хотели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 11:56:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хотели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Огромно зголемување на цените на хотелите за време на Олимпијадата во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromno-zgolemuvane-na-tsenite-na-hotelite-za-vreme-na-olimpijadata-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromno-zgolemuvane-na-tsenite-na-hotelite-za-vreme-na-olimpijadata-vo-pariz/#respond Mon, 14 Aug 2023 11:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=866529

Цените на хотелските услуги за време на Олимписките игри во Париз, 2024 година се неверојатно зголемени, а сместувањето во некои делови е покачено и до 10 пати. За термините на Олимпијадата во Париз, 20 отсто од хотелите се веќе изнајмени, а резервациите главно се плаќаат однапред, без можност за поврат. Хотелите добиваат сѐ почести барања за резервации пред Олимписките игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август следната година. Раководствата на хотелите во француската престолнина во тоа видоа можност и барем десеткратно ги зголемија цените на собите за тој период. Имено, капацитетите за сместување каде што ноќевање во јули и август годинава чини околу 200 евра, ги покачија цените за истите месеци в година на околу 2.000 евра за ноќевање. Во Марсеј, за споредба цените на хотелските сместувања се зголемени четирипати, а во Лион и до седум пати. Иако поради превисоките цени се испратени многу поплаки до надлежните, властите сѐ уште не излегле со решение за овој проблем поволно и задоволително за сите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromno-zgolemuvane-na-tsenite-na-hotelite-za-vreme-na-olimpijadata-vo-pariz/feed/ 0
Чинеа вистинско богатство, а сега ќе ги срушат, еве што ќе има на местото на стадионите во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chinea-vistinsko-bogatstvo-a-sega-kje-gi-srushat-eve-shto-kje-ima-na-mestoto-na-stadionite-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chinea-vistinsko-bogatstvo-a-sega-kje-gi-srushat-eve-shto-kje-ima-na-mestoto-na-stadionite-vo-katar/#respond Thu, 22 Dec 2022 10:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=778997

Светското првенство во Катар заврши во неделата со спектакуларно финале помеѓу Аргентина и Франција, кое „гаучосите“ го добија после изведување на пенали. Со 172 погодоци во 64 натпревари, ова светско првенство беше најефикасно во историјата, а со нешто повеќе од 3,4 милиони гледачи на стадионите беше третиот најгледан турнир од 1930 година. Катар за потребите на ова првенство инвестираше вкупно 220 милијарди долари, од кои 6,5 милијарди се потрошени на стадионската инфраструктура. Светското првенство се играше на 8 стадиони, но дури седум ќе бидат користени во други цели откако ќе заврши Азискиот фудбалски куп што ќе се игра следната сезона. На најголемиот стадион „Лусаил Ајконик“, на којшто се играше финалето меѓу Аргентина и Франција, ќе му биде намален капацитетот и ќе биде преуреден во станбено-деловен комплекс во кој ќе има и болница, училиште, трговски центар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chinea-vistinsko-bogatstvo-a-sega-kje-gi-srushat-eve-shto-kje-ima-na-mestoto-na-stadionite-vo-katar/feed/ 0
Покачени цените во хотелите во Грција, каква е ситуацијата со пакет аранжманите? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pokacheni-cenite-vo-hotelite-vo-grcija-kakva-e-situacijata-so-paket-aranzmanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pokacheni-cenite-vo-hotelite-vo-grcija-kakva-e-situacijata-so-paket-aranzmanite/#respond Fri, 22 Apr 2022 11:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=666866

Покачените цени на бензинот, поскапото секојдневие како на Грците, така и на туристите кои ја посетуваат Грција, но и војната во Украина, се главните фактори што ќе имаат влијание врз грчкиот туризам, иако земјата очекува добра туристичка сезона, јави дописничката на МИА од Атина. Годинава за Велигден е првпат од 2019 година кога границите на Грција се отворени за сите туристи, но и првпат по пауза од две години кога за велигденските празници не постојат никакви ограничувања за Грците во однос на патувањата меѓу региони, со оглед на тоа дека лани, но и во 2020 година, поради карантините и строгите рестрикции беше забрането движење надвор постојаните места на живеење. Во пресрет на велигденските празници, но и на туристичката сезона и очекувањата за претстојното лето дописничката на МИА од Атина разговараше со претседателот на Федерацијата на хотелиери на Грција и претседател на сојузот на хотелиери на Хакидики Григорис Тасиос кој вели дека цените во хотелите се минимално покачени, но пакет аранжманите се без промени. -Цените за пакет аранжманите се исти како во 2019 година, бидејќи станува збор за договори, со исти цени, заклучени. Но, за индивидуалните клиенти сигурно ќе има покачувања на цените, но едноцифрени. Трошокот за соба за ноќевање е плус 25 отсто во споредба со 2019 година, но ова за индивидуалните, не за пакет аранжманите, објаснува Тасиос. За Велигден, вели дека исполнетоста на хотелите се движи меѓу 60 и 80 отсто во зависност од дестинацијата, нешто што е во рамките на очекуваното. -Се отвораат 30 отсто од хотелите во цела Грција, што е околу 10.000 хотели. Меѓу популарните дестинации, на Крф, во Јанина, на Санторини, Миконос, нешто помалку на Крит и Родос, исполнетоста е околу 70-80 отсто за трите денови од Велигден, но не се отворени сите хотели. Во останатите делови е околу 60 отсто. На Халкидики се отвораат малку хотели, околу 20 отсто и доста соби за изнајмување, а исполнетоста за Велигден е околу 60 отсто, вели Тасиос и додава дека за Велигден,не доаѓаат толку многу странци, туку мнозинството се домашни туристи, Грци. Летната сезона, според претседателот на Федерацијата на хотелиери на Грција и на сојузот на хотелиери на Хакидики, се очекува да започне околу 10 мај, почеток што ќе биде тежок во споредба со 2019 година, бидејќи како што објаснува споредбите се прават со последното „нормално“ лето, односно последната сезона пред пандемијата. -Мислам дека она што постои како прва процена е дека 70-80 отсто од 2019 е изводливо да се постигне во целата земја, истакнува Тасиос. Додава дека од јуни до септември се очекува средна исполнетост, околу 50 до 55 отсто и во цела Грција и на Халкидики, но и дека ги чекаат и резервациите во последен момент за да стигнат до подобри бројки. Халкидики оваа година ги губи руските туристи, а Тасиос вели дека е отежната е ситуацијата и со туристите од Балканот, објаснувајќи дека во Романија постои страв поради војната во Украина, додека пак за другите држави како што се Македонија и Србија, коментира дека пречка за патување може да бидат покачувањата на цените и поскапото секојдневие во самите земји. Актуелната криза донесе и покачување на цените таверните како во цела Грција, така и на Халкидики, а Тасиос вели дека во овој момент на целиот пазар зголемувањата се за пет до десет отсто, иако сопствениците се обидуваат да ги задржат цените, а поскапувањето да е минимално, па така некаде е седум, некаде осум отсто. За велигденските празници во Грција не постојат промени на мерките и предусловите за патување, па така за влез во земјата и понатаму е задолжителен документ за Ковид-19, односно една од трите опции: сертификат за вакцинација со важност до девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид. Документот за Ковид-19 е задолжителен и за влез во сите објекти, со оглед на тоа дека непроменети се и мерките што важат во внатрешноста на Грција. Европските сертификати при влез се скенираат со специјална апликација, а исклучок се маркетите, аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи. Маската и понатаму е задолжителна за сите затворени простори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pokacheni-cenite-vo-hotelite-vo-grcija-kakva-e-situacijata-so-paket-aranzmanite/feed/ 0
Хотели во Кина нудат згрижување ученици https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hoteli-vo-kina-nudat-zgrizuvanje-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hoteli-vo-kina-nudat-zgrizuvanje-uchenici/#respond Thu, 31 Mar 2022 10:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=656242

Поради коронавирусот во Кина, некои луксузни хотели почнаа програми за згрижување деца, што им го олеснува животот на родителите кои се под дополнителен стрес поради работата од дома. Иако луѓето во многу делови од светот се враќаат на работа во канцеларии, а децата на училиште, карантин-режимот низ Кина продолжува додека земјата сѐ уште се бори со пандемијата. Бидејќи ова ги остава родителите со предизвикот да останат сосредоточени на работата покрај интернет-часовите за децата, неколку хотели во кинеските градови понудија програма за учење и одмор наречена просто – „Учење“. Еден од тие хотели е „Мандарин ориентал пудонг“ во Шангај, кој воведе неделен пакет од околу 900 евра. Луксузното одморалиште ќе прима ученици на возраст од седум до 16 години, од понеделник до петок. Цената вклучува три оброци на ден и батлер кој ќе ги надгледува интернет-часовите. И неколку луксузни хотели во Нанџинг нудат слични услуги. Такви се „Парпл палас“ којшто покрај помош за школувањето, нуди и дополнителни активности (часови по голф, за скулптура или фигурини од оризово тесто), како и „Санинг универзал“ хотелот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hoteli-vo-kina-nudat-zgrizuvanje-uchenici/feed/ 0
Шпанија: Се повеќе хотели забрануваат влез на деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-povekje-hoteli-zabranuvaat-vlez-na-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-povekje-hoteli-zabranuvaat-vlez-na-deca/#respond Sun, 30 Jan 2022 12:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=624645

Во Шпанија се зголемува бројот на хотели кои забрануваат влез за деца за на своите гости да им пружат мир и тишина. Хотелот Нептуно бил еден од првите во Шпанија со натпис „Adults only“ (само возрасни). На гостите им се ветува тишина во собите, а во рестораните маси каде нема семејства. -Вакви хотели има се повеќе. Сега недостасуваат хотели каде примаат деца, низ шега вели директорот на хотелот Армандо Ромеро. Дека овој тренд е во пораст укажува и интернет страната Adults Only Holidays која нуди голем број сместувачки капацитети речиси во целиот свет. Некои родители поради тоа се нашле во ситуација да им биде забранет влез кога се појавиле со своите деца. Ваквите случаи ги пријавувале во Здружение за заштита на потрошувачи од каде целат се вакви жалби примиле повеќе од што би сакале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-povekje-hoteli-zabranuvaat-vlez-na-deca/feed/ 0
ХОТАМ: Секторот е во криза, неопходна е помош од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotam-sektorot-e-vo-kriza-neophodna-e-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotam-sektorot-e-vo-kriza-neophodna-e-pomosh-od-drzavata/#respond Tue, 09 Nov 2021 13:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=593193

Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се со минимална исполнетост. Хотелиерите чекаат одговори од релевантните институции околу правилата за дочек на Нова година за да знаат што да понудат, но и дали ќе добијат субвенции од државата, за плати на вработените. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески вели дека работат со загуби и оти дел од хотелите затвориле, но и тие што работат со минимален капацитет едвај се снаоѓаат како да ги покријат месечните трошоци. – Исполнетоста на хотелите е минимална, помалку и од пет отсто во просек. Тоа, добро знаеме се должи на пандемијата со Ковид – 19 и зголемениот број позитивни случаи низ цела Европа. По дво месечната туристичка сезона сега имаме по некое семинарче, но не на ниво како порано, истакнува Блажески. Дел од хотелиерите, додаде, ги отпуштиле вработените на 70 отсто, но и тие 70 проценти неможат уште долго да ги исплаќаат без приходи. – Состојбата е прилично лоша. Не можеме да се пофалиме во никој поглед. Не знаеме уште какви ќе бидат правилата за Нова година, што да нудиме и што да очекуваме. Многу отворени прашања, кои може не се приоритет за Владата, но без нив неможеме да функционираме. Потребни се заклучоци, нагласи Блажески, додавајќи дека и 70 осто плата ако немаш приходи се многу. Секторот, посочува, е во криза и потребно е повторување на мерките за помош од минатата година. = Штом нема исполнетост од 30 проценти од капацитетот, тогаш објектот трпи загуби. Бараме повторување на минатогодишните мерки и помош барем во плати, бидејќи без таа помош ќе мораме да ги отпуштиме вработените. И сега има мали отпуштања. Тешко е да се дојде до вработен за секторот, па се чуваат да се задржат за идната сезона, истакна Блажески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotam-sektorot-e-vo-kriza-neophodna-e-pomosh-od-drzavata/feed/ 0
Мејлови со закани за бомба во најмалку десет хотели во Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mejlovi-so-zakani-za-bomba-vo-najmalku-deset-hoteli-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mejlovi-so-zakani-za-bomba-vo-najmalku-deset-hoteli-vo-solun/#respond Mon, 23 Aug 2021 19:35:16 +0000 https://kurir.mk/?p=554165

Преку мејлови, во најмалку десет хотели во Солун вечерва биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет од хотелите, но не било пронајдено ништо сомнително. Според информациите во солунските медиуми, мелови со дојави за бомба биле испратени прво во три хотели, подоцна во уште три, па во уште четири хотели. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mejlovi-so-zakani-za-bomba-vo-najmalku-deset-hoteli-vo-solun/feed/ 0
За престој во хотел не е потребна потврда за имунизација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prestoj-vo-hotel-ne-e-potrebna-potvrda-za-imunizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prestoj-vo-hotel-ne-e-potrebna-potvrda-za-imunizacija/#respond Sat, 14 Aug 2021 13:01:09 +0000 https://kurir.mk/?p=550511

Од понеделник почнуваат да важат новите мерки на заштита со кои граѓаноте мораат да поседуваат сертификат за извршена имунизација барем со една доза за да можат слобпдно да влезат во било каков објект каде има повеќе од 30 лица, но сепак и угостителите и граѓаните се збунети за тоа како истите ќе се имплементираат. Како што вели претседателот на асоцијацијата на хотелиери, исклучок од ова се хотелите кои остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација. – Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за им*низација нема да треба за служење пансион и за над 30 гости од хотелот, вели претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески Редари мора да имаат во објектите, но нема да примаат надворешни гости во затворените ресторани и сали. Тој објаснува дека 16 август од кога ќе важат новите мерки е на две недели од крајот на сезоната и тие влијаат психички кај гостите – некои ги откажуваат аранжманите, други пак што планирале да користат летен одмор во некое туристичко место во земјава сега се во недоумица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prestoj-vo-hotel-ne-e-potrebna-potvrda-za-imunizacija/feed/ 0
За хотелските гости нема да треба доказ за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-hotelskite-gosti-nema-da-treba-dokaz-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-hotelskite-gosti-nema-da-treba-dokaz-za-vakcinacija/#respond Fri, 13 Aug 2021 14:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=550160

Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид – 19. Ова за МИА го потврди претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески, посочувајќи дека редари мора да имаат во објектите, кои нема да примаат надворешни гости во затворените ресторани и сали. – Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за вакцинација нема да требаат за служење пансион и за над 30 гости од хотелот. Ќе пробаме во најдобар ред да ги почитуваме времените мерки и што побрзо да излеземе од овие лоши времиња, рече Блажески. Првиот човек на ХОТАМ наглaси дека и натаму ќе останат да ги почитуваат протоколите со постојано дезинфекција, задолжително растојание во рестораните и не повеќе од четири лица на една маса. – Затекнати сме, 16 август е на две недели од крајот на сезоната. Ваквите мерки влијаат психички кај гостите, некои ги откажуваат аранжманите, други пак што планирале да користат летен одмор во некое туристичко место во земјава сега се во недоумица, додаде Блажески, нагласувајќи дека семинарите веќе се откажувале. Смета дека требало порано да се реагира во однос на организирањето поголеми собири, како што беа многубројните забави на охридско-струшката ривиера изминатиот период. – За поголеми собири требаше да се размисли малку порано. Ефектот е пренесен повеќе на млади лица, овој пат затоа што тие повеќе се групираа на забави. Повозрасните многу повеќе внимаваат, дури и на свадбите го нема поздравувањето со гушкање. И свадбите со внимавање не се толкава опасност, ако се почитуваат протоколите, смета Блажески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-hotelskite-gosti-nema-da-treba-dokaz-za-vakcinacija/feed/ 0
Листата е објавена: Еве каде можете да ги искористите ваучерите за одмор во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/listata-e-objavena-eve-kade-mozete-da-gi-iskoristite-vaucherite-za-odmor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/listata-e-objavena-eve-kade-mozete-da-gi-iskoristite-vaucherite-za-odmor-vo-makedonija/#respond Thu, 08 Jul 2021 07:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=533644

Министерството за економија на почетокот на минатиот месец го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија. Еве каде може да ги искористите ваучерите: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/listata-e-objavena-eve-kade-mozete-da-gi-iskoristite-vaucherite-za-odmor-vo-makedonija/feed/ 0