хор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 20:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Сајмон не можеше да се смири, хор го расплака жирито пеејќи ја песната на Nightbirde https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-sajmon-ne-mozheshe-da-se-smiri-hor-go-rasplaka-zhirito-peejki-ja-pesnata-na-nightbirde/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-sajmon-ne-mozheshe-da-se-smiri-hor-go-rasplaka-zhirito-peejki-ja-pesnata-na-nightbirde/#respond Wed, 31 May 2023 20:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=840893

Хор од Јужна Африка со својот настап го расплака Сајмон Кауел, кој важи за најстрогиот член на жирито во шоуто „Америка има талент“. Овие момци и девојки се претставија со песната „It’s ok“ и на тој начин и оддадоа почит на Џејн Марцзевски која е авторка на песната. Сајмон по нивниот настап не можеше да ги задржи солзите, а заедно со останатите членови од жирито, на барање на публиката во салата, одлучија да го притиснат златното копче. За потсетување, Џејн настапи во АГТ пред две години кога со својата песна и приказна го воодушеви Сајмон кој го притисна златното копче. Џејн тогаш кажа дека боледува од карцином и докторите и дале само 2% шанса за да преживее. Со нејзиниот позитивен став ги остави сите без зборови, а за нејзиниот настап и порака дозна целиот свет. -Не можете да чекате животот да престане да биде тежок за да одлучите да бидете среќни, изјави Nightbirde по нејзиниот настап во 2021 година. Џејн во меѓувреме мораше да се откаже од понатамошното натпреварување поради здравствената состојба и за жал почина во февруари минатата година на 31 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-sajmon-ne-mozheshe-da-se-smiri-hor-go-rasplaka-zhirito-peejki-ja-pesnata-na-nightbirde/feed/ 0
ВИДЕО: Прво место за хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје на Интернационален фестивал во Италија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-prvo-mesto-za-horot-i-orkestarot-na-oou-kuzman-josifovski-pitu-od-skopje-na-internacionalen-festival-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-prvo-mesto-za-horot-i-orkestarot-na-oou-kuzman-josifovski-pitu-od-skopje-na-internacionalen-festival-vo-italija/#respond Mon, 31 Oct 2022 10:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=753069

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски - Питу“ од Скопје настапи на Интернационалниот фестивал во Ричоне, Римини, Италија, под името ,,Сите бои на уметноста" и го освои првото место. На фестивалот настапија 18 натпреварувачи од: Литванија, Шри Ланка, Иран, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија, во различни категории. Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко во ООУ ,,Кузман Јосифовски - Питу, Вера Ангеловска, се покажа во право светло и ги освои симпатиите и гласовите на жирито. Со 31 глас од хористите и 9 те членови на оркестарот, настапот на македонската музичка експедиција ги изнуди аплаузите и овациите од преполната сала во ,,PALAZZO DEL TURISMO" во Ричоне, Римини Италија. Македонскиот училишен хор и оркестар, за разлика од натпреварувачите на другите учесници, го немаше епитетот професионалци, но сепак покажа дека има квалитет еднаков и подобар од професионалните музичари, што беше пресудно за победа и успех. Пехарот за 1 -то место ќе остане во трајна сопственост на училиштето, како и оригиналната статуетка од Интернационалниот фестивал, и златните медали на градите на учениците ќе останат да сведочат за овој огромен успех на хорот и оркестарот на ООУ ,,К.Ј. Питу", како прв и единствен претставник од Македонија на еден ваков Светски музички настан. Покрај хорот и оркестарот, на Фестивалот во категорија ,,вокални солисти", македонски преставници беа Лана Алексовска (која го освои 2. место) и Ева Балканова (која беше третопласирана). Овие две ученички, се воедно дел и од победничкиот хор. Од училиштето изразуваат благодарност и до наставник Наташа Петровска Дургутов која е со нив на овој настан, и до сите чинители кои овозможија учениците на ООУ Кузман Јосифовски Питу Скопје да покажат и докажат дека се најдобри.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-prvo-mesto-za-horot-i-orkestarot-na-oou-kuzman-josifovski-pitu-od-skopje-na-internacionalen-festival-vo-italija/feed/ 0
Прв настап на хорот од Бигорскиот манастир на официјален настан во Атина – аплауз и воодушевување од публиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-nastap-na-horot-od-bigorskiot-manastir-na-oficijalen-nastan-vo-atina-aplauz-i-voodushevuvanje-od-publikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-nastap-na-horot-od-bigorskiot-manastir-na-oficijalen-nastan-vo-atina-aplauz-i-voodushevuvanje-od-publikata/#respond Sat, 04 Dec 2021 08:56:53 +0000 https://kurir.mk/?p=603886

Со долг аплауз и воодушевување од присутните беше поздравен настапот на монашкиот хор при Бигорскиот манастир за време на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина, што воедно беше и прво нивно вакво претставување во грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина. Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура на Грција, општината Атина и атинската архиепископија и воедно станува збор за прв настап на македонски хор на ваков официјален настан кај јужниот сосед. Присутни беа генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Грција, како претставник на Владата и претставник на грчкиот архиепископ Јеронимос, како и игуменот Бигориски манастир, Епископ Антаниски г. Партениј. Отец Анатолиј одговорен за машкиот хор, во разговор со дописничката на МИА од Атина, по завршувањето на настапот изрази задоволство како од пеењето, така и од приемот на публиката. Објасни дека учеството на првиот Меѓународен фестивал на православна црковна музика беше по покана од претседателот на Здружението на јеропсалти, односно црковни певци на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Илиас Редиадис -Тумбас, а „сето тоа е со благослов на архиепископијата атинска, односно на архиепископот атински господин Јероним и со нивно покритие“ и со поддршка од Министерството за култура на Грција. -Ова е првпат во нашата, да речам понова историја, бидејќи не сум доволно сигурен за минатото, но мислам дека првпат хор од нашата црква да присуствува на еден ваков настан, официјален настан на Грчката православна црква и сметаме дека пеењето беше доста успешно, бевме доста успешно примени од публиката, истакна отец Анатолиј за МИА. Додава дека, ова, немаше да биде возможно „без заложувањата кои нашиот Игумен, епископот Антаниски г. Партениј ги има направено досега на многу полиња, а притоа и во црковната музика, за промоција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија насекаде во светот, особено и овде, во Грција“. Здружението на јеропсалти од Атика, на епископот г. Партениј му додели почесен медал за неговите заложби за источно-црковното православно пеење. Концертот се одржа во Соборниот храм посветен на Благовештение на Богородица, а организаторите и домаќините, посебно време посветија на гостите од Северна Македонија и посебно го истакнаа учеството на хорот од Бигорскиот манастир. На почетокот на концертот, како претставник на грчката Влада, на присутните им се обрати генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Грција Јоанис Хрисулакис, кој во име на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го поздрави синоќешниот настан и рече дека „византиската музика може донесе само единство и радост во нашите души“. Претседателот на Здружението на црковни певци на периферијата Атика, Илиас Редиадис -Тумбас претставувајќи ги учесниците, се осврна на игуменот на Бигорскиот манастир, Епископот Антаниски г. Партениј, за кој рече дека „во 2018 година беше прогласен за почесен граѓанин на Европа од Европскиот Парламент, за неговото многустрано пастирско, хуманитарно и образовно дело во соседната земја, Северна Македонија“. Првиот меѓународен фестивал на православната црковна музика се одржува во Атина од 3 до 5 декември 2021 година, а Бигорскиот монашки хор и денеска и утре ќе учествува на различни настани. -Поканети сме во недела да пееме на неделната литургија во црквата „Свети Пантелејмон“, таа е најголемата црква во Атина и ја нарекуваат Света Софија Атинска Таму ќе пееме на левата певница, односно на словенски јазик. Тоа значи дека половина од богослужението ќе биде на грчки, половина ќе биде на црковнословенски јазик и тоа е доста уникатен настан. Се надеваме дека ќе помине многу убаво и со нетрпение го очекуваме, рече отец Анатолиј во разговор со дописничката на МИ А од Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-nastap-na-horot-od-bigorskiot-manastir-na-oficijalen-nastan-vo-atina-aplauz-i-voodushevuvanje-od-publikata/feed/ 0
Божикен и новогодишен концерт на хорот „Калистрат Зографски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/boziken-i-novogodishen-koncert-na-horot-kalistrat-zografski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/boziken-i-novogodishen-koncert-na-horot-kalistrat-zografski/#respond Sun, 13 Jan 2019 08:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=151563

Црковниот хор „Калистрат Зографски“ од Струга вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“  ќе одржи Божикен и новогодишен концерт. На програмата ќе бидат композиции од божикниот литургиски циклус, додека Ристе Миладинов ќе чита кратки текстови поврзани со содржината на музичките дела. Во рамките на програмата воведно обраќање ќе има директорот на центарот за култура Николина Велкоска Глигороска, а празнична беседа ќе одржи и проф. д-р отец Стефан Санџакоски. Концертот, како што изјави за МИА хороначалникот Димитри Кумбароски, е во навечерието на празникот Обрезание Господово и Православна Нова Година,, а целта е достоинствено да се одбележат големите христијански празници. – Новина пред стружани ќе биде настапот на детскиот хор „Калистрат Зографски“, кои на присутните ќе им приредат празнично изненадување, рече Кумбароски. Црковnиот хор „Калистрат Зографски“ функционира во рамките на литургиската заедница при манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта. Членовите на хорот ја негуваат древната византиска музичка традиција на црквата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/boziken-i-novogodishen-koncert-na-horot-kalistrat-zografski/feed/ 0
Папата нареди финансиска истрага на хорот на Систинската капела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-naredi-finansiska-istraga-na-horot-na-sistinskata-kapela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-naredi-finansiska-istraga-na-horot-na-sistinskata-kapela/#respond Thu, 13 Sep 2018 07:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=100198

Папата Франциско нареди да се спроведе истрага за финансиски малверзации во работењето на познатиот хор на Систинската капела. Според црковните власти, истрагата тајно се вршела во изминатите неколку месеци, а во нејзин фокус се свештениците кои се менаџер и директор на хорот. Хорот на Систинската капела се смета за најстариот се уште активен хор во светот. Официјално формиран во 1471 година, тој произлегува од традицијата на црковните хорови формирани од папата Григориј Велики во 7-иот век. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-naredi-finansiska-istraga-na-horot-na-sistinskata-kapela/feed/ 0