хонорарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 May 2021 10:10:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хонорарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Власта на СДСМ за едни мајка за други маќеа – хонорарци примале 80.000 денари месечно“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-za-edni-majka-za-drugi-makjea-honorarci-primale-80-000-denari-mesechno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-za-edni-majka-za-drugi-makjea-honorarci-primale-80-000-denari-mesechno-foto/#respond Tue, 04 May 2021 10:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=505240

Како власта предводена од СДСМ за едни е мајка, а за други маќеа?! Деновиве се објави листата на хонорарни испалти за 2020 година од Владата на СДСМ. На таа листа се наоѓаат две имиња, секое со хонорар од по 80.000,00 денари месечно или по 960.000,00 денари за цела 2020 година. Ангажманот на овие две лица е „Изработка на физибилити студија за Јавно приватно партнерство за фотонспонска електрана во РЕК Осломеј и обезбедување техничка помош за спроведување постапка за избор на приватен инвеститор“. ( Слика 1) ВМРО-ДПМНЕ во многу наврати реагираше за катастрофалната енергетската политика на Владата. Откако е формирана Владата на СДС-ДУИ, во енергетиката секоја година се повторуваат истите ветувања и наместо да се даде отчет за реализација, следната година, повторно се ветува истиот проект. Како пример за ветување на еден ист проект е изградбата на фотонапонска електрана во Осломеј. На 4.1.2019 година е потпишан договор за заем за изградба на фотонапонска централа Осломеј (Слика 2). Дадено е ветување дека поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за околу една година треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоелектрична централа. Иако помина повеќе од 2 години, сé уште нема реализација на ова ветување. На 28.11.2019 година е потпишан договор за изградба на фотонапонска електрана Осломеј. Ветено е дека во втората половина на 2020 година ќе бидат произведени првите мегават часови струја од електраната. Директорот на ЕЛЕМ Ковачески информираше дека електраната ќе биде готова за 10 месеци и ќе започне да ги произведува првите киловати електрична енергија од сонце на есен 2020 година. Се разбира дека и ова ветување не е реализирано. После доцнење од 2 години, пред само неколку дена, Владата даде согласност на Одлуката за избор на најповолна понуда во постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали во Осломеј (Слика 3). Со оваа одлука на ЕЛЕМ за најповолни се прогласуваат понудите на две надворешни компании, при што како дел од условите на аукцијата, покрај поделбата на приходите и ќе се понудат 50 работни места на поранешните вработени во рудникот за јаглен во тој регион (Слика 4). Ако 50 вработени се понудат на надворешната фирма, каква ќе биде судбината на останатите над 450 вработени во рудникот? Кои се тие поранешни вработени во рудникот? Дали тоа значи дека ќе има отпуштања во ЕЛЕМ - РЕК Осломеј? Дали оваа физибилити студија коија е дебело платена од наши пари, а од неа бенефит уживаат двајца платеници на СДСМ, ќе остави без работа 450 луѓе од рудникот во РЕК Осломеј? Или може да се каже дека убаво сме им платиле на овие двајца за да му помогнат на странскиот партнер како нашите граѓани полесно да останат без работа. Ете таква е власта на СДСМ: за едни мајка, а други маќеа! Но, ова нема да помине неказнето. Напатениот македонски народ ќе има шанса да си ја земе правдата во свои раце и да ја порази оваа ненародна Власт. А, потоа и да ги казни платениците, кои мора да одговараат за пљачката на буџетот. Буџетот кој сите граѓани на Македонија едвај го полниме, за да може само поедници блиски до СДСМ да ги уживаат благодетите и згора на сé да прават штетни политики за енергетиката и својот народ. Честит празник народе македонски! „Доста беше, разбуди се, свести се не спиј ти!“- токму како што е опеано во една народна песна. Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ! Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-za-edni-majka-za-drugi-makjea-honorarci-primale-80-000-denari-mesechno-foto/feed/ 0
Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-edna-godina-isplatil-350-iljadi-evra-za-honorarci-a-mozel-da-kupi-7-bolnichki-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-edna-godina-isplatil-350-iljadi-evra-za-honorarci-a-mozel-da-kupi-7-bolnichki-vozila/#respond Wed, 14 Apr 2021 09:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=496965

Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила. Овие 350 илјади евра да се потрошеа на болнички возила, можеби ќе можеше едно од нив да го спаси животот на овчарот од кратовско, кој почина во болница, откако претходно 5 часа доктор на раце го носеше за да го спаси, затоа што немаше болничко возило кое можеше да го земе, изјави на денешната прес конференција, Дарко Костовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Овие 350 илјади евра наместо за хонорарци на Заев можеа да се потрошат за вработување на медицински персонал, па можеби ќе имаше кој да и даде кислород на жената што почина во штипската болница, затоа што немаше кој да и даде кислород. 350 илјади евра се пари со кои можеа да се набават десетина илјади вакцини, но наместо за тоа се потрошија за исплати кон синот на Самка Ибраимоски, претседателот на СДММ Марко Михаилоски, квази независниот колумнист Петрит Сарачини и други апологети на Заев, вели тој. Костовски посочи дека со 350 илјади евра власта можеше да набави десетина илјади теста за Ковид, таблети и разни терапии, но наместо за лечење и спасување на човечки животи, 350 илјади евра во ек на пандемија беа потрошени за згрижување на коалициони партнери, функционери од партијата, нивни роднини, и таканаречените независни колумнисти. - 350 илјади евра се пари со кои можеше да се направи многу и да се спасат стотици животи, но Заев одбра да ги дава за хонорарци, негови партиски активисти, коалициони партнери и дежурни фалбаџии во медиумите, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-edna-godina-isplatil-350-iljadi-evra-za-honorarci-a-mozel-da-kupi-7-bolnichki-vozila/feed/ 0
Додека граѓаните одвај го крпат месецот и секојдневно ги губат своите работни места, Заев си ги згрижил сопартијците во Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-gragjanite-odvaj-go-krpat-mesecot-i-sekojdnevno-gi-gubat-svoite-rabotni-mesta-zaev-si-gi-zgrizil-sopartijcite-vo-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-gragjanite-odvaj-go-krpat-mesecot-i-sekojdnevno-gi-gubat-svoite-rabotni-mesta-zaev-si-gi-zgrizil-sopartijcite-vo-vlada/#respond Tue, 13 Apr 2021 15:07:21 +0000 https://kurir.mk/?p=496601

Македонските граѓани се потешко го врзуваат месецот и голем дел се на раб на егзистенција, а други секојдневно ги губат работните места, но Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев си ги згрижила сопартијците или блиски луѓе на нивните владини партнери. Вчера беше објавен списокот со над 50 тајни хонорарци ангажирани во Владата, меѓу кои има доста звучни имиња. Покрај многуте, се најде името и на професорот Ванчо Узунов, кој е поранешен потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз, и истиот е ангажиран за месечен надомест од 53 илјади денари, народни пари. Но, за таа сума на пари професорот грчевито почна да го фали и прани премиерот Заев. Имено, треба да се спомене дека едно време кога премиерот, Зоран Заев ја убедуваше со членството во НАТО, Македонија ќе има повисоки плати а граѓаните економски ќе живеат подобро , Узунов категорично се спротивставуваше на Заев. Узунов во телевизиско гостување соопшти дека Македонија економски нема да добие ништо од воената алијанса. „Ништо НАТО нема да ни донесе, ние треба да си оствариме. Значи не може современ развој да биде чекање, некоја трик карта, некое членство и ние ќе се развиеме“, велеше Узунов во јуни 2019 во однос на тврдењата на премирет Заев дека членството во НАТО за нас значи мир и стабилност и е најсилна гаранција за нашата безбедност, дека тоа ќе донесе подобар живот за нашите граѓани, како на политички, така и на економски план. Од, во одредени моменти критичар на Заев, професорот Узунов стана страствен бранител на тезите и потезите на премиерот. Минатата година, во услови на пандемија и криза, кога се покачуваше акцизата на горивата од три денари, тој го поддржуваше и го бранеше ваквиот чекор. „Bо време на криза, кога очите на сите, разбирливо, се вперени во владата и буџетот и чекаат поддршка од таму, некој мора да мисли и за полнење на тој буџет. Затоа, оваа мерка на владата, во овие услови, е сосема оправдана, бидејќи ќе биде извор на приходи, веројатно поевтин и од секое позајмување од надвор”, велеше универзитетскиот професор Узунов на 21 април 2020 кога државата беше во тешка економска и здравствена криза поради корона вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-gragjanite-odvaj-go-krpat-mesecot-i-sekojdnevno-gi-gubat-svoite-rabotni-mesta-zaev-si-gi-zgrizil-sopartijcite-vo-vlada/feed/ 0
Нов скандал: Во година со корона Заев потрошил неверојатни 20 милиони денари за пропагандни хонорарци! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-godina-so-korona-samo-zaev-potroshil-neverojatni-20-milioni-denari-za-propagandni-honorarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-godina-so-korona-samo-zaev-potroshil-neverojatni-20-milioni-denari-za-propagandni-honorarci/#respond Tue, 13 Apr 2021 08:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=496331

Чисти и безобразни 18.048.000 (осумнаесет милиони и 48 илјади денари) денари без данок кон државата - ова е неверојатната сума на потрошени, расфрлени народни пари само за пропаганда и патетичен владин пи-ар за Заев во минатата година за армија од 55 „хонорарни“ соработници. Во време кога немаше пари за заштита на медицинарите, полицијата и војската, владата без усул трошела на педесет и пет хонорарци за пропаганда. За вакцини немаше пари, но за пропаганда немало проблем да се трошат милиони денари. Пропаганда евтина по сроченото и ефектот, но прескапа и преплатена според сумите плаќани за неа. На страна се и владините редовно платени служби за оваа намена (десетици лица), со кои пи-арот на Заевци достигнува уште побаснословни суми. Со хонорарите, Заев директно потплатил 55 семејства со по 30-на илјади денари месечно за да му одработуват и гласаат. Друг ефект од „сработеното“ на хонорарците нема. На страна што и секое министерство има свој пи-ар, а најголем е тимот на Филипче. Во превод, сумата на се заедно потрошено за пропаганда минува половина милион евра! Неофицијално, од наши извори, најголемиот дел од овие луѓе не се ни појавувале на работа, туку оддома (на компјутер, кога можеле) си ги одработувале солените хонорари. Дел, не ги ни одработувале, туку едноставно, си добивале награда за минат труд за Социјадемократите од Северна (Амон Мрак и редица други фиктивни „хонорарци“). Во превод, Заев потрошил над 300.000 евра за хонорари за само 55 лица и пи-ар, затоа што со данокот кон државата ова станува сума од над неверојатни 20 милиони денари. Единствена намена на овие 55 платеници/хонорарци била да прават демек анализи на информации и пи-ар на владата, со што на државата реално и помогнале нула насто. Нивната задача била, реално, постојано да пуштаат дезинформации (соц-мрежни ботови) и нон-стоп да прават фингирана атмосфера по „нарачка“ по истите социјални мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм и др.), како и да создаваат лажна слика за „успесите“ на најнеуспешната влада во историјата на Македонија, а во најголема мера - да ги минимизираат неуспесите, мега-скандалите и аферите во кои секојдневно запаѓа оваа криминогено-антимакедонска влада. И самите велат, дека се’ е до „перцепцијата“, нели... Сумите се огромни и движат од неверојатни 60.000 месечно па надолу, а просекот на „добивката“ по човек или бот е околу 30-на илјади денари месечно по лице, плата која ден-денеска за многумина е научна фантастика во Македонија, но која очигледно во Северна на Заев е сосема добра цифра за обичен хонорар на новопечени ликови во професијата, партијски хонорарци за кои во новинарските кругови никој, никогаш и никаде не чул. А поверојатно, нема ни да слушне. На страна што информациите зборуваа за 58, а владата објави само 55 хонорарци. Логичното прашање кое се наетнува е – колку илјади денари земале останатите, необјавени тројца „хонорарци“, ако највисоко платениот хонорарец зема „само“ 60 илјади денари месечно, т.е ќарил 12 илјади евра народни пари минатата година?  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-godina-so-korona-samo-zaev-potroshil-neverojatni-20-milioni-denari-za-propagandni-honorarci/feed/ 0
Најавија 58 објавија 55: Кои се тајните хонорарци кои имаат државна плата? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavija-58-objavija-55-koi-se-tajnite-honorarci-koi-imaat-drzavna-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavija-58-objavija-55-koi-se-tajnite-honorarci-koi-imaat-drzavna-plata/#respond Mon, 12 Apr 2021 18:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=496173

Откако минатата недела во медиумите беше објавено дека владата во 2020 година исплатила 58 фактури за 58 хонорарци ангажирани од владата, денеска тие објавија список со 55 хонорарци на кои им исплатиле суми и до 60 илјади денари. Владиниот портпарол Мухамед Хоџа на новинарско прашање дали Владата ќе ги објави имињата на ангажираните хонорарци, за кои објави „Призма“ минатата недела изјави дека тие не се тајни ниту анонимни, туку се ангажирани според одредби за лица од надвор со специфични ангажмани, но притоа не кажа за какви ангажмани се работи. „Нема ниту тајни, ниту анонимни хонорарци, ниту тајно ангажирани административни службеници. Точно се знае за што Владата ангажирала физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, со колкав финансиски надомест. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост. Тоа се специфични ангажмани кои не може да се реализираат од редот на вработените и за нив не може да се отвори редовен работен однос и затоа се ангажирани привремено“, одговори владиниот портпарол минатата недела. „Призма“ минатата недела, врз основа на фактурите добиени преку Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер што биле исплатени преку авторската агенција „Артпицк“ за декември 2020 година, објави дека Владата лани во декември ангажирала 58 луѓе, ама за разлика од вработените што се наведени со име и презиме, овие хонорарци се скриени, па, и покрај сите декларирани заложби за транспарентност, Владата инсистираше тие да останат – анонимни, се до денес кога го објавија списокот со хонорарците. Сепак она што е спорно е тоа што наместо 58 на списокот се најдоа 55 хонорарци од каде се поставува и прашањето, кои се луѓето кои владата ги крие? Листата можете да ја погледнете ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najavija-58-objavija-55-koi-se-tajnite-honorarci-koi-imaat-drzavna-plata/feed/ 0
Владата ги криела имињата на хонорарците за да не бидат линчувани oд разни центри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kriela-iminjata-na-honorarcite-za-da-ne-bidat-linchuvani-od-razni-centri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kriela-iminjata-na-honorarcite-za-da-ne-bidat-linchuvani-od-razni-centri/#respond Fri, 09 Apr 2021 21:16:15 +0000 https://kurir.mk/?p=495116

Хонорарците се граѓаните на РСМ и нив не ги штити Законот за работни односи, а во ова политизирано општество овие луѓе се потенцијална мета затоа што во минатото сме имале такви искуства за понатаму да се линчуваат од разни центри и ботови, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски во емисијата 360 степени на Алсат. Тој додаде дека не го заслужуваат тоа, затоа што како што рече, дадени им се професионални задачи кои ги извршиле во целост. И сега, со давањето на нивните лични податоци тие се изложуваат во јавноста. Тоа е повреда на приватноста. Мора и овој аспект да се има предвид кога разговараме за темата. -Во решението на Комисијата се уште стои дека не треба да се објавуваат имињата на овие луѓе. И Владата, правејќи го тој ,,тест’’ на штетноста увиде дека има голем јавен интерес и штетата кон лицата е помала во однос на значењето на јавниот интерес, затоа што тоа се јавни пари. Инаку прашањата од новинарот во врска со хонорарците пристигнаа кон крајот на март и ова јавноста треба да го знае, така што релативно брзо се заврши целата постапка. Во моментот кога стручните служби првично дале одговор на новинарот, процениле дека и делата за кои се ангажирани не треба да се споделат со јавноста. Затоа и направивме консултации со двете надлежни институции, појасни Арсовски. Додаде дека овие лица од некои центри поинаку се претставуваат од тоа што се, се нарекуваат, рече, предавници, а често сме имале случаи каде што им се упатувале закани, што е недозволиво. Најави дека од понеделник, преку Законот за пристап до информации, сите новинари ќе имаат можност да ги добијат овие податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-kriela-iminjata-na-honorarcite-za-da-ne-bidat-linchuvani-od-razni-centri/feed/ 0