хоспитализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Mar 2023 19:27:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хоспитализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Хоспитализиран Папата Франциск, откажани сите состаноци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-hospitaliziran-papata-frantsisk-otkazhani-site-sostanotsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-hospitaliziran-papata-frantsisk-otkazhani-site-sostanotsi/#respond Wed, 29 Mar 2023 19:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=817897

Папата Франциск (86) денеска е хоспитализиран во Рим, а неговите состаноци планирани за утре се откажани, објави Ватикан. „Светиот Отец е во болницата 'Џемели' каде што попладнево беше однесен на однапред договорени прегледи“, изјави портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, без да даде други информации. Италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“ објави дека Папата бил пренесен во болницата со брза помош поради проблеми со срцето. Медиумите пренесуваат дека тој бил однесен на кардиолошкото одделение каде се вршат прегледи. Папата (86) претходно во средата одржа општа аудиенција во Ватикан, а се појавија фотографии на кои се гледа како неговите соработници го приоддржуваа додека се качувал во возилто со болни гримаси на лицето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-hospitaliziran-papata-frantsisk-otkazhani-site-sostanotsi/feed/ 0
Болсонаро хоспитализиран во САД со болки во стомакот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-hospitaliziran-vo-sad-so-bolki-vo-stomakot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-hospitaliziran-vo-sad-so-bolki-vo-stomakot/#respond Mon, 09 Jan 2023 19:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=785224

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро е хоспитализиран во Орландо во американската сојузна држава Флорида поради силни стомачни болки, објавија денеска бразилските медиуми без да наведат извори. Болсонаро, поранешен екстремно десничарски претседател, го напушти Бразил два дена пред крајот на неговиот мандат за да ја избегне инаугурацијата на новиот претседател на 1 јануари, левичарот Луис Инасио Лула да Силва. Поранешниот претседател на Бразил бил примен во болницата во Орландо поради „тешки стомачни болки“, пишува весникот „Глобо“, еден ден откако приврзаниците на Болсонаро упаднале во државните институции во Бразил. Болсонаро, кој негираше вмешаност во нападот, има 67 години и има сериозни последици од прободувањето со нож во септември 2018 година. Беше избоден за време на претседателската кампања и изборите на кои победи. Оттогаш, Болсонаро има здравствени проблеми. Неколку пати бил итно хоспитализиран, а од 2018 година шест пати бил опериран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-hospitaliziran-vo-sad-so-bolki-vo-stomakot/feed/ 0
За 32 проценти зголемен бројот на хоспитализирани од коронавирус, директорката на Инфективна порачува да бидеме одговорни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-32-procenti-zgolemen-brojot-na-hospitalizirani-od-koronavirus-direktorkata-na-infektivna-porachuva-da-bideme-odgovorni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-32-procenti-zgolemen-brojot-na-hospitalizirani-od-koronavirus-direktorkata-na-infektivna-porachuva-da-bideme-odgovorni/#respond Wed, 30 Nov 2022 07:14:42 +0000 https://kurir.mk/?p=768637

Состојбата со коронавирусот во земјава остава впечаток дека работите се мирни. Во моментов, во регионот состојбата со КОВИД-19 е стабилна, но во Кина минатата недела беа регистрирани 32.695 случаи на инфекција со коронавирус. Иако е далеку од нас, д-р Милена Стевановиќ, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во изјава за МИА вели дека во изминативе години научивме дека КОВИД-19 не е болест што лесно може да се предвиди и од таа причина мора да се почитуваат мерките за заштита како и претходно. – Без разлика што бројките не се такви какви што беа, не смееме да си дозволиме да не се заштитиме. Не е поентата да се плашиме и да паничиме, туку да се грижиме и да бидеме одговорни, порача д-р Стевановиќ. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје во моментов има пет до шест хоспитализирани пациенти, додека во амбулантата дневно доаѓаат околу десеттина пациенти. Директорката на Клиниката за инфективни болести вели дека дијагностички, ковидот и грипот имаат слични симптоми во дадениот момент, како покачена температура, сериозна главоболка, омалаксаност и од таа причина бараат пациентите да се тестираат. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 21 до 27 ноември 2022 година регистрирани се 174 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се две починати лица во изминатата недела. Се работи за едно лице од Скопје и едно лице од Куманово, со коморбидитети и починати во болнички услови. Во моментов активни се 172 случаи. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани вкупно 33 лица, со 32 проценти зголемување во споредба со претходната недела, од нив шест се на кислородна поддршка и нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-32-procenti-zgolemen-brojot-na-hospitalizirani-od-koronavirus-direktorkata-na-infektivna-porachuva-da-bideme-odgovorni/feed/ 0
Околу 700 хоспитализирани поради компликации од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-700-hospitalizirani-poradi-komplikacii-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-700-hospitalizirani-poradi-komplikacii-od-kovid-19/#respond Mon, 23 Aug 2021 12:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=554002

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека околу 700 пациенти се хоспитализирани во болниците поради компликации од Ковид-19. -Најголем број на пациенти се во болниците во Тетово, каде има 110 пациенти, 90 пациенти во болницата во Гостивар, околу 35-36 пациенти во болницата во Струга, 40-тина пациенти во болницата во Кичево. И тоа се болници во кои со директорите сме во континуирана комуникација, а со цел за секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација, тој се транспортира до Скопје. Тука е отворена Болницата за рехабилитација во Козле која што е целосно опремена, снабдена со централен довод на кислород. Тука, има сместено за време на викендот околу 25 пациенти од вкупно 110 кревети коишто се на располагање, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање. Министерот информира дека за пациентите од Кичево и од Струга на располагање се болниците во Прилеп и во Битола, а за Гостивар и Тетово болничките центри во Скопје. -Имаме континуирана комуникација и координација по претходна најава согласно проценката, тријажата дали е потребна хоспитализација, се најавуваат и се праќаат пациентите во Скопје. Ние имавме утрово координативен состанок со директорите на сите клиники, пред се интерните од Клиничкиот центар, со цел да спремиме и дополнителни капацитети на интерните клиники, по примерот како што беше претходно. Се надевам дека до тоа нема да дојде, меѓутоа мораме да сме за тоа спремни и тоа го направивме заедно со припрема и списоците на тимовите на лекари и сестри коишто од сите клиники се веќе на располагање ако има потреба да се активираат други КОВИД-центри, уверува Филипче. Според него, здравството ќе го издржи и овој бран со Ковид-19 -Да, апсолутно да. Спремни сме да се реорганизираме и дополнително и во другите болници. Сега веќе имаме и едно искуство. Овие денови следиме како се одвива бранот во Тетово и во Гостивар, кои се специфични градови зошто нагло се зголеми бројот на пациенти на кои им беше потребна хоспитализација. Во исто време се градови со мал опфат на вакцинација. И сега опфатот расте, па сега ќе анализираме дали според прегледите може да констатираме дека притисокот спласнува. Рано е за тоа да се каже, иако има некои индиции според разговорот со директорите, рече Филипче. Оваа недела, како што рече, правиме анализи за да можеме да направиме некаква претпоставка како ќе се одвива овој бран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-700-hospitalizirani-poradi-komplikacii-od-kovid-19/feed/ 0
БОЛНИЦИТЕ ПРЕОПТЕРЕТЕНИ: „Козле“ од денеска повторно се отвора за ковид пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-preoptereteni-kozle-od-deneska-povtorno-se-otvora-za-kovid-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-preoptereteni-kozle-od-deneska-povtorno-se-otvora-za-kovid-pacienti/#respond Sat, 21 Aug 2021 12:21:57 +0000 https://kurir.mk/?p=553341

Преоптеретени се болниците во Тетово, Гостивар, а делумно во Кичево и Струга. Ваква е состојбата со болниците низ Македонија по четвртиот силен бран на коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека целосно исполнета е и Инфективната клиника со модуларната болница каде има над 130 хоспитализирни. Со целосно исполнет болнички капацитет е и Институтот за туберкулоза, а Центарот за рехабилитација во Козле од денес почнува со работа. Таму има централен довод со кислород има капацитет од 120 кревети. -Пациентите од другите градови на кои им е потребна хоспитализација ќе се препраќаат тука. Доктори и сестри од клиниките ги прекинуваат одморите и доаѓаат на помош во Центарот во Козле за да се воспостави и сменско работење, истакна Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-preoptereteni-kozle-od-deneska-povtorno-se-otvora-za-kovid-pacienti/feed/ 0
БОЛНИЦИТЕ ПОЛНИ: Инфективна, Институт за туберкулоза, болниците во Тетово и Гостивар со исполнети капацитети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-polni-infektivna-institut-za-tuberkuloza-bolnicite-vo-tetovo-i-gostivar-so-ispolneti-kapaciteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-polni-infektivna-institut-za-tuberkuloza-bolnicite-vo-tetovo-i-gostivar-so-ispolneti-kapaciteti/#respond Mon, 16 Aug 2021 09:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=551092

Се зголемува напливот на пациенти во болниците. Болничките капацитети во дел од градовите се исполнети. Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека зголемен бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација поради Ковид-19. -Болниците во Тетово и Гостивар се полни. Во Струга се засилува хоспитализацијата. Инфективното и едно интерно одделение во тетовската болница се со исполнет капацитет од 90 пациенти. Исполнета е и гостиварската болница каде се хоспитализирани 70 лица. Болницата во Лешок и исто така со исполнет капацитет, истакна Филипче. Како што рече, викендов голем притисок имало и во Скопје каде доаѓале пациенти кои биле препратени од другите градови. Инфективната клиника и Институтот за туберкулоза исто така се со исполнети капацитети. Филипче најави дека ќе биде отворен тријажен центар на ТБЦ, како и два тријажни центри во дел од поликлиниките, а дополнително ќе се објави кои ќе бидат тие. -Направен е распоред на лекарите, дел се на одмори, има доволен број на медицински персонал. Согласно тој систем на постојана комуникација, ќе бидат препраќани пациентите, уверува министерот. Инаку како што претходно беше објавено Болницата „8 Септември“ и модуларната болница на Инфективна клиника од денеска се отвораат за прием на нови ковид пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicite-polni-infektivna-institut-za-tuberkuloza-bolnicite-vo-tetovo-i-gostivar-so-ispolneti-kapaciteti/feed/ 0
Јапонија ќе хоспитализира само најтешко заразени пациенти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kje-hospitalizira-samo-najteshko-zarazeni-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kje-hospitalizira-samo-najteshko-zarazeni-pacienti/#respond Tue, 03 Aug 2021 08:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=545482

Јапонија ќе се фокусира на хоспитализирање само на најтешко заразените пациенти и оние кои се изложени на ризик да им се влоши состојбата, со цел да се избегне оптоварување на болничкиот систем, бидејќи се зголемува бројот на заразени во градот домаќин на Олимписките игри. Земјата бележи нагло зголемување на бројот на случаи на инфекција, при што дневниот број се искачи на повеќе од 10.000. Токио имаше рекордни 4.058 случаи во саботата, со што првпат е надминат бројот од 4.000 новозаразени. – Ќе обезбедиме кревети за сериозно болните пациенти и за оние кои се во ризик да станат такви, рече синоќа премиерот Јошихиде Суга по состанокот на владината работна група. Тој додаде дека од другите пациенти ќе биде побарано да останат дома, а владата ќе обезбеди тие да бидат хоспитализирани доколку нивната состојба се влоши. Претходната политика беше насочена кон хоспитализација на поширока категорија пациенти со висок ризик. Јапонија ја продолжи вонредната состојба на три префектури во близина на Токио и западната префектура Осака. Овие мерки и вонредната состојба поттикната од влошената состојба во Токио, четврта од почетокот на пандемијата, ќе трае до 31 август. Вкупно 932.000 случаи на инфекција и повеќе од 15.000 смртни случаи се пријавени во Јапонија досега. Земјата сега се бори да ја спречи високо преносливата варијанта Делта. Јапонија заостанува во вакцинацијата во споредба со другите развиени земји, особено кај помладите жители. Помалку од 30 проценти од населението прими две дози од вакцината. Последните податоци од Токио покажаа дека речиси 70 проценти од болничките кревети за тешко заразени пациенти биле пополнети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kje-hospitalizira-samo-najteshko-zarazeni-pacienti/feed/ 0
Хоспитализирани вкупно 1537 пациенти во болниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-vkupno-1537-pacienti-vo-bolnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-vkupno-1537-pacienti-vo-bolnicite/#respond Fri, 26 Mar 2021 11:31:51 +0000 https://kurir.mk/?p=488104

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 916 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 96 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 68 болни, а во Куманово 137 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 43, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 28, Кавадарци 78, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1537 и има околу 250 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-vkupno-1537-pacienti-vo-bolnicite/feed/ 0
Расте бројот на новозаболени и хоспитализирани – Активни над 16.500 случаи, во Скопје уште 70 слободни кревети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozaboleni-i-hospitalizirani-aktivni-nad-16-500-sluchai-vo-skopje-ushte-70-slobodni-kreveti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozaboleni-i-hospitalizirani-aktivni-nad-16-500-sluchai-vo-skopje-ushte-70-slobodni-kreveti/#respond Fri, 26 Mar 2021 07:13:30 +0000 https://kurir.mk/?p=487965

Според податоците од Институтот за јавно здравје, зголемен е бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19 во државава. Регистрирани се нови 1.264 случаи со Ковид-19, 29 починати, 722 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543. Во Скопје се активни се 8362 случаи, во Прилеп 988, во Кавадарци 677, Куманово 664, во Охрид 616, во Велес 573, во Битола 549. Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 1448, а слободни се околу 270 кревети. Поради компликации од коронавирусот во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 81 пациент. Слободни се 70 кревети, соопшти Министерството за здравство. На интерните и хируршките клиники во Скопје имало 46 приеми, во ГОБ „8 Септември“ примени се седум пациенти и 14 нови пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника. Во болницата во Козле примени се четири нови пациенти и пет деца на Клиниката за детски болести. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат вкупно 613 лица. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 94 пациенти, во Прилеп 119, во ковид – центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 23, Кавадарци 75, а во Гевгелија 27 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот. Од Министерството за здравство велат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, а доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozaboleni-i-hospitalizirani-aktivni-nad-16-500-sluchai-vo-skopje-ushte-70-slobodni-kreveti/feed/ 0
Скопје: 9 пациенти хоспитализирани во ковид центрите за 24 часа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-9-pacienti-hospitalizirani-vo-kovid-centrite-za-24-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-9-pacienti-hospitalizirani-vo-kovid-centrite-za-24-chasa/#respond Mon, 08 Feb 2021 11:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=465755

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два нови приеми на пациенти, исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК три пациентки. Вкупно 260 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-9-pacienti-hospitalizirani-vo-kovid-centrite-za-24-chasa/feed/ 0