Хосе Мануел Албарез Буено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Apr 2023 13:13:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хосе Мануел Албарез Буено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Буено: Го поддржуваме напредокот на Албанија во процесот за членство во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bueno-go-poddrzhuvame-napredokot-na-albanija-vo-protsesot-za-chlenstvo-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bueno-go-poddrzhuvame-napredokot-na-albanija-vo-protsesot-za-chlenstvo-vo-eu/#respond Fri, 14 Apr 2023 13:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=823989

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, кој е во посета на Тирана, истакна дека за време на шпанското претседателство со ЕУ ќе го поддржат напредокот на Албанија во процесот за членство. На заедничката прес-конференција со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, Буено ја потенцираше зголемената на соработката меѓу двете земји, што беше финализирано денеска со потпишување на меморандум за соработка. - Пристигнав во Албанија како дел од турнејата низ западните земји и поддршката за Албанија во ЕУ ќе биде многу активна во текот на шесте месеци кога Шпанија ќе претседава со Европската унија. Односот меѓу Албанија, Балканот и ЕУ се теми за кои разговаравме со министерката. Разговаравме и за односот на Косово со Србија. Овој однос е надвор од економските врски. Ние сме солидарни за време на кризи. И помогнавме на Албанија со помош за вакцини и медицинска помош за време на пандемијата, изјави Буено. Тој додаде дека со неговата колешка Џачка го делат истото мислење за неправедната и брутална агресија на Русија врз Украина. - Разговаравме за улогата на Албанија во одбраната и глобалните прашања како членка на НАТО и земја која ќе влезе во ЕУ, а јас ја споменав улогата и активирањето на Албанија во многу важни безбедносни прашања. Ние во Шпанија ги промовираме и цениме вредностите што се напишани во Повелбата за права на Обединетите нации. Разговаравме и за соработката меѓу Албанија и Шпанија за борба против криминалните мрежи. Соработка има и на приватно ниво во делот на туристичкиот сектор и се надеваме дека ќе се зголеми присуството на шпански компании во Албанија, наведе Буено. Шпанскиот шеф на дипломатијата информираше и дека ќе биде организирана средба на ниво на премиери меѓу двете земји за дополнително зајакнување на соработката на различни полиња. Албанија и Шпанија денеска потпишаа Меморандум за соработка за постигнување на најдобра можна координација на работата за прашањата од европската интеграција. Заблагодарувајќи се за посетата, што, како што рече, е прва на шпански прв дипломат по подолг период и поддршката на евроинтеграцискиот пат, Џачка меѓу другото посочи дека процесот на скрининг за земјата завршува на крајот на годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bueno-go-poddrzhuvame-napredokot-na-albanija-vo-protsesot-za-chlenstvo-vo-eu/feed/ 0
Шефот на шпанската дипломатија Албарес утре во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-shpanskata-diplomatija-albares-utre-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-shpanskata-diplomatija-albares-utre-vo-skopje/#respond Thu, 13 Apr 2023 14:26:21 +0000 https://kurir.mk/?p=823684

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти македонското МНР.

Освен средбата со својот домаќин, министерот Османи, шефот на панската дипломатија Албарез ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Покрај билатералните односи меѓу двете земји, централно место во разговорите се очекува да биде забрзувањето на пристапниот процес процес на Македонија во Европската Унија, во светло на претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на годината. Во таа насока, предвидено е и потпишување на билатерален Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ.

На средбите ќе се разговара и за можностите за продлабочување на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.

Посетата на Албарез на Македонија е дел од неговата балканска турнеја. Тој вчера беше во Белград, денеска е во Сараево, а пред Скопје ќе ја посети и Тирана.  

Шпанското МНР соопшти дека Албарес доаѓа на Балаканот за да го пренесе обновениот интерес на Мадрид за земјите од регионот и да најави дека Шпанија, откако ќе го преземе претседавањето со ЕУ на 1 јули, ќе ги поддржи нивните напори да и се приклучат на Унијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-shpanskata-diplomatija-albares-utre-vo-skopje/feed/ 0