хотелиери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 13:15:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хотелиери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хотелиерите побараа од Бектеши корекции за субвенциите, дел да одат во хотелите и кај домашните туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-pobaraa-od-bekteshi-korektsii-za-subventsiite-del-da-odat-vo-hotelite-i-kaj-domashnite-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-pobaraa-od-bekteshi-korektsii-za-subventsiite-del-da-odat-vo-hotelite-i-kaj-domashnite-turisti/#respond Wed, 30 Aug 2023 13:15:13 +0000 https://kurir.mk/?p=872574

Дел од субвенциите во туристичкиот сектор да одат директно за хотелите, а дел да се пренасочи и за домашни туристи, побараа претставниците на хотелскиот сектор на денешната средба во Струга со министерот за економија Крешник Бектеши. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери ХОТАМ, Крсте Блажески појасни дека побарани се само корекции во однос на одлуката за субвенционирање од 2010 година. Дадено е предлог дел од тие субвенции да одат и на хотелите, дел да ги вклучи и домашните туристи во одредени периоди на годината, но да продолжат и за странските гости. Туроператорите кои ги носат странските гости да го добиваат тој дел што го имаат, но малку корекции на сумите, кои беа давани за пример за холандски пазар, германски пазар, полски пазар итн., рече Блажески. Тие средства, нагласи, би ги употребиле за корегирање на плати, подобрување на условите за пречекување на гостите и подобрување на условите што ги нудат. Ресорното Министерство, како што посочи Бектеши, веќе почнале да изработуваат нови програми со цел да му се помогне на хотелиерството на ниво на државата за подобрување на условите, што ќе овозможи повеќе туристи, кои би биле повеќе задоволни, а секако и подолго би престојувале. -Тоа би го направиле и преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, каде што една од можностите да се вклучи и секторот угостителство и хотелиерство како директна поддршка во вид на грантови во дополнителни инвестиции, во подобрување на услови и слично. Секако дека како поддршка би можело да биде и со измена и дополнување на постоечкиот правилник за субвенционирање каде што еден дел од средствата што се делат од страна на владините институции да остане директно кај хотелиерите, а тие средства би можеле да се користат за дополнителни инвестиции, рече Бектеши. Тој потсети на податоците на Државниот завод за статистика, според кои, во првите шест месеци од годината има зголемување на странските туристи од над 40 отсто. -Согласно сите податоци кои денеска имавме прилика да ги добиеме од страна на хотелиерите од Охридско - струшкиот регион, најверојатно трендот на зголемување на туристи ќе продолжи, истакна Бектеши. На средбата со министерот, претставниците на ХОТАМ побарале и давачките кон државата за младите од 16, 17 години, кои работат сезонски да бидат субвенционирани од страна на државата и придонесите за платата да бидат вратени на тој што ги дал. Првиот човек на ХОТАМ забележа дека интересот за поминување на неколку дена на охридско-струшко крајбрежје е на повисоко ниво од минатата година и оти септември и октомври се веќе доста зафатени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-pobaraa-od-bekteshi-korektsii-za-subventsiite-del-da-odat-vo-hotelite-i-kaj-domashnite-turisti/feed/ 0
Хотелиерите во Охрид најавуваат поскапување на цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotelierite-vo-ohrid-najavuvaat-poskapuvane-na-tsenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotelierite-vo-ohrid-najavuvaat-poskapuvane-na-tsenite/#respond Sun, 09 Apr 2023 08:08:01 +0000 https://kurir.mk/?p=822028

Хотелските аранжмани во Охрид и во Струга во претстојната туристичка сезона ќе поскапат за 30 отсто, велат од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) за ТВ 24, додавајќи дека ќе има покачувања на цените и за претстојните велигденски празници. Од Асоцијацијата наведуваат дека поскапувањето се должи на високите цени на производите и енергенсите, како и на повисоките плати на вработените, со цел да ги одвратат од заминување во странство. – Македонија останува најевтина дестинација во регионот и покрај поскапувањето на услугите. Нема повеќе дваесет и нешто евра за ноќевање, туку е триесет и нешто евра, а некаде и повеќе – истакна претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески, во изјава за ТВ 24. Тој наведе оти во Охрид и во Струга се очекуваат туристи од Холандија, Турција, Полска и Англија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/hotelierite-vo-ohrid-najavuvaat-poskapuvane-na-tsenite/feed/ 0
Халкидики: Хотелиерите подготвени на туристите да им платат 50 отсто од трошоците за ПЦР тест https://arhiva.kurir.mk/svet/region/halkidiki-hotelierite-podgotveni-na-turistite-da-im-platat-50-otsto-od-troshocite-za-pcr-test/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/halkidiki-hotelierite-podgotveni-na-turistite-da-im-platat-50-otsto-od-troshocite-za-pcr-test/#respond Wed, 17 Feb 2021 11:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=469958

Намерата 50 отсто од трошоците за ПЦР тестовите за туристите чија дестинација е Халкидики да бидат покриени од членовите на Сојузот на хотелиери на Халкидики и на туристичката организација на полуостровот, ја изразува претседателот на двете организации, Григорис Тасиос говорејќи за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Тасиос, кој воедно е и претседател на Грчката федерација на хотелиери, вели дека тоа е иницијатива која била спроведена и лани во август. -Туристот со дестинација Халкидики, тестот заедно со сметката ќе ги покаже при пријавувањето во хотелот и ќе му биде вратен половина од износот што го платил, објаснува Тасиос, посочувајќи дека со конкретниот предлог, го зајакнуваат размислувањето на Владата за отворање на копнените граници. За АНА-МПА додава дека отворањето на туризмот се базира на три точки: сертификат за вакцинација или рапид тест или ПЦР тест. Во однос на сертификатот за вакцинација, во интервјуто за солунското радио „Тесалоники 94.5“, Тасиос изразува задоволство од постигнатиот договор меѓу Грција и Израел и вели дека може дури од почетокот на мај да пристигнат првите израелски туристи, а не ја исклучува можноста билатерални договори да се склучат и со балканските земји. -Полека полека се одмотува клопчето. Постои расположение да се отворат нашите копнени граници и постои раздвиженост за договори со земји од Балканот, иако загрижени сме во однос на инфраструктурата на царините на граничните премини, објаснува претседателот на Грчката федерација на хотелиери и истакнува дека ако не постои договор за сертификатот за вакцинација на европско ниво, тогаш Грција ќе треба да склучи меѓудржавни договори за да има предност во конкуренцијата со Шпанија и Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/halkidiki-hotelierite-podgotveni-na-turistite-da-im-platat-50-otsto-od-troshocite-za-pcr-test/feed/ 0
Хотелиерите имаат проблем со поддршката за платите, бараат законски измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-imaat-problem-so-poddrshkata-za-platite-baraat-zakonski-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-imaat-problem-so-poddrshkata-za-platite-baraat-zakonski-izmeni/#respond Thu, 12 Nov 2020 12:32:50 +0000 https://kurir.mk/?p=428541

Голем број хотели во државата ќе бидат принудени времено да ги затворат своите објекти, а вработените да ги пријават како невработени ако не се направат измени во Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од корона кризата во делот на платите за октомври, ноември и декември 2020. Како што соопшти Здружението на угостителството и туризмот од Стопанската комора на Македонија, повеќето компании од овој сектор, но пред сѐ хотелите, нема да бидат во можност да ја искористат поддршката. Освен тоа сметаат и дека како што е сега дефинирана во четвртиот пакет мерки, само делумно ќе ги ублажи негативните ефекти и последици од КОВИД-кризата. -Голем број од компаниите од угостителско туристичкиот сектор, пред сѐ хотелските објекти, се соочуваат со проблем околу користење на мерката – Финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати (октомври, ноември и декември), која воедно е и прва мерка од четвртиот пакет економски мерки која започна да се реализира. Проблемот е во условите кои се утврдени во Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19, заради исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020. За таа цел, Здружението на угостителството и туризам при Стопанската комора на Македонија, бара измена на Законот со бришење на алинеја 2 и алинеја 3 од член 3, став 3, од Законот, соопшти Здружението на угостителството и туризам. Поради корона ситуацијата, додава Здружението, голем број работници од секторот угостителство и туризам доброволно заминуваат од работа и бараат вработување во друг сектор, а во дел од хотелите бројот на вработени е намален поради сезонскиот карактер. -Меѓу останатите проблеми предизвикани од здравствено-економската криза, компаниите се соочуваат и со реален проблем да ги задржат вработените. Дополнителен проблем е ограничувањата за исплата по основ на награда за деловна успешност, друг вид на годишна награда на вработените или дивиденда што е резултат на успешна работа од претходен период и е значајно да биде реализирано како обврска кон вработените со цел задржување на работните позиции во услови на голема мобилност на вработените во овој сектор. Доколку овие два услова не бидат изземени, укажуваме дека голем број хотели во државата ќе бидат принудени времено да ги затворат своите објекти, а вработените да ги пријават како невработени во Агенцијата за вработување, наведува Здружението на угостителството и туризам. Барањето е доставено до надлежните државни институции со очекување дека ќе биде разгледано и ќе се излезе во пресрет на деловните субјекти од секторот туризам и угостителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-imaat-problem-so-poddrshkata-za-platite-baraat-zakonski-izmeni/feed/ 0