Хосеин Амир-Абдолахиан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 13:29:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хосеин Амир-Абдолахиан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефот на иранската дипломатија Амир-Абдолахиан ги отфрли критиките поради полициското насилство и ги обвини САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-iranskata-diplomatija-amir-abdolahian-gi-otfrli-kritikite-poradi-policiskoto-nasilstvo-i-gi-obvini-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-iranskata-diplomatija-amir-abdolahian-gi-otfrli-kritikite-poradi-policiskoto-nasilstvo-i-gi-obvini-sad/#respond Tue, 06 Dec 2022 13:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=771759

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан денеска ги отфрли критиките на сметка на неговата земја поради репресијата врз демонстрантите кои веќе со недели на улиците го искажуваат незадоволството од состојбата во таа држава, обвинувајќи ги САД дека поттикнуваат нереди за да ја соборат сегашната власт во Техеран. Тој во текот на денот беше во работна посета на Сараево, каде за билатералните односи разговараше со официјални претставници на Босна и Херцеговина, а по состанокот со министерката за надворешни работи, Бисера Турковиќ изјави дека Иран ги отфрла критиките на државите, како што се САД поради прашањата поврзани со човековите права. Одговарајќи на прашања од новинарите за состојбата во Иран, протестите кои траат од септември и нивното насилно задушување, тој изјави дека изминатите осум недели бил „врвот на странското мешање со поттикнување неред и терор“, а за се ги обвини САД. – Ниту едно лице во Иран не страдало во пукотници на силите за безбедност, рече шефот на иранската дипломатија, кој тврди дека 67 полицајци се убиени во текот на сузбивањето на протестите, за што ги обвини „екстремистите кои ги поттикнуваат САД“, бидејќи сакаат контрола над иранската нафта и другите енергенси. Тој истакна дека Иран е загрижен поради војната во Украина и на таа војна се противи на ист начин на кој се противи и на вооружените судири во другите делови од светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-iranskata-diplomatija-amir-abdolahian-gi-otfrli-kritikite-poradi-policiskoto-nasilstvo-i-gi-obvini-sad/feed/ 0