Хорхе Лоренцо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Nov 2019 15:40:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хорхе Лоренцо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хорхе Лоренцо става крај на кариерата https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/horhe-lorenco-stava-kraj-na-karierata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/horhe-lorenco-stava-kraj-na-karierata/#respond Thu, 14 Nov 2019 15:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=264135

Хорхе Лоренцо ќе ја заврши кариерата во мототрките. 32-годишниот Шпанец се откажува по завршувањето на оваа сезона, откако остана само една трка до крајот, онаа во Валенсија. Лоренцо е трикратен МотоГП шампион и го прекинува учеството поради една година полна со повреди. Шпанскиот возач е шампион во кралската класа за 2010, 2012 и 2015 година. Во 202 трки, Хорхе има 47 победи, вкупно 114 пласмани во првите три, како и 43 пол-позиции. Лоренцо се натпреварува во МотоГП од 2008 година, а претходно учествуваше во Мото 2 и Мото 3 шампионатите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/horhe-lorenco-stava-kraj-na-karierata/feed/ 0
Шефот на МотоГП го повика Лоренцо да донесе одлука за неговата иднина https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shefot-na-motogp-go-povika-lorenco-da-donese-odluka-za-negovata-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shefot-na-motogp-go-povika-lorenco-da-donese-odluka-za-negovata-idnina/#respond Fri, 08 Nov 2019 09:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=261605

Шефот на МотоГП, Кармело Еспелета го повика трикратниот шампион во кралските трки, Хорхе Лоренцо, да одлучи за својата иднина, бидејќи неговиот настап со Хонда изгледа тажно. Лоренцо се мачеше да се прилагоди на машината, а по неговата повреда во Холандија во јуни, се квалификуваше надвор од првите 15 и во повеќето случаи завршуваше околу истото место. Во Австралија, Лоренцо стави крај на серијата од четири трки без освоени поени, благодарение на финишот на 14-торо место. Во Малезија, сепак, тој повторно покажа неспособност да го контролира својот мотоцикл и заврши со повеќе од една минута зад својот тимски колега – веќе осумкратен шампион Марк Маркез. – Мислам дека Лоренцо треба да донесе одлука. Го познавам добро и ми се допаѓа, но тој треба да размисли што сака во животот. Ако реши дека неговиот грб навистина многу го боли по инцидентите, што ги претрпе, Хорхе мора да размисли дали воопшто може да се опорави и да биде повторно тој пилот, што сите го знаеме одпорано. Не сакам да го гледам како завршува 19-ти, тажно е , рече Еспелета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shefot-na-motogp-go-povika-lorenco-da-donese-odluka-za-negovata-idnina/feed/ 0
Вињалес повторно најбрз на „Филип Ајленд“, инцидент помеѓу Маркез и Лоренцо https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vinjales-povtorno-najbrz-na-filip-ajlend-incident-pomegju-markez-i-lorenco/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vinjales-povtorno-najbrz-na-filip-ajlend-incident-pomegju-markez-i-lorenco/#respond Fri, 25 Oct 2019 07:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=255881

Маверик Вињалес со својот Јамаха мотоцикл беше најбрзиот пилот во втората слободна тренинг сесија на Мото ГП тркачкиот викенд во Австралија. На самиот крај на сесијата, шампионот за 2019 година, Марк Маркез (Хонда) го удри тимскиот колега Хорхе Лоренцо. Фабио Куартаро не зеде учество поради медицинската помош, што ја доби по неговата несреќа на првата тренинг сесија рано наутро. Вињалес го зазеде првото место уште на почетокот на сесијата на „Филип Ајленд“, а на крајот заврши со пола секунда предност пред Андреа Довициозо со Дукати. Трет беше Кал Крачлоу со сателитската Хонда пред Данило Петручи и Џек Милер со Дукати. Маркез се најде на шестото место, а во својот последен круг, во обид да го надмине својот тимски колега Хорхе Лоренцо на 11-тиот свиок. Резултатот, меѓутоа, беше контакт меѓу нив, од кој „излета“ дел од едниот мотор. Маркез го остави зад себе ветеранот Валентино Роси, а потоа следеше талентот на Сузуки Алекс Ринс. Топ 10 ги надополнија Франко Морбидели со Јамаха и Алеиш Еспергаро со Априлија. Јоан Зарко беше на 15-то место со Хонда, 1,6 секунди зад Вињалес, но со две десетини предност пред Лоренцо. Инцидент на сесијата претрпе Пол Еспергаро со КТМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vinjales-povtorno-najbrz-na-filip-ajlend-incident-pomegju-markez-i-lorenco/feed/ 0
Лоренцо ги посочи четворицата фаворити за титулата во МотоГП https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-gi-posochi-chetvoricata-favoriti-za-titulata-vo-motogp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-gi-posochi-chetvoricata-favoriti-za-titulata-vo-motogp/#respond Mon, 11 Feb 2019 16:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=162764

Хорхе Лоренцо призна дека не се смета за фаворит за титулата во 2019 година, но посочи четири пилоти, за кои тој верува дека се способни да станат шампиони. Трикратниот шампион во кралската класа се подготвува за својата прва сезона со Хонда, но за жал се повреди во тренинг во зима, поради што почетокот на сезоната може да биде тежок за него. Според Лоренцо, неговиот нов тимски колега, Марк Маркез, кој се опоравува од операцијата на рамото, ќе сретне тежок отпор, додека се обидува да ја одбрани титулата од 2018 година. Шпанецот смета дека во 2019-та, дуото на Јамаха – Валентино Роси и Маверик Вињалес ќе биде голем фактор во челото, а Андреа Довициозо со моќниот мотор на Дукати ќе биде главен кандидат за титулата трета година по ред. – Како што секогаш сум велел, во МотоГП сè е можно, но се разбира, треба да бидеме и реални. Недостатокот на подготовка и мојата повреда ќе ја отежнат презентацијата во Катар, а најверојатно и во наредните две или три трки. Нашата цел е да се подобри уште малку машината. Во оваа фаза не сметам дека сум меѓу фаворитите за претстојната сезона. Има други пилоти како Марк заедно со Довициозо, Валентино и Вињалес, прокоментира Лоренцо. На првиот предсезонски тест во 2019 година доминираше Дукати, но Јамаха, исто така, го демонстрираше своето подобрување и по сеизгледа ја надмина кризата со која се соочуваше тимот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-gi-posochi-chetvoricata-favoriti-za-titulata-vo-motogp/feed/ 0
Лоренцо пренесен в болница по тешката несреќа https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-prenesen-v-bolnica-po-teshkata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-prenesen-v-bolnica-po-teshkata-nesrekja/#respond Fri, 05 Oct 2018 12:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=111180

Пилотот на Дукати, Хорхе Лоренцо е транспортиран во болница за дополнителни истражувања по тешкиот инцидент за време на втората тренинг сесија пред ГП на Тајланд во МотоГП. Лоренцо доби повреда на трката од претходниот круг на шампионатот, но сепак одлучи да даде сè од себе и да настапи оваа недела. На остриот трет свиок од патеката „Чанг“ моторот на Лоренцо направи чуден звук, пилотот изгуби контрола и падна од мотоциклот. Шпанецот беше свесен по инцидентот, но му беше потребна носилка, за да ја напушти трасата. Неговиот мотор се подели на два дела по лизгањето на асфалтот. Како резултат на несреќата, левиот зглоб на Хорхе и десниот глужд имаат голем оток, но нема фрактури. Од медицинскиот центар на тајландската патека изјавија дека може да го заврши остатокот од кругот, но Лоренцо посакал натамошни анализи в болница. Во првиот тренинг Лоренцо го освои 17 место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-prenesen-v-bolnica-po-teshkata-nesrekja/feed/ 0
Лоренцо со втора победа по ред во МотоГП со Дукати https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-so-vtora-pobeda-po-red-vo-motogp-so-dukati/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-so-vtora-pobeda-po-red-vo-motogp-so-dukati/#respond Sun, 17 Jun 2018 15:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=66781

Хорхе Лоренцо го пронајде вистинскиот ритам со Дукати во МотоГП и забележа втора последователна победа за сезоната на патеката во Барселона. Шпанецот ја продолжи победничката низа, која започна во Италија и се приклучи на групата Џакомо Агостини, Валентино Роси и Дани Педроса со над 150 подиуми. Шампионот Марк Маркез со Хонда го освои второто место, а Валентино Роси ја заврши трката нa трето место. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/lorenco-so-vtora-pobeda-po-red-vo-motogp-so-dukati/feed/ 0