хотел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 08:22:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хотел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ – ГЕВГЕЛИЈА СТАНА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ФК „КОЖУФ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kazino-flamingo-hotel-gevgelija-stana-generalen-sponzor-na-fk-kozhuf/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kazino-flamingo-hotel-gevgelija-stana-generalen-sponzor-na-fk-kozhuf/#respond Fri, 01 Sep 2023 08:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=873348

На голема радост на Гевгеличани ФК „Кожув“ доби генерален спонзор. Компанијата Макотен ДООЕЛ Гевгелија, како носител на светски реномираниот австриски бренд „Новоматик“ во чија групација е и „Казино Фламинго“ во Македонија, одлучи да ги поддржи амбициите на менаџментот и спортскиот колектив на ФК „Кожув“. Настрана од средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игри на среќа за финансиските програми на Агенцијата за млади и спорт, Казино „Фламинго“ хотел – Гевгелија продолжува да го подржува развојот на македонскиот спорт. Нема никаква дилема дека поддршката за професионалниот спорт значи и сериозен придонес во правилниот развој и воспитување на младите. Младите генерации гледаат свои идоли во професионалните спортисти и вообичаено се идентификуваат со индивидуалните и колективни спортски успеси. ФК „Кожув“ е вистинска гордост на македонскиот спорт и претставува синоним за фудбалската традиција во регионот. Основан е пред повеќе од 1 век во далечната 1922. Без разлика што во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига, овој клуб отсекогаш бил расадник на млади таленти. Со оваа одлука за генерално спонзорство продолжува партнерството на Казино Фламинго Хотел – Гевгелија со локалната заедница. Оваа компанија веќе 17 години приредува игри на среќа во грандиозен хотелски комплекс на граничниот премин Богородица и речиси 4 години во срцето на Скопје, на плоштадот Македонија во хотелот „Мериот“, каде е сопственик на истоименото „Казино Фламинго“. Дел е од исклучително успешната Групација „Новоматик Македонија“. Овој светски бренд во индустријата  игри на среќа, без разлика на сериозните економски последици од повеќегодишната здравствена и енергетска криза, никогаш на отстапи од корпоративното мото – секогаш општествено одговорна компанија! „Казино Фламинго“ со години наназад е сигурен партнер на заедницата и во континуитет подржува различни граѓански иницијативи, проекти и реализира бројни хуманитарни и донаторски активности. Како претставници на „Новоматик“, реномирана ЕУ компанија, „Казино Фламинго“ продолжува да манифестира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kazino-flamingo-hotel-gevgelija-stana-generalen-sponzor-na-fk-kozhuf/feed/ 0
„Доказ колку ниско може човек да падне“: Видео од познатото летувалиште го згрози интернетот – даваат огромни пари, а потоа се понижуваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dokaz-kolku-nisko-mozhe-chovek-da-padne-video-od-poznatoto-letuvalishte-go-zgrozi-internetot-davaat-ogromni-pari-a-potoa-se-ponizhuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dokaz-kolku-nisko-mozhe-chovek-da-padne-video-od-poznatoto-letuvalishte-go-zgrozi-internetot-davaat-ogromni-pari-a-potoa-se-ponizhuvaat/#respond Tue, 22 Aug 2023 09:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=869484

Францускиот претприемач Марк Симончини неодамна на социјалните мрежи објави видео од еден хотел во кој престојувал ова лето, а истото набрзо станало вирално. Тој не назначил прецизно каде се наоѓа хотелот, но се претпоставува дека е на Канарските острови, со оглед на тоа дека дадената групација тука има свои објекти. Снимката прикажува неверојатно стампедо за најдобрата лежалка покрај базенот, и тоа од раните утрински часови! Ова видео е погледнато речиси 15 милиони пати, а предизвика бес и згрозување кај корисниците. Глетката е навистина на работ на гротескно - туристи избезумено трчаат за да го зафатат посакуваното место покрај базенот.
Хотелските работници ги отвораат портите на хотелскиот базен во 7 часот наутро, a од тој момент започнува вистинското лудило - сите брзаат во потрага по најдобрата позиција. Звучи неверојатно, особено што сигурно добро го платиле летувањето, но тоа е вистина. „Доказ колку ниско може човек да падне“ „Помислете само на ова, некој долетал до тука со авион, за да дојде да трча по лежалки“, „Сè уште не ми е јасно зошто некој доаѓа на одмор и ги поминува деновите покрај базен“, „Која е поентата да патуваш долг пат само за да се бориш со други за лежалка?“, „Ова е лудо однесување“, „Ова ми делува постресно отколку да останам дома и да одам на работа во 6.30 часот наутро“, „Доказ колку ниско може човек да падне“, се само дел од десетиците илјади коментари. Интересно е што ова е честа практика во повеќето шпански хотели, а летово британските и германските медиуми дури се „препукуваа“ меѓу себе, обвинувајќи ги туристите од другата земја за ароганција и некултура поради „грабежот“ на лежалките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dokaz-kolku-nisko-mozhe-chovek-da-padne-video-od-poznatoto-letuvalishte-go-zgrozi-internetot-davaat-ogromni-pari-a-potoa-se-ponizhuvaat/feed/ 0
Што значи да сонувате хотел? Многу лоши и само едно позитивно значење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-znachi-da-sonuvate-hotel-mnogu-loshi-i-samo-edno-pozitivno-znachene/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-znachi-da-sonuvate-hotel-mnogu-loshi-i-samo-edno-pozitivno-znachene/#respond Tue, 22 Aug 2023 07:34:31 +0000 https://kurir.mk/?p=869420

Соништата за хотел обично нè оставаат со позитивни чувства бидејќи го нагласуваат она што секој од нас го сака – патувањето. Меѓутоа, нивното толкување е различно и е поврзано со преоден период во животот и моментално незадоволство од него. Овој сон ве предупредува да погледнете во сферите во кои не сте среќни и кои бараат промена. Исто така, може да симболизира губење на самодовербата и осуда од околината, но тоа зависи од тоа дали сонувате за убаво уреден хотел или урнатини. Ајде да ги разгледаме можните варијации на овој сон заедно. 1. Сонувате дека престојувате во хотел Сонот во кој престојувате во хотел не е добар знак. Претставува финансиски, но и емоционални загуби. 2. Сонувате дека барате хотел Уште еден лош знак. Веројатно ќе наидете на проблеми и околности кои не можете да ги решите, а тоа ќе ве спречи да ги постигнете целите. 3. Сонувате дека влегувате во хотел Сакате да побегнете од сопствената кожа. Сакате да го промените вашиот идентитет и да го оставите минатото зад себе. 4. Сонувате дека го напуштате хотелот Ова е всушност единствената добра варијација на овој сон… Ако го напуштате хотелот, тоа значи дека ве очекуваат промени на подобро; ќе станете подобра личност и ќе работите на себе. 5. Сонувате како спиете во хотел Ова е знак дека вашите достигнувања ќе бидат краткотрајни. Исто така, може да предупреди дека врската во која сте има рок на траење. 6. Сонувате за лош или убав хотел Лош хотел во сон значи проблеми во иднина – ќе донесете погрешни одлуки. Додека, од друга страна, убавиот хотел претставува најава за луксуз. 7. Сонувате за пожар во хотел Вашите блиски луѓе неоправдано ви го отежнуваат животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-znachi-da-sonuvate-hotel-mnogu-loshi-i-samo-edno-pozitivno-znachene/feed/ 0
Маж пронајден мртов во скопски хотел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-pronajden-mrtov-vo-skopski-hotel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-pronajden-mrtov-vo-skopski-hotel/#respond Wed, 09 Aug 2023 15:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=865118

Денеска (09.08.2023) во 05.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на бул. „Крсте Мисирков“ бил пронајден починат Д.Т.(87) од Република Турција. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-pronajden-mrtov-vo-skopski-hotel/feed/ 0
Поради пожар во хотел близу Пловдив, итно евакуирани стотина ученици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/#respond Wed, 09 Aug 2023 08:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=864907

Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град. Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала многу брзо. Хотелот е еден од популарните спа центри во областа на планинскиот парк „Хижа Здравец“. Во гаснењето на пожарот се вклучени седум тимови на пожарникари. Според бугарската полиција, пожарот најверојатно избувнал во помошна просторија во хотелот. Локалните медиуми прецизираат дека пожарот избувнал во котларата и зафатил голем дел од зградата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/feed/ 0
СОБАРКА УКРАЛА КОРИСТЕН КОНДОМ НА МИЛИОНЕР И СИ НАПРАВИЛА БЕБЕ – сега го напуштила хотелот и ужива во богатството! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sobarka-ukrala-koristen-kondom-na-milioner-i-si-napravila-bebe-sega-go-napushtila-hotelot-i-uzhiva-vo-bogatstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sobarka-ukrala-koristen-kondom-na-milioner-i-si-napravila-bebe-sega-go-napushtila-hotelot-i-uzhiva-vo-bogatstvoto/#respond Tue, 08 Aug 2023 12:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=864636

Во градот на гревот една 41 годишна жена направила голем грев, свесно и намерно. Светот остана во шок од драмата која немаше да крене толкава прашина зад себе, доколку една собарка во хотел во Лас Вегас не го добие спорот на суд во врска со издржување на детето против 29 годишен милијардер со кој никогаш не ни спиела, ниту имала каков било физички контакт. Џејн пеколниот план го остварила на 36 години кога украла користен кондом од кантата за ѓубре во хотелската соба на тогаш 24 годишниот милион од Америка. Тогаш ја ставила семената течност во својата вагина и затруднела. Родила момче кое сега има пет години, а набрзо откако се родил тој покренала судски спор за алиментација и издржување на детето, „безгрешно“ зачнато со милионерот во градот на коцката. Во текот на судскиот процес, таа признала дека никогаш не спиела со него, но дека се оплодила со неговата сперма додека ја чистела неговата соба. Детално раскажала како го смислила планот, што ја инспирирало на овој чин и како го спровела делото за да си обезбеди лесен и луксузен живот. „Го оставил својот извод од банка до полицата до креветот и го видов додека чистев. Во тоа време толку многу сакав бебе и мислев дали е добро да имам бебе со богат човек“, раскажува на почетокот таа. Тестот кога бил направен се докажало дека младиот милијардер е татко на детето, по што судот му наложил на мајката на детето да исплати два милиони долари за дотогашните три години кои ги пропуштил во животот на детето. Адвокатите пак на таткото велат дека и тој ја возвраќа тужбата против мајката на детето поради крадење на неговите телесни течности и повреда на неговата приватност. Во меѓувреме таа дала отказ како собарка и започнала неколку сопствени бизниси со ново стекнатото богатство и има целосно старателство над детето кое му го дала името по својот татко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sobarka-ukrala-koristen-kondom-na-milioner-i-si-napravila-bebe-sega-go-napushtila-hotelot-i-uzhiva-vo-bogatstvoto/feed/ 0
„Те чекам во хотелска соба“, пораката на Наташа Беквалац заврши на погрешен број https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/te-chekam-vo-hotelska-soba-porakata-na-natasha-bekvalats-zavrshi-na-pogreshen-broj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/te-chekam-vo-hotelska-soba-porakata-na-natasha-bekvalats-zavrshi-na-pogreshen-broj/#respond Fri, 23 Jun 2023 15:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=849071

Барбиката од Нови Сад, како што ја нарекуваат пејачката Наташа Беквалац пред извесно време доживеа ланепријатност поради која од срам сакала да потоне во земја. Имено, пејачката на погрешна личност испратила порака наменета за пријател, па таа порака била лошо протолкувана. -Тоа беше пред една година. Содржината на пораката не беше толку страшна колку што може да биде толкувањето. Имено, дечкото што работи во приватна болница ми е пријател, работевме за Нова година, работев пет ноќи по ред, требаше да ми даде инфузија во хотел. Требаше само да го дадам бројот на собата, напишав: „Хотел тој и тој, те чекам во соба таа и таа“, но му пишав на погрешен Стефан. Добив три прашалници како одговор: „Има ли нешто што треба да знам???“ – открила за еден медиум Наташа Беквалац. Наташа е позната по тоа што ги смее своите фанови при секое гостување или на социјалните мрежи, па неодамна објави кореспонденција со мајка си во која ја критикува за атрактивната облека. Наташа неодамна откри дека е повторно заљубена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/te-chekam-vo-hotelska-soba-porakata-na-natasha-bekvalats-zavrshi-na-pogreshen-broj/feed/ 0
Претставник на СЗО меѓу загинатите во напад на хотел во Могадишу https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnik-na-szo-megu-zaginatite-vo-napad-na-hotel-vo-mogadishu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnik-na-szo-megu-zaginatite-vo-napad-na-hotel-vo-mogadishu/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=844560

Вработен во Светската здравствена организација е убиен во напад на радикалните исламисти Шебаб врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави денеска генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус. Шест цивили загинаа, а десет се ранети во нападот на група од седум исламистички борци врз хотелот Перл Бич на брегот на Могадишу ноќта во саботата. Загинаа и тројца припадници на безбедносните сили. „Срцето ми е скршено по загубата на работник на СЗО во неодамнешниот напад во Могадишу“, напиша Тедрос во пораката на Твитер, додавајќи дека СЗО ги осудува сите напади врз цивили и хуманитарни работници. Групата Шебаб, која ја презеде одговорноста за нападот, рече дека цел на нападот било место посетувано од владини претставници. Околу 15 години групата води бунт против федералната влада поддржана од меѓународната заедница и често ги напаѓа хотелите во кои престојуваат високи сомалиски функционери и странци. Групата, која беше протерана од градовите во 2011-2012 година, има упоришта во големи делови од руралните области. Сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд објави „тотална војна“ против групата и во септември минатата година започна воена офанзива поддржана од американски воздушни напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnik-na-szo-megu-zaginatite-vo-napad-na-hotel-vo-mogadishu/feed/ 0
ВИДЕО: Хрватски студенти демолирале хотел во Охрид! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-hrvatski-studenti-demolirale-hotel-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-hrvatski-studenti-demolirale-hotel-vo-ohrid/#respond Tue, 16 May 2023 16:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=834932

Скршен инвентар по соби, уништени тоалети, скршени прозорци, насекаде пивски шишиња, една соба се запалила.. бил резултатот по петдневната екскурзија на студенти од Хрватска, пишува хрватскиот портал „24 сата“. Менаџерот на хотелот рекол дека гостите биле агресивни и предизвикале голема материјална штета. Во хотелот имало вкупно 1.250 студенти од 12 факултети за кинезиологија и кинзитерапија од целиот Балкан, а најбројни биле од Хрватска, кои ги имало 217. Наводно, студентите палеле факели во собите и ходници. Студентите од Хрватска велат дека тие не биле единствените што правеле штета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-hrvatski-studenti-demolirale-hotel-vo-ohrid/feed/ 0
Полски градоначалник загина паѓајќи од прозор на Сардинија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-gradonachalnik-zagina-pagajki-od-prozor-na-sardinija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-gradonachalnik-zagina-pagajki-od-prozor-na-sardinija/#respond Tue, 09 May 2023 17:26:51 +0000 https://kurir.mk/?p=832351

Полски градоначалник загина откако падна од прозор на четврти кат во хотел во Сардинија, Италија, јави денеска агенцијата АНСА. Како што пренесува италијанската агенција, 44-годишниот градоначалник престојувал со својата делегација во службена посета на Сардинија. Несреќата се случила ноќеска, околу два часот во хотелот „Дју Колон“ во историскиот центар на градот. Според полицискиот извештај, градоначалникот бил во собата со колега и изгубил рамнотежа додека седел на прозорската даска и паднал од височина поголема од десет метри. Полициските службеници ја отфрлија можноста за напад, велејќи дека падот е резултат на несреќа. Идентитетот на жртвата не е соопштен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-gradonachalnik-zagina-pagajki-od-prozor-na-sardinija/feed/ 0