras-po-vtorpat-ja-prodolzhi-vonrednata-sostojba-za-borba-protiv-kriminalot/feed/ 0
ВИДЕО: Силен земјотрес го погоди Хондурас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-silen-zemjotres-go-pogodi-honduras/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-silen-zemjotres-go-pogodi-honduras/#respond Tue, 02 Aug 2022 16:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=713136

Силен земјотрес денеска го погоди Хондурас, Постојаната комисија за вонредни ситуација во земјата истакна дека јачината на потресот бил 5,3 степени според Рихтеровата скала. Засега нема информации за штети. По овој потрес следувал уште еден со јачина од 4, 2 степени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-silen-zemjotres-go-pogodi-honduras/feed/ 0
Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-honduras-uapsena-shefica-na-kartel-za-koja-sad-nudea-pet-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-honduras-uapsena-shefica-na-kartel-za-koja-sad-nudea-pet-milioni-dolari/#respond Mon, 16 May 2022 07:11:06 +0000 https://kurir.mk/?p=677165

Властите во Хондурас ја уапсија Херлинда Бобадила, шефица на картелот Монтес, по барање за нејзина екстрадиција, како и на нејзините синови, од страна на САД, јавија американски медиуми. Во текот на вчерашниот ден, полицијата ја приведе 62-годишната Бобадила, по вооружен судир при што загина нејзиниот син, Тито Монтес. Според началникот на националната полиција, Густаво Санчез Веласкез, приведени се уште три лица. Повеќе детали за инцидентот не беа соопштени. Во обвинението на САД се тврди дека Бобадила и нејзините двајца синови, Хуан Карлос Монтес Бобадила и Тито Монтес Бобадила, се водачи на организацијата Монтес, што во централноамериканската земја добива кокаин од Јужна Америка. Американските власти нудеа дури пет милиони долари како награда за информација што ќе доведе до апсење на Бобадила. Другиот син на Бобадила, Ное Монтес Бобадила, е уапсен во 2017 година и екстрадиран во САД, каде беше осуден на 37 години затвор поради трговија со дрога. Хондурас досега екстрадираше најмалку 30 свои државјани во САД поради обвиненија поврзани со трговија со дрога. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-honduras-uapsena-shefica-na-kartel-za-koja-sad-nudea-pet-milioni-dolari/feed/ 0
ВИДЕО: Уапсен поранешниот претседател на Хондурас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uapsen-poraneshniot-pretsedatel-na-honduras/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uapsen-poraneshniot-pretsedatel-na-honduras/#respond Wed, 16 Feb 2022 08:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=631966

Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез е уапсен на барање на САД и со лисици на рацете е изнесен од својот дом, само неколку недели по напуштање на функцијата. При преносот на државната телевизија се забележало дека Ернандез на себе имал панцир и синџири меѓу рацете и нозете, а бил придружуван од специјални единици. Потоа поранешниот претседател бил прикажан како седи додека лекарски екипи го прегледуваат. До апсењето дошло откако Врховниот суд на Хондурас одлучил за негово приведување врз основа на барање за испорачување по обвинение за трговија за дрога и оружје. Тој истакнал дека е подготвен да соработува со полцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uapsen-poraneshniot-pretsedatel-na-honduras/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Голем пожар на карипски остров, уништени 200 куќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-golem-pozar-na-karipski-ostrov-unishteni-200-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-golem-pozar-na-karipski-ostrov-unishteni-200-kukji/#respond Sun, 03 Oct 2021 08:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=572115

Голем пожар уништи или оштети повеќе од 200 куќи и други објекти на островот Гуанаја, крај брегот на Хондурас. Стотици жители беа принудени да се евакуираат од оваа туристичка дестинација. Четири лица се повредени во пожарот, кој целосно уништи 90 куќи и оштети уште 120, вклучувајќи и некои деловни објекти, потврдија властите на Хондурас. „Можеме да потврдиме дека немаме човечки загуби, само огромна материјална штета“, рече Мак Гонзалес, директор на Агенцијата за вонредни состојби во Хондурас. Како што јавуваат странските агенции, пожарот избувнал пред зори, а жителите сами се обиделе да го стават под контрола бидејќи на островот нема противпожарна служба. Гуанаја е најисточниот од трите заливски острови, долг околу 18 километри и широк шест километри и опкружен со корален гребен, што го прави привлечен за нуркачите. Овој карипски остров е оддалечен околу 70 километри од северниот брег на Хондурас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-golem-pozar-na-karipski-ostrov-unishteni-200-kukji/feed/ 0
Најмалку 26 лица загинаа во поплавите во Хондурас после Ета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-lica-zaginaa-vo-poplavite-vo-honduras-posle-eta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-lica-zaginaa-vo-poplavite-vo-honduras-posle-eta/#respond Mon, 09 Nov 2020 10:43:43 +0000 https://kurir.mk/?p=426833

Најмалку 26 лица загинаа, а шестмина се водат како исчезнати во Хондурас, откако тропската бура Ета предизвика поплави во земјата, соопшти денеска националната комисија за вонредни состојби. Повеќе од 65.900 лица во 68 општини биле отсечени од надворешниот свет, додека 26.795 биле евакуирани, а 11.000 биле сместени во привремени засолништа. Од ураганот во Хондурас биле погодени вкупно 1,7 милиони луѓе. Ета целосно уништила 49 станбени згради, а 140 претрпеле сериозна штета. Стотици граѓани на Хондурас сè уште се дома и чекаат спасувачки екипи бидејќи некои региони станаа недостапни поради поплави и свлечишта. Ураганот Ета го погоди брегот на Хондурас во понеделникот, на 2 ноември. Тој беше класифициран како категорија 4, а подоцна ја изгуби својата сила и стана тропска бура, а потоа се сведе на т.н. тропска депресија. Врнежите од дожд и силните ветрови предизвикани од Ета силно ги погодија земјите низ Централна Америка, а бурата сега се движи кон Флорида. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-lica-zaginaa-vo-poplavite-vo-honduras-posle-eta/feed/ 0
Претседателот на Хондурас хоспитализиран поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-honduras-hospitaliziran-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-honduras-hospitaliziran-poradi-kovid-19/#respond Thu, 18 Jun 2020 09:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=359375

Претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандез, кој неодамна објави дека е заразен со вирусот Ковид-19, е хоспитализиран поради пневмонија. Портпаролот на Хернандез изјави дека претседателот се чувствува добро и дека е примен во болница бидејќи прима интравенска терапија. Хернандез пред два дена објави дека за време на викендот не се чувствувал добро, поради што се тестирал, а резултатите се позитивни. Тогаш најави и дека ќе работи од дома. Меѓутоа, синоќа е хоспитализиран затоа што лекарите процениле дека е подобро да биде во болница. Од Ковид-19 е заразена и неговата сопруга, која има асимптоматски облик на болеста. Како што пренесуваат странските агенции, Хернандес ја поддржува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-honduras-hospitaliziran-poradi-kovid-19/feed/ 0
Претседателот на Хондурас позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-honduras-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-honduras-pozitiven-na-koronavirus/#respond Wed, 17 Jun 2020 07:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=358883

Претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандез е позитивен на Ковид-19, прима терапија и работи од дома и со помош на соработници, соопшти неговиот Кабинет. -Како претседател на нацијата и одговорен граѓанин, сакам да кажам дека во текот на неделата почнав да се чувствувам полошо и денеска ми беше дијагностициран Ковид-19, рече Хернандез за време на телевизиското обраќање до нацијата. Според него, тој има благи симптоми и веќе се чувствува подобро од примената терапија, но ќе остане во изолација до одлука на лекарите. Вели дека добива коктел лекови, вклучувајќи микродацин, азитромицин, ивермектин и цинк. Со вирусот се заразени и неговата сопруга и двајца соработници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-honduras-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0