Хонгконг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Dec 2021 08:17:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хонгконг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хонгконг: Пожар во СТЦ, околу 300 луѓе заробени на покривот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-pozar-vo-stc-okolu-300-lugje-zarobeni-na-pokrivot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-pozar-vo-stc-okolu-300-lugje-zarobeni-na-pokrivot/#respond Wed, 15 Dec 2021 08:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=608665

Најмалку четири лица се повредени при пожар во Светскиот трговски центар во Хонгконг. Околу 300 луѓе се заробени на покривот на 38-катната зграда, во фреквентниот трговски кварт во Козвеј Беј. Локалните власти го класифицираа пожарот како трето ниво на инцидент на скалата од 1 до 5. Весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ пишува дека купувачите и гостите на ресторанот се меѓу оние кои сè уште се заробени во зградата, која функционира како комплекс на трговски центар и деловен, канцелариски простор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-pozar-vo-stc-okolu-300-lugje-zarobeni-na-pokrivot/feed/ 0
Во Хонгконг потврден првиот случај на корона вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hongkong-potvrden-prviot-sluchaj-na-korona-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hongkong-potvrden-prviot-sluchaj-na-korona-virusot/#respond Wed, 22 Jan 2020 11:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=293140

Првиот случај на маж заразен со новиот корона вирус е потврден во Хонгконг, јавија локалните медиуми. Претходно денеска, прв случај беше потврден и во кинескиот специјален административен регион Макао. Станува збор за 52-годишна жена турист од Вухан, градот од каде што вирусот почна забрзано да се шири. Властите во двете специјални административни области во Кина ги заострија мерките за да се спречи ширењето на инфекцијата. Во Макао, светскиот центар за коцкање, обврзно е да се носат маска за лице. Скенери за мерење на телесната температура се инсталирани на различни локации во поранешната португалска колонија, вклучително и на влезовите во казината. Голем број земји ги зајакнаа граничните контроли за да се спречи ширењето на вирусот, што се појави кон крајот на минатата година. Аеродромот Хитроу во Лондон одреди одделни места за патници кои пристигнуваат од области каде што се шири инфекцијата, наведе британскиот министер за транспорт Грант Шапс. Во Сингапур од денеска се прегледуваат сите патници кои пристигнуваат од Кина. Руските власти соопштија дека се зајакнати контролите на границите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hongkong-potvrden-prviot-sluchaj-na-korona-virusot/feed/ 0
Хонгконг: Разговорот со демонстрантите без напредок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-razgovorot-so-demonstrantite-bez-napredok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-razgovorot-so-demonstrantite-bez-napredok/#respond Tue, 27 Aug 2019 08:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=233811

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам изјави дека се сретнала и разговарала со група млади луѓе за протестите кои се случуваат во тој кинески град, но нема напредок ниту по едно барање од демонстрантите. Лам истакна дека на затворениот состанок денеска го објаснила ставот на Владата за петте барања на протестното движење. Таа ги оспорила критиките дека нејзината влада ги игнорира демонстрантите, чии барања вклучуваат демократски избори, откажување од обвинувањата против уапсените демонстрани и независната истрага за употреба на прекумерна сила од страна на полицијата. – Не станува збор за нереагирање, туку се поставува прашањето за неприфаќање на тие барања, истакна Лам. Во Хонгконг повеќе од два месеца траат протести во кои учествуваат главно млади луѓе. Над 80 лица се уапсени минатиот викенд кога демонстранти ги окупираа градските улици, поставија барикади и фрлале цигли и молотови коктели во судирите со полицијата. Лам минатата недела најави платформа за дијалог во која ќе бидат вклучени и демонстрантите, додека опозициските лидери ја доведоа во прашање искреноста на нејзината иницијатива, нарекувајќи ја „тактика на одложување“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-razgovorot-so-demonstrantite-bez-napredok/feed/ 0
Ескалираат протестите во Хонгконг, власта подготвена за дијалог https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskaliraat-protestite-vo-hongkong-vlasta-podgotvena-za-dijalog/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskaliraat-protestite-vo-hongkong-vlasta-podgotvena-za-dijalog/#respond Tue, 27 Aug 2019 07:34:38 +0000 https://kurir.mk/?p=233757

Лидерката на Хонгконг Кери Лам изјави дека ескалацијата на насилството во антивладините протести, кои траат три месеци во тој кинески град, станува се посериозна, додавајќи дека власта е подготвена за дијалог. Лам првпат проговори во јавност бидејќи протестите ескалираа во неделата, кога полицијата употреби водени топови и солзавец во судир со демонстрантите, кои фрлале цигли и молотови коктели. – Сакаме колку е можно побрзо да се реши оваа ситуација и подготвени сме да разговараме, порача Лам, истакнувајќи дека воопшто не мисли оти управата на Хонгконг ја загубила контролата. Хонгконг се соочува со најголема политичка криза од преминот под кинеска управа во 1997 година, а властите во Пекинг испратија јасно предупредување дека размислуваат за можна интервенција, со цел да прекинат немирите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskaliraat-protestite-vo-hongkong-vlasta-podgotvena-za-dijalog/feed/ 0