Хосе Луис Лосано Гарсија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Feb 2022 13:22:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хосе Луис Лосано Гарсија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски оствари средба со шпанскиот амбасадор Хосе Луис Лосано Гарсија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-shpanskiot-ambasador-hose-luis-losano-garsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-shpanskiot-ambasador-hose-luis-losano-garsija/#respond Tue, 08 Feb 2022 13:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=628656

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија, Хосе Луис Лосано Гарсија, информираат од партијата. Мицкоски му го честиташе назначување и му посака успешна мисија со надеж и уверување дека со сопственото дипломатско искуство и ангажман ќе даде огромен придонесе во унапредување на односите меѓу двете земји. На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба, стана збор и за пандемијата со која се соочува светот, европските перспективи, како и можноста од предвремени парламентарни избори. Претседателот Мицкоски информираше за внатрешно политичките случувања, немањето позитивни реформи, лошата економска состојба кои негативно влијаат врз европската перспектива на државата, нагласувајќи дека со одржување на предвремени парламентарни избори граѓаните ќе можат да го потврдат своето незадоволство кон власта кое го манифестираа на локалните избори, се со цел да донесат промени кои што пак ќе обезбедат подобра иднина и конечно реализирање на проекти и спроведување на реформи за подобрување на животниот стандард. Воедно, Мицкоски изрази разочарување од лошото менаџирање на здравствената криза од страна на владата на СДСМ со борбата од Ковид пандемијата, укажувајќи дека бројот на починати секојдневно се зголемува како резултат на лошите мерки и протоколи. Соговорниците искажаа подготвеност за продолжување на континуирана и интензивна соработка, продлабочување на односите кои се од заеднички интерес и на двете држави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-shpanskiot-ambasador-hose-luis-losano-garsija/feed/ 0