хонг конг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 08:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хонг конг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Црно предупредување во Хонг Конг поради обилниот дожд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tsrno-predupreduvane-vo-hong-kong-poradi-obilniot-dozhd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tsrno-predupreduvane-vo-hong-kong-poradi-obilniot-dozhd/#respond Fri, 08 Sep 2023 09:04:34 +0000 https://kurir.mk/?p=875948

Обилниот дожд предизвика поплавени улици, трговски центри и метро станици во Хонг Конг. За еден час наврнало од 158 до 200 милиметри дожд, најголемо количество на дожд во изминатите 140 години. Бирото за метеорологија издаде предупредување за највисоко црно невреме на главниот остров во Хонг Конг, Коулун, и североисточниот дел од Новите територии на градот. Се очекува екстремните услови да траат најмалку до денеска напладне. Поради невремето берзата во Хонг Конг денеска нема да биде отворена, исто така во прекин е и наставата. Надојдената вода предизвика и затворање на метро станиците и доцнење на возовите. И во соседниот мегаполис Шенжен е погоден од невремето, каде наврнале 469 милиметри дожд, што е најмногу од почетокот на метеоролошката евиденција од 1952 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tsrno-predupreduvane-vo-hong-kong-poradi-obilniot-dozhd/feed/ 0
Лидерот на Хонг Конг се закани дека активистите кои побегнале на Запад ќе бидат прогонувани доживотно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-hong-kong-se-zakani-deka-aktivistite-koi-pobegnale-na-zapad-ke-bidat-progonuvani-dozhivotno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-hong-kong-se-zakani-deka-aktivistite-koi-pobegnale-na-zapad-ke-bidat-progonuvani-dozhivotno/#respond Tue, 04 Jul 2023 17:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=852673

Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли денеска изјави дека осуммината продемократски активисти кои сега живеат во САД, Велика Британија, Канада и Австралија ќе бидат гонети доживотно за наводни прекршоци во врска со националната безбедност. Ли изрази поддршка за полициските напори за нивно апсење. Тој на прес-конференција рече дека секој, вклучително и нивните пријатели и роднини, кои ќе понудат информации кои ќе доведат до нивно апсење, ќе имаат право на награда понудена од полицијата. - Единствениот начин да се стави крај на нивната судбина како бегалци кои ќе бидат гонети доживотно е да се предадат, рече тој. Полицијата во Хонг Конг вчера обвини осум странски активисти за сериозни кривични дела во областа на националната безбедност и понуди награди за информации што ќе доведат до нивно апсење. Злосторствата за кои се обвинети вклучуваат договарање со странци за воведување санкции против Хонг Конг и Кина, како и поттикнување отцепување. Обвинети се активистите Нејтан Ло, Ана Квок и Фин Лау, поранешните пратеници Денис Квок и Тед Хуи, адвокатот и правник Кевин Јам, синдикалниот активист Мунг Сиу-тат и онлајн коментаторот Јуан Гонг-џи, соопшти полицијата на прес-конференција. Полицијата соопшти дека издала потерници и понудила награда од 127.656 долари за секое поединечно апсење. Исто така, имотот на обвинетите ќе биде замрзнат каде што е можно и јавноста е предупредена да не ги поддржува финансиски. Активистите се наоѓаат во неколку земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Австралија, а полицијата призна дека шансите за кривично гонење се мали доколку обвинетите останат во странство. По нив е распишана потерница според законот за национална безбедност што Пекинг го наметна на Хонг Конг во 2020 година, по долготрајните антикинески протести претходната година. Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека нејзината Влада е длабоко разочарана од извештаите дека властите во Хонг Конг издале налози за апсење за „поддржувачите на демократијата, вклучително и оние во Австралија“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-hong-kong-se-zakani-deka-aktivistite-koi-pobegnale-na-zapad-ke-bidat-progonuvani-dozhivotno/feed/ 0
Полицијата во Хонг Конг обвини осум активисти во странство за тешки кривични дела и распиша награда за нивното апсење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-hong-kong-obvini-osum-aktivisti-vo-stranstvo-za-teshki-krivichni-dela-i-raspisha-nagrada-za-nivnoto-apsene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-hong-kong-obvini-osum-aktivisti-vo-stranstvo-za-teshki-krivichni-dela-i-raspisha-nagrada-za-nivnoto-apsene/#respond Mon, 03 Jul 2023 18:02:02 +0000 https://kurir.mk/?p=852283

Полицијата во Хонг Конг денеска обвини осум странски активисти за сериозни кривични дела во областа на националната безбедност и понуди награди за информации што ќе доведат до нивно апсење. Злосторствата за кои се обвинети вклучуваат договарање со странци за воведување санкции против Хонг Конг и Кина, како и поттикнување отцепување. Обвинети се активистите Нејтан Ло, Ана Квок и Фин Лау, поранешните пратеници Денис Квок и Тед Хуи, адвокатот и правник Кевин Јам, синдикалниот активист Мунг Сиу-тат и онлајн коментаторот Јуан Гонг-џи, соопшти полицијата на прес-конференција. Полицијата соопшти дека издала потерници и понудила награда од 127.656 долари за секое поединечно апсење. Исто така, имотот на обвинетите ќе биде замрзнат каде што е можно и јавноста е предупредена да не ги поддржува финансиски. Активистите се наоѓаат во неколку земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Австралија, а полицијата призна дека шансите за кривично гонење се мали доколку обвинетите останат во странство. По нив е распишана потерница според законот за национална безбедност што Пекинг го наметна на Хонг Конг во 2020 година, по долготрајните антикинески протести претходната година. Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека нејзината Влада е длабоко разочарана од извештаите дека властите во Хонг Конг издале налози за апсење за „поддржувачите на демократијата, вклучително и оние во Австралија“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-hong-kong-obvini-osum-aktivisti-vo-stranstvo-za-teshki-krivichni-dela-i-raspisha-nagrada-za-nivnoto-apsene/feed/ 0
ВИДЕО: Хорор во Хонг Конг, гори облакодер од 42 ката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-horor-vo-hong-kong-gori-oblakoder-od-42-kata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-horor-vo-hong-kong-gori-oblakoder-od-42-kata/#respond Fri, 03 Mar 2023 06:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=807432

Голем пожар избувна во центарот на Хонг Конг, во комерцијалната и туристичка зона на градот, а пожарот зафати облакодер во изградба. Според локалните медиуми, има повредени. Во гаснењето пожари учествувале и авиони. Бидејќи се работи за објект во изградба, системот за противпожарна заштита не бил активиран. Очевидци споделуваат снимка од облакодер кој пламнува низ целата вертикала.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-horor-vo-hong-kong-gori-oblakoder-od-42-kata/feed/ 0
Пожар во облакодер во изградба во Хонг Конг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhar-vo-oblakoder-vo-izgradba-vo-hong-kong/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhar-vo-oblakoder-vo-izgradba-vo-hong-kong/#respond Thu, 02 Mar 2023 21:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=807384

Пожар избувна денеска на градилиште на облакодер во Хонг Конг, поради што се активирани голем број пожарникари, соопштија градските власти. Пожарот избувна во 23.11 часот по локално време (17.11 часот по средноевропско време) во Цим Па Цуи, комерцијален и туристички кварт на морскиот брег. Засега нема информации за жртви. Пожарот најпрвин бил забележан во близина на скелето на врвот на зградата, а огнот можел да се забележи од пристаништето како и жарот кој паѓа по соседните улици. Еден час подоцна, пожарот се проширил на целата зграда и се спуштил на улицата каде што се собрале стотици пнабљудувачи. Полицијата соопшти дека огнот зафатил и четири соседни згради, но дека тие пожари се изгаснати. Таму се гради зграда од 42 ката, во која ќе бидат сместени Поморскиот клуб и нов хотел, а проектот е на Empire Group. Околу градилиштето има трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти. Областа Цим Ша Цуи е популарна туристичка и шопинг област во Хонг Конг. Позната е по своите облакодери и погледот на градското пристаниште Викторија. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhar-vo-oblakoder-vo-izgradba-vo-hong-kong/feed/ 0
Хонг Конг го укина задолжителното носење заштитни маски во борбата против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hong-kong-go-ukina-zadolzhitelnoto-nosene-zashtitni-maski-vo-borbata-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hong-kong-go-ukina-zadolzhitelnoto-nosene-zashtitni-maski-vo-borbata-protiv-koronavirusot/#respond Tue, 28 Feb 2023 07:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=805845

Хонг Конг ќе ја укине обврската за носење маски во борбата против коронавирусот, изјави денеска главниот извршен директор на регионот Џон Ли во обид да привлече посетители и бизниси и да го врати нормалниот живот, на повеќе од три години по наметнувањето строги правила. -Укинувањето на обврската за носење маска во Хонг Конг ќе стапи на сила утре, 1 март, рече Ли на брифингот со новинарите. Специјалниот административен регион Хонг Конг е едно од последните места во светот каде носењето маски сè уште е задолжително. Административните региони на Хонг Конг и Макао во последните три години ја следат кинеската политика на нулта толеранција за коронавирусот. Хонг Конг почна да ги укинува рестриктивните мерки минатата година, но обврската за носење маски е на сила од 2020 година. -Сметаме дека ова е најдобро време да се донесе оваа одлука. Тоа е јасна порака што покажува дека Хонг Конг се враќа во нормала, рече Ли. Во местата со висок ризик, како што се болниците, менаџерите можат да одлучат дали да бараат од персоналот и посетителите да носат маски, додаде тој. Соседниот специјален административен регион Макао најави укинување на обврската за носење маски на 26 февруари, за сите локации освен јавниот превоз, болниците и уште неколку места. Жителите на континентална Кина не мораат да носат маска на отворено, иако властите ги охрабруваат да го прават тоа на јавни затворени простори како што се аеродромите и железничките станици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hong-kong-go-ukina-zadolzhitelnoto-nosene-zashtitni-maski-vo-borbata-protiv-koronavirusot/feed/ 0
УЖАСНИ ДЕТАЛИ: Ја убиле оваа манекенка и го распарчиле нејзиното тело, главата најдена во тенџере за супа – еве кој ќе одговара https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uzhasni-detali-ja-ubile-ovaa-manekenka-i-go-rasparchile-nejzinoto-telo-glavata-najdena-vo-tendhere-za-supa-eve-koj-ke-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uzhasni-detali-ja-ubile-ovaa-manekenka-i-go-rasparchile-nejzinoto-telo-glavata-najdena-vo-tendhere-za-supa-eve-koj-ke-odgovara/#respond Sun, 26 Feb 2023 20:20:54 +0000 https://kurir.mk/?p=805301

За убиството на младата манекенка од Хонг Конг, Аби Чои, чие тело беше пронајдено распарчено, денеска беа обвинети нејзиниот поранешен свекор и девер. Познатата манекенка исчезна во вторникот. Нејзиното распарчено тело било пронајдено три дена подоцна во фрижидер во импровизирана месарница, но главата, торзото и рацете сè уште и недостасувале. -Полицијата денеска ја пронашла главата на убиената Чои и неколку ребра во тенџере со супа, објави South China Morning Post. Полицијата ги обвини нејзиниот поранешен свекор и девер за убиството, додека нејзината свекрва се соочува со обвинение за попречување на правдата. Утре пред суд ќе се појават тројца осомничени на возраст меѓу 31 и 65 години. -Сопругот на Чои, Алекс Квонг, бил уапсен вчера, но не е обвинет, пренесува Yahoo.news. Жителите на Брегот на Слоновата Коска велат дека манекенката, која се појави на насловната страница на модниот магазин L’Officiel Monaco овој месец, последен пат била видена жива во вторникот во Таи По, во близина на Хонг Конг, за време на кратко возење во близина на куќата каде што биле пронајдени нејзините останки. Полицијата почнала да ја бара во четвртокот. Се претпоставува дека младата жена имала финансиски спор со поранешниот сопруг и неговото семејство во вкупна вредност од 100 милиони долари.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uzhasni-detali-ja-ubile-ovaa-manekenka-i-go-rasparchile-nejzinoto-telo-glavata-najdena-vo-tendhere-za-supa-eve-koj-ke-odgovara/feed/ 0
Запленета дрога вредна 140 милиони доларина во Хонг Конг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneta-droga-vredna-140-milioni-dolarina-vo-hong-kong/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneta-droga-vredna-140-milioni-dolarina-vo-hong-kong/#respond Sat, 29 Oct 2022 13:52:48 +0000 https://kurir.mk/?p=752379

Царината на Хонг Конг заплени 1,8 тони течен метамфетамин, најголема досега заплена на дрога во градот, соопштија денеска властите. Синтетичката дрога, што беше запленета на 23 октомври, била скриена во шишиња со ознака „кокосова вода“ и била дел од товарна пратка што пристигнала во Хонг Конг по море, се вели во соопштението на властите. Се проценува дека вредноста на запленетата дрога е 140 милиони долари. Полицијата во Хонг Конг го истражува случајот и засега нема уапсени. Дрогата била наменета за Австралија и била испорачана од Мексико преку Хонг Конг, соопштија властите на прес-конференција. Како што се наведува, во Австралија пазарната вредност би можела да достигне речиси милијарда долари. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneta-droga-vredna-140-milioni-dolarina-vo-hong-kong/feed/ 0
Хонг Конг доби своја Музеј-палата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hong-kong-dobi-svoja-muzej-palata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hong-kong-dobi-svoja-muzej-palata/#respond Wed, 06 Jul 2022 12:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=701002

Музеј-палатата во Пекинг, којашто се наоѓа во срцето на Забранетиот Град, ја содржи најголемата колекција на кинеска уметност, што опфаќа речиси 5.000 години историја. Но, таа сега доби и свој „одгранок“… Имено, повеќе од 900 артефакти се изложени во новата Музеј-палата во Хонг Конг, а чинот претставува еден вид подарок од кинеската централна Влада, што се совпадна со 25-годишнината од предавањето на градот од Британците на Кина (1 јули, 1997). Иако нема ништо отворено политичко во колекцијата, Музејот предизвика контроверзии кога за првпат беше објавен кон крајот на 2016 година од лидерката на Хонг Конг во заминување – Кери Лам (Главен секретар за администрација од 2012. до 2017. и четврта извршен управителка од 2017. до 2022 година), поради недостаток на јавна консултација пред проектот. Долгорочниот заем на Музејот, што вклучува ретки дела, ќерамика, жад и друго, беше потег што ги надмина типичните музејски практики. Претседателот на Музејот во Хонг Конг, Бернард Чен самиот нагласи во интервју за Си-ен-ен, дека „ова е првпат национално богатство од ваков размер да се префрли на друга културна институција“, што е огромен потфат, земајќи ги предвид комплексноста на превозот, обезбедувањето и осигурувањето. Изградбата на музејот е финансирана со 450 милиони долари од „Хонг Конг џокеј-клубот, една од најстарите институции во Хонг Конг, основана 1884 година. Од многуте изложени предмети, 166 артефакти се сметаат за „национални богатства од прв ред“ и се прикажани во тематски целини. Главна знаменитост сигурно ќе биде ротирачката изложба на кревките, кршливи предмети и исклучително ретки слики и калиграфии од кинеските династии Џин, Танг, Сонг и Јуан. Иако улогата на официјален Пекинг останува непозната, Музејот е во согласност со „визијата“ на кинескиот претседател Си Џинпинг за „кинескиот сон“ за „големо подмладување на кинеската нација“, во којшто економската иднина на Кина и меѓународното влијание се испреплетени со историската слава на нацијата. Патриотизмот, „ширењето на кинеските и суштинските социјалистички“ вредности, како и традиционалната кинеска култура, во визијата на претседателот, треба да се гледа како извор на инспирација за денешните литературни и уметнички иновации. За жителите на Хонг Конг, Музејот станува летна дестинација од највисок тренд, но и „извор на пари“. Само за месец јули се продадени над 110.000 билети, а посетителите ќе можат да уживаат во две огромни изложбени сали, ресторан, театар со 400 седишта, но и разни други активности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hong-kong-dobi-svoja-muzej-palata/feed/ 0
Џон Ли е новиот лидер на Хонг Конг, поддржан од Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-li-e-noviot-lider-na-hong-kong-poddrzan-od-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-li-e-noviot-lider-na-hong-kong-poddrzan-od-kina/#respond Fri, 01 Jul 2022 15:48:40 +0000 https://kurir.mk/?p=698522

Џон Ли е новиот лидер на Хонг Конг, на местото на Кери Лам, откако вчера положи заклетва на функцијата, за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг, по повод  прославите на 25-годишнината од враќањето на територијата од Велика Британија во Кина, јави ДПА. Ли е поранешен шеф на безбедноста на градот и се смета за протврдокорен приврзаник на политиката на Пекинг, па затоа во својот инаугуративен говор вети дека ќе ја продолжи интеграцијата на Хонг Конг со копното. Свеченостите претходно вчера почнаа со церемонија на кревање на знамето, додаде ДПА. Знамето на Хонг Конг беше кренато, заедно со кинеското знаме, на церемонијата во пристаништето Викторија. Втора година по ред, полицијата во Хонг Конг маршираше во кинески стил, наместо да ги повторува британските вежби како претходно. Според Ли, новите власти ќе ја зајакнат конкурентноста на Хонг Конг и ќе ја развијат неговата економија, а акцентот ќе биде ставен врз развојот на покраината во насока на создавање меѓународен центар за иновации и технологија, а за да го постигне ова потребно е да се комбинира силата на Хонг Конг и на континентална Кина. И покрај тоа што Си не присуствуваше на традиционалната церемонија на кревање на знамето по повод оваа церемонија, тој вчера присуствуваше на церемонијата на положување заклетва, веднаш по неговото пристигнување во Хонг Конг. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-li-e-noviot-lider-na-hong-kong-poddrzan-od-kina/feed/ 0